германци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Sep 2023 16:24:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png германци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Истражување: Повеќето Германци сметаат дека работата не се исплати поради бенефициите за невработеност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazhuvane-poveketo-germantsi-smetaat-deka-rabotata-ne-se-isplati-poradi-benefitsiite-za-nevrabotenost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazhuvane-poveketo-germantsi-smetaat-deka-rabotata-ne-se-isplati-poradi-benefitsiite-za-nevrabotenost/#respond Tue, 05 Sep 2023 16:24:16 +0000 https://kurir.mk/?p=874866

Мнозинството Германци веруваат дека повеќе не вреди да се работи, со оглед на зголемената државна поддршка, покажува истражувањето на јавното мислење објавено денеска. Според истражувањето на институтот ИНСА за дневниот весник „Билд“, 52 отсто од испитаниците сметаат дека работата не се исплати, 40 отсто го мислат спротивното, а осум отсто одбиле да одговорат на прашањето. Во понеделникот, веста дека работник во магацин од Бад Ајнхаузен во западна Германија ја напуштил работата откако дознал за најновото зголемување на бенефициите за невработеност го привлече вниманието на јавноста. Според последната одлука на Владата, оваа помош од 1 јануари 2024 година ќе се зголеми за 61 евро, со што ќе изнесува 563 евра месечно за самец. Треба да се додаде дека државата ги покрива сите трошоци за домување и здравствено осигурување за примателите на помош. Магационерот кој даде отказ тврди дека со малку „прикриена работа“ и државна помош може да заработува повеќе месечно отколку на работа. Весникот „Билд“ пресметал дека вработен кој работи за минимална саатница (моментално 13,90 евра) заработува околу 2.000 евра бруто и дека по одбитоците за данок, пензиско и здравствено осигурување и по плаќањето кирија и комуналии, му остануваат околу 600 евра, малку повеќе од бенефиции за невработеност. Повеќето од оние кои мислат дека повеќе не вреди да се оди на работа се гласачите на десничарската популистичка Алтернатива за Германија (АфД). Гласачите на партиите на владејачката коалиција, Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Зелените и Либерално-демократската партија (ФДП) сметаат дека работата се исплати. Министерот за финансии Кристијан Линднер минатата недела рече дека бенефициите не треба да делуваат како дестимулација за оние кои сакаат да работат. „Најдобар начин за излез од сиромаштијата е да се биде вработен“, рече Линднер. Претседателот на најголемата опозициска партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), Фридрих Мерц изјави дека оние што одат на работа на крајот на месецот мора да имаат повеќе во џебот од оние што добиваат државна помош. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazhuvane-poveketo-germantsi-smetaat-deka-rabotata-ne-se-isplati-poradi-benefitsiite-za-nevrabotenost/feed/ 0
Анкета на „Форса“: Само половина од Германците сметаат дека владината коалиција ќе преживее до крајот на мандатот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-na-forsa-samo-polovina-od-germantsite-smetaat-deka-vladinata-koalitsija-ke-prezhivee-do-krajot-na-mandatot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-na-forsa-samo-polovina-od-germantsite-smetaat-deka-vladinata-koalitsija-ke-prezhivee-do-krajot-na-mandatot/#respond Fri, 26 May 2023 06:22:26 +0000 https://kurir.mk/?p=838871

Само половина од Германците веруваат дека владејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц ќе опстане до крајот на неговиот мандат, покажуваат резултатите од анкетата објавена вчера, а беше цитирана од британските медиуми. Во коалицијата, во која се Социјалдемократите, Зелените и бизнис-ориентираната Слободна демократска партија, неделава ескалира спорот за иднината на германскиот систем за греење. Слободната демократска партија во вторникот го блокираше воведувањето во парламентот на нацрт-законот подготвен од Министерството за економија, што е под контрола на Зелените, со кој од следната 2024 година би се забраниле повеќето нови системи за греење со нафта и гас. Слободната демократска партија повика на големи промени во законот. Зелените ја обвинија Слободната демократска партија за „политичка блокада“ и предупредија дека владината криза може да биде неизбежна. Од вчера објавените резултати на социолошкото истражување на агенцијата „Форса“ се гледа дека околу 40 отсто од Германците мислат дека трипартиската владејачка коалиција ќе се распадне пред крајот на нејзиниот мандат во 2025 година. Околу 54 отсто од Германците поддржуваат одржување нови избори во случај на колапс на коалицијата. Канцеларот Олаф Шолц вчера ги повика своите коалициски партнери да ги решат разликите во следните недели, но околу 81 отсто од Германците сметаат дека тој треба да дејствува поодлучно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-na-forsa-samo-polovina-od-germantsite-smetaat-deka-vladinata-koalitsija-ke-prezhivee-do-krajot-na-mandatot/feed/ 0
Македонците преферираат да живеат во сопствени домови, Германците и Швајцарците во изнајмени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makedontsite-preferiraat-da-zhiveat-vo-sopstveni-domovi-germantsite-i-shvajtsartsite-vo-iznajmeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makedontsite-preferiraat-da-zhiveat-vo-sopstveni-domovi-germantsite-i-shvajtsartsite-vo-iznajmeni/#respond Sun, 23 Apr 2023 07:33:47 +0000 https://kurir.mk/?p=826540

Луѓето на Балканот и во Источна Европа преферираат да имаат и да живеат во сопствени домови за ралика од населението во Западна Европа кое почесто се решава за изнајмени живелишта. Според податоците на „Евростат“ што ги анализира порталот „Лангеист“, 85,9 отсто од жителите на Северна Македонија живеат во сопствени домови. Рекордери се Косово и Албанија каде што околу 97 проценти од луѓето имаат свои, а не изнајмени живеалишта. Во Романија тој процент е 95,7, во Србија, Црна Гора и Хрватска околу 90, во Бугарија 85 и во Грција 73,3 отсто. Германија (49,1%) и Швајцарија (42,2%) имаат далеку најниска стапка на сопственост на домови во Европа. Тие се единствените земји каде што сопствениците на куќи се помалубројни од оние кои живеат во изнајмени домови. Стапките на сопственост на домови во Европа значително се разликуваат помеѓу земјите и се под влијание на различни фактори, вклучувајќи ја достапноста на станови со пристапни цени, распространетоста на социјалните станови и демографската структура на населението. Еден од можните фактори кои влијаат на стапките на сопственост на домови во Европа, е достапноста на прифатливи станови. Во некои земји, како што се Германија и Швајцарија, трошоците за сместување се релативно високи, што им отежнува на многу луѓе да купат дом. Спротивно на тоа, во други земји, како што се Бугарија и Романија, домувањето е многу поевтино, па затоа поседувањето дом е подостапно за поголем број луѓе. Друг фактор што може да влијае на стапките на сопственост на домови е распространетоста на социјалните станови. Во земјите каде што социјалното домување е вообичаено, како што се Холандија и Австрија, закупувачите се со поголема веројатност да бидат сместени во имоти во јавна сопственост, и затоа стапките на сопственост на домови се пониски. И покрај овие варијации, поседувањето дом останува важна аспирација за многу Европејци, обезбедувајќи чувство на припадност, стабилност и безбедност што потешко може да се добие преку изнајмување, заклучува „Лангеист“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makedontsite-preferiraat-da-zhiveat-vo-sopstveni-domovi-germantsite-i-shvajtsartsite-vo-iznajmeni/feed/ 0
Анкета: Речиси половина од Германците против испорака на тенкови „Леопард“ за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-rechisi-polovina-od-germancite-protiv-isporaka-na-tenkovi-leopard-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-rechisi-polovina-od-germancite-protiv-isporaka-na-tenkovi-leopard-za-ukraina/#respond Sun, 25 Dec 2022 11:44:35 +0000 https://kurir.mk/?p=780245

Постои широко распространето противење меѓу германското население за снабдување на Украина со тенковите Леопард 2 кои се сметаат за икона на воената технологија на државата, според истражувањето нарачано од ДПА и објавено денеска. Репрезентативното истражување на 2.075 испитаници спроведено од институтот ЈуГов покажа дека 45 отсто се против снабдувањето со тенкови кои украинскиот претседател Володимир Зеленски посебно ги побара. Истражувањето покажа дека 33 отсто се „за“. Канцеларот Олаф Шолц ги одби повторените барања на украинската влада за борбени тенкови, истакнувајќи дека ниту една друга земја што ги поддржува украинските воени напори не обезбедила оружје од ваков вид. Германците исто така рекоа дека на украинските тенковски тимови ќе им треба интензивна обука за користење на Леопард 2. Поделбата меѓу населението се рефлектира во владејачката тристрана коалиција. Додека политичарите од Социјалдемократите (СПД) на Шолц се генерално против, многумина од Зелените и либералната ФДП се „за“. Главниот конзервативен опозициски блок, исто така, генерално се залага за обезбедување на тенковите. Истражувањето покажа дека меѓу општата популација, 41 отсто од поддржувачите на СПД се противат на испораката, а 40 отсто се за. Точно половина од поддржувачите на Зелените го поддржаа снабдувањето со тенкови, а 25 отсто беа против. Во ФДП 42 отсто се против, а 33 отсто за. Поддржувачите на конзервативните опозициски партии се главно против, а опозицијата е најсилна во десничарската Алтернатива за Германија (АфД), каде 76 отсто се „против“, а само 13 отсто се „за“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-rechisi-polovina-od-germancite-protiv-isporaka-na-tenkovi-leopard-za-ukraina/feed/ 0
СП2022: Германците во знак на протест го покрија устите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sp2022-germancite-vo-znak-na-protest-go-pokrija-ustite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sp2022-germancite-vo-znak-na-protest-go-pokrija-ustite/#respond Wed, 23 Nov 2022 15:41:00 +0000 https://kurir.mk/?p=765511

Германските фудбалски репрезентативци со рацете ги покрија своите усти за време на групното фотографирање пред денешниот натпревар на Светското првенство во Катар против Јапонија, одговарајќи на тој начин на заканите од ФИФА за санкции поради капитенските ленти со натписот „Една љубов“ (One love). Сите германски играчи се приклучија кон гестот пред десетици фоторепортери пред воведниот натпревар во групата Е во Доха, откако ФИФА им се закани со санкции на седум европски репрезентации доколку нивните капитени ја стават на рацете лентата која симболизира различност и толеранција. Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер, која беше во свечената ложа на стадионот покрај претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, носеше таква лента додека разговараше со фудбалските моќници. Претходно таа изнесе критики на адреса на ФИФА, истакнувајќи оти заканите со санкции е погрешно и неприфатливо однесување. -Ова не е во ред. Во денешно време е несфатливо ФИФА да не сака луѓето отворено да се залагаат за толеранција и против дискриминација, рече Фезер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sp2022-germancite-vo-znak-na-protest-go-pokrija-ustite/feed/ 0
Анкета: Германците се почесто купуваат поевтини намирници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-germancite-se-pochesto-kupuvaat-poevtini-namirnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-germancite-se-pochesto-kupuvaat-poevtini-namirnici/#respond Wed, 27 Jul 2022 10:44:02 +0000 https://kurir.mk/?p=710764

Поради зголемената инфлација и цените на енергијата, Германците се почесто купуваат поевтини намирници, покажа истражувањето на јавното мислење. Тројца од четворица Германци велат дека и за свежа и за преработена храна купуваат поевтини производи, објави „Велт“. „Многу потрошувачи веќе мора да размислуваат за тоа што можат да си дозволат кога прават секојдневни купувања“, рече Мајкл Ренц од EY. Кога станува збор за облека, обувки и слични работи, 44 отсто од Германците планираат да купуваат помалку брендирана стока. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-germancite-se-pochesto-kupuvaat-poevtini-namirnici/feed/ 0
Анкета: Половина од Германците не се задоволни од кампањата за вакцинација против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-polovina-od-germancite-ne-se-zadovolni-od-kampanjata-za-vakcinacija-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-polovina-od-germancite-ne-se-zadovolni-od-kampanjata-za-vakcinacija-protiv-kovid-19/#respond Fri, 24 Dec 2021 07:33:58 +0000 https://kurir.mk/?p=612403

Секој втор човек во Германија е незадоволен од организацијата на кампањата за вакцинација против Ковид-19, покажуваат резултатите од истражувањето на „ЈуГов“ (YouGov) за германската новинска агенција ДПА. Деветнаесет отсто од испитаниците изјавиле дека се многу незадоволни, а уште 31 процент дека се незадоволни од тоа како се спроведувала имунизацијата во изминатите 12 месеци. Само 36 отсто изјавиле дека се задоволни, а седум проценти оти се многу задоволни, додека седум отсто одбиле да одговорат. Во Германија на 26 декември 2020 година беа вакцинирани првите луѓе, а еден ден подоцна почна кампањата за вакцинација низ цела Европска Унија. Оттогаш, 61,3 милиони луѓе во Германија примиле барем една доза од вакцината против Ковид-19, што претставува 73,7 проценти од населението. Околу 70,7 отсто се вакцинирани двапати, додека 35 проценти примиле три дози. Околу 21,8 милиони луѓе во Германија (26,3 отсто од населението) сè уште не се вакцинирани. Германскиот канцелар Олаф Шолц сака да ја поттикне вакцинацијата за време на божиќните празници и во новата година. Тој постави цел 80 отсто од населението да биде вакцинирано барем со една доза до 7 јануари. Шолц се залага Бундестагот да одлучи од следната година да има општа вакцинација. Анкетата покажува дека 62 отсто од граѓаните се „за“ таква мерка, 29 се „против“, а девет проценти одбиле да одговорат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-polovina-od-germancite-ne-se-zadovolni-od-kampanjata-za-vakcinacija-protiv-kovid-19/feed/ 0
Милиони Германци гласале поинаку отколку пред четири години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/milioni-germanci-glasale-poinaku-otkolku-pred-chetiri-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/milioni-germanci-glasale-poinaku-otkolku-pred-chetiri-godini/#respond Mon, 27 Sep 2021 06:18:28 +0000 https://kurir.mk/?p=568639

Милиони Германци гласаа за различна политичка партија на вчерашните парламентарни избори отколку пред четири години, а владејачките конзервативци загубија најмногу гласачи. Според анкетата спроведена од Инфратест Институтот за истражување на јавното мислење, по барање на телевизијата АРД, 1,4 милиони Германци им свртеа грб на унионистите и се одлучија за социјалдемократите, повеќето од нив повозрасни лица и жени. Покрај тоа, околу 900.000 гласови на ЦДУ/ЦСУ и припаднаа на Зелената партија, а 340.000 на либералите, пренесува ntv.de. Покрај тоа, Зелените оваа година добија 470.000 гласови од Левица и 320.000 од социјалдемократите. Истовремено, 590.000 поранешни гласачи на Левица гласаа за социјалдемократите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/milioni-germanci-glasale-poinaku-otkolku-pred-chetiri-godini/feed/ 0
Анкета: Германците бараат да продолжат со работа од дома https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-germancite-baraat-da-prodolzat-so-rabota-od-doma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-germancite-baraat-da-prodolzat-so-rabota-od-doma/#respond Mon, 13 Sep 2021 14:34:18 +0000 https://kurir.mk/?p=563098

Повеќе од две третини од Германците кои работеа од дома за време на пандемијата сакаат да го зачуваат правото за таа форма на работа, покажуваат резултати од денеска објавената анкета. -Популарноста да се работи во сопствените четири sида се зголеми дополнително за време на пандемијата, нагласија од енергетската компанија Еон, врз основа на резултатите од студијата спроведена од Институтот ЈуГов (YouGov). Седумдесет и еден процент од испитаниците изјавиле дека сакаат во иднина да работат од дома. На почетокот на пандемијата минатата година, само 58 проценти од анкетираните ја изразија таа желба. Но, само 26 проценти од испитаниците сакаат да работат постојано од дома, 45 проценти сакаат комбинирано да работат од дома и да одат во канцеларија во текот на работната недела. Како најважна причина за работа од дома, испитаниците го наведуваат времето зачувано за патување до работа и позитивниот еколошки аспект. Социјалдемократската партија на Германија (СПД), која најверојатно ќе освои најмногу гласови на претстојните парламентарни избори, објави дека има намера законски да го регулира правото на работа од дома. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-germancite-baraat-da-prodolzat-so-rabota-od-doma/feed/ 0
Заврши мисијата за евакуација на Германци во Авганистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zavrshi-misijata-za-evakuacija-na-germanci-vo-avganistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zavrshi-misijata-za-evakuacija-na-germanci-vo-avganistan/#respond Thu, 26 Aug 2021 19:45:02 +0000 https://kurir.mk/?p=555399

Германија ги повлече сите свои војници од Авганистан со последен лет за евакуација од Кабул, изјави министерката за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер. – Сите војници, членови на Министерството за надворешни работи и федералната полиција кои ја доведоа оваа мисија до безбеден крај за нас, полетаа од Кабул, рече министерката, додавајќи дека, согласно тоа, мисијата за воена евакуација е завршена. Новинската агенција ДПА претходно јави дека попладнево полета последниот германски воен лет за евакуација на германски државјани и локален персонал од Авганистан. Според податоците на германското Министерство за одбрана, Бундесверот префрлил 5.193 лица од почетокот на мисијата за евакуација од Авганистан, а биле извршени вкупно 34 летови. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zavrshi-misijata-za-evakuacija-na-germanci-vo-avganistan/feed/ 0