генерално собрание – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 06 Dec 2022 09:43:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png генерално собрание – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Собраниска делегација утре и задутре ќе учествува на 60. Генерално собрание на ПАБСЕК во Белград https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniska-delegacija-utre-i-zadutre-kje-uchestvuva-na-60-generalno-sobranie-na-pabsek-vo-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniska-delegacija-utre-i-zadutre-kje-uchestvuva-na-60-generalno-sobranie-na-pabsek-vo-belgrad/#respond Tue, 06 Dec 2022 09:43:41 +0000 https://kurir.mk/?p=771638

Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на организацијата за Црноморска економска соработка (ПАБСЕК) предводена од Лидија Тасевска, а во чиј состав се и членовите Вјолца Адеми и Благица Ласовска, ќе учествуваат на 60. Генерално собрание на ПАБСЕК, кое утре и задутре ќе се одржува во Белград, Србија, во организација на Парламентот на Република Србија, кој претседава со ПАБСЕК. Како што информираат од собраниската прес-служба, се очекува на Собранието да му се обрати Александар Вучиќ, претседател на Република Србија, Ивица Дачиќ прв заменик премиер одговорен за надворешна политика и безбедност и министер за надворешни работи на Република Србија, како и Нику Попеску, претседавач на БСЕК и министер за надворешни работи и европска интеграција на Република Молдавија. Ден пред почетокот на генералното Собрание, седници ќе одржат Бирото и Постојаниот комитет на ПАБСЕК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniska-delegacija-utre-i-zadutre-kje-uchestvuva-na-60-generalno-sobranie-na-pabsek-vo-belgrad/feed/ 0
Генералното собрание на ОН со огромно мнозинство ја осуди нелегалната руска анексија на четирите украински региони https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalnoto-sobranie-na-on-so-ogromno-mnozinstvo-ja-osudi-nelegalnata-ruska-aneksija-na-chetirite-ukrainski-regioni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalnoto-sobranie-na-on-so-ogromno-mnozinstvo-ja-osudi-nelegalnata-ruska-aneksija-na-chetirite-ukrainski-regioni/#respond Thu, 13 Oct 2022 05:54:17 +0000 https://kurir.mk/?p=744491

Генералното собрание на Обединетите нации ноќеска со големо мнозинство го осуди рускиот „обид за нелегална анексија“ на четири делумно окупирани региони во Украина и ги повика сите земји да не го признаат потегот, зајакнувајќи ја дипломатската меѓународна изолација на Москва, јави ДПА. Одлуката на ГС на ОН не е обврзувачка, но резолуцијата ја прогласи анексијата за неважечка и бара Русија да ги поништи своите потези за припојување на источните украински региони Доњецк, Керсон, Луганск и Запорожје. Три четвртини од 193-те членки на Генералното собрание, или 143 земји, гласаа за резолуцијата, која исто така ги потврдува суверенитетот, независноста, единството и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја прослави одлуката како историска. „Светот си кажа – обидот за анексија на Русија е безвреден и никогаш нема да биде признаен од слободните нации“, напиша тој на Твитер. Американскиот претседател Џо Бајден, пак, кажа дека резултатот од гласањето е порака до Москва дека не може да избрише една суверена држава од картата на светот. „Влоговите на овој конфликт им се јасни на сите – а светот испрати јасна порака како одговор: Русија не може да избрише суверена држава од мапата. Русија не може да ги менува границите насилно. Русија не може да ја заземе територијата на друга земја како своја“, се навеудва во соопштението на Бајден, пренесено од германската агенција. „Тоа е неверојатно“, им рече на новинарите амбасадорот на Украина во ОН, Сергиј Кислицја по гласањето, стоејќи до американската амбасадорка во ОН Линда Томас-Гринфилд, која рече дека резултатот покажал дека Русија не може да го заплаши светот. Само четири земји ѝ се придружија на Русија во гласањето против резолуцијата – Сирија, Никарагва, Северна Кореја и Белорусија. Триесет и пет земји беа воздржани од гласањето, вклучувајќи го и стратешкиот партнер на Русија Кина, додека останатите не гласаа, јавува ДПА. -Денеска Русија ја напаѓа Украина. Но, утре тоа би можело да биде друга нација чија територија е нарушена. Може да бидете вие. Може да бидете следниот. Што би очекувале од овој совет?, рече Томас-Гринфилд пред гласањето во Генералното собрание. Москва минатиот месец прогласи анексија на четири делумно окупирани региони во Украина – Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје – откако во нив организираше референдуми. Украина и нејзините сојузници го осудија гласањето како нелегално и принудно. Гласањето во Генералното собрание следи по ветото на Русија од минатиот месец за слична резолуција во 15-члениот Совет за безбедност. Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небезнја, пред гласањето во Генералното собрание изјави дека резолуцијата е „политизирана и отворено провокативна“, додавајќи дека таа „може да ги уништи сите напори во полза на дипломатско решение на кризата“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalnoto-sobranie-na-on-so-ogromno-mnozinstvo-ja-osudi-nelegalnata-ruska-aneksija-na-chetirite-ukrainski-regioni/feed/ 0
Генералното собрание на ОН денеска ќе расправа по нацрт-декларацијата за ситуацијата околу Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalnoto-sobranie-na-on-deneska-kje-rasprava-po-nacrt-deklaracijata-za-situacijata-okolu-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalnoto-sobranie-na-on-deneska-kje-rasprava-po-nacrt-deklaracijata-za-situacijata-okolu-ukraina/#respond Wed, 23 Mar 2022 07:11:57 +0000 https://kurir.mk/?p=651763

Генералното собрание на ОН денеска ќе ја продолжи вонредната седница посветена на ситуацијата околу Украина, изјави портпаролката на претседателот на Генералното собрание, Паулина Кубијак. Предвидено е според агендата 11-тата вонредна седница на Генералното собрание да почне во 10 часот по локално време. Во понеделникот до претставниците на најбројното тело на Светската организација беше доставена нацрт-резолуција за хуманитарната ситуација во Украина, по која требаше да се расправа во текот на вчерашниот ден, но поради организациски прашања беше одлучено расправата по документот да се одржи ден подоцна. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalnoto-sobranie-na-on-deneska-kje-rasprava-po-nacrt-deklaracijata-za-situacijata-okolu-ukraina/feed/ 0
Генералното собрание на ОН ќе гласа за подобрување на хуманитарната помош за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalnoto-sobranie-na-on-kje-glasa-za-podobruvanje-na-humanitarnata-pomosh-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalnoto-sobranie-na-on-kje-glasa-za-podobruvanje-na-humanitarnata-pomosh-za-ukraina/#respond Mon, 21 Mar 2022 08:13:43 +0000 https://kurir.mk/?p=650486

Генералното собрание на ОН се очекува наредните денови да гласа за резолуција за подобрување на хуманитарната помош за Украина. Нацртот на документот синоќа бил разделен на 193-те држави-членки на најголемото тело на ОН. Се очекува нацрт-резолуцијата со големо мнозинство да биде поддржана во Генералното собрание на ОН. Претходно овој месец Собранието изгласа Резолуција со која се потврдува суверенитот, независноста и интегритетот на Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalnoto-sobranie-na-on-kje-glasa-za-podobruvanje-na-humanitarnata-pomosh-za-ukraina/feed/ 0
Сејдини: Ги постигнавме најдобрите резултати во историјата, тоа е нашиот правец и за во иднина https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sejdini-gi-postignavme-najdobrite-rezultati-vo-istorijata-toa-e-nashiot-pravec-i-za-vo-idnina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sejdini-gi-postignavme-najdobrite-rezultati-vo-istorijata-toa-e-nashiot-pravec-i-za-vo-idnina/#respond Sat, 12 Mar 2022 14:28:27 +0000 https://kurir.mk/?p=646025

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини на денешното редовно Генерално собрание на федерацијата изрази задоволство од работата во изминатата година, потенцирајќи дека искрената и мотивирана работа се клучни за најголемите успеси, а тоа е правецот и за во иднина. Првиот човек на македонскиот фудбал нагласи дека не може постојано да се живее на стара слава или од пласманот на Европското првенство, вели дека федерацијата мора секојдневно да напредува. – Да не беа сурови некои животни судбини, после сите остварени резултати во 2021 година, ова Собрание можеше да биде одржано во празнична атмосфера. Горд сум на постигнатите резултати на ФФМ. Благодарност до сите, тоа е плод на нашата заедничка работа. Без желба да ги повторувам и набројувам успешните моменти од минатата година, сепак би сакал да ја искористам оваа прилика да им честитам на фудбалерите и селекторот на македонската А репрезентација за пласманот во баражот за Светско првенство.Тоа е успех со кој може да се гордее секој фудбалер, тренер и административец во нашиот фудбал. Посакувам успех против Италија на 24 март. Бидете храбри и предизвикајте го Европскиот првак. За сѐ друго ја имате нашата поддршка, им порача Сејдини на македонските фудбалери. Се осврна и на младата селекција. -Би сакал да им посакам успех и среќа на македонската репрезентација до 21 година и на селекторот Канатларовски во продолжение од квалификациите за Европското првенство. Имаме добра прилика да се бориме за висок пласман и се надевам дека ќе успееме да ја искористиме. Се разбира, целите кои ги поставивме и во натпреварувањата во кои учествуваат помладите национални селекции ја имаат целата поддршка од федерацијата во намерата да ги остварат, додаде Сејдини. Првиот човек на ФФМ порача дека и понатаму ќе се вложува во инфраструктурата со цел подобрување на условите за работа. -Имаме план и програма и одиме чекор по чекор. Наша цел е да продолжиме да вложуваме во инфраструктурата, но и да ја поттикнеме локалната самоуправа да се вклучат во помагање на клубовите, да бидат партнери. Генералната стратегијата „Обединети од фудбалот“ мора да биде клучен документ кој треба да одговори во кој правец се движиме и како да се поставиме пред предизвиците кој ни доаѓаат. Не можеме вечно да живееме на стара слава и на пласманот на Европското првенство. Од ден на ден мораме да се стремиме кон подигнување на квалитетот на работа на федерацијата на сите нивоа и во сите сегменти. На крајот повторно ќе кажам, оваа федерација потврди дека со искрена и мотивирана работа ги постигнавме најдобри резултати во историјата на македонскиот фудбал. Тоа е нашиот правец и за иднината, заклучи Сејдини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sejdini-gi-postignavme-najdobrite-rezultati-vo-istorijata-toa-e-nashiot-pravec-i-za-vo-idnina/feed/ 0
Итна седница на Генералното собрание на ОН за руската инвазија врз Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/itna-sednica-na-generalnoto-sobranie-na-on-za-ruskata-invazija-vrz-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/itna-sednica-na-generalnoto-sobranie-na-on-za-ruskata-invazija-vrz-ukraina/#respond Mon, 28 Feb 2022 07:51:16 +0000 https://kurir.mk/?p=637731

Советот за безбедност на ОН за денеска свика „итна, вонредна седница“ на Генералното собрание на ОН со цел сите членки на светската организација да се изјаснат за руската инвазија врз Украина. Резолуцијата, предложена од САД и Албанија, синоќа ја усвоија 11 земји. Русија гласаше против, Обединетите Арапски Емирати, Кина и Индија беа воздржани. Вето не е можно според сегашните регулативи на ОН кога станува збор за овој тип на резолуција. Согласно процедурата воспоставена во 1950 година наречена „Обединување за одржување мир“, усвоената резолуција не може да биде предмет на вето на постојаните членки на Советот за безбедност, вклучително и Русија. Вонредната седница почнува во 10 часот по локално време (15 часот по Гринич). Се очекува да трае најмалку цел ден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/itna-sednica-na-generalnoto-sobranie-na-on-za-ruskata-invazija-vrz-ukraina/feed/ 0
Нееднаквоста во достапноста на вакцините тема на сесијата на Генералното собрание на ОН https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neednakvosta-vo-dostapnosta-na-vakcinite-tema-na-sesijata-na-generalnoto-sobranie-na-on/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neednakvosta-vo-dostapnosta-na-vakcinite-tema-na-sesijata-na-generalnoto-sobranie-na-on/#respond Mon, 20 Sep 2021 09:38:40 +0000 https://kurir.mk/?p=565718

Соединетите Американски Држави стравуваат дека годишниот состанок на светските лидери во Обединетите нации, кој започнува денеска, може да предизвика ширење на Ковид-19, а настанот ќе биде можност во фокусот да се стави нееднаквоста во глобалната достапност на вакцините против коронавирус, додека развиените земји почнуваат да дистрибуираат вакцини за трета доза. Се очекува многу претседатели, премиери и министри за надворешни работи да ја игнорираат препораката на американските власти да останат дома и да се обратат на Генералното собрание на ОН, бидејќи повеќето од нив ќе дојдат во Њујорк, пренесува Си-Ен-Ен. Можноста делегациите кои пристигнуваат да претставуваат закана по здравјето и потенцијална причина за ширење на пандемијата ќе биде важен потсетник дека нациите како САД и големите европски сили продолжија да вакцинираат десетици милиони свои граѓани, додека помалите и посиромашните земји кои немаат своја фармацевтска индустрија не беа во можност да обезбедат или да направат сопствени вакцини. Светската здравствена организација минатата недела објави дека повеќе од 5,7 милијарди дози од вакцината се дадени на глобално ниво, но дека 73 проценти од тие дози се дистрибуирани во само 10 земји. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neednakvosta-vo-dostapnosta-na-vakcinite-tema-na-sesijata-na-generalnoto-sobranie-na-on/feed/ 0
Генералното собрание на ОН во септември ќе се одржи со физичко присуство на светските лидери https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalnoto-sobranie-na-on-vo-septemvri-kje-se-odrzi-so-fizichko-prisustvo-na-svetskite-lideri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalnoto-sobranie-na-on-vo-septemvri-kje-se-odrzi-so-fizichko-prisustvo-na-svetskite-lideri/#respond Tue, 27 Jul 2021 06:45:59 +0000 https://kurir.mk/?p=542254

Организацијата на Обединетите нации одлучи да им дозволи на светските лидери да присуствуваат на годишниот состанок на Генералното собрание во септември, а оние кои нема да можат да го сторат тоа ќе можат да снимаат говори и да ги испраќаат и оваа година. Претседателот на Генералното собрание во заминување Волкан Бозкир, поддржувач на средби во живо, синоќа ги извести сите 193 земји-членки на ОН дека се направени значителни напори да бидат домаќини на официјални лица на сесијата од 21 до 30 септември во Њујорк, објави неговиот кабинет Пандемијата со Ковид-19 минатата година ги спречи светските лидери да дојдат во Њујорк за првпат во 75-годишната историја на ОН. Наместо тоа, претходно снимените говори на лидерите беа прикажани во салата на Генералното собрание. Оваа година, некои водачи ќе одржат говори лично во собраниската сала, а други ќе испраќаат видеа, изјави за новинарите заменик-портпаролот на ОН Фархан Хак. Државите членки (193) ќе можат да го одредат нивото на застапеност на состанокот на високо ниво, официјално познат како општа дебата, се вели во соопштението. „За да се осигура дека сите земји-членки имаат еднаква можност да учествуваат, постои можност земјите-членки да испратат претходно снимена видео-изјава, ако делегациите не можат да пристигнат“, се вели во соопштението. Постои зголемен притисок од некои земји чии лидери сакаат да дојдат во Њујорк на седницата, но претседателите и премиерите патуваат со големи делегации, што го отвори прашањето за бројот на луѓе што ќе бидат во седиштето на ОН. За време на седумдневната сесија, обично има илјадници луѓе во комплексот згради на ОН, а се одржуваат стотици придружни собири, за чие одржување сега не се споменува, но дипломатите на ОН очекуваат скоро сите да бидат надвор од комплексот. Генералниот секретар на ОН рече дека светските официјални лица ќе можат да имаат билатерални средби, како и обично, во зградата на седиштето на ОН.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalnoto-sobranie-na-on-vo-septemvri-kje-se-odrzi-so-fizichko-prisustvo-na-svetskite-lideri/feed/ 0
Светските лидери ќе испраќаат видеозаписи наместо физички да се собираат во ОН во септември https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskite-lideri-kje-isprakjaat-videozapisi-namesto-fizichki-da-se-sobiraat-vo-on-vo-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskite-lideri-kje-isprakjaat-videozapisi-namesto-fizichki-da-se-sobiraat-vo-on-vo-septemvri/#respond Thu, 23 Jul 2020 06:33:36 +0000 https://kurir.mk/?p=379945

Светските лидери ќе испраќаат видеозаписи наместо физички да се собираат во ОН во септември поради пандемијата со новиот коронавирус. Така одлучи Генералното собрание на Светската организација. Годишната средба на високо ниво беше разгледувана како недела за одбележување на 75-годишнината на таа органзиација, но генералниот секретар Антонио Гутереш во мај предложи лидерите да испратат видео изјави поради можни проблеми со патувањето, за што членките се согласија „Секоја држава-членка, држава набљудувач и Европската унија можат да достават претходно снимена изјава од шеф на државата, заменик претседател, шеф на Владата, министер или заменик-претседател, за да се емитува во салата на Генералното собрание по воведувањето на физички присутен претставник“, се наведува во одлуката. Стотици настани се случуваат и на маргините на дебатата во ОН, но претседателот на Генералното собрание Тијани Мухамед-Банде ги охрабрува земјите во писмото „да ги преместат сите споредни настани на виртуелни платформи за да се ограничи бројот на луѓе во зградата на ОН“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskite-lideri-kje-isprakjaat-videozapisi-namesto-fizichki-da-se-sobiraat-vo-on-vo-septemvri/feed/ 0
ФФМ го оддржа редовното Генерално собрание https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ffm-go-oddrza-redovnoto-generalno-sobranie/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ffm-go-oddrza-redovnoto-generalno-sobranie/#respond Sun, 12 Jul 2020 11:21:46 +0000 https://kurir.mk/?p=374496

Фудбалската федерација на Македонија денес во Скопје го оддржа редовното Генерално собрание. Според одобрен здравствен протокол од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, ФФМ го организираше собранието на кое присутните делегати ја потврдија одлуката на Управниот одбор на федерацијата во однос на регионалната поставеност и промена на организацијата на Третите лиги и систем на натпревари. – Новата регионална поставеност ќе се имплементира од сезоната 2020/2021 и вклучува поделба на пет региони со пет трети лиги кои би броеле од 6 до 16 екипи. На Редовното Генерално Собрание е усвоен извештајот за работа на претседателот и Управниот одбор на ФФМ, потоа извештаите од правните органи и лиценцни тела на ФФМ, како и извештајот од администрацијата на ФФМ за исполнување на стратегискиот план 2016-2026 за 2019. година. Присутните делегати го усвоија ревизорскиот извештај за работата на ФФМ, завршната сметка на федерацијата и финансискиот план – буџет на Фудбалската федерација на Македонија, соопшти ФФМ. Собранието на ФФМ даде согласност и го овласти Управниот одбор да утврди буџетска позиција со која ќе се финансираат инфраструктурните проекти на начин што средствата предвидени за реализација на активностите за кои Управниот одбор ќе утврди дека не се реализирале ќе бидат релоцирани во новата буџетска позиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ffm-go-oddrza-redovnoto-generalno-sobranie/feed/ 0