Ѓорѓе Божинов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 14 Jul 2023 14:07:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ѓорѓе Божинов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Божинов: Очигледно е лицемерието на СДС, нивната влада спојува концесии, а нивните локални раководства пред народот глумат загрижени граѓани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozhinov-ochigledno-e-litsemerieto-na-sds-nivnata-vlada-spojuva-kontsesii-a-nivnite-lokalni-rakovodstva-pred-narodot-glumat-zagrizheni-gragani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozhinov-ochigledno-e-litsemerieto-na-sds-nivnata-vlada-spojuva-kontsesii-a-nivnite-lokalni-rakovodstva-pred-narodot-glumat-zagrizheni-gragani/#respond Fri, 14 Jul 2023 14:07:48 +0000 https://kurir.mk/?p=856744

Со големо внимание ја следам дебатата околу прашањето за рудниците. Морам да кажам дека забележително е и лицемерието на власта, особено на СДС, чија влада дели и спојува концесии, а чии пратеници, и локални раководства, пред народот глумат загрижени граѓани, па уште ме повикуваат да се изјаснам. Ќе беше многу попрoдуктивно, истото тоа да го направеа и да побараа став од нивната влада во моментот кога носеше одлуки за спојување на концесиите и кога се исполнуваше апетитетот на ДУИ, компанијата на Дестани, Еколог да влезе во сопствеништвото на рудникот Иловица. Да бидеме на јасно, јас сега и секогаш ќе бидам против секој кој ќе работи против здравјето на моите граѓани. Јас сега и секогаш ќе бидам против секој кој ќе ги крши законите и ќе прави пари на грбот на граѓаните. И сега кога јасно ги кажувам моите позиции, јавно ќе ги повикам пратениците и локалните раководства на СДС да ја повикаат нивната влада да одговори: Зошто досега не се одзема едната концесија за експлоатација на Еуромакс? Зошто наместо тоа, Владата донесе одлука за спојување на двете концесии во една од кои едната од нив е неважечка? Дали колегите од СДС ќе се придружат кој мојот апел до истражните органи дека е потребно сериозно да се позанимаваат со ваквиот грабеж на природните богатства на Република Македонија! ДУИ нарачува, СДС исполнува. Да знаете секогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе биде со народот. Нема да дозволам нашата општина, да стане ваш бизнис. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozhinov-ochigledno-e-litsemerieto-na-sds-nivnata-vlada-spojuva-kontsesii-a-nivnite-lokalni-rakovodstva-pred-narodot-glumat-zagrizheni-gragani/feed/ 0
Божинов: Во Ново Село ќе започне инвестициона пролет, младите се основата на моето работење, во тек е реконструкција на спортската сала „Христо Татарчев“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bozinov-vo-novo-selo-kje-zapochne-investiciona-prolet-mladite-se-osnovata-na-moeto-rabotenje-vo-tek-e-rekonstrukcija-na-sportskata-sala-hristo-tatarchev/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bozinov-vo-novo-selo-kje-zapochne-investiciona-prolet-mladite-se-osnovata-na-moeto-rabotenje-vo-tek-e-rekonstrukcija-na-sportskata-sala-hristo-tatarchev/#respond Wed, 02 Mar 2022 13:22:42 +0000 https://kurir.mk/?p=639477

Деновиве изминуваат 100 дена од моментот кога ја презедов функцијата Градоначалник. 100 дена кои беа исполнети со многу предизвици и препреки, но и можност за обезбедување нови понуди и решенија. Општина Ново Село има голема територија - но премал буџет. Јас знам дека очекувањата на граѓаните се големи, и затоа мојата заложба е голема. Секојдневното работам и инсистирам во постапките да се донесат нови содржини и проекти. Општина Ново Село да добие можност за реализација на својот потенцијал, а граѓаните да го најдат својот интерес и обезбедат егзистенција за себе и своите семејства, истакна Ѓорѓе Божинов, градоначалник на општина Ново Село на регионалниот отчет „Промени што носат иднина - 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“. Божинов додаде дека веднаш по доаѓањето на функција се отпочна со чистење на дивите депонии. Досега се исчистени околу 300 декари, и тоа во Сушица, Колешино, Мокрино, Дражево, а во периодот кој претстои ќе бидат исчистени и другите во останатите населени места. Покрај уредувањето и чистењето на парковите во сите населени места, се исчисти и Колешинскиот водопад, кој повеќе години беше заборавен и а во неговото срце беше создадена депонија која на туристите им предизвикуваше одвраќање наместо восхит од овој наш прекрасен дар од природата. „Во тековното работење спроведовме и неколку асфалтирања на улици кои се од голема важност за нашите сограѓани: -Асфалтирана е улица Првомајска во Ново Село во должина од 300 метри; -Асфалтиран е дел од улица Огражденска во Ново Село во должина од 50 метри; -Асфалтирани се сите ударни дупки во Ново Село и Мокриево“, појасни Божинов. Божинов посочи дека се изврши санација на речното корито на реката Песен, кое во последните 30 години никогаш не било чистено, и беше главен виновник за излевањето на огромни количества вода во домаќинствата во Мокрино. „На крајот од годината беше асфалтиран и училишниот двор од 1800м2 во ООУ Мануш Турновски во Ново Село, а во соработка со Светска Банка и министерството за транспорт и врски отпочната е постапка за асфалтирање на улици во Ново Село од 1460 метри, Колешино од 980 метри и во Мокриево 670 метри. Овие градежни работи, очекувам да отпочнат на крајот на месец март“, рече Божинов. Божинов укажа дека младите во општина Ново Село ќе бидат основата на работењето, па затоа во тек е реконструкција на спортската сала „Христо Татарчев“ во Ново Село. Ќе бидат целосно променети искршените стакла и ќе биде поставен видео надзор со цел да се превенираат ваквите настани во иднина. „Во перспектива пред нас, за оваа година ќе бидат асфалтирани околу 2.000 метри улици во 10 населени места, а ќе бидат изготвени и проектни документации за пешачка патека од Мокриево во Ново Село, за уредување на речното корито на реката Песен и реката Новоселка. Веќе следниот период ќе биде спремна и проектната документација за нова мотокрос патека. Најавувам и инвестициона пролет. Голем дел од моите ветувања ќе станат реалност оваа пролет, каде на наши сограѓани ќе им овозможиме да инвестираат во фотоволтаични централи и во лесна незагадувачка индустрија на новата индустриска зона во Ново Село“, нагласи Божинов. Божинов додаде промените се случуваат и мора да се случат во својата полна форма, тоа го гледате и препознавате секојдневно. Општина Ново Село ќе биде пример за многу општини во регионот и земјава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bozinov-vo-novo-selo-kje-zapochne-investiciona-prolet-mladite-se-osnovata-na-moeto-rabotenje-vo-tek-e-rekonstrukcija-na-sportskata-sala-hristo-tatarchev/feed/ 0
Божинов: Нема да дозволиме повеќе диви депонии да никнуваат во Ново Село https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bozinov-nema-da-dozvolime-povekje-divi-deponii-da-niknuvaat-vo-novo-selo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bozinov-nema-da-dozvolime-povekje-divi-deponii-da-niknuvaat-vo-novo-selo/#respond Thu, 21 Oct 2021 08:38:14 +0000 https://kurir.mk/?p=582965

Успеавме да победиме во првиот круг и да докажеме дека Општина Ново Село заслужува да биде позната по тоа што најмногу и доликува.Чисти планини, чиста вода, чисти села и котлина. Ново Село започна да го дише воздухот на победата. Воздухот кој никогаш нема да дозволиме да биде уништен од диви депонии кои никнуваат насекаде и несовесни времени или трајни загадувачи. Затоа, ова прилика ја користам да ве поканам да го зајакнеме волонтерскиот дух и темелно да ја исчистиме нашата општина на самиот почеток од мојот мандат. Јас самиот  ќе ја предводам нашата акција, истакнува Ѓорѓе Божинов, кандидат за градоначалник на општина Ново Село. -Почитувани сограѓани, Македонија избра да чекори по патот на слободата. Немаме време за губење, бидејќи нас не чека многу работа. Проектите поради кои остварив победа во првиот круг треба да се реализираат веднаш. Ние, граѓаните нема да се предадеме така лесно. Затоа што ќе излеземе и на 31-ви октомври ќе го потврдиме она за кое мечтаеме. Од први ноември, општината Ново Село мора темелно да се исчисти! Ве молам да разберете дека правото на глас е скапоцен дар на демократијата, истакна тој. Божинов потенцира дека ќе им помогне на сите сограѓани. -Ќе победиме заедно и ќе работиме за веќе - никој да не биде  зависен. На сите сограѓани да им помогнеме. Никој не знае за кого гласаш. Лебот е живот, а гласот е слобода. Изберете слободен леб, порача тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bozinov-nema-da-dozvolime-povekje-divi-deponii-da-niknuvaat-vo-novo-selo/feed/ 0
Божинов: Парична помош за секое новороденче, нова развојна индустриска зона, туристички капацитети и поддршка за земјоделците во Ново Село https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bozinov-parichna-pomosh-za-sekoe-novorodenche-nova-razvojna-industriska-zona-turistichki-kapaciteti-i-poddrshka-za-zemjodelcite-vo-novo-selo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bozinov-parichna-pomosh-za-sekoe-novorodenche-nova-razvojna-industriska-zona-turistichki-kapaciteti-i-poddrshka-za-zemjodelcite-vo-novo-selo/#respond Sun, 10 Oct 2021 19:35:35 +0000 https://kurir.mk/?p=576729

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, вечерва на митингот во Ново Село, истакна дека ќе го посвети сето свое знаење и енергична спремност за реализација на гарантираните проекти како парична помош за секое новороденче, нова развојна индустриска зона, туристички капацитети, поддршка за земјоделците, чистење на дивите депонии, реконструирање на спортските капацитети, дежурна служба за здравствена заштита и многу повеќе проекти за сите граѓани. Нема да можеме да создадеме нова иднина, без да направиме промена, ако не ги препознаеме и поддржиме оние кои работат и умеат да создаваат, од оние кои тоа не го можат и го забораваат својот народ, рече Божинов. Тој рече дека во залог ја става целата негова иднина, како млад, чесен и работлив човек и излегува пред сограѓаните со чист образ, со проекти кои ќе гарантираат промени. Божинов ги гарантираше следниве проекти за општина Ново Село: -Акцент ставам на основните потреби на нашите сограѓани, како водоводи, филтер станици, акумулациски базени за чиста вода за пиење, асфалтирани улици и општина без кал, канализациони системи, и гарантирам посветеност на проекти кои ќе го подигнат животниот стандард на граѓаните; -Преку креирање индустриска развојна зона, помеѓу Смолари и Ново Село, гарантираме креирање на можности за инвестиции во лесна незагадувачка индустрија. Да создадеме олеснителни услови за инвеститорите за да ги мотивираме да отворат нови работни места за нашите сограѓани и да делат пристојни плати; -Наша прва задача е нашите Беласица и Огражден, да ги исчистиме од дивите депонии, а потоа ќе поттикнеме напреден развој на руралниот туризам, преку создавање поволна бизнис клима, да го поттикнеме инвестициониот циклус во овој сегмент, каде ќе мотивираме и наши сограѓани кои се на привремена работа во странство, да инвестираат во родните места, а со тоа да ја потпомогнат локалната економија и развој на општината; -Преку креирање содржини за уживање во убавините на нашиот регион, со адреналински off-road и мотокрос патеки, туристички капацитети и решенија за посета и рекреација, за развој на планинарскиот дух, гарантирам високо позиционирање на Ново Село на европската туристичка карта. -Ќе креираме и поттикнеме услови за развој на спортскиот дух, преку нови и реконструкција на постоечките спортски терени, преку можности за учество во младински клубови и центри за унапредување и развој на новите генерации; -За нашите земјоделци, ветувам дека канцеларијата на Министерството за земјоделие, водостопанство и шумарство пак ќе се врати во Општинската зграда во Ново Село, за да вие мои сограѓани, можете полесно да ги остварувате своите права, но и посветено и редовно ќе ставиме акцент на одржување и расчистување на полските патишта и канали, и ќе давам безрезервна поддршка за успешен пласман на вашите производи; -Обезбедување дежурна служба за да нашите сограѓани, секогаш имаат пристап до навремена здравствена заштита и третман; -Во нашата програма, предвидуваме и поддршка на клубовите за стари лица и пензионери, а наша задача е да ја прилагодиме општината и услугите на општината, за лицата со физичка попреченост, а со тоа и елиминирање на социјалните бариери за целосен, независен и интегриран живот во заедницата; -Важен дел во мојот четиригодишен мандат треба да посветиме на зголемување на наталитетот и мотивирање за истото во нашата општина, затоа предвидена е и еднократна парична помош за секое новородено дете; -Но, за целокупно достоинствено живеење, потребна ни е соодветна заштита, затоа ќе вложиме напор за противпожарните сили на Општина Ново Село кои треба да се модернизираат и да се скрати времето за интервенција, а со тоа и навремена заштита на населението; -Гаранција за македонскиот идентиет е негувањето на културата и реконструкцијата на објектите за настани од културата и создавање на нови содржини. Божинов посочи дека со многу работа општина Ново Село ќе стане современа, дигитална, модерна и напредна општина, општина за сите луѓе. -Ве повикувам овие денови да ни се придружите, да ги посетите Вашите роднини и пријатели, и да ги потсетиме дека на 17-ти октомври, ќе направиме важен и одлучувачки чекор за општина Ново Село. Со заокружување на бројот 7, започнуваме создавање на нова иднина, порача Божинов од Ново Село.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bozinov-parichna-pomosh-za-sekoe-novorodenche-nova-razvojna-industriska-zona-turistichki-kapaciteti-i-poddrshka-za-zemjodelcite-vo-novo-selo/feed/ 0
Божинов: Ја преземам одговорноста за промена на работите во Општина Ново Село https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bozinov-ja-prezemam-odgovornosta-za-promena-na-rabotite-vo-opshtina-novo-selo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bozinov-ja-prezemam-odgovornosta-za-promena-na-rabotite-vo-opshtina-novo-selo/#respond Mon, 30 Aug 2021 12:44:17 +0000 https://kurir.mk/?p=556678

Кандидатот за градоначалник на Општина Ново Село од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Божинов на социјалните мрежи изрази благодарност до Извршниот Комитет на партијата и претседателот Христијан Мицкоски за укажаната доверба. -Им благодарам на членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Ново Село и сите мои сограѓани кои со добар збор ме исправија пред уште еден голем предизвик. Истовремено честитам на мудриот избор и проценката дека во конкретниот момент потребна е млада енергија за да ги промени работите во нашата општина. Јас ја превземам одговорноста и ќе водам напред, Ве повикувам да ми се приклучите на патот кој заеднички ќе го изодиме многу полесно. Јас сум научен да се борам и ова е борба од која не отстапувам. Со Господ напред - Ќе победиме, пишува на Фејсбук Божинов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bozinov-ja-prezemam-odgovornosta-za-promena-na-rabotite-vo-opshtina-novo-selo/feed/ 0