Гент Цакај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 29 Dec 2020 15:27:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Гент Цакај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Албанскиот овластен министер за Европа и надворешни работи си поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-ovlasten-minister-za-evropa-i-nadvoreshni-raboti-si-podnese-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-ovlasten-minister-za-evropa-i-nadvoreshni-raboti-si-podnese-ostavka/#respond Tue, 29 Dec 2020 15:27:38 +0000 https://kurir.mk/?p=449974

Овластениот албански министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај денеска поднесе оставка. Тој веста ја објави на својот профил на Твитер, без да ги наведе причините за својата оставка. „На премиерот Еди Рама му ја предадов оставката од должноста овластен министер за Европа и надворешни работи. Тоа беше се, мои пријатели, од различни причини“, напиша Цакај и им се заблагодари на сите за соработката. Тој напиша дека заминува со благодарност што имал „можност и чест да и служи на Албанија и нејзините големи луѓе“. Цакај, по потекло е од Косово, а на оваа функција го замени Дитмир Бушати. Поради несогласувањето на претседателот Илир Мета да ја потпише уредбата за него како министер премиерот Рама ја презеде оваа функција, а Цакај го наименува за овластен министер. Во владата на Рама, Цакај (30) дојде заедно со Косовката Беса Шахини, која од функцијата министер за обрзование, млади и спорт се повлече во септември. Според медумите во текот на денов Рама се очекува да го соопшти името на новиот шеф на дипломатијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-ovlasten-minister-za-evropa-i-nadvoreshni-raboti-si-podnese-ostavka/feed/ 0
Османи ќе се сретне со шефот на албанската дипломатија Цакај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-kje-se-sretne-so-shefot-na-albanskata-diplomatija-cakaj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-kje-se-sretne-so-shefot-na-albanskata-diplomatija-cakaj/#respond Thu, 17 Sep 2020 05:27:24 +0000 https://kurir.mk/?p=404310

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе има билатерална средба со овластениот министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија Гент Цакај, кој ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Како што соопшти МНР, главни теми на средбата се очекува да бидат соработката меѓу Македонија и Албанија во остварувањето на заедничките стратешки цели за членство во Европската унија, состојбата со билатералните односи и можностите за понатамошната соработка и нивно унапредување, соработката во НАТО, состојбите со актуелната глобална здравствена криза и други прашања од заеднички интерес и значајни за нашиот Регион. За време на официјалната посета, министерот Цакај ќе биде примен и од претседателот на Собранието Талат Џафери, од претседателот на Владата на Зоран Заев и од други високи претставници на државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-kje-se-sretne-so-shefot-na-albanskata-diplomatija-cakaj/feed/ 0
Албанскиот министер за надворешни работи Гент Цакај во посета на земјава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/albanskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-gent-cakaj-vo-poseta-na-zemjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/albanskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-gent-cakaj-vo-poseta-na-zemjava/#respond Wed, 27 Feb 2019 07:01:03 +0000 https://kurir.mk/?p=168735

Овластениот министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Гент Цакај денеска престојува во работна посета на Македонија, во чии рамки ќе биде примен од министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Како што соопшти денеска Министерството за надворешни работи, се очекува разговорите да бидат посветени на прашања значајни за билатералните односи меѓу двете земји, за перспективите на натамошната соработка во области од заемен интерес, особено од областа на економијата, трговската размена и интерконективноста.

Исто така, ќе бидат разменети мислења и во врска со актуелните состојби во регионот, односно предизвиците и перспективите на земјите од регионот.

Покрај средбата со својот домаќин, министерот за надворешни работи, Димитров, овластениот министер Цакај ќе биде примен и од претседателот на Собранието, Талат Џафери, претседателот на Владата, Зоран Заев и од потпретседателот на Владата надлежен за европски прашања, Бујар Османи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/albanskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-gent-cakaj-vo-poseta-na-zemjava/feed/ 0