гиро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Mar 2022 08:19:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гиро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Гирото летово 4 евра? https://arhiva.kurir.mk/svet/region/giroto-letovo-4-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/giroto-letovo-4-evra/#respond Tue, 22 Mar 2022 08:19:05 +0000 https://kurir.mk/?p=651151

Бранот на поскапувања поради пандемијата и војната во Украина влијае и врз туристичкиот сектор. Македонските агенции годинава за 5 до 15 евра го поскапија организираниот превоз со автобус до Грција, па така, доколку за Халкидики пред две години повратна карта чинеше 35 евра, сега таа цена е 40 евра. Поголема е разликата во цените за превозот до смештаите на Јонско Море, за каде повратна карта чини 50 или 55 евра. Аранжманите од 9 ноќевања годинава скоро и да ги нема, па за цените за кои некогаш се поминувало 10, годинава се поминуваат 8 дена на море. Во Грција, пак, веќе е најавено поскапување на основните намирници, но и на омилениот ручек – гиро пита, кој 3,3 најверојатно ќе поскапи на четири евра. Дали навистина ќе биде така, ќе треба да почекаме и лично да се увериме, бидејќи ситуацијата во моментов ја диктира војната во Украина и последиците од неа, а присутни се и последиците од короната. Немаме конкретни потврди за поголеми поскапувања, зависи до кога ќе трае сè, велат од српските туристички агенции за „Блиц“. Грчките медиуми велат дека бранот на поскапувања ја зафати и Грција како и сите други земји. Зголемени се трошоците за живот, а цената на брзата храна е зголемена за околу 30 отсто. Се очекува гирото да биде четири или повеќе евра, а според Савас Цесидис, претседател на Панеленската федерација на месари, цената на свинското месо е повисока за 50 до 60 центи за килограм и 30 центи за килограм пилешко. Grckainfo.com објави дел од моменталните цени во Грција. Шише „кока-кола“ е 1,90 евра, домашно пиво 0,5 литри точено пиво е четири, додека увезено пет евра. Леб во Грција ќе ве кошта 1 евро, сирење 4,48 евра, а млеко 1,31 евро. За десет јајца во Грција се потребни 3,26 евра, а за пилешки гради без коски седум евра. Цената за јаболката, бананите, портокалите, доматите, компирот, кромидот, оризот, зелената салата е повисока за 20, 30, 40 или 50 центи од кај нас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/giroto-letovo-4-evra/feed/ 0
Во Грција не јадете гиро, во Турција баклава – докторите откриваат зошто https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-grcija-ne-jadete-giro-vo-turcija-baklava-doktorite-otkrivaat-zoshto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-grcija-ne-jadete-giro-vo-turcija-baklava-doktorite-otkrivaat-zoshto/#respond Thu, 22 Jul 2021 08:13:13 +0000 https://kurir.mk/?p=540106

Омилената храна која ја има во туристичките дестинации може да биде опасна по вашата здравје. Докторите откриваат што не треба да јадете на популарните летувалишта за да ги избегнете стомачните проблеми. Голем број туристи за време на својот одмор или по враќањето од него се соочуваат со стомачни тегоби. Гастроентеролозите велат дека оваа ситуација може да се избегне доколку со себе понесете пробиотик и го пиете најмалку еднаш дневно, а особено внимание треба да обрнете и на специфичноста во исхраната. ГРЦИЈА Во Грција треба да го избегнувате месото, според докторите, бидејќи поради високите температури тоа често се замрзнува повеќе пати, што е добра подлога за бактерии. -Најмногу во Грција се јаде гиро, а неговиот квалитет е дискутабилен. Направен е со месо кое слабо е термички обработено и се врти по цел ден на некои места и на сонце, што не е хигиенски. Затоа, според докторите, подобро е во Грција да јадете суфлаки од чисто место кое се пржи на 600-700 степени, температура на која бактериите умираат. ЕГИПЕТ Доколку летувате во Египет не пијте вода од чешма. Консумирајте исклучиво флаширана вода, бидејќи водата која не е бактериолошки исправна може да предизвика сериозно заболувања. Избегнувајте и многу заченета храна, на која не сме навикнати. ТУРЦИЈА Докторите велат дека туристите кои патуваат во Турција, каде особено е популарна исхраната на база на шведска маса, особено треба да се внимава да не дојде до прејадување. Според нив баклавите треба да се избегнуваат бидејќи долго стојат. Наместо тоа може да јадете свежи колачи или овошна салата. Не ја преполнувајте чинијата, јадете пет помали оброци дневно. ЦРНА ГОРА Морските плодови подготвени на разни начини е еден од специјалитетите на црногорската кујна, но според докторите треба да ги избегнувате или да сте сигурни во локалот каде би ги јаделе. Морските плодови, особено школките се најголем извор на токсини и патогени бактерии кои можат да предизвикаат сериозни мачнини, велат гастроентеролозите. Само добро измиени школки се добри за исхрана, но речиси и да не постои гаранција дали готвачот пред да ги подготви ги исчистил на соодветен начин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-grcija-ne-jadete-giro-vo-turcija-baklava-doktorite-otkrivaat-zoshto/feed/ 0
ВНИМАВАЈТЕ: Доколку викендот одите во Грција мора да си земете повеќе пари со себе https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vnimavajte-dokolku-vikendot-odite-vo-grcija-mora-da-si-zemete-povekje-pari-so-sebe/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vnimavajte-dokolku-vikendot-odite-vo-grcija-mora-da-si-zemete-povekje-pari-so-sebe/#respond Thu, 25 Apr 2019 07:58:11 +0000 https://kurir.mk/?p=190995

Грчката Комисија за заштита на конкуренција по службена должност започна истрага во врска со натписите во медиумите поврзани со зголемувањето на цената на гирото, со цел да провери дали има прекршување на Законот за заштита на слободната трговија, јави дописничката на МИА од Атина. – По натписите во печатените и електронските медиуми во последните денови, според кои, постои веројатност за зголемување на цената на гирото од 1 мај 2019 година, соопштуваме дека Комисијата за заштита на конкуренцијата поведе, по службена должност, контрола во чии рамки се испитува дали она што е наведено во медиумите претставува прекршување на одредбите од Законот 3959/2011 за заштита на слободната конкуренција, соопшти Комисијата. Во соопштението се објаснува дека според конкретниот грчки закон, се забрануваат секаков вид договори што ја спречуваат, ограничуваат или нарушуваат конкуренцијата на грчкиот пазар или директно или индиректно ги одредуваат куповните или продажните цени. За прекршувањата, според законот, се предвидени санкции. Веста за зголемувањето на цената на гирото поради поскапувањето на месото за 30 проценти, пред една седмица ја објави грчката телевизија „Скај“, а со изјави излезе и претседателот на Комората на трговци од Атина, кој повика на дијалог со цел цените да останат исти. Дописничката на МИА од Атина разговараше со сопственици на таверни што служат гиро, кои ја потврдија информацијата. Два дена подоцна, со објаснување излезе и Министерство за економија на Грција, кое соопшти дека „не може да се извлечат сигурни заклучоци за тоа дали трендот на пораст на меѓународните цени на свинското месо е пренесен на потрошувачките цени, но малопродажните цени не покажуваат висок степен на корелација“. Инаку гирото во Грција се очекува да биде поскапо за 10 до 15 проценти, односно за 10, 20 или 30 центи, поради покачувањето на цените на месото, и да достигне цена до три евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vnimavajte-dokolku-vikendot-odite-vo-grcija-mora-da-si-zemete-povekje-pari-so-sebe/feed/ 0
По гирото, скокна цената и на суфлакито https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-giroto-skokna-cenata-i-na-suflakito/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-giroto-skokna-cenata-i-na-suflakito/#respond Mon, 22 Apr 2019 12:47:58 +0000 https://kurir.mk/?p=189814

По гирото, уште еден удар врз џебот на туристите во Грција. Откако поскапе популарното гиро, најавено е и поскапување на суфлаки. Новоформираниот синдикат на производители на суфлаки од Атина објави дека традиционалното грчко свинско суфлаки може да поскапи и до три евра. Како главна причина за тоа ја наведе цената на свинското месо во светот. Синџирите за брза храна и продавачи на суфлаки во Грција, како што објави агенцијата АНА, се обидуваат да ја смират ситуацијата, но признаваат дека очекуваат дополнителни трошоци. Многу од продавачите анкетирани од агенцијата изјавиле дека очекуваат да ги апсорбираат дополнителните трошоци и дека цените ќе останат непроменети. Дел од нив пак велат дека очекуваат пораст на цената од 10 евроценти. Цената на свинското месо на светскиот пазар порасна поради поморот на свињи во Кина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-giroto-skokna-cenata-i-na-suflakito/feed/ 0
Од 1 мај поскапо гиро во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-1-maj-poskapo-giro-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-1-maj-poskapo-giro-vo-grcija/#respond Thu, 18 Apr 2019 16:58:14 +0000 https://kurir.mk/?p=188320

Гирото во Грција од 1 мај се очекува да биде поскапо за 10 до 15 проценти, односно за 10, 20 или 30 центи, поради покачувањето на цените на месото, и да достигне цена до три евра. По веста за зголемувањето на цената, што ја објави грчката телевизија „Скај“, се огласи претседателот на Комората на трговци од Атина, кој повика на дијалог со цел цените да останат исти, а дописничката на МИА од Атина поразговара со сопственици на таверни кои служат гиро и ја потврдуваат информацијата. – За жал ќе мора да ја зголемиме цената, веројатно тоа ќе биде од 1 мај. Ако сега гирото чини 2,10 евра, тогаш цената ќе биде 2,20 или 2,30 евра, вели за МИА сопственичка на продавница за гиро. – Слушнавме за покачувањето на цената, меѓутоа ние, за почеток нема да направиме промени. Цената ќе остане иста, иако месото е поскапо, вели сопственик на таверна. На прашањето на МИА дали тоа им оди во прилог во однос на профитот, сопственикот вели дека генерално, гирото за носење не носи воопшто профит, но немаат друг избор, бидејќи сакаат да им излезат во пресрет на граѓаните. – Тоа е како домино. Поскапо месо, поскапо гиро. Што да правиме. Не можеме ние да ја покриеме разликата. Со зголемувањето на ДДВ пред некоја година, не ги покачивме цените. Решивме, да ја покриеме ние како таверна. Но, сега ќе мора да се направат промени. Секако, поскапувањето нема да биде големо, 10, 20 или 30 центи не се многу. Поважен ни е квалитетот, вели сопственичка на таверна во разговор со дописничката на МИА од Атина. Сопствениците на таверните и рестораните кои подготвуваат и служат скара, а работат на формирање свое здружение за да се справат со проблемите во нивниот сектор, за грчката телевизија „Скај“ велат дека цената на месото од 1 март е зголемена за 30 отсто. Претседателот на Комората на трговци од Атина, Јанос Хаѕитеодосиу, негативно ја коментира информацијата дека се очекува покачување на цената на гирото за 10 до 15 отсто. Тој вели дека ја сфаќа загриженоста на сопствениците и го повторува ставот на Комората дека мора да има олеснување и намалување на високите даноци. – Упатувам повик до сите надлежни, веднаш да се започне плоден дијалог за да се избегне толку големо покачување на производ што во главно е наменет за обичните луѓе и за народните маси, но има врска и со нашата традиција. Тоа е нешто што се идентификува со Грција и е секојдневен избор на значителен дел од населението, па дури и туристичка атракција. Зголемувањето на цената значително ќе ги оптовари и домаќинства, особено оние со мали финансиски можности, но мислам исто и трговците, бидејќи сметам дека ќе се намали потрошувачката, вели Хаѕитеодосиу и додава дека во интерес на сите е да не се примени зголемувањето на цената за 10 до 15 проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-1-maj-poskapo-giro-vo-grcija/feed/ 0