германска армија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 Oct 2023 16:57:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png германска армија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Началникот на германската армија предупреди дека војната во Украина може да ескалира https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nachalnikot-na-germanskata-armija-predupredi-deka-vojnata-vo-ukraina-mozhe-da-eskalira/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nachalnikot-na-germanskata-armija-predupredi-deka-vojnata-vo-ukraina-mozhe-da-eskalira/#respond Tue, 03 Oct 2023 16:55:00 +0000 https://kurir.mk/?p=884726

Началникот на германската армија, генерал Карстен Бројер, предупреди дека војната во Украина може да ескалира и повика на зголемување на одбранбените способности на Германија и НАТО, јави ДПА. Бројер, кој е главен инспектор на Бундесверот, спомена дека некои знаци во поставувањето пред анексијата на Крим во 2014 година и минатогодишната инвазија на Украина од страна на Русија, тогаш не биле земени предвид, а требало. „Германија не беше во состојба да излезе од својата комфорна зона и не сакаше да верува дека тоа може да се случи“, истакна тој во говорот во пресрет на денешниот национален празник на Германија. Според него, „резултатот е дека Берлин сега мора да ги поддржи земјите кои може да се гледаат како линија на фронтот“, и тоа го прави, на пример, како што посочи, со распоредување бригада во Литванија. „Руската нелегална инвазија на Украина ја изнесе во преден план важноста да се има борбено подготвени сили“, рече Бројер на приемот што го организираше постојаниот претставник на Германија во НАТО, Геза Андреас фон Гер. Тој истакна дека порано било потребно „стратешко трпение и стратешка смиреност“, а дека денес е неопходна „брза реакција“. Фон Гер исто така даде лоша прогноза за безбедносната ситуација во Европа. „Москва одлучи да го врати системот на контрола и репресија. Воената агресија на Русија отвора ново, мрачно поглавје во историјата на континентот“, рече Фон Гер за војната што ја започна Кремљ во февруари 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nachalnikot-na-germanskata-armija-predupredi-deka-vojnata-vo-ukraina-mozhe-da-eskalira/feed/ 0
Столтенберг: Потребна ни е силна и подготвена германска армија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-potrebna-ni-e-silna-i-podgotvena-germanska-armija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-potrebna-ni-e-silna-i-podgotvena-germanska-armija/#respond Thu, 01 Dec 2022 10:29:32 +0000 https://kurir.mk/?p=769391

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја повика Германија да продолжи да ги зајакнува своите вооружени сили, во услови на изменета безбедносна средина. „Одлуката на Германија за значително зголемување на трошоците за одбрана е историска со инвестиции во нови борбени авиони, хеликоптери, бродови и подморници“, рече Столтенберг пред учесниците на безбедносната конференција во Берлин.. „Ова е навистина пресвртница, која ја одразува нашата променета безбедносна средина“, рече тој алудирајќи на руската војна против Украина. „Потребен ни е силен и подготвен Бундесвер. Тоа е важно за безбедноста на Германија, важно е за безбедноста на Европа и важно е за глобалната безбедност“, рече Столтенберг кој исто така ја истакна важноста на одбранбената индустрија во Германија. Осврнувајќи се на ситуацијата во Украина, генералниот секретар на НАТО повика да се продолжи и да се засили поддршката. „Не треба да ја потценуваме Русија. Руските проектили и беспилотни летала продолжуваат да паѓаат врз украинските градови, цивилите и критичната инфраструктура, предизвикувајќи огромно човечко страдање со почетокот на зимата“, рече тој. Столтенберг ја поздрави финансиската, хуманитарната и воената помош на Германија за Украина, велејќи дека таа прави разлика на бојното поле. Тој ја искористи можноста да го повтори својот повик да се застане на патот на авторитарните режими како Русија. „Не може да има траен мир ако победи агресорот, ако угнетувањето и автократијата надвладеат над слободата и демократијата. Така, најдобриот начин да се поддржи траен мир е да се поддржи Украина“, рече првиот човек на Северноатлантската алијанса. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-potrebna-ni-e-silna-i-podgotvena-germanska-armija/feed/ 0
Германската армија се подготвува за евакуација на повредени Украинци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-armija-se-podgotvuva-za-evakuacija-na-povredeni-ukrainci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-armija-se-podgotvuva-za-evakuacija-na-povredeni-ukrainci/#respond Mon, 11 Apr 2022 06:59:30 +0000 https://kurir.mk/?p=661107

Германската армија се подготвува за евакуација на повредени Украинци, јави ДПА. Специјален авион на воздухопловните сили Ербас А310 МедЕвак треба да лета од военото воздушно поле Келн-Ван до Жешов во југоисточна Полска и да транспортира деца и возрасни на лекување во Германија. Тоа ќе биде прв лет за евакуација од почетокот на руската инвазија врз Украина. Градот Жешов е на околу 90 километри од украинската граница. Во Германија веќе се лекуваат украински војници, но тие беа транспортирани на друг начин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-armija-se-podgotvuva-za-evakuacija-na-povredeni-ukrainci/feed/ 0
Само половина од оружјето во германската армија е подготвено за употреба, предупреди Асоцијација на вооружените сили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/samo-polovina-od-oruzjeto-vo-germanskata-armija-e-podgotveno-za-upotreba-predupredi-asocijacija-na-vooruzenite-sili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/samo-polovina-od-oruzjeto-vo-germanskata-armija-e-podgotveno-za-upotreba-predupredi-asocijacija-na-vooruzenite-sili/#respond Mon, 28 Dec 2020 07:30:30 +0000 https://kurir.mk/?p=449224

Само половина од вооружените системи на германската војска се подготвени за употреба, предупреди шефот на Асоцијацијата на вооружените сили на земјата во забелешките објавени денеска, јави ДПА. „Политичарите со право препознаа дека глобалните ризици и закани по нашата безбедност бараат Бундесверот да биде целосно опремен“, изјави шефот на здружението Андре Вуестнер за конзервативниот дневен весник „Ди Велт“. „Но, ние сме на максимум 50 проценти“, додаде Вуестнер. „Со некои системи како хеликоптери или старите авиони Торнадо е уште полошо – ситуацијата е несигурна“. Во самопроценка на почетокот на овој месец, Министерството за одбрана соопшти за оперативни во просек 74 проценти од главните системи за оружје. „Таквите извештаи ги иритираат војниците и им даваат на граѓаните погрешен впечаток“, рече Вуестнер. Тој рече дека 74 отѕсто од цитираните „се засноваат на апсурдни математички модели“ и немаат никаква врска со секојдневната реалност на воениот живот. Вустнер додаде дека мажите и жените насекаде во армијата успеале да работат околу недостигот долго време, и покрај големите напори на креаторите на политиката во текот на годините да ја подобрат ситуацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/samo-polovina-od-oruzjeto-vo-germanskata-armija-e-podgotveno-za-upotreba-predupredi-asocijacija-na-vooruzenite-sili/feed/ 0
„Дојче веле“: Германската армија е во лоша состојба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dojche-vele-germanskata-armija-e-vo-losha-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dojche-vele-germanskata-armija-e-vo-losha-sostojba/#respond Wed, 30 Jan 2019 10:50:27 +0000 https://kurir.mk/?p=158187

Германската армија е соочена со голем број сериозни проблеми, објави Дојче веле. Извештајот по парламентарниот надзор ја опишува состојбата во армијата со недостиг на модерна технологија, недостиг на луѓе и тешка бирократија. Според мислењето на пратениците од опозицијата, германската армија не посветува доволно внимание на екстремизам во своите редови. Во извештајот се вели дека германските војници морале да се потпрат на хеликоптерите на цивилната авијација за да дејствуваат во Авганистан. Покрај тоа, заштитни елеци биле земени на заем. Годишниот извештај беше презентиран во Долниот дом на Парламентот. Во него пишува дека е зачестено сексуалното вознемирување и екстремизмот во војската. Сепак, најголем проблем останува недостигот од модерна опрема, и покрај повторните ветувања за модернизација и заложбата што владата ја презеде на самитот на НАТО во 2014 година. Најлоша е ситуацијата со тешката машинерија. Според известувачот, Ханс-Петер Бартелс, помалку од половината германски тенкови, воени бродови и авиони се способни во кој било момент да извршат борбена задача или дури и мисија за обука. Бартелс пишува дека често не станува збор за недостиг од пари. Оваа година воениот буџет беше зголемен за пет милијарди евра на 43,2 милијарди. Но, парите не беа „прифатени“ се уште поради тешката бирократија и лошата организација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dojche-vele-germanskata-armija-e-vo-losha-sostojba/feed/ 0