гинекологија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Jul 2023 15:48:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гинекологија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Детали од вонредните инспекциски надзори: Што точно се случувало со родилката пред да се обиде да се самоубие на ГАК? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-od-vonrednite-inspektsiski-nadzori-shto-tochno-se-sluchuvalo-so-rodilkata-pred-da-se-obide-da-se-samoubie-na-gak/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-od-vonrednite-inspektsiski-nadzori-shto-tochno-se-sluchuvalo-so-rodilkata-pred-da-se-obide-da-se-samoubie-na-gak/#respond Thu, 06 Jul 2023 15:48:20 +0000 https://kurir.mk/?p=853733

Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство - Скопје (ГАК) преку соопштение информира за извршените вонредни инспекциски надзори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат: Во врска со информацијата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат од извршените вонредни инспекциски надзори на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство и на Клиниката за психијатрија, во врска со родилката која на 02.07.2023 година имаше обид за самоубиство скокајќи од првиот кат на ЈЗУ У ГАК-Скопје, информираме: Пациентката која се породи на ден 28.06.2023 година на ЈЗУ У ГАК-Скопје, два дена по породувањето се пожалила на лесна вознемиреност на медицинскиот персонал во дневна смена од одделот за родилки – Пуерпериум. Според сите протоколи, таа веднаш е видена од стручно лице за ментално здравје – психолог магистер по клиничка и советодавна психологија, кое е стручно лице вработено на ЈЗУ У ГАК-Скопје за проценка на вакви состојби. По извршениот разговор со стручното лице не е нотирано дека пациентката пројавила симптоми кои укажуваат дека постои закана од суицид. Поради веќе утврдените симптоми на лесна вознемиреност, истиот ден е креиран упат за проценка на натамошната состојба и за евентуалната потреба од дополнителна терапија од страна на психијатар пред испис. Напоменуваме, проценката од стручното лице била дека се работи само за знаци на лесна вознемиреност која е честа состојба кај родилките и не е индикација за ургентно да се повика психијатар. Со оглед на тоа што ваквата симптоматологија е мошне честа меѓу породените пациентки, минатата година Клиниката за гинекологија и акушерство во соработка со Клиниката за психијатрија иницираше изработка на Студија за проценка на перинаталното ментално здравје. Од студијата се заклучува дека ваква симптоматологија пројавуваат дури 72% од испитаничките во перинаталниот период, а истата не претставува ургентна состојба за итна потреба од психијатар. Од дежурните служби во текот на викендот кога таа престојува на ЈЗУ У ГАК-Скопје (01 и 02.07.) не е рапортирано влошување на нејзината состојба, односно немала знаци за сериозно нарушување на менталната состојба. Пациентката на ден 01.07. направила и соодветен контакт со бебето, што е адекватна емотивна реакција кон нејзиното новородено, и што не покажува емоционална состојба која упатува дека родилката ќе направи обид за суицид. На ден 02.07. поради појава на симптоми на лесна вознемиреност, пациентката неколку пати е посетена и е извршен разговор со дежурниот лекар при што е ординирана соодветна анксиолитична терапија и повторно е креиран упат за проценка и за евентуална потреба од назначување на третман од страна на специјалист психијатар веднаш по исписот, што беше планирано да се случи на ден 03.07.2023 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-od-vonrednite-inspektsiski-nadzori-shto-tochno-se-sluchuvalo-so-rodilkata-pred-da-se-obide-da-se-samoubie-na-gak/feed/ 0
НЕ ПРОПУШТАЈТЕ – Доаѓа водечкиот специјалист д-р Башту, кој има високи стапки на успех во лечењето на неплодноста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-propushtajte-doaga-vodechkiot-spetsijalist-d-r-bashtu-koj-ima-visoki-stapki-na-uspeh-vo-lecheneto-na-neplodnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-propushtajte-doaga-vodechkiot-spetsijalist-d-r-bashtu-koj-ima-visoki-stapki-na-uspeh-vo-lecheneto-na-neplodnosta/#respond Wed, 11 Jan 2023 11:55:58 +0000 https://kurir.mk/?p=785944

За сите пациенти со репродуктивни проблеми - бесплатна консултација со специјалистот проф. д-р Еркан Башту на 14. јануари 2023 година во Велес, Македонија. На 14. јануари 2023 г. Здравствениот информативен центар „Медикал Караџи“ за првпат го пречекува еден од најискусните специјалисти проф. д-р Еркан Башту. Паровите со проблематична бременост од нашата земја ќе имаат можност за прв пат бесплатно да се консултираат со еден од најводечките специјалисти од Република Турција. Проф. д-р Еркан Башту има големо меѓународно искуство и применува иновативни методи кој даваат висока стапка на успех во ин-витро постапка со неплодност. Специјалистот има златен медал за лапароскопски техники од Европската академија за гинеколошка хирургија. Тој за прв пат ќе биде гостин на покана на тимот на ЗИЦ „Медикал Караџи“ од Македонија и во рамките на иницијативата на Здравствениот информативен центар да обезбеди пристап до најиновативните и најсовремените технологии во медицината. Сите оние кои сакаат да ја искористат можноста за бесплатна консултација со проф. д-р Еркан Башту на 14. јануари 2023 година во Велес, треба однапред да закажат термин на следниве телефонски броеви на ЗИЦ „Медикал Караџи“ 071.314.005 или 043.220.904 или да го закажат својот посакуван онлајн термин на https://www.medikara.bg/ На лице место, пациентите ќе мора да ги обезбедат медицинските документи и тестовите за сликање кои се направени до денес. Ве молиме да имате во предвид дека за време на консултациите нема да се вршат физички прегледи. Бесплатните консултации се спроведуваат врз основа на вашата медицинска документација која ќе ја приложите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-propushtajte-doaga-vodechkiot-spetsijalist-d-r-bashtu-koj-ima-visoki-stapki-na-uspeh-vo-lecheneto-na-neplodnosta/feed/ 0
Трагедија на Гинекологија: Почина 33-годишна пациентка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragedija-na-ginekologija-pochina-33-godishna-pacientka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragedija-na-ginekologija-pochina-33-godishna-pacientka/#respond Mon, 10 May 2021 10:39:16 +0000 https://kurir.mk/?p=508426

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, вчера починала 33-годишна пациентка. На социјалните мрежи се споделуваа информации дека на пациентката и биле пресечени цревата, наместо папочната врвка. Во изјава за „Слободен печат“, директорката на ГАК Виктроија Јовановска која ја извршила операцијата, вели дека информацијата што се појави на социјалните мрежи е невистинита и оти се работи за родилка која на операција дошла поради огромен миом во мала карлица со рапиден раст во последните месеци. -Воопшто не беше лесен случај, пациентата претходно била операрирана од пленоктомиа, односно и била извадена слезинката. Јас од човечки побуди, токму поради брзиот раст на туморот ја внесов пациентката на операција во време кога имавме редуциран програм на Клиниката, изјави Јовановска. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragedija-na-ginekologija-pochina-33-godishna-pacientka/feed/ 0
Поднесени кривични пријави против гинеколозите од Битола кои повикале невработено лице да породува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseni-krivichni-prijavi-protiv-ginekolozite-od-bitola-koi-povikale-nevraboteno-lice-da-poroduva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseni-krivichni-prijavi-protiv-ginekolozite-od-bitola-koi-povikale-nevraboteno-lice-da-poroduva/#respond Mon, 08 Feb 2021 15:16:56 +0000 https://kurir.mk/?p=465870

СВР Битола на 08.02.2021 до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против: М. В. (33) од Битола, поради постоење на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување по чл. 353 од КЗ на РСМ и “Фалсификување службена исправа“ по чл. 361 ст.1 и 2, Г.Ч. (60) од Битола поради постоење на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување по чл. 353 од КЗ на РСМ, А. В (33) од Белград, Р.Србијa, сопруга на првопријавениот, заради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Надрилекарство“ по чл. 209 и кривично дело “Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ по чл. 206 од КЗ на РМ. Првопријавениот и второпријавениот како доктори гинеколози во ЈЗУ Клиничка болница- Битола пречекорувајќи ги своите посебни овластувања во вршење на должноста и овозможиле на третопријавената на 01.01.2020 без соодветна лиценца за работа издадена од Лекарска комора на РСМ, да даде медицинска помош- изврши оперативна интервенција, породување со царски рез во ЈЗУ Клиничка болница Битола – операциона сала на Одделение за гинекологија и акушерство врз родилка. По завршувањето на интервенцијата, првопријавениот во оперативниот дневник внел невистинит податок, односно во графата податоци за оператор, ги внел своите податоци и податоците на второпријавениот, а од стариот оперативен дневник отстранил страници на кои третопријавената ги запишала извршените оперативни интервенции на 01.01.2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseni-krivichni-prijavi-protiv-ginekolozite-od-bitola-koi-povikale-nevraboteno-lice-da-poroduva/feed/ 0
Битола потресена од скандалот на Гинекологија – невработено лице извршил царски рез https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitola-potresena-od-skandalot-na-ginekologija-nevraboteno-lice-izvrshil-carski-rez/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitola-potresena-od-skandalot-na-ginekologija-nevraboteno-lice-izvrshil-carski-rez/#respond Mon, 08 Feb 2021 13:54:18 +0000 https://kurir.mk/?p=465819

Двајца лекари гинеколози се суспендирани на битолската Гинекологија откако едниот од нив ја повикал својата сопруга која инаку е странски државјанин и невработен гинеколог да учествува во изршување на породување со царски рез на една жена. Извори за „Независен“ велат дека еден од гинеколозите за време на породувањето ја внесол својата сопруга и целата работа со породувањето и ја оставила на неа. Овој скандал според информациите на „Независен“ се случил во почетокот на јануари, оваа година. По скандалот кој го стресе одделението за гинекоголија на Битолската болница, еден од вработените во таа болница го пријавил случајот во полицита. Од СВР Битола за „Независен“ неофицијално го потврдиле случаот и изјавиле дека се подготвуваат кривични пријави за двајцата гинеколози. Еден од суспендираните гинеколози е Гоце Чакаровски, поранешен заменик-министер за здравство и национален координатор за здравство во владата на Зоран Заев. Тој за „Независен“ потврдил дека е суспендиран, но не ги изнел деталите. Инаку, породувањето на крај било успешно и затоа роднините на родилката не изреагирале на овој скандал.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitola-potresena-od-skandalot-na-ginekologija-nevraboteno-lice-izvrshil-carski-rez/feed/ 0
Трагедија на скопска Гинекологија вечерва https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragedija-na-skopska-ginekologija-vecherva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragedija-na-skopska-ginekologija-vecherva/#respond Sat, 19 Sep 2020 19:10:52 +0000 https://kurir.mk/?p=405654

Вечерва на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза” во Скопје, починала родилка, врз која вчера бил спроведен царски рез и било констатирано дека бебето е мртво, објави Канал 5 телевизија. Случајот за Канал 5 го потврди директорката на Гинекологија, Викторија Јовановска која повеќе детали најави за утре. Јовановска информира дека станува збор за родилка на која ова и била 12-та бременост и дека досега имала шест абортуси и шест раѓања. Од фамилијата на родилката рекоа дека таа на Гинекологија била однесена вчера, па откако било направено Це Те Ге на детето и според нив, констатирано дека било се во ред, за што поседуваат и документ како што тврдат. Како што кажуваат од Клиниката, пак, на жената и кажале дека Це Те Ге- то е добро и не е добро и и рекле за саат време да се врати назад на уште една проверка. Но, кога ја побарале, таа била замината дома. Според роднини на родилката откако наводно и било кажано да дојде денеска на нов преглед ,по два часа од прегледот направен вчера на пат кон дома, како што објаснуваат нејзини роднини, родилката прокрварела и била повторно вратена назад, по што била подложена на царски рез. Како што информиравме, повеќе детали од ГАК најавија за утре, а Канал 5 ќе го проследи случајот со повеќе детали во утрешните информативни изданија, најави телевизијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragedija-na-skopska-ginekologija-vecherva/feed/ 0
Алфа дознава: Лекар од ГАК бил на прв тест позитивен за КОВИД-19, а следните два наредните два дена се негативни? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-doznava-lekar-od-gak-pozitiven-na-kovid19-odel-na-rabota-so-simptomi-dali-klinikata-rodilkite-i-bebinjata-se-bezbedni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-doznava-lekar-od-gak-pozitiven-na-kovid19-odel-na-rabota-so-simptomi-dali-klinikata-rodilkite-i-bebinjata-se-bezbedni/#respond Sun, 26 Apr 2020 15:21:10 +0000 https://kurir.mk/?p=337610

Страв и паника кај здравствените работници од Клиниката за Гинекологија и Акушерство. Лекарот Пајтим Асани пред десетина дена одел цела недела на работа со симптоми на коронавирус пред да биде тестиран. Директорката на ГАК Јовановска за Алфа пак вели дека специјализантот Асани немал никакви симптоми, но сам решил да се тестира бидејќи бил од кумановскиот регион но и учествувал во пораѓање на родилка позитивна на корона. На неговото тестирање тој е позитивен на ковид 19. Драматично е што Асани, следниот ден прави уште два теста едниот во државна лабораторија другиот приватно, резултатите веднаш ги добил – и двата биле негативни. “Во ЦЈЗ се тестирал самоиницијативно заради тоа што бил на породувањето на родилка позитивна на Ковид. И тој тест е позитивен, тоа е во сабота. Во недела прави уште еден тест, заради тоа што му се јавиле од јавно здравје дека тој тест кога му го зимале во истиот момент пристигнале 200 теста од Куманово и за да нема грешка, му се јавиле да направи уште еден тест.И тој тест е негативен, за да не биде дека има само еден негативен тој прави тест и во Систина.” – вели директорката на ГАК Викторија Јовановска. Но тука не завршува приказната. Имено, како е можно за само два дена тестовите на Институтот за јавно здравје да покажат два различни резултата? Дали се точни тестовите во ЦЈЗ и зошто здравствените работници не им веруваат па се тестираат и приватно? Министерот Филипче и по овој случај уверува дека тестовите се релевантни. “Два типа на тестови на атиген и антитела во даден момент – тестовите на антиген и антитела можат да бидат со соодветна комбинација или во која фаза од болеста или состојбата еден е позтивен друг е негативен и тука има бројни седум, осум комбинации на кој кој пациент е позитивен на вирусот.” – изјави Венко Филипче, министер за здравство. Ова не ја расветлува до крај дилемата за тестовите. Но и за ситуацијата на ГАК. Дали бебињата и родилките се безбедни? Инаку бројот на заболени здравствени работници во земјава секојдневно расте, денеска е потврден нов од ГОБ “8-ми Септември”, пред два дена двајца медицински работници се позитивни на заразата и во Поликлиниката Чаир. Според последните официјални бројки позитивни на Ковид19 се повеќе од 220 здравствени работници. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-doznava-lekar-od-gak-pozitiven-na-kovid19-odel-na-rabota-so-simptomi-dali-klinikata-rodilkite-i-bebinjata-se-bezbedni/feed/ 0
Родилката со коронавирус е во добра здравствена состојба, ова е состојбата на нејзиното бебе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rodilkata-so-koronavirus-e-vo-dobra-zdravstvena-sostojba-ova-e-sostojbata-na-nejzinoto-bebe/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rodilkata-so-koronavirus-e-vo-dobra-zdravstvena-sostojba-ova-e-sostojbata-na-nejzinoto-bebe/#respond Fri, 03 Apr 2020 09:28:09 +0000 https://kurir.mk/?p=326624

Директорката на Гинеколошко акушерската клиника во Скопје Викторија Јовановска денеска изјави дека родилката со коронавирус е во добра здравствена состојба и е хоспитализирана на Инфективната клиника, додека бебето, кое беше утврдено дека е негативно на короновирус, е во стабилна здравствена состојба, иако е родено предвреме. – Бебето е негативно на коронавирус. Би сакала да ги смирам трудниците и да апелирам до нив да не ја извртуваат вистината, да не лажат и да не ги прикриваат фактите. Сите сознанија, иако се ограничени, се дека многу малку од трудниците ќе заболат и ќе бидат со лесна форма на болеста. Доколку точно ги кажат своите промени во нивната здравствена состојоба, се тоа што им се случува во нивното семејството или во нивните социјални врски и контакти ќе бидат безбедни и тие и нивните бебиња, рече Јовановска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rodilkata-so-koronavirus-e-vo-dobra-zdravstvena-sostojba-ova-e-sostojbata-na-nejzinoto-bebe/feed/ 0
ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА: Родилка од Охрид и нејзиното бебе починаа на скопска Гинекологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-za-tragedijata-rodilka-od-ohrid-i-nejzinoto-bebe-pochinaa-na-skopska-ginekologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-za-tragedijata-rodilka-od-ohrid-i-nejzinoto-bebe-pochinaa-na-skopska-ginekologija/#respond Wed, 01 Apr 2020 09:06:39 +0000 https://kurir.mk/?p=325387

На 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје е примена второротка од Куманово на возраст од 27 години која во 20:15 поради намалена плодова вода и знаци за фетално страдание е породена со царски рез. Пациентката е спроведена и породена во изолација, заради фактот што истата како суспектна на Ковид-19 и упатна дијагноза која укажува на намалената плодова e најавена и испратена на Клиниката преку својот матичен лекар, информираат од клиниката. Соопштението на Клиниката за гинекологија го објавуваме во продолжение На пациентката освен комплетната лабораторија, земен и е и брис за Ковид- 19 чиј што резултат е стигнат вчера попладне во 18.00 часот и истиот е позитивен на вирусот. Пациентката роди живо машко новороденче кое е недоносено и во моментов се наоѓа на интезнивна нега на ГАК. Новороденчето е изолирано  и е во добра општа состојба, не е на машина туку само со кислородна хауба. Денеска на бебето ќе му биде земен брис и направен тест на Ковид-19. Пациентката при приемот е без температура, но во својот исказ посочува дека пред 3 дена имала грозница и се пожалила на сува кашлица. Пациентката укажа на тоа и дека нејзиниот свекор, исто така од Куманово, е позитивен на  Ковид- 19. Со пациентката е постапено по сите протоколи за прием на заразен пациент како во однос на нега и третман, така и во однос на адекватна заштита на персоналот и изолација на пациентот. Вчера  родилката почна да развива потешка клиничката слика, отежнато дишење со намалена сатурација, по што е веднаш префрлена и хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Истакнуваме уште еднаш дека во текот на целокупниот престој на пациентката на Клиниката за гинекологија и акушерство, од приемот до исписот, со неа е постапувано според сите начела за превенција и заштита од COVID-19, како во поглед на изолацијата на пациентката така и во однос на преземените мерки за заштита на медицинскиот персонал и останатите пациенти. -На Клиниката за Гинекологија и акушерство во Скопје доцна синоќа, во 22 часот, почина пациентка на возраст од 37 години од Охрид, родилка која вчера попладне е донесена во Скопје со возило на брза помош во високо фебрилна состојба (телесна температура над 39 степени) и со мртов плод. На жената уште веднаш и е направена целосна лабораторија и земен брис за Ковид-19. Лекарите оперативно го извадија плодот, а од стомакот на мајката е евакуиран гној. Можна причина за фебрилноста е септичната состојба на пациентката, но тестот треба да утврди или отфли присуство на коронавирус. За време на интервенцијата состојбата кај пациентката се влоши при што истата беше интубирана, се пристапи кон целосна реанимација, но за жал во 22.00 е констатирана смрт. Причина за смртта најверојатно е сепса со масивна тромбоемболија, а пациентката ќе биде пратена на обдукција по што ќе има егзактна дијагноза. Се работи за екстремно обезна пациентка, со телесна тежина од околу 150 кг, со висок крвен притисок и тахикардија, која во последните 5 месеци воопшто не се движела, а согласно податоците од докторите во Охрид, пациентката не ги извршувала ни потребните гинеколошки контроли. Се работи за екстремно обезитна пациентка која  во последните 5 месеци воопшто не се ни движела, а согласно податоците од докторите во Охрид, пациентката не ги извршувала ни потребните гинеколошки контроли. Сега починатата родилка е донесена без претходна најава од матичен лекар и оставена пред влезот на Клиниката. По измерената телесна температура, таа е веднаш спроведена на посебен влез до одделението за изолација. За потсетување, еден дел од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје функционира за родилки супсектни и позитивни на Ковид-19. За таа намена е воспоставен целосен протокол на изолација од влез, патека на движење, посебна родилна сала, бокс и тим.  Од Клиниката за гинекологија и акушерство апелираме уште еднаш сите пациентки кои доѓаат на клиниката да се придржуваат кон сите насоки дадени од Министерството за здравство во однос на заштитата на сопственото здравје и здравјето на околината, но исто така се упатува и апел за целосно и вистинито давање на информации при прием со цел соодветно и навремено преземање на мерките кои се однесуваат на заштитата на вашето здравје, здравјето на вашето бебе и безбедноста на здравстевниот персонал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-za-tragedijata-rodilka-od-ohrid-i-nejzinoto-bebe-pochinaa-na-skopska-ginekologija/feed/ 0
Вработени на гинекологија доживеале шок, сопруг на пациентка од тетовско им вперил пиштол https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vraboteni-na-ginekologija-doziveale-shok-soprug-na-pacientka-od-tetovsko-im-vperil-pishtol/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vraboteni-na-ginekologija-doziveale-shok-soprug-na-pacientka-od-tetovsko-im-vperil-pishtol/#respond Mon, 24 Feb 2020 14:28:27 +0000 https://kurir.mk/?p=308144

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Ш.(25) од с.Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница’’. На 4-ти февруари 2020, пријавениот со пиштол од вработена на Одделот на гинекологија ги побарал назад наплатените парични средства за хоспитализација за неговата сопруга, по што го напуштил местото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vraboteni-na-ginekologija-doziveale-shok-soprug-na-pacientka-od-tetovsko-im-vperil-pishtol/feed/ 0