гермабија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 30 Jun 2018 12:37:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гермабија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Германија обезбеди договори со 14 земји за брзо враќање на мигрантите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-obezbedi-dogovori-so-14-zemji-za-brzo-vrakjanje-na-migrantite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-obezbedi-dogovori-so-14-zemji-za-brzo-vrakjanje-na-migrantite/#respond Sat, 30 Jun 2018 12:37:45 +0000 https://kurir.mk/?p=71497

Германската канцеларка Ангела Меркел обезбеди договори со 14 земји за брзо враќање на мигрантите кои се обидуваат да влезат во Германија, се наведува во документот во кој имала увид агенцијата ДПА. Меркел ги објавила договорите во писмо на осум страници испратено до партиските лидери на нејзините два коалициски партнера. Барателите на азил кои пристигнуваат во Германија и кои се прво регистрирани во други земји од ЕУ, ќе бидат префрлени во поголеми прифатни центри, каде ќе се разгледуваат нивните апликации, наведува Меркел во документот. Унгарија, Полска и Чешка се меѓу земјите кои се согласиле за брзо враќање на баратели на азил, кои прво се регистрирале на нивна територија, а потоа се обиделе да влезат во Германија. Овие три држави се големи критичари на миграциската политика на германската канцеларка. Останатите земји, кои се согласиле за враќање на мигранти, се Белгија, Данска, Естонија, Финска, Франција, Литванија, Летонија, Луксембург, Холандија, Португалија и Шведска. Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер и даде рок на канцеларката Меркел до следниот месец да најде начин за спречување на приливот на мигранти во Германија, во спротивно таа ќе се соочи со распаѓање на коалициската Влада. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-obezbedi-dogovori-so-14-zemji-za-brzo-vrakjanje-na-migrantite/feed/ 0