германска влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 May 2023 11:00:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png германска влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уапсени три лица поради наводен заговор за уривање на германската Влада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-tri-litsa-poradi-navoden-zagovor-za-urivane-na-germanskata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-tri-litsa-poradi-navoden-zagovor-za-urivane-na-germanskata-vlada/#respond Tue, 23 May 2023 11:00:42 +0000 https://kurir.mk/?p=837851

Германското федерално обвинителство денеска соопшти дека полицијата уапсила уште тројца осомничени екстремни десничарски екстремисти поврзани со наводниот заговор на движењето Рајхсбургер, или движењето Граѓани на Рајхот, за соборување на германската влада. Тројцата осомничени беа приведени синоќа во југозападната покраина Баден-Виртемберг. Обвинетите се осомничени за членство во терористичка организација, се наведува во соопштението на Федералното обвинителство. Во декември, полицијата приведе 25 лица, меѓу кои и самопрогласен принц, пензиониран падобранец и поранешен судија, кои беа обвинети за заговор за насилно соборување на владата. Властите соопштија дека трите лица кои беа уапсени вчера биле на различни поврзани со осомничените за наводниот обид за државен удар. Германските безбедносни агенции спречија неколку заговори во последниве години од мали групи поврзани со движењето Граѓани на Рајхот, обвинети за планирање напади врз критична инфраструктура, владини претставници, па дури и на националниот парламент. Шефот на германската разузнавачка агенција, Томас Халденванг, вчера предупреди на порасто на антивладиниот екстремизам. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-tri-litsa-poradi-navoden-zagovor-za-urivane-na-germanskata-vlada/feed/ 0
Германски медиуми: Американските тајни служби се уште ја шпионираат германската Влада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-mediumi-amerikanskite-tajni-sluzhbi-se-ushte-ja-shpioniraat-germanskata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-mediumi-amerikanskite-tajni-sluzhbi-se-ushte-ja-shpioniraat-germanskata-vlada/#respond Thu, 27 Apr 2023 14:13:48 +0000 https://kurir.mk/?p=828366

Американските тајни служби се уште ја шпионираат германската влада иако американската администрација најави крај на шпионските активности по скандалот со прислушувањето во 2013 година, објавија денеска германските медиуми. „Американските тајни служби ги шпионираа германските владини тела дури и по скандалот со шпионирањето германски политичари во 2013 година“, известуваат јавниот сервис АРД и неделниот весник Цајт, повикувајќи се на документи кои неодамна станаа јавни, од т.н. афера „Пентагон-Ликс“. Германските медиуми дојдоа до документи од кои евидентно е дека американските тајни служби го шпионирале германското Министерство за одбрана. Поточно, станува збор за односите меѓу Германија и Кина на полето на воената соработка и извештајот од средбата во февруари годинава. Според германските медиуми, не е спорна содржината на материјалот во кој германското Министерство за одбрана оценува дека соработката со Кина не треба да се оспорува туку тоа што документот покажува дека американските власти дошле до тие податоци откако и ветија на германската влада во 2013 година дека ќе престане да го шпионира германскиот врв. Тогаш беше откриено дека американските тајни служби редовно, делумно од преслушната станица сместена во зградата на американската амбасада во центарот на Берлин, ги прислушувале мобилните телефони на германски политичари, меѓу другите и на тогашната канцеларка Ангела Меркел. Документот кој сега се појави во јавноста среде аферата „Пентагон-Ликс“ е добиен, според медиумите, со упад во ИТ системот. Претставниците на германската Влада во првата реакција на медиумските наводи изјавија дека случајот прво мора да се расчисти со нивните американски колеги.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-mediumi-amerikanskite-tajni-sluzhbi-se-ushte-ja-shpioniraat-germanskata-vlada/feed/ 0
Германската влада ја потврди испораката на 14 „Леопарди“ на Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-vlada-ja-potvrdi-isporakata-na-14-leopardi-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-vlada-ja-potvrdi-isporakata-na-14-leopardi-na-ukraina/#respond Wed, 25 Jan 2023 12:11:10 +0000 https://kurir.mk/?p=791676

Германската влада денеска официјално ја потврди испораката на 14 тенкови „Леопард“ во Украина и издавањето дозвола за испорака на тенкови на други земји, соопштено е во Берлин. „Германија ќе испорача 14 тенкови ‘Леопард 2’ на Украина и во исто време ќе дозволи испорака на ‘Леопарди’ од други земји во Украина“, изјави владиниот портпарол Штефен Хебестрајт. Тој рече дека оваа одлука ја соопштил канцеларот Олаф Шолц на седницата на Владата. „Оваа одлука ја следи нашата линија на поддршка за Украина и ние продолжуваме да дејствуваме во тесна меѓународна соработка“, наведува Шолц во соопштението. Се очекува Олаф Шолц попладнето на седницата на Бундестагот и официјално да ја потврди одлуката за испорака на тенкови „Леопард“ и издавање дозволи за други земји за испорака во Украина. Германските политичари со големо мнозинство ја поздравија одлуката за испорака на тенкови „Леопард“ во Украина, а критиките доаѓаат од екстремната левица и десница.
„Предолго ја чекавме одлуката, таа беше донесена макотрпно, но на крај таа е неизбежна“, рече претседателката на Комисијата за одбрана на Бундестагот Мари-Агнес Штрак-Цимерман. Таа додаде дека веста за испорака на тенкови од типот „Леопард“ е „спасувачка вест за храбриот народ на Украина“. Потпретседателката на Бундестагот и лидер на владејачката партија Зелени, Катрин Геринг-Екард преку Твитер порача: „Леопардот е слободен“. Од опозициските партии, само најголемата опозициска претставничка група во Бундестагот, Унијата ЦДУ/ЦСУ, ја поздрави одлуката за испорака на „Леопарди“ во Украина. Претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Фридрих Мерц истовремено го критикуваше доцнењето на оваа одлука на канцеларот Шолц. „Бидејќи толку долго чекаше да се донесе одлуката, канцеларот Шолц остава впечаток на некој кој бил принуден на оваа одлука“, рече Мерц. Членовите на опозициските партии Левица и Алтернатива за Германија (АфД) ја критикуваа одлуката за испорака како „опасна и неодговорна“. „Германија се изложува на опасност директно да биде вовлечена во војната“, рече претседателот на пратеничката група на АфД, Тино Чрупала. На опасноста од ваквата одлука укажа и претседателот на Левица, Дитмар Барч.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-vlada-ja-potvrdi-isporakata-na-14-leopardi-na-ukraina/feed/ 0
Германската влада ветува безбедно повлекување во Германија на поранешните авганистански вработени во германската амбасада во Кабул https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-vlada-vetuva-bezbedno-povlekuvanje-vo-germanija-na-poraneshnite-avganistanski-vraboteni-vo-germanskata-ambasada-vo-kabul/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-vlada-vetuva-bezbedno-povlekuvanje-vo-germanija-na-poraneshnite-avganistanski-vraboteni-vo-germanskata-ambasada-vo-kabul/#respond Mon, 15 Aug 2022 06:44:27 +0000 https://kurir.mk/?p=718548

Германската влада ветува безбедно враќање во Германија на сите авганистански службеници кои работеле за германската амбасада во Кабул пред да се вратат талибанците на власт пред една година, јави ДПА. „Нема да ги напуштиме“, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер во интервјуто за Билд ам Зонтаг. Таа додаде дека работи заедно со министерката за надворешни работи Аналена Бербок на создавање програма со „јасни критериуми“ за прием во Германија. Според информациите на германската влада, неколку илјади луѓе се уште чекаат да го напуштат Авганистан. Фезер објави дека досега во Германија се примени 15.759 авганистански службеници и членови на нивните семејства. Според бројките од минатата недела, Германија вети дека ќе прими вкупно 23.614 локални вработени и членови на нивните семејства од повлекувањето на силите на НАТО минатото лето. Фезер рече и дека во догледна иднина нема да има репатријација во Авганистан. „Депортирањето во Авганистан во моментов е суспендирано – и сигурно ќе остане така со оглед на моменталната ситуација таму“, рече министерката. Локалните вработени работеа за Германија како цивилен помошен персонал или како преведувачи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-vlada-vetuva-bezbedno-povlekuvanje-vo-germanija-na-poraneshnite-avganistanski-vraboteni-vo-germanskata-ambasada-vo-kabul/feed/ 0
Германската влада планира да испрати дополнителен број хаубици на Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-vlada-planira-da-isprati-dopolnitelen-broj-haubici-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-vlada-planira-da-isprati-dopolnitelen-broj-haubici-na-ukraina/#respond Fri, 24 Jun 2022 18:58:49 +0000 https://kurir.mk/?p=695407

Германската влада планира да ги зајакне артилериските сили на Украина со испраќање дополнителен број хаубици во борбата против Русија, јави ДПА, повикувајќи се на извори во Бундесверот. Берлин е во разговори со Холандија и други европски партнери за да помогне во спроведувањето на планот, велат изворите. Досега Украина има добиено седум хаубици Panzerhaubitz 2000 од Германија и пет од Холандија. Киев тврди дека ќе му бидат потребни вкупно 18 хаубици за опремување на целосен артилериски баталјон. Германија е решена да одговори на потребата на Украина за уште шест хаубици, доколку другите земји од ЕУ придонесат, рече изворот, што значи дека Берлин ќе испорача уште два или три од своите вооружени системи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-vlada-planira-da-isprati-dopolnitelen-broj-haubici-na-ukraina/feed/ 0
Германската Влада ја намали прогнозата за раст на БДП од 3,6 на 2,2 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-vlada-ja-namali-prognozata-za-rast-na-bdp-od-3-6-na-2-2-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-vlada-ja-namali-prognozata-za-rast-na-bdp-od-3-6-na-2-2-otsto/#respond Wed, 27 Apr 2022 17:34:13 +0000 https://kurir.mk/?p=668802

Германската Влада денеска ја намали прогнозата за овогодишниот економски раст, наведувајќи дека тој ќе изнесува само 2,2 отсто. Министерството за економија во јануари предвиде дека бруто домашниот производ (БДП) годинава ќе се зголеми за 3,6 проценти. БДП на Германија минатата година порасна 2,9 отсто, а според предвидувањата на Владата следната година ќе забележи раст од 2,5 проценти. – Прогнозата за раст на БДП од 2,2 отсто во 2022 година се заснова на претпоставката дека нема да има енергетско ембарго или блокада на испораките на гас од Русија, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек. Германската Влада денеска одобри пакет мерки наменети за намалување на притисокот врз потрошувачите погодени од повисоките цени на енергијата. Мерките вклучуваат намалување на даноците за гориво, евтини билети за јавен превоз и еднократни плаќања од неколку стотици евра за секој даночен обврзник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-vlada-ja-namali-prognozata-za-rast-na-bdp-od-3-6-na-2-2-otsto/feed/ 0
Зидојче цајтунг: Германската влада размислува да протера значителен број руски дипломати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zidojche-cajtung-germanskata-vlada-razmisluva-da-protera-znachitelen-broj-ruski-diplomati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zidojche-cajtung-germanskata-vlada-razmisluva-da-protera-znachitelen-broj-ruski-diplomati/#respond Mon, 04 Apr 2022 13:41:07 +0000 https://kurir.mk/?p=658288

Германската федерална влада ги истражува активностите на руските дипломати за кои се сомнева дека работат за тајните служби. -Се разбира, една работа е многу јасна, сите опции се на маса, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи во Берлин за „Зидојче цајтунг“. Весникот објави дека федералната влада размислува да протера „значителен број“ руски дипломати. Минатата недела Белгија протера 21 руски дипломат под обвинение за шпионажа. Тие се вклучени во „шпионажа и операции за влијание кои ја загрозуваат националната безбедност“, напиша на Твитер министерката за надворешни работи Софи Вилмс. Исто така, во вторникот минатата недела, холандскиот министер за надворешни работи најави дека 17 руски дипломати ќе бидат протерани под обвинение за шпионажа. Чешка протера руски дипломат од земјата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zidojche-cajtung-germanskata-vlada-razmisluva-da-protera-znachitelen-broj-ruski-diplomati/feed/ 0
Постигнат начелен договор: СДП, Зелените и ФДП ја прават новата германска Влада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/postignat-nachelen-dogovor-sdp-zelenite-i-fdp-ja-pravat-novata-germanska-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/postignat-nachelen-dogovor-sdp-zelenite-i-fdp-ja-pravat-novata-germanska-vlada/#respond Fri, 15 Oct 2021 11:47:08 +0000 https://kurir.mk/?p=579592

Социјалдемократите (СПД), Зелените и Слободните демократи (ФДП) постигнаа начелен договор за формирање владејачка коалиција во Германија, пренесуваат француските медиуми. Според германската телевизија АРД, лидерите на трите партии им препорачале на своите партии официјално да почнат преговори за коалиција, што е чекор поблиску до новата влада, за која се верува дека ќе ја предводи Олаф Шолц. -Убедени сме дека можеме да склучиме амбициозен и одржлив коалициски договор, се наведува во заедничката изјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/postignat-nachelen-dogovor-sdp-zelenite-i-fdp-ja-pravat-novata-germanska-vlada/feed/ 0
Германската Влада ќе купи акции во производителот на воена опрема Хенсолдт https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-vlada-kje-kupi-akcii-vo-proizvoditelot-na-voena-oprema-hensoldt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-vlada-kje-kupi-akcii-vo-proizvoditelot-na-voena-oprema-hensoldt/#respond Wed, 16 Dec 2020 14:12:09 +0000 https://kurir.mk/?p=444110

Германската Вада одлучи да купи 25,1 отсто акции во висина од 464 милиони евра во производителот на воена опрема Хенсолдт, со цел да блокира странски купувач. Хенсолдт претходно беше во составот на европскиот концерн Ербас, а произведув камери опремени со најсовремена технологија, што се вградуваат во воените авиои Торнадо, потоа за радарски системи за Еурофајтер и за перископите за тенковите Леопард. Американската инвестициска компанија ККР го купи Хенсолдт во 2016 година, а годинава задржа 60 проценти од акциите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-vlada-kje-kupi-akcii-vo-proizvoditelot-na-voena-oprema-hensoldt/feed/ 0
Германската коалициска Влада пред распад  https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-koaliciska-vlada-pred-raspad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-koaliciska-vlada-pred-raspad/#respond Mon, 03 Jun 2019 10:22:56 +0000 https://kurir.mk/?p=204743

Иднината на коалициската Влада на германската канцеларка Ангела Меркел денеска стана неизвесна откако Андреа Нахлес, лидерката на помалиот коалициски партнер неочекувано објави оставка поради лошите резултати на европските избори, што се одржаа минатиот месец. Нахлес изјави дека официјално ќе поднесе оставка од лидерската позиција во Социјалдемократската партија (СПД) „откако расположението во партијата покажа дека немам поддршка неопходна за извршување на моите должности“. Нејзината оставка би можела да доведе до предвремени избори доколку СПД одлучи да излезе од владината коалиција формирана по изборите во 2017 година. СПД освои само 15,8 проценти од гласовите на изборите за Европскиот парламент, што е најлош изборен резултат. Неколку потенцијални наследници на Нахлес вчера се повлекоа од трката а партиски лидер, меѓу кои и министерот за финансии Олаф Шулц, кој пред нејзината оставка изјави дека СПД нема да влегува во уште една коалиција со Христијанско демократската унија (ЦДУ) на следните избори. Фаворит за наследник на Нахлес сега е Мануела Швесиг, премиерка на германската сојузна држава Мекленбург-Ворпомерн. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-koaliciska-vlada-pred-raspad/feed/ 0