геноцид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 07:37:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png геноцид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кое е точното значење на терминот геноцид? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koe-e-tochnoto-znachene-na-terminot-genotsid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koe-e-tochnoto-znachene-na-terminot-genotsid/#respond Fri, 03 Nov 2023 07:37:36 +0000 https://kurir.mk/?p=896035

Дојче веле - Бон Терминот геноцид првпат бил употребен за време на ужасите на холокаустот во Втората светска војна. Тоа се однесува на обид да се искорени нација или одредена група на луѓе. Во 1943 година, полско-еврејскиот адвокат Рафаел Лемкин го смислил тоа име за систематското убивање на Евреите во нацистичка Германија. Лемкин ги загуби сите членови на своето семејство во Холокаустот, освен братот. Тој водеше кампања за признавање на геноцидот како кривично дело според меѓународното право, отворајќи го патот за усвојување на Конвенцијата на Обединетите нации за геноцид во 1948 година, која стапи во сила во 1951 година. Членот 2 од Конвенцијата го дефинира геноцидот како дело „извршено со намера целосно или делумно да се уништи национална, етничка, расна или религиозна група како таква“. Според дефиницијата на Обединетите нации, таквите злосторства вклучуваат: убивање луѓе, нанесување физички или психички повреди, влошување на условите за живот до опасни по живот, спречување на раѓање деца и насилно отстранување на децата од нивните родители од таа група. Кој може да биде кривично гонет? Конвенцијата на ОН за геноцид наведува дека секој може да биде кривично гонет и казнет за геноцид, вклучително и избраните владини функционери. Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства има мандат да истражува и гони геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото. Според статутот на тој суд, секој што ќе изврши, ќе нареди, ќе учествува или ќе поттикне геноцид може да биде кривично гонет. Постои и Меѓународниот суд на правдата во Хаг, кој се занимава со меѓудржавни спорови и може да одлучи дали државите се одговорни за геноцид. Не е лесно да се докаже геноцид „Во секојдневниот живот, многу луѓе послободно го користат терминот геноцид за најголемите и најтешките злосторства, бидејќи тој звучи многу посилно од терминот воени злосторства или злосторства против човештвото“,  објаснува за ДВ Валери Габард, експертка за меѓународно право во Хаг и коосновач на правната консултантска куќа UpRights. „Во правен контекст, сепак, дефиницијата е многу тесна. Утврдувањето на геноцид не се одразува во бројот на убиените. Најважниот критериум е намерата за физичко истребување и уништување на групата“. Експертите истакнуваат дека е тешко да се докаже оваа намера, бидејќи често недостасуваат директни докази. „Проблемот со докажувањето на геноцидна намера е тоа што сторителите веројатно нема да го признаат тоа директно на суд“, објаснува Вилијам Шабас, професор по меѓународно право на Универзитетот Мидлсекс во Лондон и Универзитетот Лајден во Холандија. „Судовите треба да заклучат дека имало геноцидна намера“ од однесувањето на сторителите. Тие мора да се потпрат на посредни докази и тоа мора да биде без никаков сомнеж. Ова е моментот кога геноцидот станува тешко докажлив“. За процесуирање геноцид е потребно време Валери Габард работела во меѓународните кривични трибунали за Камбоџа, Руанда и поранешна Југославија. Таа истакнува дека процесуирањето на геноцидот може да потрае: „Кога станува збор за геноцид, секогаш има многу жртви и потребно е долго време да се истражат злосторствата. Не треба само да ја докажуваме намерата за убивање, туку намерата да убиеме луѓе затоа што припаѓаат на одредена група“. Дали е тоа геноцид или не? Во последниве години, политичарите често го користеа терминот геноцид за да ги опишат кршењата на човековите права во Кина, Мјанмар, Сирија и сега во Украина. По злосторствата извршени од руските војници во Украина, американскиот претседател Џо Бајден го обвини рускиот претседател Владимир Путин за геноцид во 2022 година. Една година претходно, владите на САД, Канада и Холандија ја обвинија Кина за геноцид врз Ујгурите во Синџијанг. Неколку други земји донесоа парламентарни резолуции со исти обвинувања. Експертите потсетуваат на три геноциди признати како такви од страна на Меѓународниот суд за воени злосторства: Руанда, каде што беа убиени околу 800.000 Тутси и умерени Хути во геноцидот во 1994 година, масакрот во Сребреница во 1995 година, кој е прогласен од Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија за геноцид и злосторства извршени од страна на Црвените Кмери во Камбоџа во 1970-тите. Имајќи предвид дека Црвените Кмери убиле многу од нивните жртви поради нивниот политички или социјален статус, не постои консензус за тоа дали злосторствата во Камбоџа, како што се дефинирани од ОН, се всушност геноцид. Во 2010 година, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на суданскиот претседател Омар ал-Башир, обвинувајќи го за воена кампања против луѓето од регионот Дарфур. „Правната дефиниција за геноцид се применува во случаите пред Меѓународниот суд за воени злосторства и во пресудите на Трибуналот за Руанда. Постојниот закон многу јасно покажува што е геноцид“, нагласува Шабас. Но, има и обиди да се користи терминот геноцид за настани кои не ја исполнуваат правната дефиниција за геноцид, било да се Ујгурите во Кина или војната во Украина.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koe-e-tochnoto-znachene-na-terminot-genotsid/feed/ 0
Речиси три децении од геноцидот во Сребреница https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rechisi-tri-detsenii-od-genotsidot-vo-srebrenitsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rechisi-tri-detsenii-od-genotsidot-vo-srebrenitsa/#respond Tue, 11 Jul 2023 05:47:14 +0000 https://kurir.mk/?p=855242

Пред 28 години, на 11 јули 1995 година, единиците на Армијата на Република Српска предводени од генералот Ратко Младиќ заедно со паравоената формација „Скорпиони“ извршија геноцид врз бошњачкото население во регионот на Сребреница, кој беше зона под заштита на Обединетите Нации. Според досега познатите податоци, силите предводени од Ратко Младиќ убиле околу 8.000 луѓе, главно мажи и момчиња од исламска вероисповед, а се проценува дека возраста на жртвите била од 12 до 77 години. Геноцидот врз Бошњаците во Сребреница е потврден со бројни судски пресуди, од Меѓународниот суд на правдата во Хаг, преку Хашкиот трибунал, до судовите во Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска. Младиќ беше осуден на доживотен затвор пред меѓународниот кривичен суд во Хаг, како и поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ. Уште тројца високи офицери на ВРС беа осудени на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница. За геноцид, злосторства против човештвото и други злосторства извршени во Сребреница во јули 1995 година, Хашкиот трибунал и судовите во БиХ, Србија и Хрватска досега осудија 47 лица на повеќе од 700 години затвор. Во 2009 година, Европскиот парламент ја донесе Резолуцијата за Сребреница, со која се повикуваат земјите-членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан да го одбележат 11 јули како ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Декларацијата за осуда на злосторствата во Сребреница хрватскиот Парламент ја усвои истата година, а Собранието на Северна Македонија и српскиот Парламент го сторија тоа во 2010 година. Парламентите на Црна Гора и Косово, пак, ја усвоија Резолуцијата за осуда на геноцидот на Сребреница во 2021 година. Високиот претставник во БиХ Кристијан Шмит вчера во Поточари изјави дека ќе почне да работи на изнаоѓање законски решенија за да бидат кривично гонети сите кои го негираат геноцидот во Сребреница. „Тоа што се случи овде е страшно. Денеска и утре ќе почнам да работам на тоа да бидат преземени правни дејствија против сите оние кои го негираа геноцидот и продолжуваат да го прават тоа и да бидат кривично гонети“, рече Шмит. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rechisi-tri-detsenii-od-genotsidot-vo-srebrenitsa/feed/ 0
Идризи побара од албанскиот Парламент да донесе резолуција за осуда на геноцидот врз Чамите во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/idrizi-pobara-od-albanskiot-parlament-da-donese-rezolutsija-za-osuda-na-genotsidot-vrz-chamite-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/idrizi-pobara-od-albanskiot-parlament-da-donese-rezolutsija-za-osuda-na-genotsidot-vrz-chamite-vo-grtsija/#respond Tue, 04 Jul 2023 10:49:45 +0000 https://kurir.mk/?p=852486

Лидерот на Партијата за правда, интеграција и единство (ПДИУ), и пратеник во албанскиот Парламент, Шпетим Идризи, побара законодавниот дом да усвои Резолуција за "осуда на геноцидот врз Чамите во Грција". Во име на партијата, која е позната како партија на Чамите, од собраниската говорница изрази жалење што и Парламентот на Албанија, кој го осудил геноцидот што се случил на Косово, во Босна и сл., се уште нема резолуција за осуда на насилството врз Албанците од Чамерија ( област во северниот дел на Грција). Според него, Собранието треба да донесе резолуција за заштита на нивните права според Уставот. - Бараме 27 јуни да биде прогласен за ден на геноцид врз жителите на Чамерија. Како што е општо познато, по Втората светска војна е извршен геноцид врз ова наше население. Беа свирепо масакрирани 2.770 човечки животи, стотина села беа запалени и ограбени, а 30 илјади Албанци избегаа. Стотици други умреле од глад, рече тој. При тоа побара едноминутно молчење, во знак на почит кон сите жртви во Чамарија, што и беше направено. - Ова почитувано собрание донесе многу резолуции, предизвика со право да се почитуваат таквите геноцидни случаи, како на пример за Косово, за Босна, за холокаустот, за претставниците на Црвениот крст во Камбоџа, и многу добро направивме зашто овој спомен ни помага ваквите случаи никогаш да не се повторат. Жал ми е што сè уште нема изјава или резолуција од овој парламент за отстранување на законот за војна со Грција и унапредување како обврска и од Уставот за прашањето за Албанците од Чамерија, рече тој. Грчките власти во континуитет изјавуваат дека за нив не постои никакво прашање за Чамите и бараат од албанските власти да го избришат од учебниците по историја. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/idrizi-pobara-od-albanskiot-parlament-da-donese-rezolutsija-za-osuda-na-genotsidot-vrz-chamite-vo-grtsija/feed/ 0
Шмит: Истрага и прогон за лицата кои го негираат геноцидот во Сребреница https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shmit-istraga-i-progon-za-litsata-koi-go-negiraat-genotsidot-vo-srebrenitsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shmit-istraga-i-progon-za-litsata-koi-go-negiraat-genotsidot-vo-srebrenitsa/#respond Thu, 06 Apr 2023 15:50:08 +0000 https://kurir.mk/?p=821127

Високиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит ги повика надлежните институции да ги истражат и гонат лицата кои го негираат геноцидот во Сребреница. „Нема место во цивилизирано општество за глорификација на воените злосторства и негирање на геноцидот“, порача Шмит во објавата на официјалниот Твитер профил на ОХР, откако претседателот на Република Српска Милорад Додик вчера повторно негираше дека е извршен геноцид во Сребреница. Според зборовите на високиот претставник во БиХ, „само искрен, вистинит и одговорен пристап кон настаните од минатото може да обезбеди иднина исполнета со меѓусебно разбирање и заеднички просперитет за сите“. Шмит потсети дека според Кривичниот законик на Босна и Херцеговина, негирањето на геноцидот извршен во 1995 година во Сребреница е кривично дело. Коментирајќи ја изјавата на лидерот на Партијата за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, дека РС е „геноцидна творба“ и дека нејзиното раководство за време на војната извршило „заеднички злосторнички потфат“, Додик вчера рече дека тоа го покажува незадоволството на Изетбеговиќ од сопствената положба и положбата во која се нашол неговиот СДА. Тој го нарече Изетбеговиќ „политички лузер и губитник“, нагласувајќи дека РС не извршила геноцид. „Не постои геноцид, тоа е начинот на кој тој (Изетбеговиќ) сака да се врати на сцената“, рече Додик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shmit-istraga-i-progon-za-litsata-koi-go-negiraat-genotsidot-vo-srebrenitsa/feed/ 0
Сенатот на САД донесе резолуција, дејствијата на Русија во Украина се геноцид https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/senatot-na-sad-donese-rezolucija-dejstvijata-na-rusija-vo-ukraina-se-genocid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/senatot-na-sad-donese-rezolucija-dejstvijata-na-rusija-vo-ukraina-se-genocid/#respond Wed, 07 Dec 2022 21:54:25 +0000 https://kurir.mk/?p=772545

Сенаторите Џим Раш, член на сенатската комисија за надворешни работи и Бен Кардин, претседател на Хелсиншката комисија, денеска го поздравија донесувањето на резолуцијата според која дејствата на Русија во Украина се признаваат за геноцид. – Со своите акции и зборови Путин целосно јасно даде до знаење дека негова цел е да го избрише од лицето на земјата украинскиот народ. Јас лично ја видов таа жестокост во Ирпен и во Киевска област, изјави Раш. Тој додаде дека „оваа резолуција го осудува продолжителниот геноцид против украинскиот народ, ја повикува владата на САД да работи со нашите сојузници за да се спречат идни чинови на геноцид и ги подржува истрагите за виновните за тие ужасни злосторства да бидат повикани на одговорност“. – Треба да продолжиме да правиме се што можеме за да го поддржиме украинскиот народ во неговата борба за опстанок, рече Раш. Според Кардин, „злосторствата извршени против украинскиот народ во текот на оваа незаконска и неиспровоцирана војна на Путин, противречат на безброј меѓународни конвенции и можат да бидат окарактеризирани само како геноцид“. Резолуцијата исто така поддржува „формирање трибунали и спроведување меѓународни кривични истраги за да се повикаат на одговорност руските политички лидери и војници за агресивната војна, воените злосторства, злосторствата против човечноста и геноцид“. Исто така, Резолуцијата го повикува претседателот на САД „да ги искористи санкциите во рамките на Глобалниот закон Магнитски, а против оние кои се одговорни за реализиацијата на геноцидот на Русија во Украина или соучесниците“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/senatot-na-sad-donese-rezolucija-dejstvijata-na-rusija-vo-ukraina-se-genocid/feed/ 0
Мишел: Геноцидот во Сребреница еден од најмрачните моменти во модерната европска историја https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mishel-genocidot-vo-srebrenica-eden-od-najmrachnite-momenti-vo-modernata-evropska-istorija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mishel-genocidot-vo-srebrenica-eden-od-najmrachnite-momenti-vo-modernata-evropska-istorija/#respond Mon, 11 Jul 2022 11:08:29 +0000 https://kurir.mk/?p=703245

Геноцидот во Сребреница е еден од најмрачните моменти во модерната европска историја. Вака изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, по повод 27- годишнината од масакрот во Сребреница, Босна и Херцеговина, објави весникот „Дневни аваз“. Трагедијата нè потсетува дека треба да продолжиме да работиме заедно за мир во Европа и Босна и Херцеговина да стане дел од Европската Унија, смета Мишел. „Нашите срца и мисли се со жртвите и со нивните семејства“, напиша меѓу другото Мишел на Твитер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mishel-genocidot-vo-srebrenica-eden-od-najmrachnite-momenti-vo-modernata-evropska-istorija/feed/ 0
Албанскиот Парламент на 7 јули ќе изгласа Резолуција за осуда на геноцидот во Сребреница https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-parlament-na-7-juli-kje-izglasa-rezolucija-za-osuda-na-genocidot-vo-srebrenica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-parlament-na-7-juli-kje-izglasa-rezolucija-za-osuda-na-genocidot-vo-srebrenica/#respond Thu, 16 Jun 2022 16:16:37 +0000 https://kurir.mk/?p=691822

Албанскиот Парламент, пред 11 јули, кога се  одбележува геноцидот врз 6.838 Бошњаци, егзекутирани од српската војска, ќе расправа и ќе изгласа Резолуција за осуда на геноцидот во Сребреници, јави Топ чанел. Текстот на овој документ не е оној што неодамна го предложи Сали Бериша, туку истиот заедно ќе го подготват владејачките социјалисти и опозициските демократи предводени од Енкелејд Алибеај. – Седницата ќе се одржи на 7 јули,  со потребната свеченост и протокол, како што му доликува на албанскиот законодавен дом. Претставник на Владата и координаторите на пратеничките групи ќе одржан пригодни обраќања. Секако документот треба да биде сериозен со кој нашиот Парламент треба јасно да ја изрази осудата и продолжувањето на консеквентните ставови на албанската Влада за неказнивоста во случајот со овој геноцид, изјави координаторот на пратеничката група на Социјалистичката партија, Таулант Бала,. Иако социјалистите одбија да ја одобрат нацрт-резолуцијата подготвена од приврзаниците на Бериша, во нивно име Тритан Шеху, рече дека се задоволни што Парламентот сепак ќе донесе ваков документ. – На седницата на албанскиот Парламент за Сребреница ќе бидат поканети претставници на Владата на Босна и Херцеговина и роднини на жртвите од овој геноцид, што се смета за најстрашниот во Европа, по Втората светска војна, посочува Топ чанел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-parlament-na-7-juli-kje-izglasa-rezolucija-za-osuda-na-genocidot-vo-srebrenica/feed/ 0
Канадските пратеници ги прогласија за „геноцид“ руските напади врз Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanadskite-pratenici-gi-proglasija-za-genocid-ruskite-napadi-vrz-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanadskite-pratenici-gi-proglasija-za-genocid-ruskite-napadi-vrz-ukraina/#respond Thu, 28 Apr 2022 06:18:55 +0000 https://kurir.mk/?p=668938

Пратениците во Долниот дом на канадскиот Парламент синоќа едногласно ги прогласија како „геноцид“ руските напади врз Украина, забележувајќи дека има „доволно докази за систематски и масовни воени злосторства против човештвото“ извршени од Москва. Во нацрт-декларацијата на Долниот дом се наведува дека руските воени злосторства вклучуваат масовни злосторства, систематски случаи намерно убивање украински цивили, сквернавење трупови, присилно пренесување украински деца, тортура, физички повреди, психички повреди и силување. Претходно овој месец премиерот Џастин Трудо рече дека е „апсолутно исправно“ кога се повеќе луѓе ги опишуваат руските акции во Украина како геноцид, поддржувајќи ги обвинувањата изнесени од американскиот претседател Џо Бајден. Бајден претходно рече дека инвазијата на Украина е геноцид, но додаде дека останува на меѓународните адвокати да одлучат дали инвазијата ги исполнува критериумите за геноцид. Русија, која ги негира наводите за геноцид, својата акција во Украина ја нарекува „специјална воена операција“, со обвинувања на украинската страна за геноцид врз луѓето што зборуваат руски јазик во земјата, обвинение што Украина, пак, го отфрла како бесмислица. Канада е меѓу земјите што воведоа санкции кон Русија по инвазијата на Украина на 24 февруари. Во текот на вчерашниот ден таа воведе дополнителни санкции за 203 лица за кои вели дека се соучесници во обидот на Русија да го анектира регионот Донбас во источна Украина. Канадската Влада исто така најави дека ќе ја измени легислативата за да дозволи запленетите руски средства да ги исплати за обновата на Украина односно како помош за оние кои се погодени од руската инвазија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanadskite-pratenici-gi-proglasija-za-genocid-ruskite-napadi-vrz-ukraina/feed/ 0
Летонскиот Парламент усвои резолуција за геноцид во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/letonskiot-parlament-usvoi-rezolucija-za-genocid-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/letonskiot-parlament-usvoi-rezolucija-za-genocid-vo-ukraina/#respond Thu, 21 Apr 2022 12:03:27 +0000 https://kurir.mk/?p=666538

Летонскиот Парламент едногласно усвои резолуција во која Русија ја обвинува за геноцид врз украинскиот народ и ги повика другите членки на ЕУ веднаш да престанат да увезуваат руски нафта и гас. Парламентот се повикува на „детални и многубројни сведоштва и докази за брутални злосторства извршени од руската армија“. Злосторствата вклучуваат убиства, тортура, сексуална злоупотреба, сквернавење на украински цивили во Буча, Ирпин, Мариупол и други места. Русија, исто така, киднапира и депортира украински граѓани на своја територија, се додава во резолуцијата. По делумното повлекување на руските сили од областа во северна Украина, откриени се тела на стотици цивили, од кои некои биле врзани. Украина и САД ја обвинуваат Русија за геноцид. Меѓународниот кривичен суд во Хаг отвори истрага, додека Русија категорично ги отфрла обвинувањата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/letonskiot-parlament-usvoi-rezolucija-za-genocid-vo-ukraina/feed/ 0
Левитс: Тоа што го видов во Украина може да се нарече геноцид https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/levits-toa-shto-go-vidov-vo-ukraina-moze-da-se-nareche-genocid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/levits-toa-shto-go-vidov-vo-ukraina-moze-da-se-nareche-genocid/#respond Fri, 15 Apr 2022 11:11:31 +0000 https://kurir.mk/?p=663547

Однесувањето на руските војници во Украина е еднакво на геноцид, изјави претседателот на Летонија, Егилс Левитс по враќањето од Киев. – Тоа што го видов би го нарекол геноцид… Глетката на предградијата на Киев уништени од воздушни и ракетни напади беше многу емотивна. Се гледа дека руските сили дејствуваат со посебна суровост со цел да убијат што повеќе цивили, наведе Левитс. Тој додаде дека на Украина сега и е потребно лесно и тешко оружје. Претседателите на четирите земји-членки (Естонија, Летонија, Литванија и Полска) на Европска Унија и на НАТО пред два дена со воз отпатуваа до Киев во знак на солидарност со Украина да се спротивстави на руската инвазија. Тие пред средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски ги посетија сериозно оштетените области околу Киев. Лидерите разговараа и за економска и финансиска помош, вклучително и за можноста за извоз на жито од Украина преку балтичките и полските пристаништа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/levits-toa-shto-go-vidov-vo-ukraina-moze-da-se-nareche-genocid/feed/ 0