ѓоко поповски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 16:04:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ѓоко поповски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Плусинфо: УРСУЛА СЕ ВОЗИ СО „ТОА НА М“, А ЃОКО ПОПОВСКИ ЛЕЖИ НА РОБИЈА Пендаровски се сети дека „Тенк“ е монтажа, ама осудениот и натаму е зад решетки 5 ипол години! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/plusinfo-ursula-se-vozi-so-toa-na-m-a-goko-popovski-lezhi-na-robija-pendarovski-se-seti-deka-tenk-e-montazha-ama-osudeniot-i-natamu-e-zad-reshetki-5-ipol-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/plusinfo-ursula-se-vozi-so-toa-na-m-a-goko-popovski-lezhi-na-robija-pendarovski-se-seti-deka-tenk-e-montazha-ama-osudeniot-i-natamu-e-zad-reshetki-5-ipol-godini/#respond Thu, 02 Nov 2023 16:04:27 +0000 https://kurir.mk/?p=895887

Со измените на Кривичниот законик, членот 353 став 5, по кој е осуден Ѓоко Поповски, сега е декриминализиран, а по останатите ставови максималната казна којашто сега би можела да му биде определена изнесува 5 години. Тие 5 години, Поповски, без никакви отпусти и помилувања, ги издржа уште во мај, но останува во затвор и понатаму (осуден за друго дело), без да му се дозволи да користи викенд отсуства и да го гледа семејството. А „мерцедесот“ се вози ли се вози..., пишува порталот Плусинфо.мк. Деновиве јавноста повторно имаше прилика да го види фамозниот владин блиндиран „мерцедес“, за кој во 2018 година Добрила Кацарска, тогашната перјаница на Кривичниот суд, спектакуларно подели неколку повеќегодишни затворски казни. Како што е познато, случајот доби публицитет, поради набавката на „тоа на М“, како што опозицијата го нарекуваше блиндираниот „мерцедес“, алудирајќи на еден разговор од „бомбите“ на Зоран Заев, во кое поранешниот премиер Никола Груевски дава инструкции какво треба да биде блиндираното возило што требало да се набави за потребите на владата. Тогашната опозиција ја обвинуваше владејачката ВМРО-ДПМНЕ за луксузирање, а приказната за набавката на блиндираното возило со највисок степен на заштита, какво што до тогаш државата немаше, дојде како кец на десетка. Во тоа време многу се зборуваше за тоа што значи тој луксуз и дали имало кражба, а опозицијата ветуваше дека по доаѓањето на власт „мерцедесот“ ќе го продаде и со парите ќе се купеле болнички возила. Потоа се слушна дека ова ветување мора да биде одложено, зашто „тоа на М“ наводно морало да остане во Македонија како доказ, но откако заврши целиот театар, возилото остана во употреба и очигледно е дека врши голема работа. Исчезнаа и гребаниците од мачките на Оливер… Пет ипол години подоцна, „мерцедесот“ не само што не е продаден, туку се користи при секоја посета на висок државник кој пристигнува во земјава, кога неговото обезбедување инсистира на повисок степен на заштита. Болнички возила не се набавени, а исчезнаа и наводните гребаници од мачките кои тогаш ги „откри“ министерот Оливер Спасовски. Доколку тоа возило не беше набавено, велат познавачите, тогаш Македонија за вакви и други прилики ќе мораше да изнајмува, како што сега ќе мора да изнајмиме 175 луксузни возила за 900.000 евра, за самитот на ОБСЕ. Во аферата „Тенк“ настрадаа три лица: поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски. Пет ипол години подоцна, Никола Груевски, кој беше главен таргет на овој процес, е во Унгарија во азил, поради политички прогон. Гордана Јанкуловска вчера го напушти „Идризово“, со условен отпуст, откако чесно издржа три години ефективна казна затвор. Но, првообвинетиот за набавката на блиндираниот „мерцедес“, Ѓоко Поповски, кој доби казна од 6,5 години затвор, уште е зад решетки. Цели 5 ипол години! Практично од мај 2018, поради висината на казната, па до денес, Поповски е прво во притвор, па потоа во затвор, на издржување на казната. Единствена добра вест за него е тоа што Апелација му ја намалила казната затвор, но Врховниот суд во септември 2020 година ја потврдил казната. Тогаш, како и сега, медиумските наслови се фокусираа на позвучните имиња, иако Поповски веќе беше две ипол години зад решетки. Инаку, Судот не утврди дека Поповски, како првообвинет, остварил каква било имотна корист, а не е утврдено ниту дека фирмата којашто го набавила „мерцедесот“ остварила екстра профит. Пендаровски проговори – никој не украл, нема штета врз буџетот! После шест години и претседателот Стево Пендаровски призна дека „Тенк“ е процес без основа. Пред нешто повеќе од две недели, во интервју за телевизијата Телма, тој ќе изјави: – Еве го „мерцедесот на Груевски“ по еден од тие ставови. Вели, прибавил имотна користа за себе, го оштетил буџетот или оштетил некој трет. Како е оштетен буџетот со возило кое се купува од безбедносни резони и не треба втор понудувач и ден денеска е во употреба? Како прибавил имотна корист за себе, Груевски или Гордана Јанкуловска, а ден денеска го возиме кога ќе дојде некој претседател или премиер? Еве, на 29-ти во Скопје ќе дојде (претседателката на Европската комисија) Урсула Фон дер Лајен. Ќе се вози во истиот „мерцедес“. Значи, не можете вие во таканаречени еластични норми, да бидам културен, да ставате сѐ, затоа што не можете на друг начин да осудите. После оваа изјава на Пендаровски, дојде и Фон дер Лајен во Скопје, се повози со „мерцедесот“, но Ѓоко Поповски остана да ја издржува казната за „мерцедесот“. Една од надлежностите на шефот на државата е да внимава на функционирањето на правдата и секој граѓанин да биде еднаков пред државата. Иако Пендаровски е убеден дека во предметот „Тенк“ нема криминал, три недели нема реакција од неговиот кабинет по јавно искажаниот став. Поповски останува единствениот осуден во затвор, за случајот за кој Пендаровски смета дека нема дело за кое е осуден. Може ли Ѓоко да се надева на помилување? Согласно Законот за помилување, токму Претседателот е тој којшто формира комисија и ослободува од гонење или потполно или делумно извршување на казната со поблага казна или ја укинува. Останува прашањето дали Пендаровски ќе реагира, бидејќи сега, после 5,5 години, јасно е дека нема веќе никаква оправданост Поповски и натаму да лежи робија во „Идризово“, како единствениот трофеј на поранешната власт за еден бесмислен случај. Со измените на Кривичниот закон, членот 353 став 5, по кој е осуден Ѓоко Поповски, сега е декриминализиран, а по останатите ставови максималната казна којашто сега би можела да му биде определена изнесува 5 години. Тие 5 години, Поповски, без никакви отпусти и помилувања, ги издржа уште во мај, но останува во затвор и понатаму (осуден за друго дело), без да му се дозволи да користи викенд отсуства и да го гледа семејството. Ниту кога судовите во разни инстанци ги изрекуваа казните за „Тенк“, а ниту сега, Поповски го нема во насловите во медиумите. Велат дека станува збор за непартиски кадар и за личност која никогаш не била во фокусот на вниманието на јавноста. Ако има среќа, а и правда, можеби претседателот Стево Пендаровски ќе се сети дека во „Идризово“ лежи еден човек и издржува казна за измислено кривично дело, со кое никому не му е нанесена штета, за еден „мерцедес“ кој и денеска развезува странски државници кои доаѓаат во Македонија и меѓу другото ни зборуваат за независно судство, за правна држава, за правда… Извор: Плусинфо.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/plusinfo-ursula-se-vozi-so-toa-na-m-a-goko-popovski-lezhi-na-robija-pendarovski-se-seti-deka-tenk-e-montazha-ama-osudeniot-i-natamu-e-zad-reshetki-5-ipol-godini/feed/ 0
Кочан и Поповски се ставени во изолација, заразениот затвореник престојувал со нив https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kochan-i-popovski-se-staveni-vo-izolacija-zarazeniot-zatvorenik-prestojuval-so-niv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kochan-i-popovski-se-staveni-vo-izolacija-zarazeniot-zatvorenik-prestojuval-so-niv/#respond Thu, 02 Jul 2020 15:47:49 +0000 https://kurir.mk/?p=367657

Во затворот во Идризово регистриран е првиот затвореник позитивен на коронавирусот Ковид – 19. Покрај заразениот од вирусот, во изолација се уште десет затвореници од неговата и соседната ќелија кои имале контакт со него. Како што информира директорот на затворот Боби Мојсовски за МИА, затвореникот кој бил од Велес, бил на викенд од 24 до 27 јуни и на 30 јуни пријавил дека има покачена темпаратура при што му е направен тест за Ковид кој бил позитивен. Меѓу десетте затвореници кои се во изолација се Ѓоко Поповски и Сеад Кочан, кои беа обвинети од пропаднатото СЈО и осудени на долгогодишни казни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kochan-i-popovski-se-staveni-vo-izolacija-zarazeniot-zatvorenik-prestojuval-so-niv/feed/ 0
Падна пресудата за „Триста“: Апелација ја укина 9-годишната затворска казна на Поповски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/padna-presudata-za-trista-apelacija-ja-ukina-9-godishnata-zatvorska-kazna-na-popovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/padna-presudata-za-trista-apelacija-ja-ukina-9-godishnata-zatvorska-kazna-na-popovski/#respond Wed, 26 Dec 2018 09:25:56 +0000 https://kurir.mk/?p=145205

Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда за случајот на СЈО „Триста“, односно за спорната набавка на МВР со која биле набавени 300 возила, и случајот го врати на повторно судење. Обвинет во овој случај, за злоупотреба на службената положба и овластување, беше помошник министерот во МВР, Ѓоко Поповски, кој беше осуден на 9-годишна казна затвор. Адвокатката Сања Алексиќ ни изјави дека сѐ уште не ја добиле пресудата на Апелација, но биле информирани дека е укината, бидејќи биле известени дека Поповски од затворот „Идризово“ е вратен во истражниот затвор „Скопје“, зошто второстепениот суд му одредил мерка притвор. -Деталите и насоките од второстепениот суд ќе ни бидат познати дури откако ќе ја добиеме пресудата, изјави адвокатката Алексиќ. Првостепената пресуда беше донесена во мај годинава, од страна на судијката Добрила Кацарска. Извор: ФОКУС]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/padna-presudata-za-trista-apelacija-ja-ukina-9-godishnata-zatvorska-kazna-na-popovski/feed/ 0
Заврши седницата на Апелација за пресудите на Груевски и Поповски во случајот „Тенк“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-sednicata-na-apelacija-za-presudite-na-gruevski-i-popovski-vo-sluchajot-tenk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-sednicata-na-apelacija-za-presudite-na-gruevski-i-popovski-vo-sluchajot-tenk/#respond Wed, 05 Sep 2018 12:45:34 +0000 https://kurir.mk/?p=96657

Заврши јавната седницата на Апелацискиот суд на која се расправаше по жалбата на првостепената пресуда за Никола Груевски и Ѓоко Поповски за предметот „Тенк“. Како што рече претседателката на судечки совет Цветанка Периќ одлуката ќе биде добиена од Кривичен суд до каде ќе биде испратена. Осудениот Ѓоко Поповски пред судечкиот совет рече дека не е криминалец и не ја злоупотребил службената положба и не знае како се злоупотребува службена положба. Очигледно е во оваа наша чудесна земја, како што рече Поповски, кога не може по коњот, најлесно е да се удри по самарот. По првостепената пресуда за „Тенк“ поднесени се шест жалби, четири од адвокатите на Груевски, една лично од Груевски и една од Ѓоко Поповски. Во жалбата на Груевски е наведено дека во февруари 2018 година настапила застареност на кривичното дело, поради телефонскиот разговор што го направил Груевски на 26.02.2012 година. Во неа се посочува дека пресудата е нејасна и противречна поради што се бара укинување на пресудата од првостепениот суд. Пресудата има бројни недостатоци, пред се суштествени повреди во постапката, а направени се и големи повреди во Кривичниот законик, рече адвокатот Стерјо Зиков образложувајќи ја пред судечкиот совет на Апелацискиот суд жалбата за првостепената пресуда за Ѓоко Поповски во предметот „Тенк“. Според него, има повреди на кривичната постапка во неправилното изведување на материјалните докази, кои судијата дозволи да се читаат како наслови во листата на докази, а не и содржински што е спротивно на Законот за кривична постапка. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-sednicata-na-apelacija-za-presudite-na-gruevski-i-popovski-vo-sluchajot-tenk/feed/ 0
Анализа: Поповски – жртва на политичка одмазда https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-popovski-zrtva-na-politichka-odmazda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-popovski-zrtva-na-politichka-odmazda/#respond Sat, 26 May 2018 16:41:18 +0000 https://kurir.mk/?p=58644

МВР веќе 10 години ги користи возилата набавени набавени на тендер во 2008 година за кои што е отворен предметот „Триста“. Со нив се вршат увиди, се реализираат претреси, се врши обезбедување и сите останати полициски задачи. Според информации од полицијата, дел од овие возила во почетокот биле позајмени и користени за потребите на Специјалното јавно обвинителство. Ѓоко Поповски ниту ги присвоил, ниту пак со нивната набавка за себе присвоил некаква материјална корист. Сепак Добрила Кацарска процени дека Ѓоко Поповски мора да врати 500 000 евра за овие возила, а згора на тоа да лежи и казна затвор во времетраење од 9 години. Заедно со предметот Тенк, во само два дена, Добрила Кацарска му изрече пресуда во времетраење од 15,5 години на помошник министер кој ниту прибавил имотна корист за себе или некој друг, ниту пак направил реална штета со оглед на тоа што набавените возила се во сопственост на државата и се користат од институциите, се вели во анализата на Република. За споредба, истиот суд на терористите и убијци изрекува поблаги казни. Четворица од обвинетите  од Диво Насеље кои убија осуммина припадници на безбедносните сили и повредија уште десетици им се изречени казни од по 13 и 14 години затвор. За нив нема оштетно побарување, иако материјалната штета беше десетици милиони евра. За нив дури и се најавува ревизија на предметот, додека за Ѓоко Поповски поддржувачите на Заев врескаат барајќи уште построга казна. „Тоа што МВР се чувствува оштетено после 10 години возење на набавените возила, е само еден типичен израз на политичка одмазда кон сите кои биле некакви функционери од претходната политичка гарнитура. Тоа не е право, тоа е најобична дискриминација поради таквата припадност и за жал и СЈО потпадна под таквиот став иако очекувањата на јавноста беа сосема подруги. Затоа предлагам судот да донесе одбивателна пресуда ако го прифати ставот на одбраната дека СЈО не е овластен тужител или ослободителна пресуда затоа што јавниот обвинител не докажал надвор од разумното сомневање дека обвинетиот го сторил делото за кое се обвинува.“ изјави неговиот бранител во завршните зборови. Поповски во притвор заради сеење страв Ѓоко Поповски, иако редовно се повикуваше на сите судски покани, иако никогаш не изјави дека не го почитува судот, иако претходно не е осудуван, иако има нарушена здравствена состојба и се грижи за неподвижна мајка и не поседува никаков имот во странство, со одлука на кацарска се најде во протвор. Судечкиот совет му го определи притворот и покрај тоа што законот предвидува дека одлуката за притвор треба да ја донесе кривичниот совет, а не судечкиот по предметот. За споредба, обвинетите во предметот Монструм, од кои Африм Исмаиловиќ и Алил демири сеуште се во бегство на Косово, се бранат од слобода за масакрот кај Смилковското езеро. Според Основниот суд, Ѓоко Поповски е поголема закана од лицата обвинети дека брутално егзекутираа 5 момчиња на Велики четврток. Кои беа аргументите на одбраната за ставот дека се води политички процес? На 26.08.2008 година комисијата извршила јавно отварање на понудите, и по извршената евалуација и консултација со представници од службите кои требаше да бидат корисници на овие автомобили, на 17.09.2008 година донела извештај од спроведената постапка, со предлог за избор на најповолна понуда. Притоа, освен економски најповолната понуда, комисија сугерирала дека е потребно да се изврши набавка со примена и на вториот критериум, со избор на различни видови на ПМВ од различни модели и производители имајќи го во предвид карактерот и содржината на службените задачи и обврски ( конспиративност, доверливост, сигурност). Постапувајќи по  извештајот и предлогот за избор на најповолни понуди донесен од комисијата за јавни набавки, Поповски носи одлука за избор на најповолна понуда. Што друго можел да стори Поповски во врска со оваа одлука? Комисијата за јавни набавки одговорно и целосно си ја извршила својата работа. Таму работеле стручни лица номинирани од раководителите на  идните корисници на возилата, како и искусни професиналци од неговата служба, специјалисти за јавни набавки, а  тие ја сугерирале и примениле и одредбата од неговата одлука за јавна набавка која се однесува на делливоста на набавката внатре во лотовите. Сите членови на комисијата за јавни набавки со сведочеа дека ја донеле најдобрата одлука, без никој да им се меша при одлучувањето. Имаше многу логикаво објаснувањата дека 120 “Фиат линеи“ или 150 “Опел астри“ќе привлечат внимание и ќе бидат синоним за цивилни полициски возила. Ги споменаа негативните искуства со препознатливите цивилни полициски возила  во Македонија, но и во странство. Од друга страна, напоменаа дека од корисниците добиле барања и за караван возила, за возила кои се моноволуменски или пак седани со одвоен багажен дел. Поповски одлучил на барање и во полза на полицијата Во таков еден амбиент Поповски ја донел одлуката за избор на најповолна понуда во која било целосно прифатен предлогот на комисијата за јавни набавки. За оваа одлука биле известени сите понудувачи за целиот избор. Еден од понудувачите кој воопшто не бил рангиран поднел и жалба со која ја нападна одлуката воопшто да небиде рангиран, но и одлуката да се врши поделба на изборот внатре во секој лот. Одлуката на  комисија за жалби по јавни набавки при владата на РМ беше дека жалбата се одбива како неоснована и дека постапката е спроведена со доследна примена на одредбите на Законот за јавни набавки. На тој начин,  единствениот надлежен орган за оцена на законитоста на постапката ја потврди истата и дала конечен легитимитет на одлуките на Комисијата за јавни набавки и на одлуките на Ѓоко Поповски. Со оваа одлука, на обвинетиот  му се даде зелено светло да отпочне со склучување договори со избраните понудувачи и да се продолжи со реализација на набавката, која и беше во следните неколку месеци реализирана со предавање на возилата, а во следните 36 месеци со плаќањето на возилата на добавувачите. На тој начин се реши еден горлив проблем за нормалното функционирање на МВР со успешен модел на плаќање, а се во рамките на предвидениот буџет за  таа намена. Клиентелистичкиот суд гледа „злоупотреба“ без намера и без материјална корист Заклучокот е јасен. МВР добило возила кои и да биле нешто поскапи, вределе за својата цена, возила кои реално му биле потребни, возила од разни модели и изведби, такви возила какви биле побарувани од корисниците и кои биле евидентирани како потребни. Затоа МВР ги набавило и платило  возилата кои му биле реало неопходни и кај МВР не може да постои штета. На пример, за МВР непходни биле караван возила за увидните екипи да ја превезуваат полесно својата опрема, па 30 такви возила и се набавиле иако тие возила биле нешто поскапи од обичните  седан или хечбек возила кои се нуделе на тендерот. Не треба посебно да се објаснува дека далеку по практични за таа намена биле набавените караван возила, од возилата “опел астра“. Исто така, сосема разбирливо и логично е дека на службите на МВР им требале разни видови на возила за да не бидат препознатливи како цивилни полициски возила, па затоа се купени разни модели и марки на возила. СЈО тврди дека се привилегирале продавачите на возилата кои не биле прворангирани, но не се вели дека на нив им била прибавена имотна корист. Во обвинението не се тврди и дека на  прворангираните продавачи на возила им била нанесена штета. Тие всушност во текот на постапката и не кажаа дека им е нанесена штета и дека предјавуваат имотно правно побарување. Сето ова води кон правната анализа и испитувањето дали во дејствијата на обвинетиот се содржани елементите на кривичното дело “Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 од КЗ. Така, на прв поглед се забележува дека кај обвинетиот не постои умисла за сторување на кривичното дело. За постоење на ова кривично дело треба кај сторителот да постои директна умисла. Не се докажа дека кај обвинетиот постои намера со донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда во овој тендер, на МВР му нанесе штета. Поповски го прифаќа ставот на професионалците од комисијата за јавни набавки, многу покомпетентни од него за процена на реалните потреби на организационите единици во МВР, за видовите на возила. Во теоријата е познато дека службената положба е искористена кога службеното лице ги користи службените овластувања делувајќи спротивно на потребата и интересите на службата за да оствари некој свој или туѓ интерес. Поповски не делувал спротивно на потребите и интересите на службата и не остварил ниту свој ниту туѓ интерес. Затоа во неговите дејствија не се содржани елементите на кривичното дело “Злоупотреба на службената положба и овластување“. Ставот на обвинителството по повод постоењето на елементите на ова кривично дело е погрешен и не навлегува во суштината на ова кривично дело.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-popovski-zrtva-na-politichka-odmazda/feed/ 0
Зиков: Не сум задоволен од пресудата за Ѓоко Поповски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zikov-ne-sum-zadovolen-od-presudata-za-gjoko-popovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zikov-ne-sum-zadovolen-od-presudata-za-gjoko-popovski/#respond Tue, 22 May 2018 13:21:11 +0000 https://kurir.mk/?p=57066

Адвокатот на осудениот Ѓоко Поповски, Стерјо Зиков попладнево изрази незадоволство од изречената пресудата и од висината на казната. - Да се даде девет години за кривично дело сторено пред 10 години во јавна набавка за која сега постои различно толкување на прописите дали биле правилно применети или не, сметам дека е работа за која не треба да се коментира. Ќе се обидам да се воздржам, тоа го бараше и Ѓоко од мене достоинствено да ја сослушаме пресудата и да продолжиме понатаму да се бориме со поднесување жалба до повисокиот суд, изјави Зиков пред Кривичниот суд. Додаде дека ќе поднесе жалба за изречениот притвор за Поповски, но оти не очекува ефект од тоа. Зиков рече дека неговиот клиент сериозно е загрижен и за утрешното изрекување на пресудата во случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес, каде е еден од обвинетите. Поповски, како што рече Зиков, побарал од него да каже дека утре не сака да присуствува во Судот при изрекувањето на пресудата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zikov-ne-sum-zadovolen-od-presudata-za-gjoko-popovski/feed/ 0
Пресуда за Поповски за случајот „Триста“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/presuda-za-popovski-za-sluchajot-trista/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/presuda-za-popovski-za-sluchajot-trista/#respond Tue, 22 May 2018 06:17:49 +0000 https://kurir.mk/?p=56795

Во Кривичниот суд денеска ќе биде соопштена пресудата за предметот „Триста“, во кој обвинет е поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност во врска со јавната набавка на 300 возила. На минатото рочиште беа изнесени завршни зборови на обвинителите од Специјалното јавно обвинителство и на одбраната. СЈО побара осудителна пресуда за Поповски за кривичното дело за кое е обвинет, за што е предвидена казна затвор од четири до 15 години. Одбраната, пак, побара Поповски да биде ослободен од обвинението. Поповски пред Судот кажа дека не е виновен и оти постапката што се води против него сериозно влијаела на неговото здравје. Рече и дека во изминатиот период се соочил со многу закани, уцени и притисоци, но не прецизира од кого. Тој се пожали и дека му бил даден отказ од МВР во, како што наведе, сомнителна дисциплинска постапка.
Ѓоко Поповски е обвинет дека со јавната набавка на 300 возила за МВР го оштетил буџетот за 453.570 евра. Според СЈО, Поповски незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на Порше Македонија ДООЕЛ Скопје, Ка-Дис ДОО Скопје, Бохемија Автомобили Роус ДООЕЛ Скопје, Колевски ДОО Скопје и Авто Куќа ДОО Скопје избрани како економски најповолни понуди.  Нови судски рочишта денеска во Кривичниот суд треба да се одржат за предметите на СЈО „Тарифа“, „Титаник 2“ и „Труст“. МИА
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/presuda-za-popovski-za-sluchajot-trista/feed/ 0
Ѓоко Поповски ја поби тезата на СЈО за фаворизирање на економскиот оператор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjoko-popovski-ja-pobi-tezata-na-sjo-za-favoriziranje-na-ekonomskiot-operator/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjoko-popovski-ja-pobi-tezata-na-sjo-za-favoriziranje-na-ekonomskiot-operator/#respond Thu, 17 May 2018 15:19:46 +0000 https://kurir.mk/?p=55354

Старото половно возило ВМВ е поскапо од новиот Мерцедес. На огласот за јавна набавка на блиндирано возило од 4 април 2012 до 15 мај 2012 година, ниту еден економски оператор не поднел барање и прашање ниту е побарано измена на тендерската документација, рече обвинетиот Ѓоко Поповски во своите завршни зборови. Рокот за тоа бил 6 дена. Тендерската документација била подигната од 15 или 16 економски оператори, а еден од нив бил и "Микеј", фирма која што се занимава со воена опрема. -Значи секој економски оператор кој е регистриран за промет со возила и има економски интерес, законот му дозволува да учествува во постапката за јавна набавка. Законот за антимонопол дозволува сите економски оператори да можат да учествуваат во јавната набавка. Исто така, согласно ЗЈН секој оператор има право на жалба на тендерската документација. Но, ниеден економски оператор не го стори тоа, рече Поповски. Тезата на СЈО дека со тоа што во спецификацијата е ставено и "сервисирање на возилото" и со тоа биле исфрлени од конкуренција другите економски оператори, Поповски ја поби со тоа што тој објасни дека на веб страницата на mercedes-benz.com.mk постои можност за аплицирање за овластени сервисери на Мак Ауто Стар. Што упатува на тоа дека секој економски оператор може да ги користи овие овластени сервисери под одредени услови. Поради овој факт, не постои фаворизирање на економски оператор. Во врска со јавната набавка на половно блиндирано возило, обвинетиот Ѓоко Поповски рече дека таа била поништена бидејќи цената за половното вип возило од марката BMW била многу висока, односно околу 580.000 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjoko-popovski-ja-pobi-tezata-na-sjo-za-favoriziranje-na-ekonomskiot-operator/feed/ 0
Обинението „Тенк“ против Поповски е неосновано и политички мотивирано https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obinenieto-tenk-protiv-popovski-e-neosnovano-i-politichki-motivirano/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obinenieto-tenk-protiv-popovski-e-neosnovano-i-politichki-motivirano/#respond Thu, 17 May 2018 11:57:19 +0000 https://kurir.mk/?p=55229

Бројните сведоци потврдија дека МВР имало потреба од набавка на вакво возило, а според вештакот сведок, кој без лиценца извршил вештачење, компанијата Мак Ауто Стар во оваа набавка направила вообичаена провизија што значи немала екстра профит. Кои се тогаш мотивите и интересите на обвинетиот Ѓоко Поповски?, праша адвокатот Стерио Зиков. Според него, од материјалните и од вербалните докази се докажа спротивното. Направена е вообичаена јавна набавка, обезбедени се пари од буџетот и објавена тендерската документација. -16 економски оператори кои се пријавиле на тендерот не поставиле ниту едно прашање, барање или измена во врска со тендерската документација. Значи никој не бил дискриминиран или оштетен.  Обвинетите можеле да го купат ВИП возилото во директна набавка доколку сакале и економските оператори не би имале можност ниту права да бараат замерки на документацијата. Но, решиле тоа да го сторат по пат на тендер со цел да дојдат до најефтина цена од понудивачите. Неможноста за фаворизирање го потврди и сведокот Зоран Василевски кој бил вработен во Аутомакедонија, кој рече дека во Македонија во 2006 година е донесен закон за антимонопол па, компанииите можат да продаваат автомобили за кои тие не се генерални застапници. -Докажавме дека тезата на СЈО дека Никола Груевски ја искористил својата положба и ја фаворизирал компанијата Мак Ауто Стар не е точна, рече адвокатот Сања Алексиќ во своите завршни зборови во Тенк. *дел од завршните зборови на Зиков Во однос на тврдењето дека Ѓоко Поповски, тогашен на помошник на министерот во Секторот за општи и заеднички работи, ги пречекорил своите овластувања и сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, така што тој да ја искористил својата службената положба и овластување при вршење на јавни набавки и незаконски да го повласти – фаворизира економскиот оператор Мак Аутостар ДООЕЛ Скопје, во текот на постапката обвинителството не предложи ниту еден доказ со кој би се аргументирало ваквото тврдење. Напротив, во доказната постапка недвосмислено се потврди дека на Ѓоко Поповски, целосно му било пренесено овластувањето за спроведување на јавните набавки и тој постапувајќи во рамките на своето овластување (како лице со генерално овластување и пренесено овластување да спроведува постапки за јавни набавки во МВР од 2012 кои всушност претставуваат континуитет и обновување на овластувањето што го добил во 2008 година), во согласност со член 28 од ЗЈН, ги донел потребните акти поврзани со конкретната набавка, односно како што пропишува законот во својство на овластеното лице за спроведување на јавните набавки, во рамките на средствата кои биле обезбедени со буџетот за 2012 година донел Одлука за јавна набавка. Врз основа на оваа одлука изготвена е Тендерската  документација, чиј составен дел е и техничка спецификација за карактеристиките на возилото.  Наспроти тврдењето на СЈО, од исказите на сите сведоци кои биле директни учесници во постапката, без разлика дали се предложени од СЈО или од одбраната и од изведените материјални докази, не произлезе дека обвинетиот Ѓоко Поповски ја изготвил или учествувал во изготвување на техничката спецификација како составен дел од тендерската документација. Пропаѓаат тезите на СЈО Пропаѓа и тезата на СЈО дека ВИП возилото било однапред порачано, бидејќи во тој период по електронски пат биле нарачани повеќе возила од тој тип, но според датумите јасно се гледа дека возилото Мерцедес с600 Гард е нарачано по затворањето на јавната набавка. Според исказот на Зиков, од аудио разговорите се потврдува и тоа дека никој од обвинетите не го познавал генералниот директор на Мак Ауто Стар, Зоран Марковски и не направил разговор и договор за набавка на возилото. СЈО со ни еден доказ не докажа дека обвинетиот Ѓоко Поповски извршил дело за кое се товари. Во врска со цената на ВИП возилото, бранителот Зиков рече дека кај народот е претставена како расипништво во време на слаба економска моќ. Но, безбедноста на домашните и странските лица кои доаѓаат во земјава е скапа и чини многу пари. Иако СЈО ја спори висината на проценетата вредност на набавката и постапката за нејзиното утврдување, повторно МВР со писмено појаснување кое подоцна беше потврдено и со искази на сведоци, во целост го побива и ова тврдење на СЈО и појаснува дека согласно Законот за јавни набавки врз основа на утврдените извори на финансирање договорниот орган донесува план за јавни набавки во кој се утврдува проценетата вредност и видот на постапката за набавка, а проценетата вредност и наачинот на проценување на истата ја прописшува министерот за финансии и според овој правилник во случај на промена на проценетата вредност не е потребно да се менува планот за јавни набавки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obinenieto-tenk-protiv-popovski-e-neosnovano-i-politichki-motivirano/feed/ 0