гибралтар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 14 Oct 2022 16:54:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гибралтар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фудбалерите на Гибралтар во иднина домаќини во Португалија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbalerite-na-gibraltar-vo-idnina-domakjini-vo-portugalija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbalerite-na-gibraltar-vo-idnina-domakjini-vo-portugalija/#respond Fri, 14 Oct 2022 16:54:39 +0000 https://kurir.mk/?p=745484

Фудбалската федерација на Гибралтар објави денеска дека националниот тим своите домашни натпревари во квалификациите за пласман на ЕУРО2024 ќе ги игра во градот Фаро, на југот на Португалија. Гибралтар досега имаше дозвола од УЕФА да ги игра натпреварите на домашен терен на стадионот „Викторија“, иако овој објект не исполнуваше голем дел од потребните инфраструктурни стандарди. Специјалната дозвола од УЕФА, во меѓувреме истече, и според најавите од средината на идната година на стадионот „Викторија“ ќе почнат градежни работи за негова реконструкција. Гибралтар оваа сезона во Ц – дивизијата во Лигата на нации беше во група со Македонија, Грузија и Бугарија, додека во претстојните квалификации за ЕУРО2024 е во група со Франција, Холандија, Грција и Република Ирска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbalerite-na-gibraltar-vo-idnina-domakjini-vo-portugalija/feed/ 0
Акција за спречување еколошка катастрофа по судар на два брода кај Гибралтар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/akcija-za-sprechuvanje-ekoloshka-katastrofa-po-sudar-na-dva-broda-kaj-gibraltar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/akcija-za-sprechuvanje-ekoloshka-katastrofa-po-sudar-na-dva-broda-kaj-gibraltar/#respond Thu, 01 Sep 2022 16:39:25 +0000 https://kurir.mk/?p=727389

Морнарицата на Гибралтар покрена голема операција за спречување на излевање гориво во морето откако товарен брод се судри со друг брод што превезувал течен гас, соопштија денеска властите на британската прекуморска територија. Од бродот „OS-35″ што се наоѓа во близина на брегот на Гибралтар во најјужниот дел на Пиринејскиот полуостров почнало да истекува гориво, откако во понеделникот вечерта се судри со друг брод што превезувал течен природен гас. Екипажот составен од 24 члена е евакуиран. Според гибралтарските власти, трупот на товарниот брод напукнал, но се уште пловилото е во еден дел. Капетанијата на пристаништа на Гибралтар соопшти дека нафтата што се излеала од бродот се собира во пловечката ограда поставена да спречи еколошка катастрофа. Инаку, самиот брод не служи за транспорт на горива, туку горивото на пловилото е исклучиво за придвижување на бродските мотори. Судирот со бродот што превезувал течен гас се случил кога „ОС-35“ се обидел со манвеар да го напушти Гибралтарскиот залив. Непосредно по инцидентот привремено бил прекинат целиот морски сообраќај во пристаништето. Владата во Гибралтар соопшти дека подготвува операција за да се источи горивото од загрозениот брод што е можно поскоро, но на најсоодветен и најмалку ризичен начин. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/akcija-za-sprechuvanje-ekoloshka-katastrofa-po-sudar-na-dva-broda-kaj-gibraltar/feed/ 0
По 180 години Гибралтар официјално доби статус на град https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/po-180-godini-gibraltar-oficijalno-dobi-status-na-grad/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/po-180-godini-gibraltar-oficijalno-dobi-status-na-grad/#respond Mon, 29 Aug 2022 07:18:10 +0000 https://kurir.mk/?p=725281

По 180 години откако беше прогласен за прекуморска територија на Обединетото Кралство, Гибралтар денеска официјално доби статус на град. Британската прекуморска територија аплицираше за статус на град претходно оваа година во рамки на платинестиот јубилеј на кралицата, но кога истражувачите го разгледаа Националниот архив, открија дека тој веќе бил признат како град во далечната 1842 година, јави Би-Би-Си. Статусот на Гибралтар како град е практично повторно потврден, што британскиот премиер Борис Џонсон го опиша како „огромен комплимент“ кој ја слави „богатата историја и динамика“ на ова место.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/po-180-godini-gibraltar-oficijalno-dobi-status-na-grad/feed/ 0
БРАВО МОМЦИ: Македонските фудбалери го совладаа Гибралтар https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bravo-momci-makedonskite-fudbaleri-go-sovladaa-gibraltar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bravo-momci-makedonskite-fudbaleri-go-sovladaa-gibraltar/#respond Sun, 05 Jun 2022 18:13:36 +0000 https://kurir.mk/?p=686966

Македонската фудбалска репрезентација вечерва на гостувањето во Гибралтар ја оствари зацртаната цел и со триумф од 2-0 (1-0) ја забележа првата победа во рамки на групата 4 од Ц-дивизијата во Лигата на нации. Избраниците на селекторот Благоја Милевски поведоа во 20. минута со десеттиот репрезентативен гол на Енис Барди, а печат на победата стави Бобан Николов во 84 минута. По воведното реми против Бугарија во Разград и победата над Гибралтар, македонската фудбалска репрезентација ќе го заокружи јунскиот циклус во Лигата на нации со два натпревари на домашен терен. На 9 јуни на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе гостува Грузија, додека идната недела следува реваншот против Гибралтар. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bravo-momci-makedonskite-fudbaleri-go-sovladaa-gibraltar/feed/ 0
ЕУ подготвена да започне преговори со Британија за Гибралтар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-podgotvena-da-zapochne-pregovori-so-britanija-za-gibraltar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-podgotvena-da-zapochne-pregovori-so-britanija-za-gibraltar/#respond Tue, 05 Oct 2021 12:40:45 +0000 https://kurir.mk/?p=573329

ЕУ денеска соопшти дека е подготвена да започне преговори со Велика Британија за Гибралтар, британска прекуморска територија на јужниот Пиринејски полуостров. Европскиот совет, кој ги претставува 27-те земји-членки на ЕУ, објави дека преговарачката позиција на блокот е усвоена и дека Европската комисија сега може да започне преговори. „Целта на преговорите е да се постигне широк и избалансиран договор помеѓу ЕУ и Обединетото кралство за Гибралтар, со оглед на специфичната географска положба и специфичностите на Гибралтар“, се наведува во соопштението. Гибралтар не беше вклучен во трговскиот договор ЕУ-Велика Британија кон крајот на минатата година, кој ги поставува основите на нивната врска и механизмите за решавање спорови. Жителите на Гибралтар гласаа со мнозинство гласови против Брегзит. Тие сега се соочуваат со големи проблеми бидејќи нивната мала територија, економски зависна од Шпанија, е принудена да се справи со последиците. Портпаролот на владата на Гибралтар рече дека главниот министер на територијата се очекува да даде изјава за разговорите подоцна денеска. Официјални лица во Гибралтар и британската влада се скептични во врска со преговарачкиот мандат на ЕУ што го претстави Комисијата во јули. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-podgotvena-da-zapochne-pregovori-so-britanija-za-gibraltar/feed/ 0
Гибралтар ги вакцинираше сите возрасни пријавени лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gibraltar-gi-vakcinirashe-site-vozrasni-prijaveni-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gibraltar-gi-vakcinirashe-site-vozrasni-prijaveni-lica/#respond Fri, 19 Mar 2021 09:47:43 +0000 https://kurir.mk/?p=484604

Малата британска територија Гибралтар е прва во светот која против коронавирус ги вакцинирала сите возрасни лица кои покажале интерес за вакцина. Тоа го потврди британскиот министер за здравство Мет Хенкок. Во Гибралтар живеат околу 30.000 луѓе, а земјата имала две клични предности во трката за вакцини: големината и постојаниот проток на вакцини увезени од Велика Британија. Благодарение на програмата за вакцинација на оваа земја, многу аспекти од секојдневниот живот се вратиле во нормала. Училиштата повторно се отворени, како и кафулињата, а повторно се играат и натпревари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gibraltar-gi-vakcinirashe-site-vozrasni-prijaveni-lica/feed/ 0
Вистинска бомба на Алиоски: Македонија со два гола предност на полувремето против Гибралтар (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vistinska-bomba-na-alioski-makedonija-so-dva-gola-prednost-na-poluvremeto-protiv-gibraltar-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vistinska-bomba-na-alioski-makedonija-so-dva-gola-prednost-na-poluvremeto-protiv-gibraltar-video/#respond Thu, 06 Sep 2018 19:38:54 +0000 https://kurir.mk/?p=97343

Стартуваше Лигата на нации, можеби најголемата шанса за Македонија конечно да се пласира на некое големо фудбалско натпреварување, поточно во овој случај Европското првенство. Македонија по првиот дел води со 0:2 против Гибралтар, со головите на Иван Тричковски во 19-та минута и Езгјан Алиоски во 35-та минута, гол кој беше вистинска бомба и атракција. Погледнете го брилијантниот гол на Алиоски: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vistinska-bomba-na-alioski-makedonija-so-dva-gola-prednost-na-poluvremeto-protiv-gibraltar-video/feed/ 0
Македонија против Гибралтар ги почнува настапите во Лига на Нации https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-protiv-gibraltar-gi-pochnuva-nastapite-vo-liga-na-nacii/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-protiv-gibraltar-gi-pochnuva-nastapite-vo-liga-na-nacii/#respond Thu, 06 Sep 2018 06:03:15 +0000 https://kurir.mk/?p=96872

Македонската фудбалска репрезентација вечер на гостински терен против Гибралтар ќе стартува во новото УЕФА натпреварување – Лига на Нации. „Црвено-жолтите“ се апсолутен фаворит на овој натпревар и секој исход освен победа ќе значи големо изненадување. Македонија се наоѓа на 70. место на ФИФА рејтинг листата, а Гибралтар е на 195. позиција. Сепак избраниците на селекторот Игор Ангеловски се претпазливи, имајќи ги во предвид некои неочекувани резултати со аутсајдерите во минатото. Затоа капитенот Горан Пандев побара од сите што ќе истрчат на теренот, максимално залагање и во никој случај да не се потценува противникот. Натпреварот на „Викторија Стадион“ почнува вечер во 20:45 часот. Покрај овие две селекции во Група 4 уште се наоѓаат и: Ерменија и Лихтенштајн. Само првопласираната репрезентација ќе обезбеди пласман во следната фаза. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-protiv-gibraltar-gi-pochnuva-nastapite-vo-liga-na-nacii/feed/ 0
Македонските фудбалери тргнаа за Гибралтар https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonskite-fudbaleri-trgnaa-za-gibraltar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonskite-fudbaleri-trgnaa-za-gibraltar/#respond Mon, 03 Sep 2018 10:44:35 +0000 https://kurir.mk/?p=95661

Фудбалската репрезентација на Македонија замина кон Гибралтар каде ќе го почне својот поход во новото натпреварување на УЕФА, Лигата на Нации. Денеска од Скопје кон Малага полетаа седум фудбалери кои потоа со автобус ќе го продолжат патот до Гибралтар. Заедно со Иван Тричковски, Илија Несторовски, Елиф Елмас и Кире Ристевски од интернационалците, како и Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи и Кристијан Тошевски од „домашните“, кон Малага полетаа и селекторот Игор Ангеловски и стручниот штаб, Првиот собир ќе биде во Гибралтар, каде ќе се приклучат и останатите повикани репрезентативци, предводени од капитенот Горан Пандев. Македонија му гостува на Гибралтар на 6 септември, а три дена подоцна на домашен терен ја пречекува Ерменија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonskite-fudbaleri-trgnaa-za-gibraltar/feed/ 0