ѓердан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 02 Jun 2023 13:49:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ѓердан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Модна ретроспектива: Дали се сеќавате на ѓерданот со був кој во еден момент завладеа со светот? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/modna-retrospektiva-dali-se-sekavate-na-gerdanot-so-buv-koj-vo-eden-moment-zavladea-so-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/modna-retrospektiva-dali-se-sekavate-na-gerdanot-so-buv-koj-vo-eden-moment-zavladea-so-svetot/#respond Fri, 02 Jun 2023 13:49:01 +0000 https://kurir.mk/?p=841521

Трендовите од 2000-тите носат интересни „ситуации“ и модни моменти, но одеднаш се појави еден и необјасниво доминираше на секој агол. Ако ѕирнеме во времето околу 2010 година, ќе не чека многу интересна мода. Покрај слоевитата облека, како маица со кратки ракави, под која ѕирка маица без прерамки, тесни панталони, како и не баш најдобрите „трикови“ за шминкање, исто така ќе го сретнеме бувот. Да, бувот беше еден од белезите на овие години, и како што дојде, си замина – одеднаш. Сепак, верувале или не, ова животно не се појавува за прв пат во 2000-тите, туку се појавува уште во 1970-тите. Секако, го промени својот изглед, но не драстично. И во тој период бил долг ѓердан со голем був што виси од него. Бувот е симбол на мудроста, а во 1970-тите, поради политичките, моралните и етичките истражувања во САД, вредноста на мудроста стана вградена во свеста на нацијата. Така се појавија во различни варијанти, но ланчето со поголем був цврсто си го потврди своето место во 2000-тите. Неговото тело е испрекинато и ребрасто, за да изгледа по „подвижно“. Тие првенствено доаѓаа во сребрени бои, но подоцна ги обоија пердувите. Бувовите го освоија светот на накитот, но брзо се проширија на облеката, како и на ранците и чантите. Сепак, маичките со бувови не беа ни приближно популарни како самите ѓердани. Според денешните трендови, можеме да видиме дека модата се обновува и дека стиловите се враќаат, но со додавање на модерното. Иако многумина сакаат да ги остават овие бувови во својата фиока во 2000-тите, тие може повторно да слетаат на нашите ѓердани. Се појавија незабележливо и во еден момент речиси сите ги носеа, но и тие си заминаа. Дали повторно ќе бидеме сведоци на ера на ноќните птици?]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/modna-retrospektiva-dali-se-sekavate-na-gerdanot-so-buv-koj-vo-eden-moment-zavladea-so-svetot/feed/ 0
ВИДЕО: По 111 години пронајден изгубен ѓердан од Титаник https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-po-111-godini-pronajden-izguben-gerdan-od-titanik/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-po-111-godini-pronajden-izguben-gerdan-od-titanik/#respond Fri, 02 Jun 2023 12:25:44 +0000 https://kurir.mk/?p=841281

Во остатоците на познатиот луксузен океански брод Титаник, 111 години по неговото потонување е пронајден изгубен ѓердан. Титаник потона на своето прво патување откако удри во санта мраз во Атлантикот. Во таа несреќа загинаа над 1.500 луѓе. Ѓерданот е направен е од мегалодон заби, џиновска праисториска ајкула и мала количина злато. Ја пронашле членовите на организацијата „Магелан“. Инаку, оваа организација се занимава со подводни истраги и мапирање на морското дно. Ѓерданот бил случајно пронајден за време на снимањето на потонатиот брод Титаник за потребите на документарен филм. -Пронајдениот ѓердан е луксузно убав, а ваквите откритија го одземаат здивот, изјави Ричард Паркинсон, извршен директор на организацијата „Магелан“. Ѓерданот се уште е во остатоците од бродот бидејќи САД и Велика Британија треба да дадат посебна дозвола за да го извлечат од потонатиот брод. Со помош на вештачка интелигенција, истражувачите ќе се обидат да утврдат на кого точно му припаѓал ѓерданот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-po-111-godini-pronajden-izguben-gerdan-od-titanik/feed/ 0
Го вратила за да и направат соодветни обетки и повеќе никогаш не го добила – историскиот ѓердан на принцезата Дијана оди на наддавање https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/go-vratila-za-da-i-napravat-soodvetni-obetki-i-poveke-nikogash-ne-go-dobila-istoriskiot-gerdan-na-printsezata-dijana-odi-na-naddavane/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/go-vratila-za-da-i-napravat-soodvetni-obetki-i-poveke-nikogash-ne-go-dobila-istoriskiot-gerdan-na-printsezata-dijana-odi-na-naddavane/#respond Tue, 16 May 2023 09:34:36 +0000 https://kurir.mk/?p=834716

Ѓердан и обетки од бисер што ѝ припаѓале на покојната британска принцеза Дијана и коишто таа ги носела на еден од нејзините последни јавни појавувања, ќе бидат понудени на аукција во јуни. Имено, Лејди Ди во јуни 1997 година присуствуваше на изведба на „Лебедово езеро“ на Британскиот национален балет во „Ројал Алберт хол“ во Лондон. Ѓерданот содржи платина, седум бисери од Тихиот Океан и 178 дијаманти. Нејзините фотографии од таа вечер го обиколија светот. Накитот е дело на златарницата „Гарард“ во Лондон, а во дизајнот учествувала и Дијана. По балетот, таа го вратила, за во „Гарард“ да може да ѝ направат и пар соодветни обетки. Но, во меѓувреме, таа загинала во Париз. Комплетот познат како „Лебедово езеро“ ќе биде понуден на наддавање во хотелот „Пјер“ во Њујорк на 27 јуни. Дијамантите вкупно имаат вредност од над 50 карати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/go-vratila-za-da-i-napravat-soodvetni-obetki-i-poveke-nikogash-ne-go-dobila-istoriskiot-gerdan-na-printsezata-dijana-odi-na-naddavane/feed/ 0