германска амбасада – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
Најнови вестиMon, 15 Aug 2022 06:44:27 +0000mk-MK
hourly
1 https://wordpress.org/?v=6.3.3https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.pngгерманска амбасада – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
3232Германската влада ветува безбедно повлекување во Германија на поранешните авганистански вработени во германската амбасада во Кабул
https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-vlada-vetuva-bezbedno-povlekuvanje-vo-germanija-na-poraneshnite-avganistanski-vraboteni-vo-germanskata-ambasada-vo-kabul/
https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-vlada-vetuva-bezbedno-povlekuvanje-vo-germanija-na-poraneshnite-avganistanski-vraboteni-vo-germanskata-ambasada-vo-kabul/#respondMon, 15 Aug 2022 06:44:27 +0000https://kurir.mk/?p=718548Германската влада ветува безбедно враќање во Германија на сите авганистански службеници кои работеле за германската амбасада во Кабул пред да се вратат талибанците на власт пред една година, јави ДПА.
„Нема да ги напуштиме“, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер во интервјуто за Билд ам Зонтаг. Таа додаде дека работи заедно со министерката за надворешни работи Аналена Бербок на создавање програма со „јасни критериуми“ за прием во Германија.
Според информациите на германската влада, неколку илјади луѓе се уште чекаат да го напуштат Авганистан. Фезер објави дека досега во Германија се примени 15.759 авганистански службеници и членови на нивните семејства.
Според бројките од минатата недела, Германија вети дека ќе прими вкупно 23.614 локални вработени и членови на нивните семејства од повлекувањето на силите на НАТО минатото лето.
Фезер рече и дека во догледна иднина нема да има репатријација во Авганистан.
„Депортирањето во Авганистан во моментов е суспендирано – и сигурно ќе остане така со оглед на моменталната ситуација таму“, рече министерката.
Локалните вработени работеа за Германија како цивилен помошен персонал или како преведувачи.]]>Германската влада ветува безбедно враќање во Германија на сите авганистански службеници кои работеле за германската амбасада во Кабул пред да се вратат талибанците на власт пред една година, јави ДПА.
„Нема да ги напуштиме“, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер во интервјуто за Билд ам Зонтаг. Таа додаде дека работи заедно со министерката за надворешни работи Аналена Бербок на создавање програма со „јасни критериуми“ за прием во Германија.
Според информациите на германската влада, неколку илјади луѓе се уште чекаат да го напуштат Авганистан. Фезер објави дека досега во Германија се примени 15.759 авганистански службеници и членови на нивните семејства.
Според бројките од минатата недела, Германија вети дека ќе прими вкупно 23.614 локални вработени и членови на нивните семејства од повлекувањето на силите на НАТО минатото лето.
Фезер рече и дека во догледна иднина нема да има репатријација во Авганистан.
„Депортирањето во Авганистан во моментов е суспендирано – и сигурно ќе остане така со оглед на моменталната ситуација таму“, рече министерката.
Локалните вработени работеа за Германија како цивилен помошен персонал или како преведувачи.]]>https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-vlada-vetuva-bezbedno-povlekuvanje-vo-germanija-na-poraneshnite-avganistanski-vraboteni-vo-germanskata-ambasada-vo-kabul/feed/0Германската Амбасада во Тирана ја затвори канцеларијата за визи и пасоши
https://arhiva.kurir.mk/svet/region/germanskata-ambasada-vo-tirana-ja-zatvori-kancelarijata-za-vizi-i-pasoshi/
https://arhiva.kurir.mk/svet/region/germanskata-ambasada-vo-tirana-ja-zatvori-kancelarijata-za-vizi-i-pasoshi/#respondWed, 18 Nov 2020 12:24:01 +0000https://kurir.mk/?p=431226Поради влошената епидемиолошка состојба во Албанија, германската амбасада во Тирана, денеска ја затвори канцеларијата за визи и пасоши.
– Од денеска, 18.11.2020 година, поради актуелната состојба со Ковид-19, канцеларијата за визи и пасоши на германската амбасада во Тирана е затворена од превентивни причини. Лицата погодени од затворањето на канцеларијата ќе добијат нов датум / час на апликација што е можно поскоро, стои во соопштението на амбасадата.
Барајќи разбирање амбасадата додава дека ќе бидат информирани преку веб-страницата на амбасадата или Фејсбук веднаш штом канцеларијата продолжи со својата активност.
Поради влошената епидемиолошка состојба албанскиот Комитет на експерти за справување со пандемијата, вчера донесе дополнителни ограничувачки мерки.
-Се забранува собирање на повеќе од 10 лица на отворен и затворен простор, забрана за партиски состаноци и собири, конференции, церемонии по повод празници, како и домашни веселби и погребни церемонии кои ќе може да се одржуваат само во кругот на семејството. Ова ќе важи до следна одлука, стои во соопштението на Комитетот.
Со одлука на Комитетот од 15 октомври задолжително е носење заштитна маска и на отворен простор а од 11 овој месец воведен е полициски час од 22:00 до 06:00
За непочитување на полицискиот час следува парична казна од 80 евра додека за неносење маска 25 а доколку биде повторен прекршокот 40 евра. (МИА)]]>Поради влошената епидемиолошка состојба во Албанија, германската амбасада во Тирана, денеска ја затвори канцеларијата за визи и пасоши.
– Од денеска, 18.11.2020 година, поради актуелната состојба со Ковид-19, канцеларијата за визи и пасоши на германската амбасада во Тирана е затворена од превентивни причини. Лицата погодени од затворањето на канцеларијата ќе добијат нов датум / час на апликација што е можно поскоро, стои во соопштението на амбасадата.
Барајќи разбирање амбасадата додава дека ќе бидат информирани преку веб-страницата на амбасадата или Фејсбук веднаш штом канцеларијата продолжи со својата активност.
Поради влошената епидемиолошка состојба албанскиот Комитет на експерти за справување со пандемијата, вчера донесе дополнителни ограничувачки мерки.
-Се забранува собирање на повеќе од 10 лица на отворен и затворен простор, забрана за партиски состаноци и собири, конференции, церемонии по повод празници, како и домашни веселби и погребни церемонии кои ќе може да се одржуваат само во кругот на семејството. Ова ќе важи до следна одлука, стои во соопштението на Комитетот.
Со одлука на Комитетот од 15 октомври задолжително е носење заштитна маска и на отворен простор а од 11 овој месец воведен е полициски час од 22:00 до 06:00
За непочитување на полицискиот час следува парична казна од 80 евра додека за неносење маска 25 а доколку биде повторен прекршокот 40 евра. (МИА)]]>https://arhiva.kurir.mk/svet/region/germanskata-ambasada-vo-tirana-ja-zatvori-kancelarijata-za-vizi-i-pasoshi/feed/0Вработена во германската Амбасада во Бејрут загина во експлозијата
https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vrabotena-vo-germanskata-ambasada-vo-bejrut-zagina-vo-eksplozijata/
https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vrabotena-vo-germanskata-ambasada-vo-bejrut-zagina-vo-eksplozijata/#respondThu, 06 Aug 2020 10:59:38 +0000https://kurir.mk/?p=387128Жена која била вработена во Амбасадата на Германија во Бејрут загинала во експлозијата која се случи на пристаниште во овој град, соопшти германското Министерството за надворешни работи.
-Нашиот најголем страв се потврди. Членка на нашата Амбасада во Бејрут починала во својот дом при во експлозијата, стои во соопштението.
Најмалку 137 лица загинаа и повеќе од 5.000 се повредени во експлозијата која се случи пред два дена во главниот град на Либан.
Либанските спасувачки екипи и денес ја продолжуваат потрагата по преживеани лица под урнатините по страшната експлозија во Бејрут.]]>Жена која била вработена во Амбасадата на Германија во Бејрут загинала во експлозијата која се случи на пристаниште во овој град, соопшти германското Министерството за надворешни работи.
-Нашиот најголем страв се потврди. Членка на нашата Амбасада во Бејрут починала во својот дом при во експлозијата, стои во соопштението.
Најмалку 137 лица загинаа и повеќе од 5.000 се повредени во експлозијата која се случи пред два дена во главниот град на Либан.
Либанските спасувачки екипи и денес ја продолжуваат потрагата по преживеани лица под урнатините по страшната експлозија во Бејрут.]]>https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vrabotena-vo-germanskata-ambasada-vo-bejrut-zagina-vo-eksplozijata/feed/0Германската амбасада со донација од околу 2,5 милиони денари ќе ги поддржи центрите за лекување од Ковид -19
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanskata-ambasada-so-donacija-od-okolu-2-5-milioni-denari-kje-gi-poddrzi-centrite-za-lekuvanje-od-kovid-19/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanskata-ambasada-so-donacija-od-okolu-2-5-milioni-denari-kje-gi-poddrzi-centrite-za-lekuvanje-od-kovid-19/#respondFri, 27 Mar 2020 12:41:08 +0000https://kurir.mk/?p=323083Германската Амбасада оваа година го распредели целокупниот буџет од програмата Мали проекти за помош на Клиниката за инфективни бoлести, Клиниката Карил и Клиниката за неврохирургија, предвидени за лекување на пациенти заразени од Ковид-19.
Како што соопштија денеска од Амбасадата, амбасадорот Томас Герберих, министерот за здравство Венко Филипче и регионалниот менаџер на фондацијата Луѓе за луѓе-проект Хоуп, д-р Влатко Ужевски потпишаа договор за донација во висина од 2.450.000 денари за набавка на медицинска опрема.
Воедно, на медицинскиот персонал му посакуваат и понатаму многу сила, а на сите заболени брзо опоравување.]]>Германската Амбасада оваа година го распредели целокупниот буџет од програмата Мали проекти за помош на Клиниката за инфективни бoлести, Клиниката Карил и Клиниката за неврохирургија, предвидени за лекување на пациенти заразени од Ковид-19.
Како што соопштија денеска од Амбасадата, амбасадорот Томас Герберих, министерот за здравство Венко Филипче и регионалниот менаџер на фондацијата Луѓе за луѓе-проект Хоуп, д-р Влатко Ужевски потпишаа договор за донација во висина од 2.450.000 денари за набавка на медицинска опрема.
Воедно, на медицинскиот персонал му посакуваат и понатаму многу сила, а на сите заболени брзо опоравување.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanskata-ambasada-so-donacija-od-okolu-2-5-milioni-denari-kje-gi-poddrzi-centrite-za-lekuvanje-od-kovid-19/feed/0Германската амбасада времено ги затвора конзуларното и визното одделение
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanskata-ambasada-vremeno-gi-zatvora-konzularnoto-i-viznoto-oddelenie/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanskata-ambasada-vremeno-gi-zatvora-konzularnoto-i-viznoto-oddelenie/#respondMon, 16 Mar 2020 11:57:30 +0000https://kurir.mk/?p=317193Германската амбасада соопшти дека како последица на прогресивното ширење на коронавирусот (Ковид-19), ги затвора веднаш на неопределено време конзуларното одделение, вклучително и Визното за посетители.
Како што информираат од Амбасадата, сите веќе закажани термини ќе бидат автоматски пререгистрирани од страна на Амбасадата за некој подоцнежен термин.
За лицата кои имаат исклучиво германско државјанство и нивниот германски пасош и/или лична карта ќе стане невалиден во следните два месеца или веќе е неважечки, се замолуваат да ги контактираат по мејл на [email protected]., а на мејлот да приложат копија од пасошот и/или личната карта.-Амбасадата ќе информира на нејзината веб-страна www.skopje.diplo.de, штом ќе се нормализира протокот на посетители и повторно ќе може да има термини. Жалиме за ограничувањата и Ве молиме за разбирање за овие неопходни мерки!, стои во соопштението.]]>Германската амбасада соопшти дека како последица на прогресивното ширење на коронавирусот (Ковид-19), ги затвора веднаш на неопределено време конзуларното одделение, вклучително и Визното за посетители.
Како што информираат од Амбасадата, сите веќе закажани термини ќе бидат автоматски пререгистрирани од страна на Амбасадата за некој подоцнежен термин.
За лицата кои имаат исклучиво германско државјанство и нивниот германски пасош и/или лична карта ќе стане невалиден во следните два месеца или веќе е неважечки, се замолуваат да ги контактираат по мејл на [email protected]., а на мејлот да приложат копија од пасошот и/или личната карта.-Амбасадата ќе информира на нејзината веб-страна www.skopje.diplo.de, штом ќе се нормализира протокот на посетители и повторно ќе може да има термини. Жалиме за ограничувањата и Ве молиме за разбирање за овие неопходни мерки!, стои во соопштението.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanskata-ambasada-vremeno-gi-zatvora-konzularnoto-i-viznoto-oddelenie/feed/0Инспекторот Илиевски на средба во амбасадата на Германија
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspektorot-ilievski-na-sredba-vo-ambasadata-na-germanija/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspektorot-ilievski-na-sredba-vo-ambasadata-na-germanija/#respondThu, 12 Sep 2019 08:24:29 +0000https://kurir.mk/?p=239761Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, кој откри незаконски професорски звања на двајца министри од ДУИ, за што беше и деградиран од директорот на просветниот инспекторат, денеска ќе има средба на таа тема во Германската амбасада.
По средбата, инспекторот Илиевски ќе одржи прес-конференција пред амбасадата во 11 часот.
Според тврдењата на просветниот инспектор, Ѓорѓи Илиевски, кој утврди дека тројца актуелни функционери незаконски против него се води хајка поради откриениот скандал.]]>Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, кој откри незаконски професорски звања на двајца министри од ДУИ, за што беше и деградиран од директорот на просветниот инспекторат, денеска ќе има средба на таа тема во Германската амбасада.
По средбата, инспекторот Илиевски ќе одржи прес-конференција пред амбасадата во 11 часот.
Според тврдењата на просветниот инспектор, Ѓорѓи Илиевски, кој утврди дека тројца актуелни функционери незаконски против него се води хајка поради откриениот скандал.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspektorot-ilievski-na-sredba-vo-ambasadata-na-germanija/feed/0Германска амбасада: Не е точно дека во Германија може да се престојува шест месеци без виза
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanska-ambasada-ne-e-tochno-deka-vo-germanija-moze-da-se-prestojuva-shest-meseci-bez-viza/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanska-ambasada-ne-e-tochno-deka-vo-germanija-moze-da-se-prestojuva-shest-meseci-bez-viza/#respondThu, 03 Jan 2019 13:57:23 +0000https://kurir.mk/?p=147912Информациите за нов закон, кој треба да стапи во сила од 01.01.2019 г. и кој на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ ќе им овозможи престој до 6 месеци без работен договор и без работна дозвола во Германија, не се точни. Ве молиме да се информирате на веб страницата на германската амбасада за предусловите и времето на чекање за доделување на работни визи, соопшти германската амбасада во Скопје.
Како што информираат, соопштението е испратено поради низа известувања што во последно време се објавуваат во медиумите во врска со постапката за виза за Германија.
Инаку, утринава голем број македоснки портали објавија информација дека од годинава странските квалификувани работници кои не се од земјите на ЕУ во Германија можат да престојуваат без дозволи за престој и за работа шест месеци.]]>Информациите за нов закон, кој треба да стапи во сила од 01.01.2019 г. и кој на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ ќе им овозможи престој до 6 месеци без работен договор и без работна дозвола во Германија, не се точни. Ве молиме да се информирате на веб страницата на германската амбасада за предусловите и времето на чекање за доделување на работни визи, соопшти германската амбасада во Скопје.
Како што информираат, соопштението е испратено поради низа известувања што во последно време се објавуваат во медиумите во врска со постапката за виза за Германија.
Инаку, утринава голем број македоснки портали објавија информација дека од годинава странските квалификувани работници кои не се од земјите на ЕУ во Германија можат да престојуваат без дозволи за престој и за работа шест месеци.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanska-ambasada-ne-e-tochno-deka-vo-germanija-moze-da-se-prestojuva-shest-meseci-bez-viza/feed/0