германски вирусолог – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Jan 2021 13:01:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png германски вирусолог – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ПО ОВА ЌЕ ГИ ЗАБОРАВИТЕ ПЛАНОВИТЕ ЗА 2021: Германски инфектолог откри до кога очекува да трае коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-ova-kje-gi-zaboravite-planovite-za-2021-germanski-infektolog-otkri-do-koga-ochekuva-da-trae-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-ova-kje-gi-zaboravite-planovite-za-2021-germanski-infektolog-otkri-do-koga-ochekuva-da-trae-koronavirusot/#respond Fri, 22 Jan 2021 13:01:13 +0000 https://kurir.mk/?p=458567

Водечкиот германски вирусолог Кристијан Дростен, за разлика од многумина, очекува епидемиолошката состојба да се подобри дури наесен. Во интервју за германскиот магазин „Шпигел“, Дростен рече дека не верува дека ќе биде подобро во текот на летото, туку дека по „отклучувањето“, и покрај потоплите температури, бројот на нови пациенти ќе се зголеми, како што беше случај во Шпанија. Во овој поглед, тоа потсетува на Јужна Африка, каде што бројот на нови случаи во моментов рапидно расте, а сега таму е лето. Причината за неговата прогноза, како што вели, е новата варијанта на вирусот, Б.1.1.7 првпат откриена во Велика Британија. Вирусологот вели дека сега сè уште постои единствена шанса да се спречи ширењето на новата варијанта во Германија, или барем да се забави. Студија докажа дека мутираниот вирус е позаразен до 35 проценти. – Ова е за жал поопасно отколку кога би станал посмртоносен, бидејќи секое ново заразено лице на тој начин ќе зарази повеќе луѓе, а секое од овие лица за возврат ќе зарази повеќе луѓе. Значи, бројот на заразени ќе расте експоненцијално. Ако бројот на случаи сега не се спушти доволно ниско, рече тој, може да има негативни последици на пролет и лето. – Кога постарите лица и можеби некои од ризичните групи ќе бидат вакцинирани, ќе има огромен економски, социјален, политички и можеби правен притисок да се стави крај на мерките против коронавирусот, рече Дростен. Како резултат, предупредува тој, може да има поголема инфекција, така што повеќе нема да има „само“ 20.000 нови пациенти, туку во најлош случај и по 100.000 на ден. Иако тогаш би биле претежно погодени лицата на помлади години, кои имаат полесна форма на болеста, посочува Дростен во интервјуто за „Шпигел“, со толку многу заразени, повторно ќе има преполни оддели за интензивна нега и многумина ќе умрат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-ova-kje-gi-zaboravite-planovite-za-2021-germanski-infektolog-otkri-do-koga-ochekuva-da-trae-koronavirusot/feed/ 0
Германски вирусолог предупредува на опасноста од нова пандемија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-virusolog-predupreduva-na-opasnosta-od-nova-pandemija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-virusolog-predupreduva-na-opasnosta-od-nova-pandemija/#respond Thu, 26 Nov 2020 12:16:00 +0000 https://kurir.mk/?p=434776

Германскиот вирусолог Кристијан Дростен предупреди на опасноста од нов вирус што може да предизвика пандемија. Главниот вирусолог на берлинската клиника „Шарите“ вели дека вирусот Мерс-КоВ, според него, е „кандидатот“ за следната пандемија. Дростен за германскиот портал „Капитал“ изјави дека коронавирусот од наулата добил доволно внимание и дека за него се се прави и презема. Затоа, објаснува тој, има намера да формира мала работна група која ќе биде посветена на новиот вирус. Инак вирусот Мерс (Средноисточен респираторен синдром) спаѓа во групата коронавируси и првпат се појави во 2012 година на Арапскиот полуостров. Како и коронавирусот и Мерс предизвикува респираторни инфекции, поради што Светската здравствена организација го класифицираше меѓу „приоритетните болести“, на кои им се посветува големо внимание. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-virusolog-predupreduva-na-opasnosta-od-nova-pandemija/feed/ 0
Не и се радувајте на 2021 пред време- германски вирусолог откри до кога нема да стивне коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ne-i-se-raduvajte-na-2021-pred-vreme-germanski-virusolog-otkri-do-koga-nema-da-stivne-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ne-i-se-raduvajte-na-2021-pred-vreme-germanski-virusolog-otkri-do-koga-nema-da-stivne-koronavirusot/#respond Tue, 03 Nov 2020 08:03:11 +0000 https://kurir.mk/?p=424073

Пандемијата нема брзо да биде ставена под контрола. Германскиот вирусолог Кристијан Друстен не очекува брза нормализација. Спорец него, сигурно е дека пандемијата нема да стивне до Велигден. Ова го изјави Друстен за германскиот весник „Ноје Оснабрикер Цајтунг”, додавајќи дека „нашите животи ќе се променат на подобро најдоцна во текот на летото, но само ако сега успееме да го контролираме ширењето на коронавирусот”. Тој препорачува секој од нас да се однесува како да е заразен и обратно – да се третираат другите како да се заразени. Вели дека од особено значење во борбата против коронавирусот е зголемената употреба на брзи тестови. Германија е во карантин. Во земјата од денеска се на сила новите мерки против коронавирусот. Сите ресторани, барови, клубови и дискотеки се затвораат. Истото важи и за театрите, оперите, концертните сали и кината. Германците имаат право да се сретнат надвор само со едно друго домаќинство, а туристичките патувања се забранети. Училиштата и градинките се отворени.Овие мерки се очекува да бидат во сила најмалку до крајот на месецов. Во Германија над 10.000 луѓе починаа од коронавирусот. Во светот има 1.2 милиони смртни случаи поради вирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ne-i-se-raduvajte-na-2021-pred-vreme-germanski-virusolog-otkri-do-koga-nema-da-stivne-koronavirusot/feed/ 0
Друстен: Пандемијата нема да стивне до Велигден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/drusten-pandemijata-nema-da-stivne-do-veligden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/drusten-pandemijata-nema-da-stivne-do-veligden/#respond Mon, 02 Nov 2020 16:37:09 +0000 https://kurir.mk/?p=423888

Германскиот вирусолог Кристијан Друстен не очекува брза нормализација на состојбата со Ковид-19, иако во Германија од денеска стапи на сила новата блокада. – Едно е сигурно: пандемијата нема да стивне до Велигден, изјави Друстен за германскиот весник „Ноје Оснабрикер Цајтунг“, додавајќи дека „нашите животи ќе се променат на подобро најдоцна во текот на летото, но само ако сега успееме да го контролираме ширењето на коронавирусот“. Тој препорачува секој од нас да се однесува како да е заразен и обратно – да се третираат другите како да се заразени. – Ова е единствениот начин да се блокира патот на инфекцијата, вели Друстен и истакнува дека претстојат месеци на сериозни ограничувања. Според него, од особено значење во борбата против коронавирусот е зголемената употреба на брзи тестови. – На овој начин, можеме да утврдиме не само дали некое лице е заразено со коронавирус, туку и дали и во колкава мерка е заразено за други, рече Друстен. Германскиот министер за здравство Јенс Шпан предупреди дека „пред нас се тешки времиња“. – Дури и ако ја откажеме блокадата за неколку недели, можно е да следат нови строги ограничувања, изјави Шпан за германската јавна телевизија ЗДФ. Според него, Германија е во невидена ситуација и претстојат месеци со сериозни ограничувања. Во Германија од денеска се на сила новите мерки против коронавирусот. Сите ресторани, барови, клубови и дискотеки се затвораат. Истото важи и за театрите, оперите, концертните сали и кината. Германците имаат право да се сретнат надвор само со едно друго домаќинство, а туристичките патувања се забранети. Од друга страна, училиштата и градинките остануваат отворени. И продажните места ќе продолжат да работат, иако со построги ограничувања. Овие мерки се очекува да бидат во сила најмалку до крајот на ноември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/drusten-pandemijata-nema-da-stivne-do-veligden/feed/ 0