германска министерка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 May 2021 10:55:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png германска министерка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Оставка на германската министерка за семејство, поради плагијат на докторатот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostavka-na-germanskata-ministerka-za-semejstvo-poradi-plagijat-na-doktoratot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostavka-na-germanskata-ministerka-za-semejstvo-poradi-plagijat-na-doktoratot/#respond Wed, 19 May 2021 10:55:53 +0000 https://kurir.mk/?p=512377

Германската министерка за семејство, Франциска Гифи, денеска поднесе оставка по повеќегодишни обвинувања дека препишала делови од својата докторска дисертација. -Донесов одлука да ја замолам германската канцеларка Ангела Меркел за разрешување од должноста сојузна министерка за семејство, стари лица, жени и млади, напиша оваа членка на Социјалдемократска партија во својата писмена оставка. Заднината на нејзината оставка е преиспитувањето на нејзината докторска дисертација од 2010 година. Комитетот на Слободниот универзитет во Берлин (ФУ) уште во 2019 година одлучи да и се одземе докторатот на министерката, но постапката беше повторно отворена минатата година, по што Гифи се откажа од докторската титула. Процесот се уште не е завршен, но Гифи одлучи уште сега да се повлече за „владата, партијата и јавноста да имаат појасна слика“. Гифи кажа дека ја напишала својата дисертација на тема Европската комисија „со најдобри намери и волја“ и дека жали доколку притоа и се протнале грешки. Таа додаде дека ќе ја прифати евентуалната одлука за поништување на докторатот. Социјалдемократска политичарка ќе ја задржи својата позиција како главен кандидат на СДП во сојузната покраина-град Берлин. Пред десет години, министерот за одбрана Карл Теодор фон Гутенберг и две години подоцна, министерката за образование Анет Шаван, поднесоа оставки во врска со обвиненијата за плагијат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostavka-na-germanskata-ministerka-za-semejstvo-poradi-plagijat-na-doktoratot/feed/ 0