Ѓорги Сламков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Jun 2023 17:53:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ѓорги Сламков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сламков: Високиот степен на системска корупција е катализирано од највисоките структури на власта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slamkov-visokiot-stepen-na-sistemska-koruptsija-e-katalizirano-od-najvisokite-strukturi-na-vlasta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slamkov-visokiot-stepen-na-sistemska-koruptsija-e-katalizirano-od-najvisokite-strukturi-na-vlasta/#respond Thu, 15 Jun 2023 17:53:05 +0000 https://kurir.mk/?p=846251

„Суштината на борбата против корупцијата е дека таа бара слаби институции, не постојни контролни механизми, а најсилна алатка да се справиме е транспарентноста, отвореноста, објавување на податоци јавноста да знае“, истакна поранешниот претседател на ДКСК, Ѓорги Сламков на денешната трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија насловена „Борба против корупцијата и криминалот“. Тој посочи дека живееме во едно општество кое е со многу висок степен на системска корупција во сите пори на општеството, а особено тоа е катализирано од највисоките структури на власта. „Во 2020-та година стигнавме на 111-то место, тоа е веќе екстремна корупција, минатата година стигнавме на 85-то место што значи дека повторно имаме многу големи проблеми со корупцијата. Извештајот на ЕК за 2022-ра година вели дека во Македонија корупцијата е широко распространета и дека создава сериозна загриженост“, кажа Сламков. Тој потенцираше дека кога тој бил претседател на ДКСК во 2013/2014-та година тогаш како држава се наоѓавме на 64-67 место со 45 индексни поени, а пред нас единствено беа Хрватска и Словенија од регионот а сите земји од регионот па и дури членки на Европската Унија беа зад нас. „Работите се целосно излезени од контрола и затоа кај луѓето е изгубена надежта. Тие не гледаат надеж и перспектива овде и затоа бегаат од државата“, заклучи Сламков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slamkov-visokiot-stepen-na-sistemska-koruptsija-e-katalizirano-od-najvisokite-strukturi-na-vlasta/feed/ 0
Сламков: Да се даваат ваучери сред изборен процес е кривично дело https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slamkov-da-se-davaat-vaucheri-sred-izboren-proces-e-krivichno-delo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slamkov-da-se-davaat-vaucheri-sred-izboren-proces-e-krivichno-delo/#respond Wed, 03 Feb 2021 14:47:02 +0000 https://kurir.mk/?p=463700

Минатата година власта распиша избори. И потоа фати короната. Владата прогласи вонредна состојба. Во тој период се даваа ваучери на граѓаните. Ако се погледнат членовите од 33 до 36 од Законот за спречување на корупција, судир и интереси и членот 8-а од Изборен законик, тоа се вонредни исплати. Во Закон дефинирано е што се вонредни исплати и тие се забранети за време на изборен процес. Почна изборниот процес, се прекина поради вонредната состојба и се донесе Уредба со законска сила од страна на Владата со која што се суспендираа овие членови. Прекина вонредната состојба и продолжи изборниот процес, а тие ваучери продолжија да се даваат, истакна денеска во емисијата „Добро утро секое утро” на Алфа телевизија, професорот по казнено право на Европскиот универзитет Ѓорги Сламков. -Државната комисија на тоа не реагираше, затаи, посочи Сламков и додаде: „Комисијата требаше да излезе и да каже дека Владата може да дава помош, но сето тоа треба да биде по изборниот процес. Не сред избори, бидејќи на тој начин го корумпираат изборниот процес. За ова кривично се одговара. Државната комисија мораше да преземе дејствија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slamkov-da-se-davaat-vaucheri-sred-izboren-proces-e-krivichno-delo/feed/ 0
Сламков: Според Транспаренси во Македонија се зголемила корупцијата во време на корона, ова треба да го вклучи црвениот аларм за преземање на радикални мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slamkov-spored-transparensi-vo-makedonija-se-zgolemila-korupcijata-vo-vreme-na-korona-ova-treba-da-go-vkluchi-crveniot-alarm-za-prezemanje-na-radikalni-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slamkov-spored-transparensi-vo-makedonija-se-zgolemila-korupcijata-vo-vreme-na-korona-ova-treba-da-go-vkluchi-crveniot-alarm-za-prezemanje-na-radikalni-merki/#respond Wed, 03 Feb 2021 14:37:24 +0000 https://kurir.mk/?p=463694

Индексот што го прави Транспаренси е најрелевантен индекс за корупцијата во светот. За Македонија исто како и минатата година индексот е направен врз база на седум истражувања. Ова е најлошата позиција што Македонија некогаш ја имала. Не нарекоа земја со корупција во време на корона. И ова треба веќе да го вклучи црвениот аларм за преземање на радикални мерки, вели професорот по казнено право на Европскиот универзитет Ѓорги Сламков. Тој во емисијата „Добро утро секое утро” на Алфа телевизија, истакна дека кога од 106-то сега Македонија е на 111-то место во светот за корупција, потребен е радикален чекор. -Скоро излезе уште еден индекс, тоа е на Херитиџ фондацијата. И таму сме паднати за околу седум, осум места во споредба на минатата година. Таму како основна причина е наведена владеењето на правото. Тие велат вака “ограничена судска независност и политизација на телото за надзор врз работата на судството. На крај завршуваат дека Македонија има сериозен проблем со корупцијата, посочи Сламков. Според него, Државната комисија за спречување на корупцијата е административно тело, превентивно тело кое креира политики и стратегии. Тоа не е оперативно тело. Комисијата кога ќе добие информации за извршено кривично дело доставува иницијативи до Јавното обвинителство и тука завршува нејзината работа. -Затоа сметам дека ние треба да пристапиме кон промена на институционалниот модел за борба против корупцијата. Треба да одиме на вториот модел кој што постои во светот, а тоа се агенции за борба против криминалот. Постојат два типа, во рамките на полицијата и во рамките на обвинителството. Како пример ќе го кажам хрватското искуство, со нивната канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал. ЈО треба да има квалитетни истраги, значи обезбедување на целокупен доказен материјал. Судските постапки за корупција да бидат во разумен рок пресудени и што е најбитно на крајот да дојде до издржување на казната и конфискација на имотот. Исто така што приметив е тоа што во Македонија замислете нема институција која што треба да се грижи за трагање, обезбедување и за конфискација на таков имот, рече Сламков. Но, сето тоа може да се постигне само доколку има силна политичка волја. А луѓето кои работат во институциите треба да имаат интегритет, да бидат отпорни на влијанија. И не смее извршната власт да се меша во судската власт. -Затоа во извештајот на ГРЕКО има 23 препораки за Македонија во врска со превенција од корупција и интегритет кај највисоките носители на извршната власт и кај носителите во агенциите за спроведување на законот, изјави Сламков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slamkov-spored-transparensi-vo-makedonija-se-zgolemila-korupcijata-vo-vreme-na-korona-ova-treba-da-go-vkluchi-crveniot-alarm-za-prezemanje-na-radikalni-merki/feed/ 0