германски медиуми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 27 Apr 2023 14:13:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png германски медиуми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Германски медиуми: Американските тајни служби се уште ја шпионираат германската Влада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-mediumi-amerikanskite-tajni-sluzhbi-se-ushte-ja-shpioniraat-germanskata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-mediumi-amerikanskite-tajni-sluzhbi-se-ushte-ja-shpioniraat-germanskata-vlada/#respond Thu, 27 Apr 2023 14:13:48 +0000 https://kurir.mk/?p=828366

Американските тајни служби се уште ја шпионираат германската влада иако американската администрација најави крај на шпионските активности по скандалот со прислушувањето во 2013 година, објавија денеска германските медиуми. „Американските тајни служби ги шпионираа германските владини тела дури и по скандалот со шпионирањето германски политичари во 2013 година“, известуваат јавниот сервис АРД и неделниот весник Цајт, повикувајќи се на документи кои неодамна станаа јавни, од т.н. афера „Пентагон-Ликс“. Германските медиуми дојдоа до документи од кои евидентно е дека американските тајни служби го шпионирале германското Министерство за одбрана. Поточно, станува збор за односите меѓу Германија и Кина на полето на воената соработка и извештајот од средбата во февруари годинава. Според германските медиуми, не е спорна содржината на материјалот во кој германското Министерство за одбрана оценува дека соработката со Кина не треба да се оспорува туку тоа што документот покажува дека американските власти дошле до тие податоци откако и ветија на германската влада во 2013 година дека ќе престане да го шпионира германскиот врв. Тогаш беше откриено дека американските тајни служби редовно, делумно од преслушната станица сместена во зградата на американската амбасада во центарот на Берлин, ги прислушувале мобилните телефони на германски политичари, меѓу другите и на тогашната канцеларка Ангела Меркел. Документот кој сега се појави во јавноста среде аферата „Пентагон-Ликс“ е добиен, според медиумите, со упад во ИТ системот. Претставниците на германската Влада во првата реакција на медиумските наводи изјавија дека случајот прво мора да се расчисти со нивните американски колеги.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-mediumi-amerikanskite-tajni-sluzhbi-se-ushte-ja-shpioniraat-germanskata-vlada/feed/ 0
Германски медиуми по поразот од Македонија: Срам, бламажа, разочарување! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/germanski-mediumi-po-porazot-od-makedonija-sram-blamaza-razocharuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/germanski-mediumi-po-porazot-od-makedonija-sram-blamaza-razocharuvanje/#respond Thu, 01 Apr 2021 07:03:34 +0000 https://kurir.mk/?p=490612

Поразот (1:2) на Германците синоќа од македонските фудбалери силно одекна во тамошните медиуми кои не штедеа зборови да ги критикуваат „панцерите“. – Германија се посрамоти во квалификациите за СП против аутсајдерот Северна Македонија и загуби со 1: 2. Некои играчи не го достигнуваат своето вообичаено основно ниво. – Тимот го имаше едно од најлошите изданија против 65-та рангирана Северна Македонија во Дуизбург. – Предводени од квартетот на Баерн Минхен, Лерој Сане, Леон Горецка, Серж Гнабри и Џошуа Кимих, го имавме еден од најлошите настапи во последниот период. – Тоа беше крајно грозоморно. Не можам дури ни да ги напишам зборовите што сакам да ги напишам сега за точно да опишам колку беше ужасен овој натпревар. Баварските фудбалски дела имаат писатели кои со сигурност можам да кажам дека ќе направат подобра тренерска работа од Лев во моментов. – Фала му на Господ, Лев го имаше својот последен квалификациски натпревар за Светското првенство, поради неговото пензионирање по ЕУРО 2020. Да се ​​надеваме дека следниот селектор ќе биде покомпетентен отколку што беше Лев во последните 2+ години. – Гундоган не само што не е ни алтернативен капитен за неговиот клуб, Манчестер сити, а Лев го стави капитен на репрезентацијата. Ај што Марко Ројс не е во составот, а Мануел Нојер е на клупата, но Гундоган да е во првиот состав. – Комбинацијата на Антонио Рудигер и Емре Чан, ништо помалку од ужасна која дозволи неверојатно лесен гол на Македонија за крај на првото полувреме. Одбраната синоќа потсетуваше на тимовите од Бундеслигата 2. Ова не е навреда за тимовите од Бундеслигата 2. – Патетично. Северна Македонија го заврши мечот со 4 удари (3 кон противничкиот гол) наспроти 11 удари на Германија (2 кон противничкиот гол). Ова се дел од написите на германските новинари кои не можат да го преболат синоќешниот пораз, прв за Германија по 20 години во квалификациите за СП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/germanski-mediumi-po-porazot-od-makedonija-sram-blamaza-razocharuvanje/feed/ 0
Германски медиуми: Најмногу заразени на германскиот автопат А3 преку кој доаѓаат од Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-mediumi-najmnogu-zarazeni-na-germanskiot-avtopat-a3-preku-koj-doagjaat-od-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-mediumi-najmnogu-zarazeni-na-germanskiot-avtopat-a3-preku-koj-doagjaat-od-zapaden-balkan/#respond Thu, 13 Aug 2020 06:12:01 +0000 https://kurir.mk/?p=390007

На станиците за тестирање на германските автопати, најголем процент од заразените со Ковид-19 е пронајден на просторот за одмор на автопатот А3, кој главно носи патници од Западен Балкан во Германија. Според германски медиуми, позитивни се околу 2,4 проценти од тестовите во Центарот за тестирање на автопатот А3 Донаутал-Ост. Од отворањето на Центарот за тестирање, 16.556 патници дозволија да им се земат брисеви. Од нив, 410 се позитивни. На проторот за одмор во Хохфелн, на автопатот А8, процентот на заразени лица е помал (1,2 процент), а уште помалку има на Интал-Ост, на автопатот А93 (0,4 проценти). На автопатот А8 биле тестирани 11.509 лица, а 137 биле заразени, додека на А93, од 7.285 тестови за присуство на коронавирус, 32 од нив биле позитивни. Весникот „Зидојче Цајтунг“ ја цитираше изјавата на министерката за здравство на Баварија, Мелани Хумл, според која големата разлика во процентот на заразени лица се објаснува со фактот дека тест станицата на автопатот А3 „широко ја користат патниците од Западен Балкан“. Новинарот на тој весник потсетува дека за голем број на земји од тој регион – како Србија и Босна и Херцеговина – предупредувањата на германското Министерство за надворешни работи до граѓаните да не патуваат во тие земји заради зголемениот ризик од инфекција се уште се во сила. Во последниве денови, бројот на новозаразени повторно се зголеми во Германија. Во извештајот на весникот се најавуваат засилени контроли за задолжителното носење заштитна маска и физичко растојание од 1,5 метри во Баварија, како и зголемено присуство на полицијата на шеталиштата, места за капење и јавни паркови. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-mediumi-najmnogu-zarazeni-na-germanskiot-avtopat-a3-preku-koj-doagjaat-od-zapaden-balkan/feed/ 0