германски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 25 Jun 2021 13:40:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png германски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вооружен напад врз германски контингент во Мали, повредени 15 војници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vooruzen-napad-vrz-germanski-kontingent-vo-mali-povredeni-15-vojnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vooruzen-napad-vrz-germanski-kontingent-vo-mali-povredeni-15-vojnici/#respond Fri, 25 Jun 2021 13:40:53 +0000 https://kurir.mk/?p=528001

Во западноафриканската држава Мали извршен е напад на патрола на германски војници, членови на мисијата на ООН. Мировната команда од Бундесверот потврди дека биле нападнати германски војници. „Билд“ тврди дека во нападот биле повредени 15 германски војници, од кои тројца се здобиле со потешки повреди. Бундесверот испрати авион до Мали за да ги евакуира повредените војници. Нападот се случил на околу 155 километри западно од Гао, каде германски контингент сини шлемови бил стациониран во кампот „Кастор“. Според „Билд˝, нападот бил извршен од бомбаш-самоубиец кој активирал автомобил-бомба во близина на војниците. Бундесверот издаде забрана за објавување информации за нападот, бидејќи семејствата на повредените сè уште не се информирани. Најавено е дека министерот за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер ќе и се обрати на нацијата за овој настан. Мисијата на ОН „Минусма“ во Мали има мандат да ја стабилизира состојбата во земјата. Инаку, „Минусма“ преку Твитер соопшти дека во нападот се повредени 15 војници, без да ги наведе националностите на повредените. „Минусма остро го осудува овој напад со желба повредените брзо и целосно да се опорават“, беше наведено на Твитер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vooruzen-napad-vrz-germanski-kontingent-vo-mali-povredeni-15-vojnici/feed/ 0
Германски безбедносни служби предупредуваат на закана од десничарски екстремизам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-bezbednosni-sluzbi-predupreduvaat-na-zakana-od-desnicharski-ekstremizam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-bezbednosni-sluzbi-predupreduvaat-na-zakana-od-desnicharski-ekstremizam/#respond Mon, 29 Jun 2020 17:11:58 +0000 https://kurir.mk/?p=365299

Десничарскиот екстремизам во моментов е најголемата закана за германската безбедност“, тврдат раководителите на трите најважни безбедносни служби во Германија кои им укажаа за безбедносната состојба во земјата на членовите на германскиот Парламент, јави Дојче веле на англиски јазик. Шефот на германската агенција за надворешно разузнавање (БНД), Бруно Кал, изјави дека „пандемијата на коронавирусот е стрес-тест за политичарите и предупреди дека авторитарните режими ќе ја искористат здравствената криза за зајакнување на нивната моќ и влијание“. Шефот на воената служба за разузнавање посочи „дека постои зголемена подготвеност за употреба на насилство, како меѓу крајната десница, така и од левицата“. Според него, „екстремно десничарскиот екстремизам и екстремно десничарскиот тероризам претставуваат најголема опасност за Германија во моментот“. Според германскиот закон, шефовите на разузнавачките и безбедносните служби се должни еднаш годишно да достават извештај за нивната работа до парламентарна комисија за безбедносната состојба во земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-bezbednosni-sluzbi-predupreduvaat-na-zakana-od-desnicharski-ekstremizam/feed/ 0
Шпигел: Германските разузнавачи се сомневаат во тврдењата на САД дека коронавирусот потекнува од кинеска лабораторија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpigel-germanskite-razuznavachi-se-somnevaat-vo-tvrdenjata-na-sad-deka-koronavirusot-poteknuva-od-kineska-laboratorija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpigel-germanskite-razuznavachi-se-somnevaat-vo-tvrdenjata-na-sad-deka-koronavirusot-poteknuva-od-kineska-laboratorija/#respond Fri, 08 May 2020 11:32:27 +0000 https://kurir.mk/?p=343517

Извештај на германското разузнавање ги доведува во прашање обвиненијата на САД дека новиот коронавирус потекнува од кинеска лабораторија и наведува дека обвинувањата се обид да се одвлече вниманието од неуспехот на американската Влада да го спречи ширењето на вирусот во земјата, пишува весникот „Шпигел“. Во неделата, државниот секретар на САД, Мајк Помпео рече дека има „сериозни докази“ дека коронавирусот потекнува од кинеска лабораторија, но не го оспори заклучокот на американското разузнавање дека тој не е направен од човек. Според „Шпигел“, германската разузнавачка служба БНД побарала од членовите на разузнавачката унија „Пет очи“, предводена од САД, да даде докази за обвиненијата. Ниту една друга земја во унијата, која ги вклучува САД, Велика Британија, Австралија, Канада и Нов Зеланд, не ги поддржа тврдењата на Помпео. Во разузнавачкиот извештај, подготвен за германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер, се заклучува дека „обвинувањата на САД биле намерен обид да се одвлече вниманието на јавноста од неуспесите на претседателот Доналд Трамп“. Засега нема коментар од германската Влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpigel-germanskite-razuznavachi-se-somnevaat-vo-tvrdenjata-na-sad-deka-koronavirusot-poteknuva-od-kineska-laboratorija/feed/ 0
Германските туристички агенции проценуваат загуба од 10,8 милијарди евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-turistichki-agencii-procenuvaat-zaguba-od-10-8-milijardi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-turistichki-agencii-procenuvaat-zaguba-od-10-8-milijardi-evra/#respond Mon, 04 May 2020 14:56:55 +0000 https://kurir.mk/?p=341500

Германскиот туристички сектор процени денеска дека до средината на јуни поради забраната за патувања, воведена со цел да се спречи ширењето на пандемијата на коронавирусот, ќе загуби до 10,8 милијарди евра заработувачка. – Работењето на патничките агенти и оператори речиси е целосно прекинато со владината уредба за забрана на меѓународни патувања, која истекува кон средината на јуни, наведе во соопштение претседателот на Германското здружение за патувања (ДРВ), Норберт Фјебиг. Освен загубата на заработувачката, турустичкиот сектор е оптоварен и со трошоци за надомест на клиентите за откажаните патувања, нагласи Фјебиг, барајќи од државата итна програма за неповратна помош. Според него, две третини од германските патнички компании веќе се соочени со банкрот. – Политичарите веќе не можат со прекрстени раце да гледаат како патничките агенции и туроператори остануваат без приходи, порачува Фјебиг. Германскиот владин комесар за туризам Томас Бареис минатиот викенд повика за формирање фонд за туристичка помош доколку Берлин не успее да ја убеди Европската комисија да ги ублажи регулативите за исплата на надоместоци за откажаните патувања. Германија се залага на компаниите, наместо тоа, да им се овозможи издавање на ваучери. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-turistichki-agencii-procenuvaat-zaguba-od-10-8-milijardi-evra/feed/ 0