географска одредница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Feb 2018 18:22:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png географска одредница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните имаат право да знаат дали освен за географска одредница, Заев е подготвен на отстапки за идентитетските одредници како јазикот, нацијата и меѓународните кодови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-gragjanite-imaat-pravo-da-znaat-dali-osven-za-geografska-odrednica-zaev-e-podgotven-na-otstapki-za-identitetskite-odrednici-kako-jazikot-nacijata-i-megjunarodnite-kodovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-gragjanite-imaat-pravo-da-znaat-dali-osven-za-geografska-odrednica-zaev-e-podgotven-na-otstapki-za-identitetskite-odrednici-kako-jazikot-nacijata-i-megjunarodnite-kodovi/#respond Wed, 07 Feb 2018 14:12:24 +0000 http://kurir.mk/?p=19259

Процесот на разговори околу проблемот што го има Република Грција со нашето име не е прашање кое го засега само премиерот Зоран Заев или членовите на Владата на Република Македонија. Прашањето ја засега Република Македонија и целиот народ, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека Владата не смее да молчи и да крие детали околу процесот на разговори. -Премиерот Зоран Заев вчера кажа дека била прифатлива географска одредница, но не кажа во чие име говори и која е таа одредница што за него е прифатлива. Не кажа ниту кој би бил опсегот на употреба, а премолчи и околу тоа дали станува збор само за географска одредница која би била за меѓународна употреба или тоа значи промена и на Уставот, односно уставното име, националноста и јазикот. Исто така, остана неодговорено и прашањето дали оваа географска одредница би имала англиска транскрипција или не. Во вакви околности, кога се кријат останатите детали, крајно несериозно и многу опасно е јавното лицитирање со одредниците кои се прифатливи. Настапот на премиерот Заев може да има сериозни последици по целиот процес и драматично да ги наруши македонските преговарачки позиции, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат дека тој е прв човек на Владата на Република Македонија и мора да биде свесен дека неговите настапи не се настапи само во негово лично име или во име на СДСМ. -Граѓаните се интересираат и имаат право да знаат дали освен подготвеноста на Заев за географска одредница, тој е подготвен и на отстапки во однос на идентитетските одредници како јазикот, нацијата и меѓународните кодови. Премиерот Заев беше повикан од грчкиот министер за надворешни работи да ја информира македонската јавност во врска со договорот кој што го постигнале со премиерот Алексис Ципрас во Давос. Македонската јавност очекува да слушне што точно прифатил Заев на средбата во Давос. Доколку не бил постигнат договор во Давос, информациите кои се лиферуваат од грчка страна треба да бидат демантирани, за да не се вознемируваат граѓаните, стои во партиското соопштение. Во врска со преименувањето на аеродромот и автопатот, ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема иредентизам во актуелните имиња и добро би било граѓаните да слушнат дали одлуката на владата е дел од некоја поширока стратегија или повторно станува збор за еднострани постапки од кои Република Македонија нема никаква корист.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-gragjanite-imaat-pravo-da-znaat-dali-osven-za-geografska-odrednica-zaev-e-podgotven-na-otstapki-za-identitetskite-odrednici-kako-jazikot-nacijata-i-megjunarodnite-kodovi/feed/ 0
Бошњаковски за географската одредница: Детали во оваа фаза од преговорите нема да се соопштуваат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boshnjakovski-za-geografskata-odrednica-detali-vo-ovaa-faza-od-pregovorite-nema-da-se-soopshtuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boshnjakovski-za-geografskata-odrednica-detali-vo-ovaa-faza-od-pregovorite-nema-da-se-soopshtuvaat/#respond Wed, 07 Feb 2018 11:20:48 +0000 http://kurir.mk/?p=19161

Нова средба на премиерите на Република Македонија Зоран Заев и на Република Грција Алексис Ципрас сеуште не е закажана, информира на денешната прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Во врска со најавите од официјална Атина дека  во рамки на преговорите за спорот за името дека ќе побара менување на членовите 3 и 49 од Уставот на Република Македонија, Бошњаковски одговарајќи на новинарско прашање истакна дека во моментов не се разговара за такво нешто. Коментирајќи за информации во грчки медиуми дека македонската страна на средбата во Давос прифатила се што било побарано од грчката страна, Бошњаковски посочи дека средбата во Давос на премиерите на двете земји беше јасна и транспарентна и се што било договорено било соопштено на прес-конференцијата по средбата. - Се што беше договорено јавно на прес-конференција го кажаа премиерите која можеше и јавно да се проследи. Тоа што е направено во Давос е сериозен исчекор кон изнаоѓање решение на проблемот кој што Република Грција го има во врска со нашето уставно име. Дополнително сите работи што се договорени во Давос, премиерот Ципрас ги кажа на прес-конференцијата, истакна Бошњаковски. Тој подвлече дека на разговорите во Давос всушност е постигнато откочување на евроинтегративните процеси на државата кои беа блокирани од 2009 година. Додаде дека според договореното во Давос, како што вчера истакна и премиерот Заев, Владата ги донесе одлуките за преименување на автопатот и на скопскиот аеродром. Запрашан која географска одредница Македонија е подготвена да прифати, како и во однос на опсегот на употребата на договореното име, портпаролот Бошњаковски како и многупати досега повтори дека детали околу преговорите во оваа фаза нема да соопштуваат. - Преговорите се од сериозно значење за Република Македонија. Нема што да додадам од тоа што го кажа премиерот Заев дека сме подготвени за географска одредница, рече портпаролот на Владата Бошњаковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boshnjakovski-za-geografskata-odrednica-detali-vo-ovaa-faza-od-pregovorite-nema-da-se-soopshtuvaat/feed/ 0