Гиљермо Ласо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Aug 2023 07:07:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Гиљермо Ласо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВОНРЕДНА СОСТОЈБА која ќе трае 60 дена по убиството на претседателски кандидат во Еквадор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonredna-sostojba-koja-ke-trae-60-dena-po-ubistvoto-na-pretsedatelski-kandidat-vo-ekvador/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonredna-sostojba-koja-ke-trae-60-dena-po-ubistvoto-na-pretsedatelski-kandidat-vo-ekvador/#respond Thu, 10 Aug 2023 06:58:12 +0000 https://kurir.mk/?p=865285

Претседателот на Еквадор, Гиљермо Ласо прогласи вонредна состојба во траење од 60 дена во целата земја  по убиството на претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио. „Вооружените сили од овој момент се мобилизирани низ целата национална територија за да ја гарантираат безбедноста на граѓаните, спокојството на земјата и слободните и демократски избори на 20 август“, рече Ласо во обраќањето објавено на Јутјуб. Осомничениот за атентатот на еквадорскиот претседателски кандидат Фернандо Вилависенсио починал од раните добиени во престрелка, соопшти еквадорското обвинителство на Твитер. „Осомничениот кој беше застрелан во престрелка со безбедносните сили е фатен и во тешка состојба е префрлен во Обвинителството во Кито. Екипа на Брза помош констатирала смрт“, соопшти државното обвинителство. Според анкетите, Вилависенсио имаше 7,5 отсто поддршка меѓу гласачите, ставајќи го на петтото место меѓу осумте кандидати кои ќе се натпреваруваат на претседателските избори на 20 август.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonredna-sostojba-koja-ke-trae-60-dena-po-ubistvoto-na-pretsedatelski-kandidat-vo-ekvador/feed/ 0
Гиљермо Ласо победи на претседателските избори во Еквадор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/giljermo-laso-pobedi-na-pretsedatelskite-izbori-vo-ekvador/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/giljermo-laso-pobedi-na-pretsedatelskite-izbori-vo-ekvador/#respond Mon, 12 Apr 2021 05:41:16 +0000 https://kurir.mk/?p=495792

Конзервативниот банкар Гиљермо Ласо победи во вториот круг од претседателските избори во Еквадор, освојувајќи 52,52 проценти од гласовите, додека левичарскиот кандидат Андрес Арауз доби 47,48 проценти, соопшти ноќеска изборната комисија, јави ДПА. Двајцата кандидати се наоѓаат на дијаматерлано спротивните страни од еквадорскиот политички спектар. На Арауз се гледа како на бранител на политиката на поранешниот претседател Рафаел Кореа и победата веројатно ќе се доживееше како продолжение на политиката на Кореа за „социјализам во 21 век“, зголемување на субвенциите и спротивставување на програмата за штедење што ја бара Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Ласо, пак, додава ДПА, како член на ултраконзервативната асоцијација „Опус Деи“ и строг критичар на истополовите бракови и абортусот,  водеше кампања темелена на либерална економска платформа, со која сака да создаде работни места и да привлече странски инвеститори. Оба беше трета претседателска кандидатура на Ласо. -Со години сонував да ми дозволат да им служам на Еквадорците за да може земјата да напредува и сите да имаме подобар живот, им рече тој на симпатизерите во градот Гвајакил, пренесува весникот „Ел Универсо“. „Денес тоа што го посакував вие го направивте можно. Тоа е почеток на новата ера на здружување“, додаде тој. Арауз го призна поразот и рече дека ќе му телефонира на својот ривал да му ја честита победата. -Ова беше изборен неуспех, но не и политички или морален пораз, рече тој пред приврзаниците што ноќеска се собраа пред неговиот дом, пренесе ДПА. Оваа јужноамериканската земја е во длабока економска криза поради падот на цената на нафтата и пандемијата на коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/giljermo-laso-pobedi-na-pretsedatelskite-izbori-vo-ekvador/feed/ 0