героски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Dec 2020 22:18:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png героски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Героски: Двајца поранешни премиери со “бугарски опашки” ќе ги решаваат бугарските делови од македонската историја, Бучковски поставен од Заев и Георгиевски како лобист https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-dvajca-poraneshni-premieri-so-bugarski-opashki-kje-gi-reshavaat-bugarskite-delovi-od-makedonskata-istorija-buchkovski-postaven-od-zaev-i-georgievski-kako-lobist/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-dvajca-poraneshni-premieri-so-bugarski-opashki-kje-gi-reshavaat-bugarskite-delovi-od-makedonskata-istorija-buchkovski-postaven-od-zaev-i-georgievski-kako-lobist/#respond Tue, 01 Dec 2020 22:18:13 +0000 https://kurir.mk/?p=437208

-Двајца поранешни македонски премиери се ангажиарни во овој процес со Бугарија, односно Владо Бучковски како специјален преставник на премиерот Заев и Љупчо Георгиевски како лобист на оваа Влада. Но, позициите на Софија се толку тврди, така да мислам дека не ќе можат да постигнат никаков договор со нашата влада. Мислам дека не ќе може да се собере таква политичка храброст и лудост за да се постигне тој договор. Тоа се позиции кои за нас Македонците се неприфатливи и не верувам дека некој ќе собере храброст тоа да го потпише, истакна Бранко Героски новинар и уредник, во вечерашната емисија "Заспиј ако можеш" на Алфа телевизија. Тој додаде дека премиерот Заев ја минимизира улогата на историската комисија затоа што таа му откажа послушност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-dvajca-poraneshni-premieri-so-bugarski-opashki-kje-gi-reshavaat-bugarskite-delovi-od-makedonskata-istorija-buchkovski-postaven-od-zaev-i-georgievski-kako-lobist/feed/ 0
Героски: Ваквите толкувања на историјата од страна на Заев и оспорувања на самобитноста на Македонија и на Македонците нема да поминат ни во СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-vakvite-tolkuvanja-na-istorijata-od-strana-na-zaev-i-osporuvanja-na-samobitnosta-na-makedonija-i-na-makedoncite-nema-da-pominat-ni-vo-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-vakvite-tolkuvanja-na-istorijata-od-strana-na-zaev-i-osporuvanja-na-samobitnosta-na-makedonija-i-na-makedoncite-nema-da-pominat-ni-vo-sdsm/#respond Thu, 26 Nov 2020 09:11:00 +0000 https://kurir.mk/?p=434628

Откако утринава (среда, 25 ноември 2020 година) го прочитав интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС, го замолив сопственикот, мојот колега и пријател Љубчо Нешков, да ми дозволи Плусинфо да го пренесе во целост. И така, со љубезноста на Нешков, македонската јавност доби одлилчна можност изворно и детално да се запознае со некои ставови на Заев за актуелните односи меѓу Македонија и Бугарија, особено сега, по софиското вето на одлуката Европската унија да ги почне преговорите со нашата земја, пишува во својата колумна новинарот и уредник на Плусинфо Бранко Героски. Првата работа што може да се заклучи од овој настап на Заев влијателен бугарски медиум е видливиот напор на македонскиот премиер да демонстрира големо пријателство кон Бугарија, кон бугарскиот народ и кон бугарскиот државен врв и да ги санира последиците од антимакедонската пропаганда во Софија и од антибугарската пропаганда во Скопје, кои бликнаа во најчувствителниот период пред Берлинскиот самит. Тој напор секако е за почит. Заев, употребувајќи комични термини од типот на „длабоката држава“, се потрудил вината на македонска страна да ја префрли на опозицијата и на ВМРО-ДПМНЕ, очигледно заборавајќи на жестокиот говор на омраза на перјаниците на провладината пропаганда во Скопје. Но, треба да се заборават тие грди работи. И не мислам дека тие експликации се клучниот проблем во интервјуто на Заев. Пожарот не е изгаснат, а човекот реално е единствениот овластен „пожарникар“, веројатно со искрена намера да го изгаси. Само, таа негова ролја мене воопшто не ме импресионира. На пример, ништо не ми значи неговото фалење како за 30 минути, тој и министерот Никола Димитров, практично го „егзекутирале“ новинарот Зоран Иванов, поради онаа негова навреда за министерките Захариева и Бакојани на Фејсбук. Секако, го осудувам гестот на Иванов, неизоставно мислам дека и без тој гест нему не му е местото во некаков одбор во МИА, но Заев би требало да знае дека сопружниците Чаушеску, на пример, пред да бидат стрелани, добија право на 40-минутно „судење“. Реално, тоа е 10 минути повеќе право на одбрана одошто добил Зоран Иванов. Велам, овие маргинални прашања и таа нагласена „пријателска“ реторика на Заев не ме импресионираат, но не ме ни разочаруваат. Тоа е Заев, кој го знае, јасно му е. Она за што сериозно треба да размислуваме сите ние, како обожавателите така и критичарите на лидерот на СДСМ, се некои прилично сомнителни тези во неговиот исказ, тези кои ги подгреваат сомнежите дека оваа влада можеби навистина подготвува едно посериозно ретуширање на македонската историја и опасно оспорување на некои битни аспекти на идентитетот и на државотворноста на македонската нација. Со резерва дека Заев се изразувал недоволно артикулирано (пак), а можеби и дека преводот на Плусинфо не е најпрецизен, би сакал да прокоментирам некои негови тези, за кои сметам дека се и спорни и опасни. Прашањето за тоа како ќе се дефинира македонскиот јазик во официјалната комуниакција и во документите на ЕУ изгледа не било сериозно на дневен ред во интервјуто. Освен што Заев ја фали Софија, па вели: „Бугарија многу често нагласува дека ја препознава реалноста дека Македонците и македонскиот јазик постојат“. Тоа е полувистина. Ставот на официјална Софија е познат – Македонците, Македонија како држава и македонскиот јазик постојат од 1945 година, државата ни е „коминтерновска творба“, а јазикот ни е преработен „бугарски дијалект“. Со други думи, пред да станеме Македонци, ние сме биле Бугари. Заев не ги коментира овие позиции на бугарската страна во преговорите и со тоа демонстрира недозволива слабост и снисходливост. Од друга страна, тој воодушевено зборува за улогата на Гоце Делчев. Оној што, ако го немало, требало да го измислиме, нели. Вели Заев: „Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, кои се бореа за слободата на Македонија и регионот на Одринско“. Во ред, да е само тоа, јас лично би го потпишал овој став како сопствен. Но, Заев не се спротивставува на правото на Бугарија Гоцета Делчев да го означи како етнички Бугарин. Ајде една еретичка мисла, во име на затворањето на тешкиот спор: да речеме дека не би ни морале да се трудиме да се бориме со Бугарите за тоа како тие етнички ќе си го обојуваат човекот кој целиот свој живот се борел за Македонија. Но, Зев не ја отстранува ни дилемата дали Македонија би прифатила обврска во историските учебници да запише дека Делчев бил Бугарин. Колку што мене ми е познато, тоа е прилично цврста преговарачка позиција, од која Софија нема лесно да отстапи. Повеќе прочитајте на Плусинфо]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-vakvite-tolkuvanja-na-istorijata-od-strana-na-zaev-i-osporuvanja-na-samobitnosta-na-makedonija-i-na-makedoncite-nema-da-pominat-ni-vo-sdsm/feed/ 0
Героски: Во СДСМ се крчка нов мега скандал, „Рекет 3“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-vo-sdsm-se-krchka-nov-mega-skandal-reket-3/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-vo-sdsm-se-krchka-nov-mega-skandal-reket-3/#respond Fri, 30 Oct 2020 14:06:42 +0000 https://kurir.mk/?p=422699

Во СДСМ се крчка нов мега скандал. Рекет 3. Засега, ништо повеќе нема да кажам. Еве му шанса на Заев да се покрие дури е време, пишува на својот Фејсбук профил новинарот и уредник на Плусинфо Бранко Героски. Инаку, Героски претходно го обелодени „Рекет 1“, а пишуваше и за низа други скандали кој што ја тресеа изминатиов период владата на СДСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-vo-sdsm-se-krchka-nov-mega-skandal-reket-3/feed/ 0
Героски: До кога со ова „танго на смртта“, до кога ќе се самозалажуваме? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-do-koga-so-ova-tango-na-smrtta-do-koga-kje-se-samozalazuvame/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-do-koga-so-ova-tango-na-smrtta-do-koga-kje-se-samozalazuvame/#respond Sat, 04 Apr 2020 19:02:27 +0000 https://kurir.mk/?p=327412

После денешните бројки, мислам дека на сите ви е јасно дека конечно треба да престане овој „танц“, ова „танго на смртта“ со епидемијата од коронавирусот и веднаш да се пристапи кон подобрување на стретегијата на борба против ова зло, пишува во својата најнова колумна новинарот Бранко Героски. Денеска (4 април), имаме нови 53 нови заболени, имаме нови 5 жртви (вкупно станаа 17), имаме нови градови жаришта налик на Куманово, додека состојбата во многу здравствени установи многу сериозно загрижува. Ситуацијата опасно се влошува! Светските искуства покажуваат дека најдобри резултати во менаџирањето на коронакризата се постигнуваат со масовни тестирања, со сите капацитети и со сите видови тестови кои се на располагање (тестовите не се исклучуваат едни со други, туку се надополнуваат), со ефикасно следење и со карантинско изолирање на заразените и на суспектните, како и со уште построги мерки на социјално дистанцирање. Наместо ова да се прочита и да се разбере, наместо и Македонија активно да се вклучи во глобалниот брејнсторминг на луѓето од светот на науката и на медицината, во кој се вклучени и медиумите, кај нас со денови се води и се поттикнува жестока кампања против масовното тестирање. Истовремено, оправданите иницијативи за омасовување на тестирањата, согласно со светските искуства и со препораките на Светската здравствена организација, најдрско и најбезобразно се означуваат како „профитерство“ или како мешање на новинарите и на други лаици во нешто што не го знаат, нешто за што не смеат да формираат сопствено мислење. Апелирам веднаш да престане таа груба и безобразна цензорска логика! И лекарите не се експерти за економија, на пример, но кога таа ќе ги удри по џебот, на цел глас вреват за економските проблеми со кои се соочуваат, бараат повисоки плати, нова опрема, подобри услови за работа и други бенефиции. И тоа со право! И затоа секогаш ја добиваат нашата поддршка. Секогаш! Но сега, нека простат, сега нашето здравје е во прашање. И без оглед што ние не сме експерти за медицина, покрај нашата неспорна почит кон лекарите (на крајот на краиштата, кога сме на мака, нашето здравје ним им го доверуваме, нели), нема да дозволиме ни тие, ни било кој во нивно име, да нѐ спречува да информираме и врз основа на информациите, да формираме и сопствени мислења и ставови. Па нека бидат и погрешни… Но, да се разбереме, не е мое лично мислење или став, туку е ноторен факт сознанието дека кај нас сѐ уште не се искористени сите капацитети на лабораториите за тестирање и со молекуларните тестови. Прашувам јавно – зошто? Ние сѐ уште немаме набавено брзи молекуларни тестови, какви што има во многу земји, како на пример во Италија. Прашувам јавно – зошто? Сѐ уште се прави отпор кон брзите тестови што ги има кај нас, додека лекари од Клиничкиот центар и самите се тестираат со овие тестови (само за тоа не смее да се зборува јавно). Прашувам јавно – зошто? Зошто ова лицемерие и оваа неразумност, луѓе мои? Со денови се пружаше отпор кон апелите на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски градот да се стави под целосен карантин, за тоа конечно да се стори кога на Куманово веќе му се случи катастрофа. Прашувам јавно – зошто се чекаше? Затоа што Максо не е епидемиолог? Па излезе дека е попаметен од сите епидемиолози во земјава! Зошто се отфрлија неговите апели? Патем речено, да повторам и да предупредам – гледате ли дека во Македонија и други градови стануваат потенцијални жаришта, по примерот на Куманово? Ќе сторите нешто во врска со тоа или пак ќе чекате да ви дојде јајцето на газот? Сѐ уште се останува на ставот дека луѓето кои се во самоизолација ќе бидат пуштани ако немаат симптоми, без да бидат тестирани, макар и со брзи тестови. Прашувам јавно – зошто? Ме прашува мене човек од општина Бутел – како може бројот на заболени да расте, а бројот на лицата во самоизолација или карантин да се намалува? Така е во оваа општина. Човекот не е јабанџија, колку да се знае. А така е  во многу општини. Навистина, како е можно тоа? Каде е тука епидемиолошката логика? Нешто кај нас навистина не е во ред… Размислете малку, аман! Секој ден пренесуваме информации од светот за тоа како други земји се справуваат со коронакризата. Се трудиме да ставиме акцент на позитивните примери. Но, упорно се игнорираат искуствата на најдобрите, на најорганизираните. Прашувам јавно – зошто? Кој има штета од тие информации од кредибилни извори? Зошто се бара сите да замолчиме, да не мислиме со сопствените глави и само да слушаме што ни се кажува на прес-конференциите? За тоа ли се воведе вонредна состојба? За да имаме една централна инстанца што ќе мисли како што ќе мисли и ќе одлучува како што ќе одлучува, а сите други беспоговорно да ја следиме, убедени дека сиот ум на планетава е сконцентриран баш во Македонија? Простете, но тоа нема да помине! Ние се соочуваме со глобална пандемија. Глобалната пандемија поставува глобални репери и бара глобални решенија. Во светот на науката и на медицината се води глобална дебата, еден глобален брејнсторминг, при што се анализираат искуствата на сите земји. Се носат брзи одлуки, се тестираат нови и клинички непотврдени протоколи. Мора така, нема време за мирнодопски постапки, војна е. Така како што здравствените власти храбро и умно одлучија и кај нас да се тестираат комбинации на лекови без довршени клинички студии, така уште похрабро и поумно – веднаш, ама баш веднаш, без чекање! – треба да се применат искуствата на најдобрите и на другите фронтови на битката против заразата, пред сѐ во поглед на омасовување на тестирањата. Апелирам на совеста на луѓето од здравствените власти и на сите кои одлучуваат каква стратегија во битката против коронавирусот се спроведува во Македонија. Ги молам многу сериозно да се размислат и за сопствената колективна, но и лична професионална и човечка одговорност за одлучувањето. Поправен испит нема да има. За никого! Оригиналниот текст погледнете го овде.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-do-koga-so-ova-tango-na-smrtta-do-koga-kje-se-samozalazuvame/feed/ 0
Орданоски до Героски: Дали сум јас тој познат новинар за кого пишуваш? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ordanoski-do-geroski-dali-sum-jas-toj-poznat-novinar-za-kogo-pishuvash/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ordanoski-do-geroski-dali-sum-jas-toj-poznat-novinar-za-kogo-pishuvash/#respond Sun, 05 Jan 2020 10:18:27 +0000 https://kurir.mk/?p=285769

Новинарот од 1 ТВ, Сашо Ордановски и човек кој важи за близок до СДСМ, по објавувањето на текстот на Бранко Героски каде спомнува пет блиски луѓе на Заев умешани во аферата Рекет. Сашо Ордановски го прашува Героски дали за него пишувал односно дали е тој ,,познатиот новинар” кој се спомнува во текстот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ordanoski-do-geroski-dali-sum-jas-toj-poznat-novinar-za-kogo-pishuvash/feed/ 0
Героски: АФЕРА „РЕКЕТ“ Можно ли е Спец Катица да е уценета?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-afera-reket-mozno-li-e-spec-katica-da-e-uceneta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-afera-reket-mozno-li-e-spec-katica-da-e-uceneta/#respond Fri, 22 Nov 2019 16:19:35 +0000 https://kurir.mk/?p=267766

Плата од 3.500 евра месечно, бонуси од 157.000 евра за четири години, спец-каса во СЈО, а згора и рекетирање, хип-хоп 50.000 евра (ако се само толку) и што ли уште не - па после некој сака да веруваме дека некоја таинствена сила работела на дискредитирање на СЈО и на уривање на Зоран Заев? Се пие ли таа скиселена боза, аман? Пред некој ден, еден мој драг колега, во колумна, ја промовираше старата, веќе подзаборавена теза дека целта на „планирањето и внимателната изведба“ на аферата „Рекет“ била двојна: „дискредитирање и уривање на СЈО, а потоа и пад на Зоран Заев од власт“. Интересно е дека истиот ден кога беше обjавена таа колумна, во една пригода, седнат на маса со некои важни луѓе, ја слушнав баш истата теза. Случајно? Бидејќи јас сум „суетниот новинар“ којшто прв ја откри аферата „Рекет“ – а сум сосема сигурен дека немав намера да ги урнам ни СЈО ни Зоран Заев – после тој текст на колегата, почнав сериозно да размислувам што треба да значи обновувањето на старата теза, баш сега, пред почетокот на судењата за „Рекет“ и непосредно пред изборите. Ја препрочитав колумната повнимателно и мислам дека го најдов вистинскиот одговор. Зошто би молчела Катица? Имено, на крајот од колумната, колегата јавно „депонира“ една молба до лицата задолжени за чување на архивите во Обвинителството, да се погрижеле „миракулно“ да не исчезнело четиричасовното сведочење на Јанева, во присуство и на адвокатот Стеван Павлески, дадено пред обвинителите, дента пред да биде уапсена. „Ќе ни треба тој запис, за еден ден, кога ќе се прави реконструкција на целиот овој скандал, да сфатиме зошто, всушност, е направена целата оваа операција и кој каква улога играл во неа“, пишува колегата. Дополнително, тој загадочно најавува: „Не верувам дека тој богат исказ на обвинетата Катица ќе го чуеме и во судницата“. Хммм… Интересно, нели? Зошто тој богат исказ не би го чуле во судницата? Дали тоа зналчи дека Катица ќе биде наградена, принудена, евентуално дури и уценета, нешто да скрие од јавноста и некого да заштити? Зошто не би го кажала она што веќе го кажала во својот првичен исказ пред апсењето? Оваа интригантна најава ме потсети на еден скорешен пост на пратеникот Антонио Милошоски (учесник во неуспешните преговори за новиот закон за Јавното обвинителство), во кој тој зборува за односите меѓу Зоран Заев и Катица Јанева. Нормално, Милошоски е опозиционер и за очекување беше да го каже следното: „…Очигледно е дека премиерот во заминување е главниот координатор на одбраната на обвинетите во мега-скандалот ‘Рекет’, што отвора сомнеж дека во оваа криминална афера и Заев бил дел од групата државни функционери која ги давала насоките за дејствување на тројцата обвинети рекетари, со цел таа група противправно да се здобие со лична имотна корист, да обезбеди спонзорство во кеш за партијата, како и нелегално да финансира медиум“. Она што за Милошоски е очиледно, за мене сѐ уште не е. Ова искрено го кажав и во еден од моите телевизиски настапи, односно нагласив дека немам сознанија за кривична одговорност на Зоран Заев и на Радмила Шеќеринска за аферата „Рекет“, но додадов дека тие имаат неспорна и директна политичка одговорност за скандалот. Сепак, после новиве наводи што ги читаме, се чини дека без било какво прејудицирање, прашањето за евентуалната подиректна повраност на Заев со групата осомничена за „Рекет“ треба да го држиме отворено. Одговори немаме, но прашањето, како и тепсијата, стоо… Повеќе прочитајте на Плусинфо]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-afera-reket-mozno-li-e-spec-katica-da-e-uceneta/feed/ 0