ѓорѓи јота – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 11 Jul 2021 12:33:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ѓорѓи јота – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Доктор Јота оставен од државата откако беше прегазен: Неподвижен бев пет месеци, во Љубљана проодев за два дена, сам платив 12.000 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-jota-ostaven-od-drzavata-otkako-beshe-pregazen-nepodvizen-bev-pet-meseci-vo-ljubljana-proodev-za-dva-dena-sam-plativ-12-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-jota-ostaven-od-drzavata-otkako-beshe-pregazen-nepodvizen-bev-pet-meseci-vo-ljubljana-proodev-za-dva-dena-sam-plativ-12-000-evra/#respond Sun, 11 Jul 2021 12:33:17 +0000 https://kurir.mk/?p=535059

Професорот на Медицински факултет и дигестивен хирург доктор Ѓорги Јота за „Слободен печат“ раскажува со какви проблеми се соочувал за време на неговото опоравување откако малолетник без возачка дозвола го прегази на пешачки премин кај Клиничкиот центар. Несреќата се случи пред неколку месеци кога доктор Јота, бил во посета на пациенти кои ги оперирал. При заминување од Клинички беше прегазен од 16 годишник без возачка дозвола и тешко повреден. Малолетникот уште не е осуден, а доктор Јота од свој џеб за рехабилитацијата во Љубљана платил 12 илјади евра, бидејќи формално правно, како што навеле правниците на ФЗОМ, рефундација не му следувала за рехабилитација, вели тој за „Слободен печат“ Меѓутоа самата рехабилитација во Љубљана, за него била и лекување, затоа што благодарение на методата што ја користеле тамошните доктори, успеал да прооди за само два дена. Истото не можел да го направи во Македонија со месеци. Тој за „Слободен печат“ вели дека после 35 години хируршка работа и спасени илјадници животи, смета дека заслужил не отстапка, туку да се олеснат условите за неговото лекување во Љубљана, наместо да се занимава со бирократски процедури. – Комисијата што беше надлежна за мене, составена меѓу другото од неврохируг и од трауматолог, поднесе барање до Фондот, но од Фондот ме одбија. Специјалистите ја проценија ситуацијата и проценија што е најдобро за мене во тој момент. Во барањето пишува дека со оглед на типот на повредите и тоа што се очекува понатаму, за мене ќе е најдобро да одам на физикална терапија во Љубљана, каде што постои робот-проодување, бидејќи неподвижен бев пет месеци. Меѓутоа, пред десетина дена проодев во Љубљана. Тоа е навистина одличен центар и ми кажаа дека таму за два дена ќе проодам, што и се случи. Пред тоа се обидував на секој начин во Македонија, но не успеав. Но, ФЗОМ ме одбиле за рефундација, затоа што не е предвидена рефундација на средства за рехабилитација, туку само за лекување. Но, јас бев на лекување во Љубљана фактички. Самата рехабилитација со робот, мене ме излечи од неподвижноста. Ме чинеше тоа 12 илјади евра, си ги платив од џеб. Размислував дека животот ми е помил отколку да се расправам со бирократите на ФЗОМ. Нема шанса. Бев пред четири години во Норвешка, работев, па дел од тие заработени пари ги дадов за лекување, само да проодам. Правниците рекле дека не е предвидено рехабилитација да биде рефундирана. Но, јас овде не проодев. Овде тапкав во место, вели доктор Јота за „Слободен печат“. Целиот текст може да го прочитате на Слободен печат]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-jota-ostaven-od-drzavata-otkako-beshe-pregazen-nepodvizen-bev-pet-meseci-vo-ljubljana-proodev-za-dva-dena-sam-plativ-12-000-evra/feed/ 0
Се бара продолжување на куќниот притвор: Ова се новите детали од ЈО за сообраќајката во која тешко повреден е доктор Јота https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-bara-prodolzuvanje-na-kukjniot-pritvor-ova-se-novite-detali-od-jo-za-soobrakjajkata-vo-koja-teshko-povreden-e-doktor-jota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-bara-prodolzuvanje-na-kukjniot-pritvor-ova-se-novite-detali-od-jo-za-soobrakjajkata-vo-koja-teshko-povreden-e-doktor-jota/#respond Thu, 18 Mar 2021 12:09:41 +0000 https://kurir.mk/?p=484207

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Советот за деца при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за примена на санкција спрема дете во ризик постаро од 14 години, кое извршило дејствија кои со закон се определени како кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 3 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 и кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 1 од Кривичниот законик. -На 25 февруари, детето во ризик, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, не се придржувал кон сообраќајните прописи и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето. Иако немал возачка дозвола, тој со брзина поголема од дозволената за населено место управувал автомобил БМВ Х6 по булеварот „Мајка Тереза“ во Скопје. Кога дошол на раскрсницата со улицата „Елисие Поповски Марко“, односно наближувајќи кон обележан пешачки премин, ваквата брзина не му овозможила да запре и да ги пропушти пешаците. Така, тој со возилото удрил во пешак кој во тој момент поминувал по пешачкиот премин. Од ударот, оштетениот се здобил со тешки телесни повреди поради кои се наоѓа во животно-загрозувачка состојба, а детето во ризик веднаш по несреќата го напуштило местото на настанот без да му укаже помош, информираат од Обвинителството. Бидејќи постои реална опасност детето да се даде во бегство, да ја попречува постапката или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-bara-prodolzuvanje-na-kukjniot-pritvor-ova-se-novite-detali-od-jo-za-soobrakjajkata-vo-koja-teshko-povreden-e-doktor-jota/feed/ 0
Доктор Јота има тешка повреда на главата- поставен е на респираторна машина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-jota-ima-teshka-povreda-na-glavata-postaven-e-na-respiratorna-mashina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-jota-ima-teshka-povreda-na-glavata-postaven-e-na-respiratorna-mashina/#respond Fri, 26 Feb 2021 14:58:54 +0000 https://kurir.mk/?p=474383

Доктор Јота има тешка повреда на главата. Се наоѓа на oдделот за интензивно лекување. Има нагмечување на мозокот и белите дробови и поставен е на респираторна машина. Сега се преземаат сите мерки на интензивно лекување. Ова го истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес- конференција, како одговор на  новинарско прашање за состојбата на докторот Ѓорѓи Јота, кој синоќа беше прегазен од страна на малолетник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-jota-ima-teshka-povreda-na-glavata-postaven-e-na-respiratorna-mashina/feed/ 0
Лекарска комора: Исклучителен професионалец и хирург бил оставен во животнозагрозувачка состојба, најстрога казна за сторителот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarska-komora-iskluchitelen-profesionalec-i-hirurg-bil-ostaven-vo-zivotnozagrozuvachka-sostojba-najstroga-kazna-za-storitelot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarska-komora-iskluchitelen-profesionalec-i-hirurg-bil-ostaven-vo-zivotnozagrozuvachka-sostojba-najstroga-kazna-za-storitelot/#respond Fri, 26 Feb 2021 11:01:43 +0000 https://kurir.mk/?p=474222

Лекарската комора  најстро го осудува вчерашниот инцидент во кој со тешки повреди се здоби д-р Ѓорѓи Јота, хирург и професор на Медицинскиот факултет во Скопје, кој беше беше прегазен од возило на булеварот „Водњанска“ додека го напушташе работното место. -Особено сме згрозени од фактот што сторителот без да пружи и повика помош го напуштил местото на настанот оставајќи го повредениот во тешка, животнозагрозувачка состојба. Ценејќи ја сериозноста на овој случај упатуваме јавно барање до судско-обвинителскиот систем навремено, сериозно и одговорно да пристапат кон решавање на овој случај, а сторителот да биде најостро санкциониран. Искрено и силно се надеваме за позитивен исход од лекувањето на нашиот колега, кој е исклучителен професионалец и кој со години дава огромен и значаен придонес за развој на професијата, едукација на млади лекари и спасување на човечки животи. Овој случај покажува дека не е потребно подигање на безбедносните стандарди само во здравствените установи, туку и во нивната непосредна околина, каде покрај здравствените работници се движат и лица кои поради здравствената состојба имаат потешкотии во движењето, како и инвалидизирани лица. Неопходно е да се создадат побезбедни услови за работа на здравствените професионалци и за лекување на пациентите, се вели во соопштението на Лекарската комора. Од Лекарската комора велат дека надлежните институции потребно е да демонстрираат поголема подготвеност за санкционирање на ваквите инциденти, бидејќи лекарите не секогаш можат да го спасат животот на повредените, кои воопшто не би настрадале доколку сите се однесуваат одговорно. Лекарската комора, согласно своите надлежности, е подготвена за активно вклучување и давање придонес во сите процеси кои ќе значат унапредување на здравствената професија, здравствениот систем и третманот на пациентите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarska-komora-iskluchitelen-profesionalec-i-hirurg-bil-ostaven-vo-zivotnozagrozuvachka-sostojba-najstroga-kazna-za-storitelot/feed/ 0
МВР се огласи за сообраќајката во која тешко повреден е хирургот Јота https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-se-oglasi-za-soobrakjajkata-vo-koja-teshko-povreden-e-hirurgot-jota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-se-oglasi-za-soobrakjajkata-vo-koja-teshko-povreden-e-hirurgot-jota/#respond Fri, 26 Feb 2021 10:48:32 +0000 https://kurir.mk/?p=474192

Министерството за внатрешни работи во денешниот билтен информираше за сообраќајната несреќа во која тешко повреден е хирургот Ѓорѓи Јота. -На крстосница од бул.„Мајка Тереза“ и ул.„Елисие Поповски-Марко“, патничко возило „бмв х6“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 16 - годишник од с.Сингелиќ, скопско, удрило во пешакот Ѓ.Ј.(58) од Скопје, информира МВР. Јота со тешки повреди бил хоспитализиран во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-se-oglasi-za-soobrakjajkata-vo-koja-teshko-povreden-e-hirurgot-jota/feed/ 0