гинеколози – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Jun 2022 07:25:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гинеколози – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДА ИНТЕРВЕНИРАЛЕ НА ВРЕМЕ БЕБЕТО ЌЕ ПРЕЖИВЕЕЛО: Обвинение против двајца гинеколози од Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-intervenirale-na-vreme-bebeto-kje-preziveelo-obvinenie-protiv-dvajca-ginekolozi-od-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-intervenirale-na-vreme-bebeto-kje-preziveelo-obvinenie-protiv-dvajca-ginekolozi-od-bitola/#respond Wed, 15 Jun 2022 07:25:01 +0000 https://kurir.mk/?p=691089

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 1 и 3 од Кривичниот законик. Обвинетите, како лекари – специјалисти по гинекологија и акушерство вработени во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, несовесно постапувале при укажување лекарска помош – породување на пациентка – родилка од с. Смилево – Општина Демир Хисар, поради што настапила смрт на новороденчето. Родилката била примена за породување на 12.10.2019 година околу 17:00 часот во Одделот за гинекологија и акушерство при Клиничка болница Битола, каде дежурни лекари биле обвинетите. Тие не ја следеле и навремено не ги регистрирале промените во здравствената состојба кај родилката. Иако сите промени во здравствената состојба на родилката претставувале апсолутен показател дека здравјето и животот на плодот е во опасност заради недоволен доток на кислород, што пак претставува индикација за итен царски рез, обвинетите лекари не ја презеле оваа интервенција благовремено. Поради продолженото породување и доцнењето од најмалку пет часа од појавата на индикациите за итен царски рез, интензитетот на страдањето кај плодот се зголемувал. Интервенцијата кај родилката била извршена околу 06:30 часот на 13.10.2019 година, при што се родил плод – женско дете со родилна тежина од 3.550 грама и должина од 48 сантиметри во многу лоша состојба, кое починало за кратко време по породувањето заради кислородното страдање во утробата.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-intervenirale-na-vreme-bebeto-kje-preziveelo-obvinenie-protiv-dvajca-ginekolozi-od-bitola/feed/ 0
Осомничените лекари за царскиот рез во Битола се спогодија и добија условни казни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osomnichenite-lekari-za-carskiot-rez-vo-bitola-se-spogodija-i-dobija-uslovni-kazni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osomnichenite-lekari-za-carskiot-rez-vo-bitola-se-spogodija-i-dobija-uslovni-kazni/#respond Thu, 06 May 2021 09:17:12 +0000 https://kurir.mk/?p=506411

Тројца осомничени лекари, двајца гинеколози од Битола и лекарка од Србија, која на 1 јануари годинава правеше царски рез во битолската болница иако нема соодветна лиценца за работа во земјава, се спогодија со Обвинителството и добија условни казни. Од ОЈО Битола соопштија дека тие ги признале делата и се спогодиле. Првоосомничениот гинеколог, кој е сопруг на српската лекарка, се гонеше злоупотреба на службената положба и овластување и за фалсификување службена исправа, а со спогодбата добил казна од 8 месеци затвор, која нема да се изврши ако во рок од три гони не стори ново кривично дело. Вториот гинеколог, кој е осомничен за злоупотреба на службената положба, се спогодил на затворска казна од три месеци, која нема да се изврши ако во рок од една година не стори ново кривично дело. Лекарката од Србија, која се гонеше за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, добила парична казна од 1.000 евра. Кривичното дело надрилекарство, за кое се гонеше српската лекарска „паднало во вода“, бидејќи првиот циклус на студии ѝ бил признаен од нашето Министерство за образование и наука, како и тоа што од Комисијата на Клиниката за гинекологија од Скопје претходно дозволила таа дел од турнусите во траење од 12 месеци да ги врши тука и да ѝ биде признаена специјализацијата што ја стекнала на Универзитетот во Белград. „Во текот на постапката се утврди дека со решение на Министерството за образование и наука на РСМ на третоосомничената како странски државјанин ѝ е признаен завршен прв циклус на студии и стекнат академски назив доктор на медицина. Таа има положено специјалистички испит по гинекологија и акушерство на Медицински факултет при Универзитетот во Белград и со одлука на Комисија на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје од февруари 2020 година одлучено е третоосомничената да заврши дел од турнусите во траење од 12 месеци по што ќе ѝ биде признаена специјализацијата по гинекологија и акушерство како да е стекната во РСМ. Поради тоа, во конкретниот случај отсуствуваат битните елементи за постоење на кривичното дело надрилекарство, а тоа е сторителот да нема пропишана стручна подготовка и да се занимава со лекување што подразбира континуирано, подолготрајно вршење такви дејствија“. Обвинителството во истрагата утврдиле дека гинекологот од Битола, кој ѝ е сопруг на лекарката, на 1 јануари годинава ја повикал сопругата да изврши царски рез. Другиот гинеколог од битолската болница, пак, не ја спречил туку дозволил таа да учествува во зафатот. „Со ваквите дејствија двајцата осомничени и прибавиле корист на третоосомничената изразена во право таа да учествува како оператор при породување со царски рез на пациентка“, велат од ОЈО Битола. Дополнително, на 4 јануари гинекологот, сопруг на лекарката, во службената книга во која се внесуваат податоци за извршени оперативни зафати отстранил четири страници, а во новоотворениот оперативен дневник внел невистинити податоци. Делото непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, пак, за кое е казнета српската лекарка, е затоа што таа отишла во битолската болница иако во сила била мерка за заштита против ковид-19 со која се забранува движење и посета на болниците од неовластени лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osomnichenite-lekari-za-carskiot-rez-vo-bitola-se-spogodija-i-dobija-uslovni-kazni/feed/ 0
Добија само парични казни: Се вратија на работа битолските гинеколози кои дозволија лекарка без лиценца да направи царски рез https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dobija-samo-parichni-kazni-se-vratija-na-rabota-bitolskite-ginekolozi-koi-dozvolija-lekarka-bez-licenca-da-napravi-carski-rez/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dobija-samo-parichni-kazni-se-vratija-na-rabota-bitolskite-ginekolozi-koi-dozvolija-lekarka-bez-licenca-da-napravi-carski-rez/#respond Mon, 01 Mar 2021 18:55:14 +0000 https://kurir.mk/?p=475735

Двајцата битолски гинеколози од денеска се вратија на работата откако беа суспендирани затоа што дозволиле неовластено невработено лице да присуствува во операциската сала. Скандалот во битолската гинекологија се расчисти со парични казни за лекарите, шест месеци со намалена плата за 30 проценти. Веста за враќањето на работа и изречените казни ја потврди за „Независен“ директорката на Клиничката болница во Битола д-р Билјана Гагачовска. „Од денес гинеколозите почнуваат на работа, заврши дисциплинската постапка. Комисијата донесе предлог-казна врз која се донесе решение од директор за изрекување на казна за двајцата лекари – максимална парична казна која ја предвидува Законот за здравствена заштита и тоа 30 проценти во наредните шест месеци. Со тоа заврши дисциплинската постапка и завршија причините за времено отстранување од работа“, ни рече директорката д-р Гагачовска. Скандалот на битолска гинекологија го обелодени „Независен.мк“. Гинеколозите Михалјо Вангелов и Гоце Чакаровски (инаку поранешен заменик-министер за здравство и национален координатор за здравство во Владата на Зоран Заев), на првиот ден од новата година дозволиле невработен гинеколог, странски државјанин да учествува во породување жена со царски рез. Станува збор за сопругата на Вангелов која е специјалист гинеколог, невработена, државјанин на Србија, пишува порталот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dobija-samo-parichni-kazni-se-vratija-na-rabota-bitolskite-ginekolozi-koi-dozvolija-lekarka-bez-licenca-da-napravi-carski-rez/feed/ 0
Поднесени кривични пријави против гинеколозите од Битола кои повикале невработено лице да породува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseni-krivichni-prijavi-protiv-ginekolozite-od-bitola-koi-povikale-nevraboteno-lice-da-poroduva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseni-krivichni-prijavi-protiv-ginekolozite-od-bitola-koi-povikale-nevraboteno-lice-da-poroduva/#respond Mon, 08 Feb 2021 15:16:56 +0000 https://kurir.mk/?p=465870

СВР Битола на 08.02.2021 до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против: М. В. (33) од Битола, поради постоење на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување по чл. 353 од КЗ на РСМ и “Фалсификување службена исправа“ по чл. 361 ст.1 и 2, Г.Ч. (60) од Битола поради постоење на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување по чл. 353 од КЗ на РСМ, А. В (33) од Белград, Р.Србијa, сопруга на првопријавениот, заради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Надрилекарство“ по чл. 209 и кривично дело “Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ по чл. 206 од КЗ на РМ. Првопријавениот и второпријавениот како доктори гинеколози во ЈЗУ Клиничка болница- Битола пречекорувајќи ги своите посебни овластувања во вршење на должноста и овозможиле на третопријавената на 01.01.2020 без соодветна лиценца за работа издадена од Лекарска комора на РСМ, да даде медицинска помош- изврши оперативна интервенција, породување со царски рез во ЈЗУ Клиничка болница Битола – операциона сала на Одделение за гинекологија и акушерство врз родилка. По завршувањето на интервенцијата, првопријавениот во оперативниот дневник внел невистинит податок, односно во графата податоци за оператор, ги внел своите податоци и податоците на второпријавениот, а од стариот оперативен дневник отстранил страници на кои третопријавената ги запишала извршените оперативни интервенции на 01.01.2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseni-krivichni-prijavi-protiv-ginekolozite-od-bitola-koi-povikale-nevraboteno-lice-da-poroduva/feed/ 0
ЗДРАВСТВОТО КРАХИРА: Најмалку 100 илјади граѓани немаат пристап до една или повеќе основни здравствени услуги, гинеколози нема ни за лек https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvoto-krahira-najmalku-100-iljadi-grag-ani-nemaat-pristap-do-edna-ili-povek-e-osnovni-zdravstveni-uslugi-ginekolozi-nema-ni-za-lek/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvoto-krahira-najmalku-100-iljadi-grag-ani-nemaat-pristap-do-edna-ili-povek-e-osnovni-zdravstveni-uslugi-ginekolozi-nema-ni-za-lek/#respond Tue, 21 Jul 2020 12:16:03 +0000 https://kurir.mk/?p=379181

Здравствените индикатори покажуваат дека најмалку 100 илјади граѓани немаат пристап до една или повеќе основни здравствени услуги, а пак најмалку 40 илјади граѓани се соочуваат со значителни финансиски потешкотии заради лични трошоци кои ги прават при добивање на здравствена заштита, информираат од Здружението ЕСЕ кое денеска одржа онлајн прес-конференција на тема „Како макроекономските политики влијаат врз пристапот до здравствена заштита за жените, мајките и децата“, со посебен фокус на реализацијата на превентивните програми на Министерството за здравство. Од Здружението истакнуваат дека средствата кои Министерството за здравство ги одвојува за Програмата за скрининг на ракот на грлото на матката предвидува опфат на само околу 30 отсто од жените од целната возрасна група (од 24 до 60 години). Дополнително на тоа, потенцираат, Министерството за здравство во 2019 година го намали буџетот на оваа програма за 2,8 милиони денари. -Воедно, поради недостиг на матични гинеколози, само 60 отсто од жените имаат избрано матичен гинеколог. Сето тоа води кон тоа само 28 отсто од жените да бидат опфатени со оваа програма за период од шест години (2012 – 2018 година). Се бележи несоодветност во планирањето и реализацијата на буџетот на Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата. Податоците од теренот покажуваат дека само 13 отсто од родителите на малолетни деца во изминатите три години добиле здравствено едукативен материјал за детско здравје, вакцинација, иако овој вид  едукативен материјал е предвиден и реализиран според Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата, наведуваат од Здружението. Според Здружението, во моментот работата на патронажната служба не е уредена со ниту една програма и покрај тоа што таа служба е од особена важност за здрава бременост и соодветно следење на здравјето на мајките и доенчињата. – Само 41 отсто од жените Ромки (од Шуто Оризари, Делчево и Виница) биле посетени од патронажна сестра за време на последната бременост во изминатите три години. Додека во ромските населби во Шуто Оризари 20 отсто од новороденчињата не биле посетени од патронажна сестра. За особено ранливата категорија на деца, односно деца кои се неосигурани и се надвор од образовниот систем, потрошени се само седум отсто од средствата наменети за нивни систематски прегледи во 2018 година, додаваат од Здружението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvoto-krahira-najmalku-100-iljadi-grag-ani-nemaat-pristap-do-edna-ili-povek-e-osnovni-zdravstveni-uslugi-ginekolozi-nema-ni-za-lek/feed/ 0
Гинеколозите се фатиле за глава кога ја пораѓале Александра – очекувала близнаци, а се случило ова… (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ginekolozite-se-fatile-za-glava-koga-ja-poragjale-aleksandra-ochekuvala-bliznaci-a-se-sluchilo-ova-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ginekolozite-se-fatile-za-glava-koga-ja-poragjale-aleksandra-ochekuvala-bliznaci-a-se-sluchilo-ova-foto/#respond Sun, 24 Feb 2019 13:19:09 +0000 https://kurir.mk/?p=167694

23-годишната Александра Кимова дознала дека чека бебе и била пресреќна. Бременоста се одвивала во ред, но на породувањето и докторите се фатиле за глава. Оваа девојка од Чешка и сопругот веќе имале едно синче, а сега очекувале близнаци, но се случило нешто неверојатно. Имено, докторите виделе дека таа носи пет бебиња. Таа со царски рез без компликации ги родила сите пет бебиња. Семејството е пресреќно и вели не може да ја опише среќата со зборови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ginekolozite-se-fatile-za-glava-koga-ja-poragjale-aleksandra-ochekuvala-bliznaci-a-se-sluchilo-ova-foto/feed/ 0
ПАП тест бесплатен, но се наплаќа – Кој е виновен!? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pap-test-besplaten-no-se-naplakja-koj-e-vinoven/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pap-test-besplaten-no-se-naplakja-koj-e-vinoven/#respond Thu, 22 Nov 2018 17:20:14 +0000 https://kurir.mk/?p=130915

На една утринска програма се отвори главното прашање за ПАП тест, зошто жените не одат кога е бесплатен. При текот на емисијата се јави една жена и посочи дека тестот е бесплатен на хартија, која жена и да отиде на гинеколог едно обично ехо да направи и се наплаќа, иако според законот матичен гинеколог не треба да наплаќа. Таа дури посочи дека ако пацинетките сакаат веродостоен точен ПАП тест треба да доплатат, бидејќи на Клинички дури не се знаело кој го прегледува. Затоа отишла на приватен гинеколог, пишува Здравство.мк Душко Филиповски е Претседател на Здружение на матични гинеколози кој во секоја своја статија и изјава посочува дека кај избраните гинеколози, според Фондот, треба да се бесплатни дијагностички прегледи со ЕХО, колпоскопија, земање брис. Тој објаснува дека ПАП-тестот е бесплатен на секои три години и за него се повикуваат пациентите по возрасни групи, според веќе определена програма. За ПАП-тест еднаш годишно се плаќа партиципација од 60 денари. Прифатените светски правила велат дека ако трите последни теста се уредни, наредниот се прави за три години – вели д-р Филиповски. Иако по закон за прегледите кај матичните гинеколози не треба да се наплаќа, најголем дел од нив им земаат пари на пациентките. Кога избраниот гинеколог ќе побара пари за бесплатен преглед, советуваат од Фондот, осигуреничките треба да му посочат дека се запознаени со нивните права и дека прегледот кај избран лекар не се наплаќа. Во случај кога се инсистира на наплата за прегледот, потребно е да побараат фискална сметка за извршените здравствени услуги и да го информираат Фондот, било преку претставка доставена во писмена форма било преку електронска форма, а во прилог да достават фотокопија од финансиската документација (фискална сметка). При читањето на оваа статија, гледачката на водителот му рече, токму тој и наплатил за ПАП тест и не и дал фискална сметка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pap-test-besplaten-no-se-naplakja-koj-e-vinoven/feed/ 0
Скандалозно: Четворица гинеколози ја прегледуваат Гордана Јанкулоска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozno-chetvorica-ginekolozi-ja-pregleduvaat-gordana-jankuloska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozno-chetvorica-ginekolozi-ja-pregleduvaat-gordana-jankuloska/#respond Tue, 05 Jun 2018 17:08:49 +0000 https://kurir.mk/?p=62672

Во ризична бременост по судски налог ја прегледуваат гинеколози. Скандалозен тек на судскиот процес против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска која е една од обвинетите во случајот Тенк. Во ризична бременост по судски налог ја прегледуваат гинеколози. Скандалозен тек на судскиот процес против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска која е една од обвинетите во случајот Тенк. По налог на судијката Добрила Кацарска конзилијарен тим од четворица гинеколози ја прегледува екс министерка за внатрешни, Гордана Јанкуловска. Прегледот се врши за да се утврди дали навистина Јанкуловска е во ризична бременост, што ја спречува да присуствува на судењата за случајот „Тенк". Гинеколозите треба да утврдат во која недела од бременоста е Јанкуловска, дали постои ризик да се породи во скоро време и дали може нормално да се движи. Во стручната Комисија која го врши прегледот членуваат гинеколозите: Ана Данева, Бети Зисовска, Иво Ќаев и Горан Кочоски. Јанкуловска деновиве јавно алармираше за нејзината состојба и односот на судот. Реагира дека во периодот пред породување треба речиси секој втор ден да присуствува на рочиштата. Во само еден месец Кацарска закажала дури осум рочишта за овој предмет. Јанкулоска реагира дека во ризична бременост треба да присуствува на рочишта кои најчесто траат и по 10 ина часови во судници без клима. За ваквите скандалозни случувања таа преку отворено писмо реагираше и до министерките за правда и за труд и социјала. Побара остварување на нејзините права во областа на судството и заштита на правата на децата и жените. Одбраната на екс министерката нејзиното отсуство го оправдала со медицинска документација. Јанкулоска, смета дека нејзините права се грубо повредени, и бара час поскоро надлежните да преземат акција во рамките на нивните надлежности, за нејзина заштита.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozno-chetvorica-ginekolozi-ja-pregleduvaat-gordana-jankuloska/feed/ 0
Одбележан Денот на акушерки и медицински сестри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezan-denot-na-akusherki-i-medicinski-sestri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezan-denot-na-akusherki-i-medicinski-sestri/#respond Sat, 05 May 2018 16:15:05 +0000 https://kurir.mk/?p=50400

Во јавните здравствени установи значително е намален бројот на сестрите, акушерките и инструментарките, кои бараат повисоки плати и подобри услови за работа, беше истакнато денеска на одбележувањето на 5 мај - Денот на акушерките и медицинските сестри. Од  Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки   укажаа дека бројот на медицински сестри се намалува од различни причини, како пензионирање, заминување во странство и преквалификации. Побараа поголемо валоризирање на нивниот труд, како и Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека медицинските сестри,  техничари, акушерки со својата работа се еден од столбовите на здравствениот систем. - Вашата професија бара постојана едукација и унапредување во струката и затоа медицинските сестри ќе ги задржиме во земјава со постојана едукација соработувајќи со престижни универзитетски центри, рече Филипче, кој истакна и дека ќе се вработуваат медицински сестри за да не се дозволи да се затвораат одделенија. Одговарајќи на новинарски прашања Филипче рече дека странски лекари без лиценци не смеат да работат во Македонија. - Недозволиво е странски лекари, непријавени без лиценци, односно не знаеме воопшто имаат лиценци, да работат каде било во нашата држава. Тоа најстрого ќе го санкцинираме и ќе го спроведеме кон другите институции кои имаат ингеренции да се справат со таа работа. рече Филипче. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezan-denot-na-akusherki-i-medicinski-sestri/feed/ 0