ѓорѓе марјановиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 02 Apr 2022 09:55:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ѓорѓе марјановиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина професорот Ѓорѓе Марјановиќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-profesorot-gjorgje-marjanovikj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-profesorot-gjorgje-marjanovikj/#respond Sat, 02 Apr 2022 09:55:05 +0000 https://kurir.mk/?p=657316

Професорот по кривично право Ѓорѓе (Ѓорѓи) Марјановиќ почина на 83 годишна возраст. Од него преку социјалните мрежи се простија проф. Гордан Калајџиев и адвокатот Александар Тортевски. Марјановиќ беше професор по кривично право, почесен претседател на Лигата за демократија и дисидент од времето на комунизмот. Познат е по своите колумни во весникот „Дневник“, а по локалните избори 2005 година е советник во Советот на град Скопје. Марјановиќ дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1962. Магистрирал на постдипломските студии по казнено-правни науки на Правниот факултет во Загреб во 1968 со тезата: "Правните последици на осудата". Докторирал на Правниот факултет во Скопје во 1973 со тезата "Правната положба на осуденикот по издржаната казна". Сиот работен век, освен приправничкиот стаж (1962-1964) во Основниот суд-Скопје II, го поминал на Правниот факултет во Скопје: асистент (1965-1974); доцент (1974-1979); вонреден професор (1979-1985) и редовен професор (1985-2001).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-profesorot-gjorgje-marjanovikj/feed/ 0
Добил мозочен удар додека пеел на концертот на Лепа Брена, а учел тежок факултет – животот на легендарниот пејач е како книга https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dobil-mozochen-udar-dodeka-peel-na-koncertot-na-lepa-brena-a-uchel-tezok-fakultet-zivotot-na-legendarniot-pejach-e-kako-kniga/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dobil-mozochen-udar-dodeka-peel-na-koncertot-na-lepa-brena-a-uchel-tezok-fakultet-zivotot-na-legendarniot-pejach-e-kako-kniga/#respond Sat, 15 May 2021 16:48:03 +0000 https://kurir.mk/?p=510783

Кога се зборува за легендарниот пејач Ѓорѓе Марјановиќ не може, а да не се споменат сите хитови, но и животните искуства кои стојат зад тие песни. Иако многумина не знаат пејачот бил апсолвент на фармацевтскиот факултет во Белград, а таму дошол од родното Кучева. На концертот на Лепа Брена во Мелбурн во Австралија далечниот 14 април 1990-та година доживеал мозочен удар на сцената додека ја пеел песната „мене нема кој да ме жали“. -На концертот во Мелбурн пред повеќе од две децении на кој и бил гостин на лепа Брена татко ми го имаше својот прв мозочен удар. Мама отиде за Австралија, а јас безпомошно дома ги чекав да се вратат. Новинарите не се тргаа од пред нашата врата, некои дури и на сила влегуваа во дворот. Се породив две недели подоцна и едвај чекав татко ми да дојде дома да го види своето прво внуче. Мајка ми и сестра ми го вратија татко ми во живот, а долго по ударот не сакаше да излегува од дома, раскажа неговата ќерка Невена во една своја прилика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dobil-mozochen-udar-dodeka-peel-na-koncertot-na-lepa-brena-a-uchel-tezok-fakultet-zivotot-na-legendarniot-pejach-e-kako-kniga/feed/ 0
ЈА ЗАГУБИ БИТКАТА СО КОРОНАТА: Почина легендарниот југословенски пејач кој имаше бројни хитови https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ja-zagubi-bitkata-so-koronata-pochina-legendarniot-jugoslovenski-pejach-koj-imashe-brojni-hitovi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ja-zagubi-bitkata-so-koronata-pochina-legendarniot-jugoslovenski-pejach-koj-imashe-brojni-hitovi/#respond Sat, 15 May 2021 16:26:35 +0000 https://kurir.mk/?p=510764

Легендата на југословенската поп-музика, Ѓорѓе Марјановиќ, почина на 89-годишна возраст. Познатиот пејач бил приклучен на респиратор и лекарите се бореле за неговиот живот изминатите денови, јавуваат медиумите во регионот. Ѓорѓе Марјановиќ е познат југословенски пејач, најпопуларен во текот на 60-тите, 70-тите и 80-тите години на минатиот век во СФР Југославија и според многумина најголемата свезда на југословенската поп музика. Роден е во Кучево. Средно училиште завршил во Пожаревац, по што студирал фармација во Белград. Откако ги запоставил студиите, заработувал пари истоварувајќи вагони на железничката станица, дистрибуирајќи млеко и весници, работи како инкасатор во Радио Белград и глумел во филмот „Сите на море“ а играл и во југословенскиот драмски театар. Првпат пеел на аудицијата на поп-пејачи организирана од Здружението на џез музичари на Србија, а во наредниот период пеел и на игранки и забави во градот. Пресвртницата се случила во 1958 година во Ниш. Душко Раданчевиќ, раководителот на мал белградски оркестар што ги придружувал пејачите и актерите, го поканил да пее на паузата помеѓу настапите на пејачи на забавна и народна музика. Ѓорѓе отпеал четири песни. Публиката реагирала фантастично, барајќи бис. Ѓорѓе Марјановиќ имаше голем број на хитови, а беше добитник и на голем број награди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ja-zagubi-bitkata-so-koronata-pochina-legendarniot-jugoslovenski-pejach-koj-imashe-brojni-hitovi/feed/ 0