гес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 01 Aug 2022 20:46:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Арсовска за отказите од ГЕС: Три години трошеле пари на граѓаните, а не работеле ништо https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-za-otkazite-od-ges-tri-godini-troshele-pari-na-gragjanite-a-ne-rabotele-nishto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-za-otkazite-od-ges-tri-godini-troshele-pari-na-gragjanite-a-ne-rabotele-nishto/#respond Mon, 01 Aug 2022 20:46:52 +0000 https://kurir.mk/?p=712852

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, се огласи на Фејсбук во врска отказите на сите вработени од Претпријатието за енергетика на Град Скопје „Градски енергетски системи“ (ГЕС), посочувајќи дека тие три години трошеле пари на граѓаните за високи плати, не работејќи ништо. -Некој кој формираше претпријатие во кое три години вработените трошеле пари на граѓаните за високи плати не работејќи ништо, најмалку што треба да направи е да се скрие од јавноста наместо да ја истакнува својата неодговорност кон средствата на граѓаните во време на криза, напиша на Фејсбук градоначалничката Арсовска. Според неа, ГЕС, неговиот управен одбор, директор и вработени за три години потрошиле повеќе од милион евра пари на граѓаните, без да реализираат ниту една активност. Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, на својот Фејсбук профил, објави пет точки, нарекувајќи ги „упатство за користење на ГЕС“. -И да. Многу е поедноставно да ги избркаш луѓето и да го згаснеш ГЕС, затоа што во реализација на кратково упатство има бајаги работа, детали, управување со процеси и луѓе. Има дури и експропријација. Сепак, ГЕС не е тартан…, напиша Шилегов. Инаку, сите вработени од ГЕС денеска дадоа отказ поради не примање плата веќе три месеци, а затоа што повеќе месеци биле без здравствено осигурување. Претпријатието е формирано за време на раководењето на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, за да ја преземе топловодната мрежа во градот, но не доби лиценца за тоа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-za-otkazite-od-ges-tri-godini-troshele-pari-na-gragjanite-a-ne-rabotele-nishto/feed/ 0
Бислимоски: Почнува постапката за издавање лиценца на ГЕС https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bislimoski-pochnuva-postapkata-za-izdavanje-licenca-na-ges/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bislimoski-pochnuva-postapkata-za-izdavanje-licenca-na-ges/#respond Tue, 15 Oct 2019 10:33:53 +0000 https://kurir.mk/?p=251885

Градски енергетски системи (ГЕС) вчера поднесе барање за лиценца за дистрибуција со топлинска енергија до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) со што и официјално почнува постапката. Пред издавање на лиценцата, РКЕ ќе има постапка за одземање на лиценцата на Балкан енерџи груп (БЕГ) дистрибуција доколку се исполнети условите за тоа, информира денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. Тој најави дека во наредниот период ќе организираат состаноци со БЕГ и со ПУИК како друга страна во договорот. За текот на целата постапка вети максимална транспарентност, за, како што вели, да нема сомнежи кај граѓаните или инстититуциите. Клучно, истакна, е да се обебзеди сигурност во снабдувањето со топлинска енергија на Град Скопје. -Сакаме да имаме кристално чиста постапка со цел да обезбедиме сигурност во снабдувањето со топлинска енергија. Покрај подзаконските акти во делот на издавањето лиценци, како и Законот за енергетика, каде што се јасно дефинирани многу работи, една работа по која што ќе се водиме и на која што ќе инсистираме е сигурност во снабдувањето со топлинска енергија. Потрошувачите во Град Скопје, кои моментно се приклучени на системот на БЕГ да бидат сигурни и да не се грижат дека ќе имаат каков било прекин во снабдувањето со топлинска енергија, рече Бислимоски. Според него, ако се функционира како што треба, постапката за издавање на лиценцата би траела 45 до 60 дена. Лиценцата што би се издала на ГЕС ќе  биде условена,  односно за да почат да работат ќе треба да ја уверат РКЕ дека имаат доволен број вработени и содветен кадар за дејноста. Балкан енерџи груп, појасни, ќе работи се додека има лиценца за вршење дејност. – Претпоставувам дека луѓето што работат таму ќе бидат преземени од ГЕС, рече претседателот на РКЕ, одговарајќи на новинарски прашања. По поплаки од жители на Железара и Автокоманда во Општина Гази Баба за високи сметки за парно за септември  утврдени се пропусти при изготвување на фактурите и ќе имм  бидат испорачани нови. Покрај за септември во сметката се исфактурирани и последните пет дена од август, а не е земена во предвид и одлуката на РКЕ за  намалување на цената  овие потрошувачи за 13 проценти. – Фактурите за септември кои се повисоки од тоа што определи РКЕ бидејќи се однесуваат на подолг период ќе бидат коригирани и граѓаните ќе добијат фактури што произлегуваат и од нашата одлука и од намалувањето на ДДВ. Направените фактури се за септември, но и за последните пет дена од август поради што се повисоки од тоа што требало. Со последната одлука на РКЕ цената за топлинска енергија на тие потрошувачи беше намалена за 13 проценти, пред се, поради намалувањето на ДДВ.Тоа сега ќе се имплементира во сметките за септември. Фактурите ќе бидат сторнирани и на граѓаните ќе им бидат испратени нови, најави Бислимоски. Според него, сите вршители на дејноста дистрибуција на топлинска енергија се подготвени и се во кондиција за грејната сезона. Таква информација доставиле до РКЕ и пред нејзиниот старт, а тоа се докажало и минатата недела кога два дена кога поради ниските температури беа исполнети условите за пушатње на топланите. Со одлука на Владата на 30 јули годинава Град Скопје ја доби на тајно користење топловодната мрежа во Скопје со која треба да управува новоформираното претпријатие за дистрибуција на топлинска енергија и гас, Градски енергетски системи (ГЕС). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bislimoski-pochnuva-postapkata-za-izdavanje-licenca-na-ges/feed/ 0
Шилегов очекува до декември ГЕС да добие лиценца https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shilegov-ochekuva-do-dekemvri-ges-da-dobie-licenca/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shilegov-ochekuva-do-dekemvri-ges-da-dobie-licenca/#respond Wed, 09 Oct 2019 11:55:15 +0000 https://kurir.mk/?p=249664

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов очекува до крајот на ноември или во првата половина од декември, Градски енергетски системи (ГЕС) да ја добие лиценцата за дистрибуција на топлинска енегрија во сисемот за централно греење во Градот. – Во тек е постапката околу обезбедувањето на финасиската поддршка за работењето на Градски енергетски системи (ГЕС), како еден од условите за добивење на лиценца. Во моментот кога ќе ги завршиме банкарските формалности ќе аплицираме во Регулаторната комисија за енергетика за добивање на лиценца за дистрибуција на топлинска енергија, рече Шилегов во одговор на прашање пред почетокот на свеченоста по повод одбележувањето на патрониот празник на Средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ и пуштањето во употреба на фотоволтаична електрана во училишниот објект. Тој нагласи дека очекува до крајот на ноември или во првата половина на декември ГЕС да ја добие лиценцата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shilegov-ochekuva-do-dekemvri-ges-da-dobie-licenca/feed/ 0