герб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 May 2023 12:13:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png герб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Петков се извини што ПП-ДБ не го одржа ветувањето дека нема да има луѓе од ГЕРБ во владиниот кабинет https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petkov-se-izvini-shto-pp-db-ne-go-odrzha-vetuvaneto-deka-nema-da-ima-luge-od-gerb-vo-vladiniot-kabinet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petkov-se-izvini-shto-pp-db-ne-go-odrzha-vetuvaneto-deka-nema-da-ima-luge-od-gerb-vo-vladiniot-kabinet/#respond Tue, 23 May 2023 12:13:00 +0000 https://kurir.mk/?p=837895

Во долга објава на Фејсбук, копретседателот на „Продолжуваме со промената - Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) Кирил Петков им се извини на гласачите бидејќи не го исполни ветувањето за тоа дека во кабинетот составен со вториот мандат дека нема да има претставници на ГЕРБ. Неговата изјава доаѓа откако пред еден ден и официјално беше објавено дека со вториот мандат ПП-ДБ и ГЕРБ ќе формираат влада, која ќе има ротирачки премиери по девет месеци. Прво функцијата ќе ја извршува Николај Денков од ПП, а потоа и Марија Габриел од партијата на Бојко Борисов. -Мора јасно да се признае дека ветувањето дека нема да има ниту една личност поврзана со ГЕРБ во идниот кабинет со втор мандат, не се одржа кога е во прашање Марија Габриел. Ако нашите пријатели и гласачи се почувствуваа лошо поради овој факт, се извинувам, напиша Кирил Петков по повод договорот со ГЕРБ. Според Петков, Габриел е клучот што овозможува да се конструира моделот со ротирачкиот премиер. -Таа е личност која има неспорни квалитети и компетентност во Брисел. Никој да не се лажи, за еврозоната и Шенген да не останат само зборови, некој треба да ги направи во Европа. Мислам дека и најголемите критичари на ГЕРБ не може да негираат дека Марија Габриел има повеќе искуство од многу други за да ги исполни овие две задачи во Европа. Лично верувам дека со неа како вицепремиер и министер за надворешни работи во првите девет месеци, а потоа и како премиер, ќе ни даде реална шанса ова да се случи, напиша копретседателот на ПП. Во својата објава на Фејсбук, Петков пишува дека договорот со ГЕРБ не бил коалициски и дека идејата за ротација е создадена токму затоа што немало начин ПП-ДБ да коалицира со партијата на Борисов. Во реалноста, сепак, токму овие две пратенички групи стојат зад мнозинството што ќе го поддржи идниот редовен кабинет. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petkov-se-izvini-shto-pp-db-ne-go-odrzha-vetuvaneto-deka-nema-da-ima-luge-od-gerb-vo-vladiniot-kabinet/feed/ 0
ГЕРБ и ПП се договорија за формирање коалициска влада со ротациски премиер https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gerb-i-pp-se-dogovorija-za-formirane-koalitsiska-vlada-so-rotatsiski-premier/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gerb-i-pp-se-dogovorija-za-formirane-koalitsiska-vlada-so-rotatsiski-premier/#respond Mon, 22 May 2023 14:57:30 +0000 https://kurir.mk/?p=837500

Двете најголеми бугарски политички партии, централно-десничарската партија ГЕРБ и прозападниот блок предводен од „Промените продолжуваат“, денеска се усогласија да формираат коалициска влада со „ротирачки“ премиер, настојувајќи да стават крај на повеќе од две годишниот политички ќор-сокак во земјата. Неизвесната ситуација ја принуди оваа членка на ЕУ да го одложи планираниот датум за воведување на еврото, а нацрт-буџетот за 2023 година допрва треба да биде одобрен. Ова ја попречи Бугарија да ги повлече средствата од ЕУ за закрепнување на земјата по пандемијата. Се очекува поранешниот министер за образование Николај Денков од „Промените продолжуваат“ да го добие мандатот за состав на влада и првите девет месеци да ги извршува премиерските должности. -Ситуацијата е исклучително тешка, кажа Денков, пренесе веб-страницата „Софија глоуб“ на англиски јазик. „По петте избори по ред тешко е да се формира редовна влада и постои реална опасност да одиме на следните избори без јасен резултат. Поранешната еврокомесарка Марија Габриел, членка на ГЕРБ, по девет месеци, според договорот, ќе ја преземе премиерската функција. На изборите на 2 април победничка партија беше ГЕРБ, која освои 69 од 240 места во парламентот, додека блокот предводен од партијата „Промените продолжуваат“ освои 64 места. За да може формално да го спроведе коалицискиот договор, Габриел денеска му го врати мандатот на претседателот Румен Радев што го доби за формирање влада на 15 мај, а тој сега треба да му го додели на Денков. Имињата на владините членови ќе ги соопшти во следните неколку дена.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gerb-i-pp-se-dogovorija-za-formirane-koalitsiska-vlada-so-rotatsiski-premier/feed/ 0
Борисов: Опција е и уставна влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-optsija-e-i-ustavna-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-optsija-e-i-ustavna-vlada/#respond Fri, 19 May 2023 07:06:02 +0000 https://kurir.mk/?p=836154

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов изјави дека Марија Габриел ги има сите права да преговара и да носи одлуки, бидејќи ако следната недела ако нне се формира влада тогаш нема да има ниту буџет. - Опција е и уставна влада, бидејќи за промена на Уставот се потребни најмалку 160 гласови, истакна Борисов. Според него ако не се избере влада, државата во јуни нема да може да исплати плати и пензии. - Не е само буџетот заложник, туку и Планот за закрепнување, Шенген, еврозоната и фондовите. Имаме толку многу проблеми кои во моментов се заложници на политичките игри. Од првиот ден зборувам за одговорност на сите партии, посочи Борисов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-optsija-e-i-ustavna-vlada/feed/ 0
Еврокомесарката Марија Габриел – кандидат на ГЕРБ за премиерка на Бугарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evrokomesarkata-marija-gabriel-kandidat-na-gerb-za-premierka-na-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evrokomesarkata-marija-gabriel-kandidat-na-gerb-za-premierka-na-bugarija/#respond Wed, 10 May 2023 09:06:00 +0000 https://kurir.mk/?p=832590

Во нашиот мандат, кандидат за премиер на Бугарија ќе биде актуелната еврокомесарка Марија Габриел, најави лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов. По отворањето на пленарната седница тој зеде збор во име на пратеничката група на ГЕРБ-СДС. Најсоодветно место за споделување на нашите идеи и намери е собраниската говорница, посочи Борисов. Лидерот на ГЕРБ истакна дека иновациите, научното истражување, културата и младите се во ресорот на Бугарија и бугарската еврокомесарка. - Теми за кои, мислам, сите сме напишале многу во нашите програми, додаде тој. Борисов рече дека ќе ги исполнат уставните услови. Тој објасни дека бидејќи Марија Габриел е вршител на должноста еврокомесар, која исто така треба да присуствува на состанокот на Г-7, постојат правни процедури низ кои таа мора да помине. - Затоа нашата пратеничка група во своите контакт групи ќе ве контактира за да може да ги одржи средбите и да ги преземе своите обврски како кандидат за премиер, им порача Борисов на останатите политички сили. Техничкиот премиер Галаб Донев го дефинираше изборот на Марија Габриел за премиерски кандидат на ГЕРБ-СДС како добар и внимателно осмислен. - Колку што ја познавам лично Марија Габриел, мислам дека ова е добар, внимателен избор, изјави Донев пред новинарите на маргините на Собранието. Донев истакна дека како еврокомесарка, Габриел е одговорна за важни сектори како што се иновации и култура.Бугарскиот премиер во технички мандат посочи дека за разлика од порано, сега политичките формации имаат поинаков пристап на барање можни начини за дијалог и изнесување предлози за премиер и министри. Се надевам дека до крајот на неделата ќе ги знаеме имињата на кандидатите за министри во предлогот ГЕРБ-СДС, коментира тој. Галаб Донев рече дека е оптимист за формирање на редовна влада и додаде дека очекувањата за таква влада се „особено големи“. Претходно, бугарскиот претседател Румен Радев најави дека на 15 мај ќе го предаде првиот мандат на ГЕРБ-СДС, партијата која освои најмногу гласови на последните избори. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evrokomesarkata-marija-gabriel-kandidat-na-gerb-za-premierka-na-bugarija/feed/ 0
Анкета: ГЕРБ и натаму е прва политичка сила во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-gerb-i-natamu-e-prva-politichka-sila-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-gerb-i-natamu-e-prva-politichka-sila-vo-bugarija/#respond Mon, 12 Dec 2022 18:22:28 +0000 https://kurir.mk/?p=774575

Два месеци по предвремените избори во Бугарија, не се забележуваат значителни промени во довербата во партиите во Бугарија. ГЕРБ останува прва политичка сила со 25,8 отсто од гласачите, покажува истражувањето на јавното мнение на агенцијата „Тренд“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, втората партија во земјата останува „Промените продолжуваат“ со 19,2 отсто доверба кај гласачите, Движењето за права и слободи има 11,6 отсто, а потоа националистичката „Препород“ со 11,3 отсто. Бугарската социјалистичка партија го задржа петтото место со 9 отсто. „Демократска Бугарија“ има поддршка од 7,3 отсто, а партијата на поранешниот премиер Стефан Јанев „Бугарски подем“ е на прагот да влезе во Народното собрание со четири отсто. Според анкетата на „Тренд“, партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ има 3,1 отсто и засега останува надвор од Народното собрание на Бугарија. Малку повеќе од една четвртина од учесниците во истражувањето (26 отсто) позитивно ја оценуваат работата на техничката влада во Бугарија. Истражувањето покажува пад на довербата во активностите на претседателот Румен Радев. Во декември 42 отсто од анкетираните дале позитивна оценка за неговата работа, а 46 отсто негативна. Намалувањето на позитивната оценка на претседателот главно се должи на повлекувањето на поддршката во последните месеци од поддржувачите на „Промените продолжуваат“ и „Демократска Бугарија“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-gerb-i-natamu-e-prva-politichka-sila-vo-bugarija/feed/ 0
Во бугарското Собрание средба за прв мандат меѓу „Промените продолжуваат“ и ГЕРБ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-bugarskoto-sobranie-sredba-za-prv-mandat-megju-promenite-prodolzuvaat-i-gerb/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-bugarskoto-sobranie-sredba-za-prv-mandat-megju-promenite-prodolzuvaat-i-gerb/#respond Tue, 08 Nov 2022 07:42:26 +0000 https://kurir.mk/?p=757163

Во бугарското Народно собрание денеска средба ќе остварат претставници на ГЕРБ-СДС и „Промените продолжуваат“. Средбата ќе се оствари на покана на претседателката на пратеничката група на ГЕРБ-СДС, Десислава Атанасова, јави дописникот на МИА од Софија. Од „Промените продолжуваат“ соопштија дека ќе одат на средба со ГЕРБ, но тоа не значи дека ќе го поддржат нивниот мандат, додавајќи дека ќе испратат експерти за дијалог за политиките што се подготвени да ги поддржат во својство на конструктивна опозиција. На средбата ќе учествуваат партиските лидери Кирил Петков и Асен Василев. Претседателот на парламентарната група на „Промените продолжуваат“, Андреј Ѓуров, истакна дека тој и неговите колеги ќе одат на средбата за да кажат дека ќе поддржат 16 политики кои сметаат се за важни за Бугарија и нејзиниот развој. Десислава Атанасова прецизираше дека доколку ГЕРБ-СДС не добие поддршка, тие ќе ја поддржат „Промените продолжуваат“ за втор мандат. Во пресрет на средбата меѓу првата и втората политичка сиво во Бугарија, Даниел Лаурер коментира дека е исклучено дека ГЕРБ ќе го добие првиот мандат и дека тие ќе разговараат само за политики, а не за коалиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-bugarskoto-sobranie-sredba-za-prv-mandat-megju-promenite-prodolzuvaat-i-gerb/feed/ 0
„Демократи за силна Бугарија“ побараа партијата на Борисов да се откаже од мандатот за формирање нова влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demokrati-za-silna-bugarija-pobaraa-partijata-na-borisov-da-se-otkaze-od-mandatot-za-formiranje-nova-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demokrati-za-silna-bugarija-pobaraa-partijata-na-borisov-da-se-otkaze-od-mandatot-za-formiranje-nova-vlada/#respond Fri, 07 Oct 2022 17:34:37 +0000 https://kurir.mk/?p=742608

„Демократи за силна Бугарија“ им предложи на своите коалициски партнери од Демократска Бугарија да не учествуваат во преговорите со ГЕРБ, јави дописникот на МИА од Софија. Партијата побара враќање на првиот мандат од ГЕРБ и поддршка за мандатот на „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков и Асен Василев. „Демократи за силна Бугарија“ ја оценуваат политичката криза во земјава како продлабочена. Според нив, првиот чекор за излез е формирање редовна влада на Бугарија. Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, вели дека пристапот со контакт групата ќе функционира и дека ништо не е загубено. Според Борисов, прва и непосредна опасност за Бугарија е војната во Украина и затоа во контакт групата има луѓе со евроатлански позиции. Борисов прецизираше дека вратата е оставена отворена и секој што сака може да вклучи лице во овој преговарачки тим. Според него, Бугарите ѝ кажале „да“ на ГЕРБ, но на неговата партија не и кажале сама да управува со Бугарија. „Демократите за силна Бугарија“ се дел од коалицијата „Демократска Бугарија“ предводена од копретседавачот Христо Иванов.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demokrati-za-silna-bugarija-pobaraa-partijata-na-borisov-da-se-otkaze-od-mandatot-za-formiranje-nova-vlada/feed/ 0
ГЕРБ го врати мандатот, Радев за утре свика консултации https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gerb-go-vrati-mandatot-radev-za-utre-svika-konsultacii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gerb-go-vrati-mandatot-radev-za-utre-svika-konsultacii/#respond Thu, 14 Jul 2022 13:37:29 +0000 https://kurir.mk/?p=705181

Пратеничката група на ГЕРБ-СДС нема да го искористи правото дадено со Уставот за спроведување на мандат за формирање влада и нема да предложи кандидат за премиер. Ова го изјави координаторката на пратеничката група Десислава Атанасова, на средбата кај претседателот на Бугарија Румен Радев. Претседателот Румен Радев изјави дека ја почитува одлуката на ГЕРБ да не го искористи правото за формирање влада. -Вие ја најавивте оваа ваша одлука, но во парламентарната република партиите застапени во парламентот се одговорни за формирање владејачкото мнозинство, рече тој. Радев посочи дека без разлика дали се во власта или во опозиција, сите партии застапени во парламентот имаат своја одговорност да најдат излез од кризите кои се продлабочуваат – инфлација, здравствена, социјална. Тие директно влијаат на животот на бугарските граѓани и бараат итна акција од одговорните институции, нагласи тој. Претседателот Румен Радев рече дека од утре ќе почне консултации со партиите застапени во Собранието за излез од политичката криза. -Сакам да ги слушнам партиите како тие гледаат на кризата и какви решенија предлагаат за излез од кризата, какви можности гледаат за коалициските разговори да се бара мнозинство во овој парламент, кои приоритети и програми можат да бараат обединување за да одлучам кому да му го доделам мандатот, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gerb-go-vrati-mandatot-radev-za-utre-svika-konsultacii/feed/ 0
Поддржувачите на ГЕРБ пред бугарската Влада побараа итно ослободување на Борисов (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poddrzuvachite-na-gerb-pred-bugarskata-vlada-pobaraa-itno-osloboduvanje-na-borisov-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poddrzuvachite-na-gerb-pred-bugarskata-vlada-pobaraa-itno-osloboduvanje-na-borisov-video/#respond Fri, 18 Mar 2022 10:29:30 +0000 https://kurir.mk/?p=649410

Бугарскиот експремиер Бојко Борисов вчеравечер беше приведен од страна на полицијата, како и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и владината Пи-Ар соработничка, Севдалина Арнаудова, поради злоупотреби во користењето на европските фондови и средства Пред зградата на бугарската Влада утрово се одржа мирен протест, со цел да се искаже поддршка на лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов, кој синоќа беше приведен од бугарската полиција, пренесува бугарската телевизија Нова. Симпатизерите на ГЕРБ, но и пратениците од пратеничката група на оваа партија, за време на мирниот протест побарале предвремени избори во Бугарија, оставка на владата, но главното барање им е итно ослободување на Бојко Борисов од притвор. Локалните медиуми забележаа дека ова е прв протест на партијата откако е во опозиција. Сообраќајот во реонот на бугарската Влада бил блокиран, а имало и зголемено полициско обезбедување. Бугарскиот експремиер Бојко Борисов вчеравечер беше приведен од страна на полицијата, заедно со поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и владината Пи-Ар соработничка, Севдалина Арнаудова, поради злоупотреби во користењето на европските фондови и средства. Слушајот го следи европското обвинителство, кое пак треба да го извести бугарското во рок од 24 часа по започнување на истражните активности. Порано денеска и бугарскиот премиер Кирил Петков во видео порака на социјалните мрежи порача дека „никој не е над законот“ и ги повика институциите непристрасно да си ја вршат работата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poddrzuvachite-na-gerb-pred-bugarskata-vlada-pobaraa-itno-osloboduvanje-na-borisov-video/feed/ 0
Бугарската социјалистичка партија нема да води преговори со ГЕРБ и со ДПС https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskata-socijalistichka-partija-nema-da-vodi-pregovori-so-gerb-i-so-dps/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskata-socijalistichka-partija-nema-da-vodi-pregovori-so-gerb-i-so-dps/#respond Mon, 15 Nov 2021 09:20:40 +0000 https://kurir.mk/?p=595616

Бугарската социјалистичка партија ќе продолжи да води дијалог, изјави за БНТ Иван Ченчев од раководството на партијата. Како што јави дописникот на МИА од Софија, она што, според Ченчев, би можело да се постави пред БСП како задача е приближување на позициите до партиите кои се на „новиот бран“, иако многу од нив добиле резултат што не ги задоволува. За очекуваната кандидатура на Кирил Петков за идниот премиер на Бугарија, Ченчев рече дека неговото барање одговара на она на БСП да ги исполни очекувањата на народот. Тој додаде дека за БСП не се важни имињата на министрите и позициите, туку политиките и програмите на партиите треба да бидат толку блиски за да се најде излез од кризата. Тој ги издвои пензиите и здравството како приоритет во законодавната дејност на БСП. БСП нема да учествува во преговорите со ГЕРБ и ДПС, додаде Ченчев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskata-socijalistichka-partija-nema-da-vodi-pregovori-so-gerb-i-so-dps/feed/ 0