герман – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 07 Feb 2023 14:22:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png герман – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пробиен патот до село Герман во општина Ранковце https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/probien-patot-do-selo-german-vo-opshtina-rankovtse/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/probien-patot-do-selo-german-vo-opshtina-rankovtse/#respond Tue, 07 Feb 2023 14:22:17 +0000 https://kurir.mk/?p=797338

По три дена без сообраќајна поврзаност, жителите на селото Герман во општина Ранковце од денеска можат непречено да функционираат. Екипите на Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патни правци успеа да го пробие патот. -Трет ден работевме со целата расположлива механизација, булдожер и камиони, за пробивање на патот кон село Герман, регионален пат што поради големиот снег и до еден метар на места, како и наносите од метар и половина, беше исклучително тешко да се расчисти. Сепак, денес, на задоволство на жителите на селото, расчистено е сѐ до сред село. Дечињата од утре може да продолжат со редовна настава, а и жителите на Герман да може да ги завршат неопходните потреби, изјави Боби Димитровски, раководител на секцијата на ЈП за одржување магистрални и регионални патишта, Крива Паланка. Селото Герман е оддалечено околу 20 километри од Ранковце и има околу четириесет домаќинства. Кривопаланечкото село Дренак е се уште отсечено. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/probien-patot-do-selo-german-vo-opshtina-rankovtse/feed/ 0
Се работи интензивно на пробивање на патот кон село Герман, село Дренак отсечено петти ден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-raboti-intenzivno-na-probivane-na-patot-kon-selo-german-selo-drenak-otsecheno-petti-den/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-raboti-intenzivno-na-probivane-na-patot-kon-selo-german-selo-drenak-otsecheno-petti-den/#respond Mon, 06 Feb 2023 14:34:46 +0000 https://kurir.mk/?p=796813

Повеќе од половина од трасата на регионалниот пат Ранковце-село Герман е пробиена, а екипите на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патни правци, секција Крива Паланка веќе втор ден интензивно го пробиваат овој правец. Како што информира раководителот на секцијата Боби Димитровски, се работи во екстремно лоши услови, висината на снежната покривка е околу осумдесетина сантиметри, а силниот ветар континуирано прави навеви на патот, високи и над еден метар. - Овој патен правец е планински, работиме интензивно, условите се отежнати, но веќе успешно е расчистен поголем дел од трасата. Машините се стасани до село П'клиште, очекувам дека до крајот на денот ќе биде пробиен и расчистен целиот пат. Инаку, сите останати регионални патни правци, кон повисоките села: Огут, Луке, се проодни, а чист е целосно магистралниот пат А2, рече Димитровски. Градоначалникот на Општина Ранковце, Борче Спасовски, информира дека селото е отсечено втор ден, а лошите временски услови ја отежнуваат работата на екипите за расчистување. Вкупно шеснаесет ученици кои учат во селото денеска не се на настава бидејќи ниту наставниците не можеа да доспеат до своите работни места. - Селото Дренак во Крива Паланка е остечено уште од четврток, по паѓањето на снегот, но овој патен правец што го поврзува селото и осуммината жители што живеат на 40- тина километри од градот, е локален,но и земјен пат, така што, истиот не може да се расчисти и речиси секоја зима е неминовна невоља што ги снаоѓа мештаните, велат од Подрачната единица на ЦУК, Крива Паланка.
Пепица Давитковска, жителка на селото, рече дека нејзиниот сопруг е во селото и информира дека снежната покривка е околу четириесетина сантиметри. Таа со своите деца е во градот, дечињата редовно се сместени во општинскиот ученички дом, од каде одат на настава, а престојуваат од понеделник до петок. Но таа има изнајмено стан под кирија и ги прифаќа за време на викендите, прва зима, бидејќи досега тие не можеле да одат дома за викенд и по неколку месеци за време на зимскиот период, па биле приморани да остануваат кај роднини или соседи во градот. Што се однесува до останатите села, и Нерав е отсечено веќе трет ден, а за зимско одржување на овој локален пат задолжени се екипите на Јавното претпријатие Комуналец од Крива Паланка кои, според директорот Миле Марковски,на терен се и вчера и денеска. - Екипите и механизација се на терен, се расчистува, но станува збор за лоша конфигурацијата на теренот, заледени површини и многу потешки се условите за работа. И нашите вработени прават напори за расчистување во што пократок рок, но вчера помагаа и мештаните, информира Марковски. Информира дека во текот на изминатите 24 часа од страна на екипи на ЈП Комуналец расчистени се локалните патишта кон селата: Подржикоњ, Странци, денес интензивно се работи на расчистување на патните правци кон село Дурачка Река, Метов и кон Трново.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-raboti-intenzivno-na-probivane-na-patot-kon-selo-german-selo-drenak-otsecheno-petti-den/feed/ 0
СНЕЖНИТЕ НАНОСИ БИЛЕ ВИСОКИ И ДО ЕДЕН МЕТАР: Пробиен патот кон кривопаланечкото село Герман https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/snezhnite-nanosi-bile-visoki-i-do-eden-metar-probien-patot-kon-krivopalanechkoto-selo-german/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/snezhnite-nanosi-bile-visoki-i-do-eden-metar-probien-patot-kon-krivopalanechkoto-selo-german/#respond Fri, 03 Feb 2023 19:03:10 +0000 https://kurir.mk/?p=795910

Големите снежни наноси високи и до еден метар на регионалниот пат Општина Ранковце – село Герман, оддалечено дваесетина километри од општината, се расчистени откако речиси цел ден екипи на Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патни правци, секција Крива Паланка работеа на терен. - Искуството од минатите години е минато, не дозволивме жителите на селото Герман да останат отсечени и по повеќечасовна интензивна работа на терен, нашата служба го расчисти патот, завеан во состои на места повисоки и од еден метар, информира раководителот на јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патни правци, секција Крива Паланка, Боби Димитровски. Патот кон селото Герман бил завеан во текот на ноќта, по врнежите од снег кои го зафатија овој регион. - Висината на снежната покривка во Герман изнесува околу педесет сантиметри, а патот бил непрооден од доцна во ноќта до раните утрински часови. Благодарност до ЈП за одржување на патиштата, за навремената реакција, така што, жителите на околу триесетина домаќинства можат непречено да ги вршат своите работни обврски, а истовремено, овозможено е дечињата да следат настава, бидејќи кога патот е непрооден, се случувало и по неколку денови да бидат отсутни од училиште или да следат онлајн настава, рече градоначалникот на Општина Ранковце, Борче Спасовски. Раководителот на ЈП за одржување магистрални и регионални патни правци секција Крива Паланка, Димитровски, посочи дека висината на снежната покривка и во останатите високи планински села во Општина Крива Паланка изнесувала околу 25 сантиметри, но патот и кон селото Луке и кон село Огут бил расчистен навремено, така што, жителите на селата се задоволни, рече Димитровски. Во текот на изминатото деноноќие оваа зимска служба интервенирала на повеќе локации во реонот на Крива Паланка, Ранковце и Кратово, а на коловозите се фрлени над дваесет тони абразивен материјал, сол и ризла. И магистралниот пат А2, Куманово – Крива Паланка – Деве Баир е прооден, сообраќајот за патнички и товарни моторни возила се одвива непречено, а висината на снежната покривка на граничниот премин Деве Баир со Република Бугарија е десет сантиметри. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/snezhnite-nanosi-bile-visoki-i-do-eden-metar-probien-patot-kon-krivopalanechkoto-selo-german/feed/ 0