германски филм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Mar 2022 06:21:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png германски филм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Проекција на германскиот филм „Западен ветер“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proekcija-na-germanskiot-film-zapaden-veter/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proekcija-na-germanskiot-film-zapaden-veter/#respond Wed, 30 Mar 2022 06:21:08 +0000 https://kurir.mk/?p=655380

Институтот Гете од Скопје во Кинотеката ќе го прикаже четвртиот од серијата германски филмови на тема „Солидарност“, со наслов „Западен ветер“ во режија на Роберт Талхајм. Дејството на филмот почнува во летото 1988 во поранешна Источна Германија кога на близнаците Иза и Дорен како надежни млади спортисти им било дозволено да посетат камп за тренинг на езерото Балатон во Унгарија. Таму тие ги запознаваат двете момчиња од Хамбург, Арне и Нико. Она што започнува како флерт на одмор за Дорин и Арне се развива во сериозна љубов, за што девојката од саксонската провинција ризикува сè, вклучувајќи и бегство на Запад. Тинејџерска љубовна приказна, која и покрај политичката заднина се доживува како лесна и ведра, исценирана исто така и со знаењето од денешнината: една година подоцна паѓа и ѕидот, по што кривичното дело „бегство од републиката“ повеќе не постоеше.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proekcija-na-germanskiot-film-zapaden-veter/feed/ 0
Недела на новиот германски филм од 1 до 7 септември во летното кино на Кинотека https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/nedela-na-noviot-germanski-film-od-1-do-7-septemvri-vo-letnoto-kino-na-kinoteka/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/nedela-na-noviot-germanski-film-od-1-do-7-septemvri-vo-letnoto-kino-na-kinoteka/#respond Mon, 31 Aug 2020 11:22:51 +0000 https://kurir.mk/?p=397264

По завршувањето на прикажувањата во Струга„ Неделата на новиот германски филм утре ќе продолжи во Скопје, во Летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката, каде што посетителите ќе може да ги гледаат најновите остварувања на германската кинематографија. Програмата утревечер во 20 часот ќе биде отворена со филмот „Undine“ на режисерот Кристијан Петцол, а до 7 септември ќе бидат прикажани уште шест филма, секој ден во истиот термин и на истата локација. Паралелно со проекциите во Скопје, следуваат проекции и во Прилеп на 3 и 4 септември. -Сите проекции на Неделата на новиот германски филм ќе бидат прикажани под отворено небо со целосно почитување на препораките за заштита од КОВИД-19. Влезот за сите проекции е бесплатен, а билетарата ќе биде отворена секој ден од 19 часот, соопшти организаторот. Неделата на новиот германски филм годинава ја реализира Центарот за социјални иновации „Блинк 42-21“ во соработка со Кинотеката, „Дрим шорт“ – Струга и Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп, со поддршка на Амбасадата на Германија во земјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/nedela-na-noviot-germanski-film-od-1-do-7-septemvri-vo-letnoto-kino-na-kinoteka/feed/ 0