германска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Mar 2022 07:20:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png германска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Германска пица: Омилениот рецепт на нацијата со шунка, павлака и лук https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/germanska-pica-omileniot-recept-na-nacijata-so-shunka-pavlaka-i-luk/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/germanska-pica-omileniot-recept-na-nacijata-so-shunka-pavlaka-i-luk/#respond Mon, 14 Mar 2022 07:20:23 +0000 https://kurir.mk/?p=646659

Ќе најдете германски минипици со кисела павлака и кромид со потекло од Баден-Виртемберг наречени dinnete, dinnele, dinnede или dünnele. Често се подготвуваат за време на карневали, но можат да се најдат и на германските трпези во текот на целата година. Dinnete се подготвува од обично брашно или комбинација од пченица и спелта. Тестото се обликува во овални форми, се премачкува со павлака, а потоа се додаваат други состојки како кромид, млад кромид или праз, сланина и сирење. Можете исто така да додадете шунки и зачини како копар. Состојки за германска пица: 250 гр брашно 1/2 пакување сув квасец 100 мл млеко 3 лажици вода 2 лажици маслиново масло 1 лажичка сол ¼ лажичка шеќер брашно Полнење за германска пица: 200 гр кисела павлака 1 кромид 1 млад кромид 50 гр рендано сирење 100 гр шунка сол и црн пипер Подготовка на германска пица: Измешајте ги состојките за тестото и замесете го и ставете го на топло место, покријте го со чиста крпа и оставете еден час. Тестото поделете го на четири дела на набрашнета работна површина и развлечете го во овални форми. Ставете ги на плех обложен со хартија за печење. Се меша кремот и се премачкува тестото и се додаваат сечканите состојки: кромидот и младиот кромид и шунка и рендано сирење. Додадете сол и бибер и оставете 20 минути. Се пече во рерна на 200 Целзиусови степени околу 15 минути. Послужете го топло.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/germanska-pica-omileniot-recept-na-nacijata-so-shunka-pavlaka-i-luk/feed/ 0
Дојче Веле: Стартува германската корона-апликација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dojche-vele-startuva-germanskata-korona-aplikacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dojche-vele-startuva-germanskata-korona-aplikacija/#respond Tue, 16 Jun 2020 09:51:46 +0000 https://kurir.mk/?p=358530

Воведување на апликацијата за предупредување во случај на зараза од коронавирусот за смартфони во Германија траеше малку подолго отколку во другите земји, информира денеска Дојче Веле. Кина и Јужна Кореа на пример, уште во март започнаа да користат соодветни апликации, додека европските држави, како Франција, тоа го направија на почетокот на јуни. За разлика од Кина, каде што апликацијата за предупредувањето бележи комплетен профил на движењето на корисникот и го испраќа до компјутерите во повеќе државни служби, германската апликација воопшто не ги лоцира корисниците. Таа не открива каде се наоѓа некој бидејќи ниту една служба не смее да ги лоцира корисниците. Германската апликација само препознава кои други корисници се во моментот во близина. Тоа функционира со вклучување на блутут опцијата, со чија помош телефонските уреди може да разменуваат податоци со оној кој им е во непосредна близина. Притоа телефоните меѓусебно кусо ги разменуваат идентификациските броеви. Податоците за овие контакти се чуваат само на телефонот на одреден корисник. Тие се шифрирани па дури ни сопственикот на телефонот не може да ги види. Собраните податоци по две недели автоматски се бришат. Покрај тоа податоци има и на верификациските и серверите на апликацијата. Но, тие се анонимни и се користат за испраќање на кодови за верификација и броеви на трансакција за да може апликацијата да функционира безбедно. За да се зголеми довербата во апликацијата и да се осигура транспарентност, програмерите однапред го објавуваат изворниот код на апликацијата. Кога една лабораторија ќе утврди дека некој се заразил, нему заедно со резултатот од тестот му се испраќа посебно генериран QR-код којшто треба да го скенира со паметниот телефон. Дури од тој момент може да се активира испраќањето на предупредувањата. При тоа, телефонот испраќа анонимни податоци за контакт со лицето на централниот сервер. Потоа серверот автоматски во рок од 15 минути им испраќа предупредување во вид на „пуш“ порака на сите оние за кои е докажано дека во последните 14 дена имале контакт со заразеното лице. Дозволата за испраќање на пораки со предупредување од страна на лабораторијата со помош на QR-код е потребна за да се осигура дека никој не може да предизвика лажен аларм. Оние кои ќе добијат такво предупредување добиваат и препораки како да се однесуваат: на пример, да одат да се тестираат и да се стават во карантин. Програмерите од Дојче телеком и САП веќе ја претставија апликацијата. Од денска треба да биде и достапна за инсталирање и користење. Апликацијата нема да може да ја инсталираат сите корисници на смартфони: таа ќе функционира на андроид со оперативниот систем 6 и на ИОС со оперативен систем 13.5. Освен тоа на телефоните мора да се вклучени и Google Play услугите. Но, оваа софтверска компонента не е инсталирана на телефоните од марката Хуавеј. Првата верзија на апликацијата на почеток ќе биде достапна само на германски и англиски јазик, додека за останатите јазици, како турски, ќе следи подоцна. Не сите лаборатории за тестирање на САРС – КоВ – 2, како ни сите здравствени служби не се опремени со соодветна дигитална инфраструктура потребна за испраќање на резултатите од тестираните во системот и генерирање на QR-кодови. Затоа пациентите кои ќе бидат тестирани во вакви лаборатории и нема да може да добијат QR-код ќе мора своите податоци да ги испраќаат во кол центар кој заеднички го креираат Дојче Телеком и САП. Овој кол- центар може да управува со илјада повици дневно. При тоа пациентите ќе мора да одговорат на прашања со кои ќе може да се утврди дали тие се навистина тестирани. Сепак не смее да се извлекуваат заклучоци за пациентите низ тие прашања и одговори. Во оваа компликувана процедура постои ризик дека пациентите ќе предизвикаат лажен аларм или ненамерно ќе си ги откријат своите лични податоци. Голема слабост на сите овие апликации за предупредување на зараза од коронавирусот – вклучително и германската – е тоа што секое е од нив е поединечно национално решение. Тие воопшто не се компатибилни во целиот свет, па дури ни во рамките на Европската унија – таму постојат најмалку седум различни решенија кои не се меѓусебно поврзани ниту се компатибилни. Така патниците кои сакаат да се заштитат себе си и останатите преку користење на ваква апликација имаат само можност истовремено да инсталираат неколку вакви апликации. Дополнителен проблем е тоа што за германската и француската апликација предупредувањето може да се испрати само ако одредениот национален институт за тестирање ја потврди заразата. Ако на пример еден германски институт ја потврди инфекцијата по враќањето на некое лице од Франција, не може да се испрати предупредување преку француската апликација. Иако речиси сите европски решенија се базираат на размена на податоци преку блутут, со што ги задоволуваат минимални стандарди за заштита на податоци, во Франција податоците се чуваат на централен сервер. Не се сите апликации толку безбедни ниту сигурни дека не може да дојде до пропуст. Така на пример преку австриската апликација е полесно испраќање на лажни пријави за зараза бидејќи не мора да се докажува постоење на позитивен резултат. Слично е и во Велика Британија каде има механизам со кој може да се ресетираат лажни аларми. Предвидено е апликациите за Германија, Австрија и Швајцарија во догледно време да се поврзат меѓусебно бидејќи користат единствен стандард којшто го развија Епл и Гугл. За програмерите тоа е голем проблем. Токму затоа ја конфигурираа апликацијата така да не биде постојано вклучена за да бара други паметни телефони, туку да се активира накусо во одредени интервали. На тој начин може да се избегне корисниците да ја деинсталираат апликацијата поради тоа што брзо би им ја празнела батеријата на мобилниот. Целта на експертите е околу 60 проценти од населението да ја инсталира апликацијата. Министерот за здравство Шпан е повнимателен и во изјавата за Рајнише пост истакнува дека би бил задоволен ако ја инсталираат и неколку милиони корисници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dojche-vele-startuva-germanskata-korona-aplikacija/feed/ 0