гитара – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 22 Aug 2022 14:07:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гитара – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Што видовте прво? Оптичка илузија која открива дали сте родени да бидете лидер или романтичар https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-vidovte-prvo-optichka-iluzija-koja-otkriva-dali-ste-rodeni-da-bidete-lider-ili-romantichar/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-vidovte-prvo-optichka-iluzija-koja-otkriva-dali-ste-rodeni-da-bidete-lider-ili-romantichar/#respond Mon, 22 Aug 2022 14:07:21 +0000 https://kurir.mk/?p=722150

Погледнете во вашата потсвест Постојат оптички илузии кои се направени за намерно да си играат со вашиот ум, но има и такви кои можат да откријат многу за вас. Ако сте подготвени да погледнете во вашата потсвест, добро погледнете ја илустрацијата пред вас. Според авторот, тоа може да ви каже каков тип на личност сте, но се зависи од тоа што прво ќе видите. Затоа, широко отворете ги очите и запомнете што прво забележавте. Гитара Ако прво сте ја виделе гитарата, тоа значи дека сте роден лидер. Вие сте многу креативни и најдобро работите кога работите и луѓето ги поставувате како што треба. Вие сте природен лидер и луѓето ги привлекува вашата моќ и самодоверба. Дури и ако не се обидете да го преземете водството, луѓето природно ве следат. Ова е подарок со кој сте родени и никогаш нема да ве остави. Месечина и дрвја Ако прво забележавте убава слика составена од дрвја и месечева светлина, тогаш тоа значи дека сте вечен романтичар и дека сте многу семејна личност. Сепак, вешто ја криете својата романтична страна. Вистина е дека романтиката е вашата слаба точка, но мора да има нешто или некој што ќе ве поттикне. Мислите дека романтиката треба да биде лична, специфична и приватна. Вие всушност мислите дека ако другите го знаат ова за вас, ќе почнат да ве сметаат за слабак.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-vidovte-prvo-optichka-iluzija-koja-otkriva-dali-ste-rodeni-da-bidete-lider-ili-romantichar/feed/ 0
Гитара на „Фу фајтерс“ на наддавање, се проценува на 35.500 долари https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/gitara-na-fu-fajters-na-naddavanje-se-procenuva-na-35-500-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/gitara-na-fu-fajters-na-naddavanje-se-procenuva-na-35-500-dolari/#respond Mon, 22 Aug 2022 11:46:41 +0000 https://kurir.mk/?p=722034

Гитара на кojaшто свири Дејв Грол во еден од првите музички спотови на рок-бендот „Фу фајтерс“ ќе биде понудена на продажба на 7 септември. Моделот „Греч вајт фалкон“ што се појавува во спотот за песната „Monkey Wrench“ од 1997 година, првично беше во сопственост на американскиот ритам-гитарист Пет Смир (член на групата), а често се користеше за нивниот втор албум „The Color And The Shape“, објавен таа година. Се очекува гитарата да достигне цена меѓу 17.750 и 35.500 долари на аукција на „Гардинер хаулгејт“ од Вилтшир. Гитарата се продава со Полароид-фотографија направена од Смир на којашто холивудската глумица Дру Баримор го држи инструментот. – Ова е многу интересна гитара бидејќи е една од ретките во сопственост на „Фу фајтерс“, веројатно најголемиот рок-бенд на Земјата во мигов, која некогаш излегла на јавна аукција. Очекувам интерес од целиот свет. Фактот што се појавува толку истакнато во култното видео на бендот „Monkey Wrench“ ја прави (гитарата) исклучително привлечна за колекционерите и обожавателите, изјави аукционерот Лук Хобс. Пет Смир, ја купил гитарата во 1996 година и ја докажа нејзината автентичност за целите на наддавањето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/gitara-na-fu-fajters-na-naddavanje-se-procenuva-na-35-500-dolari/feed/ 0
Скршената гитара на Ноел Галагер продадена за 300.000 евра https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/skrshenata-gitara-na-noel-galager-prodadena-za-300-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/skrshenata-gitara-na-noel-galager-prodadena-za-300-000-evra/#respond Thu, 19 May 2022 06:44:44 +0000 https://kurir.mk/?p=678711

Црвената електрична гитара „Гибсон“ од 1960 година, користена од Ноел Галагер, некогашната ѕвезда на бендот „Оазис“, којашто фронтменот на бендот – неговиот брат Лијам, ја скршил 2009 година, вечерта кога бендот се распаднал, е продадена на аукција во Париз за 300.000 евра. Медиумите пишуваат дека Лијам во бес ја скршил гитарата на брат му, на фестивал во француската престолнина, непосредно пред групата да се качи на сцената. Музичките стручњаци и аукциската куќа истакнуваат дека тоа бил еден од „култните мигови“ во историјата на рок-музиката. Подоцна инструментот бил поправен од француски производител на виолини и гитари. Англискиот пејач, текстописец и музичар потврди дека брат му му ја скршил гитарата. Ноел бил особено приврзан за овој инструмент, бидејќи на неа искомпонирал бројни текстови и мелодии. „Оваа ‘Гибсонка 355’, сериски број А34884 од 1960 година, е гитарата што Лијам Галагер ја скрши во Париз во 2009 година, ноќта на распадот на ‘Оејзис’. Тоа беше мојата омилена гитара на која составив многу песни”, напишал Ноел Галагер во белешка што оди со гитарата. Рок-бендот ‘Оејзис’ е основан во Манчестер, Англија, 1991 година, а својот врв на славата го достигна истото десетлетие со хитови како „Don’t Look Back In Anger” и „Wonderwall“. Но, неславните кавги на браќата Галагер резултираа со распад на групата. Меѓусебната нетрпеливост кулминира на фестивалот „Рок ен Сена во Париз“, по што Ноел ја напушти групата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/skrshenata-gitara-na-noel-galager-prodadena-za-300-000-evra/feed/ 0
РАЗРЕШЕНА МИСТЕРИЈАТА: Бугарите си правеле маркетинг трик, гитарите на Тоше Проески се во музејот https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/razreshena-misterijata-bugarite-si-pravele-marketing-trik-gitarite-na-toshe-proeski-se-vo-muzejot/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/razreshena-misterijata-bugarite-si-pravele-marketing-trik-gitarite-na-toshe-proeski-se-vo-muzejot/#respond Tue, 11 Jan 2022 15:06:17 +0000 https://kurir.mk/?p=618070

Во новиот видеоспот на младиот пејач Лео, тој користи многу специјална гитара, пишува бугарски „Сигнал“. Според нивните информации, тој во својот нов спот за песната „Ти си мојот живот“ ја користи гитарата на која некогаш свиреше нашиот Тоше Проески. -Гитарата му била омилена на Проески и со неа ги создал некои од своите најголеми хитови, пишува порталот. Но, зетот на Тоше ја обелодени вистината. Сите гитари на нашиот Тоше Проески се изложени во музејот во Крушево. Ниту една од нив не е продадена или пак некому дадена на користење, за „Фокус“ појаснува Славен Ристески, зет за сестра на легендарниот музичар. Славен вели дека со текот на годините веќе свикнале на секакви приказни поврзани со Тоше и на многу од нив семејството воопшто не реагира. Тврди дека многумина се обиделе да си прават маркетинг користејќи го името на Тоше, и тоа не ги изненадува. -Сите гитари кои беа на Тоше, исто како и останатите музички инструменти кои тој ги поседуваше се изложени во музејот во Крушево. Ниту една не е продадена, ниту пак дадена некому на користење. Ова со гитарата, ми личи на маркетиншки трик кој си го направиле во Бугарија. Фотографиите со гитарата кои ги објавиле, кој знае дали е тоа една иста гитара и чија е. Тоше секогаш пееше и свиреше, има многу фотографии со гитари, на кои можеби некогаш свирел на некоја забава, му дошле во раце… Секакви финти се правеле, ние веќе не си ни лутиме, ниту пак реагираме. Народот знае и не заборава кој беше Тоше, изјави Ристески. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/razreshena-misterijata-bugarite-si-pravele-marketing-trik-gitarite-na-toshe-proeski-se-vo-muzejot/feed/ 0
ФОТО: Продадена акустичната гитара на Ерик Клептон https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/foto-prodadena-akustichnata-gitara-na-erik-klepton/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/foto-prodadena-akustichnata-gitara-na-erik-klepton/#respond Mon, 22 Nov 2021 08:41:14 +0000 https://kurir.mk/?p=598097

Акустичната гитата на Ерик Клептон е продадена за 625.000 долари на аукција која е одржана во Хард Рок кафулето во Њујорк, објави аукциската куќа „Џулуенс аукшнс“ Гитарата Мартин Д-45 постигнала највисока цена на аукцијата предмети кои припаѓаат на најголемите рок легенди. Аукцијата беше одржана во петокот и саботата, а вкупната вредност на продадените предмети на некои од најголеми светски ѕвезди е речиси пет милиони долари. Проценката на гитарата на која Клептон свирел во 1970 година на првиот концерт била 300.000 до 500.000 долари. На аукцијата се продадени близу 1.000 разни предмети кои им припаѓале на Мајкл Џексон, Ејми Вајнхаус, Витни Хјустон, Лејди Гага, Мадона, Елвис Присли, Битлси, Нирвана, Ролингстонс, Ганс енд Роузес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/foto-prodadena-akustichnata-gitara-na-erik-klepton/feed/ 0
Гитара на основачот на „Пинк флојд“ продадена за над 27.000 долари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gitara-na-osnovachot-na-pink-flojd-prodadena-za-nad-27-000-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gitara-na-osnovachot-na-pink-flojd-prodadena-za-nad-27-000-dolari/#respond Fri, 29 Oct 2021 06:52:45 +0000 https://kurir.mk/?p=587473

Гитара на еден од основачите на бендот „Пинк флојд“ – Сид Барет беше продадена на наддаввање во аукциската куќа „Шефинс“ во Кембриџ, Велика Британија, за 27.400 долари. Акустична гитара „Јамаха“, со 12 жици, која му припаѓала на Сид Барет (1946-2006), е оригинален музички инструмент од 1969 година. На аукција ја ставил внукот од брат на гитаристот – Марк Барет, и првично била проценета на 13.700 долари. – Мило ми е што гитарата ќе оди кај некој што ја цени. Се надевам дека купувачот ќе ужива во тоа исто како и мојот чичко, изјави Марк Барет. Аукциската куќа соопшти дека Сид ја спомнал гитарата и во интервју за списанието „Ролинг Стоун од 1971 година. – Ова е мојата нова гитара со 12 жици. Само што се навикнав, ја пробував вчера, рече тогаш музичарот. Марк изјави дека инструментот долго време го чувал неговиот татко, кој му го предал во ноември 2020 година, непосредно пред неговата смрт. Според „Шефинс“, гитарата ја купил Французин, кој купил и градинарска маса изработена од Сид – за 3.100 долари. Парите од продажбата внукот веќе ги наменил за добротворната организација „Мајнд“ која им помага на ментално заболени пациенти и за болницата „Артур Ренк“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gitara-na-osnovachot-na-pink-flojd-prodadena-za-nad-27-000-dolari/feed/ 0
Тејлор Свифт и Бредли Купер подарија своја гитара за добротворни цели https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/tejlor-svift-i-bredli-kuper-podarija-svoja-gitara-za-dobrotvorni-celi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/tejlor-svift-i-bredli-kuper-podarija-svoja-gitara-za-dobrotvorni-celi/#respond Fri, 16 Oct 2020 08:33:59 +0000 https://kurir.mk/?p=417116

Тејлор Свифт, Бредли Купер и кантри-пејачот Кит Урбан подарија своја гитара за добротворната аукција на „Кристи’с“. Наддавањето и продажбата траат од денеска до 29 октомври, и имаат за цел прибирање средства и помош за кантри-музичарите во САД, погодени од корона-кризата. Така, гитарата „Гибсон“ на Тејлор Свифт и деветте перца, се очекува да достигнат цена од 25.000 до 40.000 долари. Електричниот инструмент на Бредли Купер, пак, користен во филмот „Ѕвездата е родена“ од пред две години, се проценува на 2.000 – 4.000 долари. На наддавањето ќе се најде и 30-годишен цимбал на кантри-ѕвездата Доли Партон (проценет на 50.000 – 100.000 долари), акордеон на Шерил Кроу (8.000 – 12.000 долари), како и гитари на Двајт Јокам и Блејк Шелтон. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/tejlor-svift-i-bredli-kuper-podarija-svoja-gitara-za-dobrotvorni-celi/feed/ 0
Гитарата на Курт Кобејн продадена за над шест милиони долари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gitarata-na-kurt-kobejn-prodadena-za-nad-shest-milioni-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gitarata-na-kurt-kobejn-prodadena-za-nad-shest-milioni-dolari/#respond Mon, 22 Jun 2020 06:58:53 +0000 https://kurir.mk/?p=360577

Акустичната гитара на којашто Курт Кобејн со неговата група „Нирвана“ свиреше на својот концерт од серијата „Ем-ти-ви анплагд”, е продадена на аукција за рекордни шест милиони долари. Гитарата „Мартин Д-18-Е“ од 1959 година е продадена во рамки на дводневната аукција под наслов „Музички икони”. Кобејн ја искористи во ноември 1993 година, пет месеци пред неговата смрт. За гитарата, интересот беше огромен, а во наддавањето највисока понуда беше онаа на австралискиот бизнисмен Питер Фридмен – сопственик на компанијата Род Мајкрофонс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gitarata-na-kurt-kobejn-prodadena-za-nad-shest-milioni-dolari/feed/ 0
Објавена потрага за гитарата на Пол Макартни исчезната пред 50 години https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/objavena-potraga-za-gitarata-na-pol-makartni-ischeznata-pred-50-godini/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/objavena-potraga-za-gitarata-na-pol-makartni-ischeznata-pred-50-godini/#respond Mon, 21 Oct 2019 06:32:21 +0000 https://kurir.mk/?p=254173

Баварскиот производител на инструменти „Карл Хофнер“ покрена глобална потрага по инструментот на Пол Макартни, педесет години откако гитарата на познатиот музичар исчезна. Леворакиот басист бас гитарата „хофнер 500/1“ ја купил во 1961 година во продавница во Хамбург и на неа свирел повеќе од две години, вклучително и на првите два албуми на „Битлс“. -Гитарата најверојатно е украдена. Ја нема повеќе од 50 години, сега е време да ја пронајдеме, изјавиле од компанијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/objavena-potraga-za-gitarata-na-pol-makartni-ischeznata-pred-50-godini/feed/ 0