Генералштаб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 24 Sep 2022 18:15:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Генералштаб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВО КОСОВО: Се запалил автомобилот во кој се превезувал началникот на ГШ на АРМ, Ѓурчиновски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-kosovo-se-zapalil-avtomobilot-vo-koj-se-prevezuval-nachalnikot-na-gsh-na-arm-gjurchinovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-kosovo-se-zapalil-avtomobilot-vo-koj-se-prevezuval-nachalnikot-na-gsh-na-arm-gjurchinovski/#respond Sat, 24 Sep 2022 18:14:40 +0000 https://kurir.mk/?p=737014

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој учествуваше на 25-тата конференција на началници на Генералштабови на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба, при враќањето во текот на вчерашниот ден низ Косово имаше помала сообраќајна незгода со појава на оган на автомобилот со кој се превезувал, информираат од ГШ на АРМ. Како што се наведува во соопштението, во тек на движењето по автопатот помеѓу Коморане и Приштина во доцните попладневни часови, на автомобилот ненадејно избил оган кај моторниот дел при што благодарејќи на брзата интервенција на возачот и обезбедувањето истиот е изгаснат за многу кратко време. -Генералот Ѓурчиновски заедно со членовите на делегацијата и обезбедувањето го продолжиле патувањето со останатите возила и се вратени дома. Возилото кое веднаш по првиот знак на палење безбедно е тргнато од сообраќај, а по гасењето истото е транспортирано во Република Северна Македонија, информираат од Генералштабот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-kosovo-se-zapalil-avtomobilot-vo-koj-se-prevezuval-nachalnikot-na-gsh-na-arm-gjurchinovski/feed/ 0
Нема опасност од ширење на пожарот на Криволак, сите армиски инфраструктурни објекти се безбедни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-opasnost-od-shirenje-na-pozarot-na-krivolak-site-armiski-infrastrukturni-objekti-se-bezbedni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-opasnost-od-shirenje-na-pozarot-na-krivolak-site-armiski-infrastrukturni-objekti-se-bezbedni/#respond Mon, 25 Jul 2022 17:57:33 +0000 https://kurir.mk/?p=710075

Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата информираa дека попладнево со еден армиски хеликоптер МИ-8/17 и исфрлени пет тони вода, се интервенираше во локализирање на пожарот кој е присутен во околината на Армискиот полигон „Криволак“, поточно на неговиот краен источен дел во близина на месноста „Орлово брдо“. Како што наведуваат од Министерството за одбрана и од ГШ, во моментот пожарот е со мал интензитет со линија на протегање од 700-800 метри и поради слабиот интензитет на ветрот нема зафатено поголема површина на западната страна на „Орлово брдо“. Армиските и инфраструктурни објекти од особено значење се на безбедно растојание од 5-7 километри воздушна линија од локацијата на пожарот и тие согласно армиските процедури дополнително се обезбедени и со инженериско уредени безбедносни противпожарни појаси во потребна широчина согласно проценките. Армискиот хеликоптер кој дејствуваше во координација со припадниците на Армијата од АП Криволак доколку има потреба ќе интервенира утре во раните утрински часови. Во текот на денешниот ден во утринските часови со пилотите од воздухопловниот ВИНГ интервенирајќи непрекинато 3 часа со исфрлени 42 тони вода во атарот на населеното место Богданци, со што беше спречено да се префрли пожарот кон населени места и помогна истиот да се стави под контрола, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-opasnost-od-shirenje-na-pozarot-na-krivolak-site-armiski-infrastrukturni-objekti-se-bezbedni/feed/ 0
Здружениот Генералштаб на САД го осуди упадот во Капитол https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zdruzeniot-generalshtab-na-sad-go-osudi-upadot-vo-kapitol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zdruzeniot-generalshtab-na-sad-go-osudi-upadot-vo-kapitol/#respond Wed, 13 Jan 2021 07:45:26 +0000 https://kurir.mk/?p=454559

Генералот Марк Мили и целиот Здружен Генералштаб на САД, составен од началниците на штабови на сите воени родови, издадоа соопштение во кое го осудија нападот врз Капитол Хил и ги потсетуваат припадниците на армијата за нивната посветеност да го поддржуваат и бранат Уставот и да го отфрлаат екстремизмот. “Сведоци сме на активностите во зградата на Конгресот што не беа во согласност со владеењето на правото. Правата на слобода на говор и собирање никому не му даваат право да прибегне кон насилство, бунт и востание”, се наведува во соопштението. Како што претходно јави Си-Ен-Ен, соопштението се смета за значаен чекор затоа што воените команданти се обидоа да бидат воздржени од се што може да има политички тон, и сега сметаат дека е важно да се огласат со оглед на сериозноста на инаугурацијата на новиот претседател Џо Бајден. “Како припадници на службата, ние мора да им дадеме лик на отелотворените вредности и идеали на земјата. Ние го поддржуваме и браниме Уставот. Секоја акција што го нарушува уставниот процес не е само спротивна на нашата традиција, вредности и заклетва, туку таа е спротивна на законот”, се додава во соопштението на највисоките генерали во американската армија. Покрај тоа, во него се споменува и потврдувањето на изборот од Конгресот и се вели дека „новоизбраниот претседател Бајден ќе биде инаугуриран и ќе стане нашиот 46-ти врховен командант“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zdruzeniot-generalshtab-na-sad-go-osudi-upadot-vo-kapitol/feed/ 0
Речиси цел Генералштаб на војската на САД е во самоизолација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-cel-generalshtab-na-vojskata-na-sad-e-vo-samoizolacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-cel-generalshtab-na-vojskata-na-sad-e-vo-samoizolacija/#respond Wed, 07 Oct 2020 06:42:01 +0000 https://kurir.mk/?p=413230

Речиси сите членови на американскиот Генералштаб заминале во самоизолација, откако вториот човек на Крајбрежната стража објавил дека е позитивен на коронавирус. Адмиралот Чарлс Реј, по состанокот на американскиот воен врв во Пентагон, бил тестиран позитивно на Ковид-19. Висок воен претставник, кој побарал да остане анонимен, нагласил дека поради ризик речиси целиот состав на Генералштабот бил тестиран на коронавирус, но сите, освен адмиралот Реј, биле негативни и продолжиле со своите должности. Во меѓувреме, Белата куќа соопшти дека зголемениот број на заразени со Ковид-19 меѓу претставници на американската администрација, не го загрозува функционирањето на Владата на САД. – Освен адмиралот Реј, нема други високи воени претставници кои се заразени со коронавирус. Борбената готовност и подготвеност на американските вооружени сили се непроменети, изјави претставникот на Пентагон, Џонатан Хофман.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-cel-generalshtab-na-vojskata-na-sad-e-vo-samoizolacija/feed/ 0