Германски виролог – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Dec 2020 11:05:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Германски виролог – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Главниот германски вирулог се сомнева дека има нов вид коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/glavniot-germanski-virulog-se-somneva-deka-ima-nov-vid-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/glavniot-germanski-virulog-se-somneva-deka-ima-nov-vid-koronavirus/#respond Tue, 22 Dec 2020 11:05:04 +0000 https://kurir.mk/?p=446619

Прашање е дали нов вид на вирус е виновен за забрзаниот раст на бројот на случаи во југоисточниот дел на Англија или нешто друго, смета водечкиот германски вирулог. Зборувајќи за новиот вид коронавирус што избувна во Велика Британија, Кристијан Дростен се сомнева дека можеби се работи за недоволно почитување на мерките или тие не биле доволно строги. – Изјавите дека овој вид е 70 проценти позаразен од претходните, не се ништо друго освен тврдења на политичари. Одеднаш, се појави таа бројка и никој не знае што значи тоа, рече Дростен, раководител на одделот за вирологија во берлинската универзитетска болница Шарите, една од најголемите во Европа, за радиото Дојчландфунк. Дростен смета дека во моментов нема доволно податоци за да се каже дали новиот вид на вирус е поопасен од претходните. Тој додава дека таквите податоци може да пристигнат дури за неколку недели. Тој верува дека можеби новиот вирус не е виновен за брзото ширење на вирусот на југоистокот на Англија. – Прашање е дали вирусот е виновен или се работи за локално жариште, или можеби епидемиолошките мерки не биле доволно строги, а потоа пренесувањето се случила во област каде владеел нов вид. Прашањето е дали тој нов вид предизвика бран на заразувања, или тој бран само го донесе, рече Дростен. Тој објасни и дека е прерано да се зборува за тоа дали новиот вид на корона се шири побрзо. – За да го знаеме тоа, би морале да видиме кој заразил кого и колку траело тоа, рече германскиот експерт, додавајќи дека „би било изненадување ако главните параметри, како што е инфективноста на вирусот, одеднаш се променат толку драстично“. Дростен исто така рече дека слични мутации на коронавирусот веќе се случиле за време на пандемијата, па нагло исчезнале. Според него, новиот вид нема да влијае на ефикасноста на вакцините. Тој објасни дека имунолошкиот одговор што се јавува за време на вакцинацијата е многу сложен процес врз кој тешко може да влијаат малите промени во вирусната структура. Сепак, тој додаде дека официјалните лица се во право кога се претпазливи во врска со новиот вид, но оти нивниот пристап може да се промени кога имаат повеќе информации. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/glavniot-germanski-virulog-se-somneva-deka-ima-nov-vid-koronavirus/feed/ 0
Германски виролог: Мора да сметаме и на втор и на трет бран на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-virolog-mora-da-smetame-i-na-vtor-i-na-tret-bran-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-virolog-mora-da-smetame-i-na-vtor-i-na-tret-bran-na-kovid-19/#respond Fri, 10 Jul 2020 12:07:37 +0000 https://kurir.mk/?p=373311

Германскиот виролог Хендрик Штрек смета дека ќе има втор и трет бран на заразата со Ковид-19 и дека општеството мора да научи да живее со коронавирусот. Во изјава за локална телевизија, Штрек рече дека не очекува брз развој на вакцина. Во блиска иднина, тој не гледа продор во развојот на вакцина, и покрај фактот што огромен број на луѓе се вклучени во потрагата низ целиот свет. Поради тоа, тој препорачува општеството да се адаптира и да научи да живее со вирусот. – Мораме да се помириме со тоа и да сториме најдобро што можеме. Тоа конкретно значи дека ќе имаме постојани осцилации, што е и сега случај. Исто така, секогаш мора да сметаме на појава на жаришта, објасни еден од водечките германски виролози. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-virolog-mora-da-smetame-i-na-vtor-i-na-tret-bran-na-kovid-19/feed/ 0
Германски виролог: Концентрацијата на вируси кај децата е 10.000 пати поголема https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-virolog-koncentracijata-na-virusi-kaj-decata-e-10-000-pati-pogolema/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-virolog-koncentracijata-na-virusi-kaj-decata-e-10-000-pati-pogolema/#respond Thu, 30 Apr 2020 09:34:51 +0000 https://kurir.mk/?p=339810

Германскиот виролог Кристијан Дростен предупреди на опасност од прерано отворање на детските градинки. Тој истакна дека врз основа на грипот и настинката се знае оти децата имаат големо количество вируси во грлото, објаснувајќи дека таа концентрација на вируси е 10.000 пати поголема отколку кај возрасните. Дростен нагласи дека децата имаат имунолошки систем без искуство, што не може да дејствува против вирусите и поради тоа училиштата и градинките претставуваат жаришта на вируси. Истовремено, тој наведува дека се уште нема сеопфатно истражување колку се заразни децата, изразувајќи надеж дека во следните денови науката ќе дојде до нови сознанија. Германскиот виролог предупредува и на пребрзото олабавување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот. – Врз основа на добриот развој на ситуацијата во Германија и Австрија многу луѓе мислат дека престрого се реагирало. Тие не разбираат зошто продавниците мораа да бидат затворени. Гледаат само на она што се случува околу нив, но не и на ситуацијата во другите земји, изјави Дростен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-virolog-koncentracijata-na-virusi-kaj-decata-e-10-000-pati-pogolema/feed/ 0