германски зелени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Oct 2021 13:51:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png германски зелени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Германските зелени и либералите се согласија на преговори со социјалдемократите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-zeleni-i-liberalite-se-soglasija-na-pregovori-so-socijaldemokratite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-zeleni-i-liberalite-se-soglasija-na-pregovori-so-socijaldemokratite/#respond Wed, 06 Oct 2021 13:51:00 +0000 https://kurir.mk/?p=574115

Германската Партија на зелените сака да почне преговори со Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и Либерално-демократската партија (ФДП) за формирање коалициска влада, а нејзината согласност за почеток на преговорите за создавање на таканаречаната „Семафор коалиција“ ја потврди и ФДП, соопштено е денеска во Берлин. -Заклучивме дека е паметно, особено по заедничките позиции што се искристализиравме по првичните разговори, да ги продолжиме преговорите со СПД и ФДП, изјави копретседателката на зелените, Аналена Баербок. ФДП веднаш даде согласност за почеток на подлабоки преговори за коалиција предводена од СПД и кандидатот за канцелар Олаф Шолц. -ФДП ќе ја прифати понудата за преговори за коалиција со СПД и зелените, рече членот на претседателството на ФДП, Ханс-Улрих Рилке, по денешниот рано утрински состанок на партиското претседателство. Рилке, меѓутоа, ја остави отворена можноста за преговори и со Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ за состав на таканарелената „Јамајка коалиција“ меѓу демохристијаните, зелените и либералите. -Денешната одлука за почеток на преговори со СПД и зелените не значи дека „ Јамајка коалицијата“ е исклучена, рече Рилке. По парламентарните избори што се одржаа на 26 септември, СПД излезе како победник со 25,7 проценти од гласовите. ЦДУ/ЦСУ го постигна најслабиот резултат во историјата со 24,1 проценти. Зелените се на трето место со 14,8 и ФДП со 11,5 проценти. Зелените и ФДП првично меѓусебно преговараа за заеднички позиции по изборите и изгледите за формирање коалиција или со СПД или со Унијата. Кандидатот за канцелар на СПД, Олаф Шолц, претходно објави дека целта на неговата партија е до крајот на глодината да формира влада со зелените и либералите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-zeleni-i-liberalite-se-soglasija-na-pregovori-so-socijaldemokratite/feed/ 0
Германските Зелени денеска ќе го изберат кандидатот за канцелар за изборите во септември https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-zeleni-deneska-kje-go-izberat-kandidatot-za-kancelar-za-izborite-vo-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-zeleni-deneska-kje-go-izberat-kandidatot-za-kancelar-za-izborite-vo-septemvri/#respond Mon, 19 Apr 2021 06:26:10 +0000 https://kurir.mk/?p=499038

Партијата на германските Зелени за првпат во својата историја денеска ќе го именува својот кандидат за канцелар за изборите во септември, јави ДПА. Двајцата кандидати, копретседателите на партијата, Роберт Хабек и Аналена Баербок, заедно ги предводат Зелените од 2018 година, од кога партијата успешно расте и се носи со бранот на зголемената популарност во земјата. Пет месеци пред Германија да излезе на федералните избори, Зелените во моментов имаат рејтинг веднаш зад конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ на канцеларката Ангела Меркел и пред нејзините сегашни коалициски партнери, левоцентристичките социјалдемократи. Со рејтинг од околу 20 проценти од гласачкото тело на изборите во септември Зелените треба да освојат повеќе десетици места во Бундестагот. Доколку бидат успешни на изборите, Зелените ќе имаат силни барања за место во која и да е идна пост-Меркел владина коалиција, додава ДПА. Но, денеска тие целат уште повисоко: канцеларијата на канцеларот. Хабек (51) е поискусен политичар. Тој шест години беше министер за животна средина во неговата матична држава Шлезвиг-Холштајн. Тој е интелектуалниот центар на партијата, и досега има објавено неколку книги, вклучувајќи и детски наслови. Баербок е пратеничка на Зелените во Бундестагот од 2013 година, а од 2018 година со Хабек формираа телегенично, хармонично удвојување на врвот на партијата. Денешното номинирање на кандидатот за канцелар нема да се смета за конечна одлука, бидејќи таа ќе се официјализира за време на партиската конференција во јуни, кога партијата ќе го потпише и својот изборен манифест, навеудва ДПА. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-zeleni-deneska-kje-go-izberat-kandidatot-za-kancelar-za-izborite-vo-septemvri/feed/ 0
Германските Зелени на 19 април ќе предлагаат кандидат за канцелар за изборите во септември https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-zeleni-na-19-april-kje-predlagaat-kandidat-za-kancelar-za-izborite-vo-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-zeleni-na-19-april-kje-predlagaat-kandidat-za-kancelar-za-izborite-vo-septemvri/#respond Wed, 07 Apr 2021 09:31:36 +0000 https://kurir.mk/?p=493555

Раководството на германската Партија на зелените на 19 април ќе треба да го предложи нивниот кандидат за наследник на канцеларката Ангела Меркел на чело на германската Влада, изјави денеска партискиот секретар, Михаел Келнер, пренесе ДПА. Партиското раководство треба да соопшти кој од нејзините двајца копретседатели – Аналена Баербок или Роберт Хабек – ќе ги предводи Зелените на сојузните избори во Германија, закажани за 26 септември, се гледа од документот на Келнер до кој увид имала ДПА. По овој избор, потоа кандидатот официјално ќе треба да биде потврден на највисокиот собир на партијата, меѓу 11 и 13 јуни. Според неодамнешните анкети, расте рејтингот на Зелените, и во моментов оваа партија само малку заостанува зад конзервативните демохристијани на Меркел, пренесува ДПА. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-zeleni-na-19-april-kje-predlagaat-kandidat-za-kancelar-za-izborite-vo-septemvri/feed/ 0