Герхард Шредер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 Apr 2023 09:16:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Герхард Шредер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Суд во Берлин: На 4-ти мај почнува судскиот процес на Герхард Шредер против Бундестагот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sud-vo-berlin-na-4-ti-maj-pochnuva-sudskiot-protses-na-gerhard-shreder-protiv-bundestagot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sud-vo-berlin-na-4-ti-maj-pochnuva-sudskiot-protses-na-gerhard-shreder-protiv-bundestagot/#respond Tue, 25 Apr 2023 09:16:14 +0000 https://kurir.mk/?p=827278

Судот во Берлин во мај ќе го одржи сослушувањето за случајот што го покрена поранешниот германски канцелар Герхард Шредер против долниот дом на германскиот парламент, Бундестагот, со барање да му се вратат специјалните права, јави ДПА. Управниот суд во Берлин соопшти дека сослушувањето по тужбата на Шредер е закажано за 4 мај. Поранешниот германски лидер, кој беше на власт од 1998 до 2005 година, беше многу критикуван за неговата вмешаност со руските енергетски компании и неговата блискост со рускиот претседател Владимир Путин по минатогодишната инвазија на Украина. На пример, Шредер со години беше во управниот одбор на рускиот енергетски гигант Роснефт. Во мај минатата година, Бундестагот му одзеде на Шредер дел од специјалните привилегии што му беа дадени како поранешен лидер. Комисијата за буџет на германскиот парламент одлучи, меѓу другото, да ја затвори неговата канцеларија. Шредер бара да му бидат вратени канцеларијата и соработниците. Тужбата е поднесена во Управниот суд во Берлин. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sud-vo-berlin-na-4-ti-maj-pochnuva-sudskiot-protses-na-gerhard-shreder-protiv-bundestagot/feed/ 0
Одбиено барањето за исклучување на Шредер од СПД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odbieno-baranjeto-za-iskluchuvanje-na-shreder-od-spd/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odbieno-baranjeto-za-iskluchuvanje-na-shreder-od-spd/#respond Mon, 08 Aug 2022 16:22:04 +0000 https://kurir.mk/?p=715755

Социјалдемократската партија на Германија (СПД) одби да го исклучи поранешниот канцелар Герхард Шредер од партијата, поради блиски врски со рускиот енергетски сектор и претседателот Владимир Путин. Арбитражниот одбор на огранокот на СПД во Хановер разгледуваше 17 барања од членови на партијата за покренување постапка против Шредер. Тој има долгогодишни врски со рускиот енергетски сектор и одби целосно да се дистанцира од Путин, откако Русија изврши инвазија на Украина. Меѓутоа, одборот на СПД утврди дека неговите постапки не претставуваат кршење на правилата на партијата. Можноста Шредер да биде исклучен од партијата на канцеларот Олаф Шолц не беше голема затоа што во Германија исклучување на член од политички партии е сложен, напорен и често долг процес, а неретко по него нема исклучување. Но, можна е жалба на денешната одлука. Шредер беше канцелар на Германија од 1998 до 2005, а лидер на СПД од 1999 до 2004 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odbieno-baranjeto-za-iskluchuvanje-na-shreder-od-spd/feed/ 0
Зеленски: Однесувањето на Шредер е одвратно https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-odnesuvanjeto-na-shreder-e-odvratno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-odnesuvanjeto-na-shreder-e-odvratno/#respond Thu, 04 Aug 2022 10:02:17 +0000 https://kurir.mk/?p=713955

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата изјави дека однесувањето на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер е одвратно. Зеленски ја коментираше минатонеделната посета на Шредер на Москва, како и изјавата на поранешниот германски канцелар дека нема да се извинува поради пријателството со рускиот претседател Владимир Путин. – Едноставно е одвратно кога поранешните лидери на големите држави со европски вредности ја поддржуваат Русија, која води војна против истите тие принципи, наведе Зеленски. Во петчасовното интервју за Стерн и РТЛ, Шредер директно не ги коментираше размислувањата на Путин, но истакна дека по разговорот со Путин смета оти конфликтот со Русија може да се реши, но дека се потребни дополнителни преговори кои треба да ги водат Германија и Франција. Тој додаде дека Западот треба да покаже поголемо разбирање кон „вистинските стравови на Русија, која се плаши од притисокот на непријателските земји“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-odnesuvanjeto-na-shreder-e-odvratno/feed/ 0
Украдени уметнички слики од канцеларијата на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukradeni-umetnichki-sliki-od-kancelarijata-na-poraneshniot-germanski-kancelar-gerhard-shreder/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukradeni-umetnichki-sliki-od-kancelarijata-na-poraneshniot-germanski-kancelar-gerhard-shreder/#respond Fri, 27 May 2022 14:29:14 +0000 https://kurir.mk/?p=682578

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој во изминатите недели беше постојано во фокусот на медиумите поради останувањето на функцијата во руска компанија, сега стана мета на кражба. Пет уметнички слики од приватниот имот на Шредер исчезнаа од зградата на германскиот Бундестаг, каде тој има канцеларии. Украидени се дела на уметникот Увер Бремер и еден неименуван кинески уметник. Тие уметнички дела цели 16 години го красат јавно достапниот простор пред канцеларијата на Шредер, пишува магазинот „Стерн“. Бундестагот го потврди исчезнувањето на сликите, како и дека Шредер во понеделникот поднел кривична пријава против непознати лица. Од Бундестагот посочуваат дека ваквите кражби се невообичаени во нивните згради.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukradeni-umetnichki-sliki-od-kancelarijata-na-poraneshniot-germanski-kancelar-gerhard-shreder/feed/ 0
Бундестагот му укина дел од привилегиите на Герхард Шредер, ЕП побара санкции https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bundestagot-mu-ukina-del-od-privilegiite-na-gerhard-shreder-ep-pobara-sankcii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bundestagot-mu-ukina-del-od-privilegiite-na-gerhard-shreder-ep-pobara-sankcii/#respond Thu, 19 May 2022 14:27:22 +0000 https://kurir.mk/?p=679087

Германскиот парламент (Бундестаг) укина дел од привилегиите кои Герхард Шредер ги уживаше како поранешен канцелар, јавија денеска германските медиуми. И Европскиот парламент денеска повика на санкции против Шредер поради неговите деловни и политички врски со Русија. Потегот на Европскиот парламент во голема мера е симболичен бидејќи моќта да воведува санкции ја има Европскиот совет. Членовите на Одборот за буџет на германскиот Парламент го прекинаа финансирањето на канцеларијата, со персоналот, на која Герхард Шредер има право како поранешен канцелар. Укинувањето на привилегиите доаѓа откако партиите во владејачката коалиција, вклучувајќи ја и Социјалдемократската партија на Германија (СПД), чиј претседател Шредер беше со години, поднесоа барање до Одборот. Герхард Шредер сè уште има право на повластена „пензионерска плата“ и лична заштита. Демохристијанскиот пратенички клуб сакаше да му ги одземе овие привилегии на поранешниот канцелар поради неговите сè уште блиски врски со режимот на Владимир Путин. Таканаречната плата во пензија изнесува 35 отсто од сегашната плата на германскиот канцелар, што во овој случај изнесува 8.300 евра месечно. Покрај тоа, Шредер добива надомест за времето поминато во владата на Долна Саксонија и како пратеник во Бундестагот. Шредер, кој беше канцелар од 1998 до 2005 година, во последните месеци беше на удар на пошироката германска јавност затоа што и покрај нападот на Русија врз Украина тој продолжи да ги штити постапките на Владимир Путин. Шредер со години е на врвот на руската енергетска индустрија и како член на управниот одбор на Роснефт добивал годишна плата од шест милиони евра, јавуваат германските медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bundestagot-mu-ukina-del-od-privilegiite-na-gerhard-shreder-ep-pobara-sankcii/feed/ 0
Герхард Шредер обвинет за кршење на права поради врски со Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gerhard-shreder-obvinet-za-krshenje-na-prava-poradi-vrski-so-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gerhard-shreder-obvinet-za-krshenje-na-prava-poradi-vrski-so-rusija/#respond Thu, 10 Mar 2022 13:56:02 +0000 https://kurir.mk/?p=644853

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер ќе се соочи со судење поради неговите блиски врски со руската Влада, соопштија германските правосудни власти. Обвинителството во Хановер потврди дека поднело барање до федералниот обвинител во Карлсруе, каде се наоѓа германскиот Уставен суд, да ја истражи жалбата против неколку лица, меѓу кои и Шредер. Карлсруе ќе треба да одлучи дали ќе почне истрага за обвиненија поврзани со човекови права. Жалбата се однесува на наводни „злосторства против човештвото“. Шредер се најде под притисок поради неговите блиски врски со Москва и неговото пријателство со рускиот претседател Владимир Путин. Германскиот канцелар Олаф Шолц минатата недела побара од Шредер да поднесе оставка од неговите позиции во руските државни компании. Шредер (77), кој беше канцелар на Германија од 1998 до 2005 година и член на социјалдемократите, исто како и сегашниот канцелар Шолц, важи за долгогодишен пријател на рускиот претседател Владимир Путин, што доведе до многу критики во Германија, особено откако Русија ја нападна Украина. Шредер е претседател на надзорниот одбор на руската државна енергетска компанија „Роснефт“ и има водечки позиции во контроверзните проекти на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, кои имаат за цел рускиот гас директно да го доставуваат до Германија, заобиколувајќи ја Украина. Тој треба да ја преземе функцијата и во Надзорниот одбор на Гаспром, руска мултинационална енергетска корпорација во мнозинска државна сопственост. – Мојот совет до Герхард Шредер е да поднесе оставка од тие функции, изјави Шолц за телевизијата ЗДФ, пренесува германската новинска агенција ДПА. Шолц нагласи дека врските на Шредер со руски компании не се приватна работа, бидејќи тој е поранешен канцелар. И лидерите на германските социјалдемократи, Ларс Клингбеил и Саскија Ескен, минатата недела соопштија дека напишале писмо во кое го повикуваат Шредер да поднесе оставка од своите позиции во руските државни компании.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gerhard-shreder-obvinet-za-krshenje-na-prava-poradi-vrski-so-rusija/feed/ 0
Шолц бара поранешниот канцелар да ги прекине деловните врски со Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sholc-bara-poraneshniot-kancelar-da-gi-prekine-delovnite-vrski-so-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sholc-bara-poraneshniot-kancelar-da-gi-prekine-delovnite-vrski-so-rusija/#respond Fri, 04 Mar 2022 06:49:12 +0000 https://kurir.mk/?p=640546

Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера побара од поранешниот канцелар Герхард Шредер да поднесе оставка од неговите позиции во руските државни компании, јави ДПА. Шредер (77) важи за долгогодишен пријател на рускиот претседател Владимир Путин, што доведе до многу критики во Германија, особено откако Русија ја нападна Украина минатата недела. Шредер е претседател на надзорниот одбор на руската државна енергетска компанија „Роснефт“ и има водечки позиции во контроверзните проекти на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, кои имаат за цел рускиот гас директно да го доставуваат до Германија, заобиколувајќи ја Украина. Тој треба да ја преземе функцијата и во Надзорниот одбор на Гаспром, руска мултинационална енергетска корпорација во мнозинска државна сопственост. – Мојот совет до Герхард Шредер е да поднесе оставка од тие функции, изјави Шолц за телевизијата ЗДФ, пренесува германската новинска агенција ДПА. Шолц нагласи дека врските на Шредер со руски компании не се приватна работа, бидејќи тој е поранешен канцелар. Шредер, кој беше канцелар на Германија од 1998 до 2005 година и член на социјалдемократите, исто како и сегашниот канцелар Шолц, долго време беше критикуван за неговите блиски врски со Русија. Вчера, лидерите на германските социјалдемократи, Ларс Клингбеил и Саскија Ескен, соопштија дека напишале писмо во кое го повикуваат Шредер да поднесе оставка од своите позиции во руските државни компании.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sholc-bara-poraneshniot-kancelar-da-gi-prekine-delovnite-vrski-so-rusija/feed/ 0
Соработниците на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер го напуштија поради неговата блискост во Путин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sorabotnicite-na-poraneshniot-germanski-kancelar-gerhard-shreder-go-napushtija-poradi-negovata-bliskost-vo-putin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sorabotnicite-na-poraneshniot-germanski-kancelar-gerhard-shreder-go-napushtija-poradi-negovata-bliskost-vo-putin/#respond Tue, 01 Mar 2022 13:33:30 +0000 https://kurir.mk/?p=638696

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер го напуштија членови на неговата канцеларија поради неговата блискост со рускиот претседател Владимир Путин, јавија германските медиуми. Албрехт Фанк, кој пишуваше говори за поранешниот канцелар повеќе од 20 години, прв ја напушти позицијата шеф на кабинетот на поранешниот канцелар Шредер. После тоа, останатите тројца вработени ја напуштиле канцеларијата на Шредер, јавуваат германските медиуми. Сите четворица се вработени во канцеларската канцеларија, а досега беа на располагање на поранешниот канцелар. Причината за заминувањето на Фанк и другите членови на канцеларијата е „несогласување во ставовите за рускиот напад врз Украина“. Фанк наводно му препорачал на Шредер што поскоро да се дистанцира од Владимир Путин и да ги напушти сите позиции во рускиот државен концерн Роснефт. Во четвртокот Шредер побара од Москва што поскоро да ја прекине војната во Украина, но непосредно пред тоа ја обвини Украина за „покажува на оружјето“. Минатата година канцеларијата на Шредер ги чинела даночните обврзници 407.000 евра. Медиумите шпекулираат за висината на приходот што Шредер го остварува со ангажирање на бројни позиции во руските нафтени компании како Роснефт или Северен поток-2. Шредер е познат како близок пријател на Владимир Путин, а неговата изјава во која тој го опиша рускиот претседател како „чист демократ“ често беше цитирана во германските медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sorabotnicite-na-poraneshniot-germanski-kancelar-gerhard-shreder-go-napushtija-poradi-negovata-bliskost-vo-putin/feed/ 0
Герхард Шредер останува претседател на Одборот на директори на „Розњефт“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gerhard-shreder-ostanuva-pretsedatel-na-odborot-na-direktori-na-roznjeft/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gerhard-shreder-ostanuva-pretsedatel-na-odborot-na-direktori-na-roznjeft/#respond Mon, 08 Jun 2020 08:52:00 +0000 https://kurir.mk/?p=355023

Поранешниот германски канцелар Герхар Шредер повторно е избран за претседател на Одборот на директори на руската нафтена компанија „Розњефт“. Тој е повторно избран на таа функција од Одборот на директори на состанокот одржан на 5 јуни. Шредер на функцијата претседател и член на Одборот на директори на „Розњефт“ се наоѓа од 2017 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gerhard-shreder-ostanuva-pretsedatel-na-odborot-na-direktori-na-roznjeft/feed/ 0