глад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 16 Sep 2023 08:21:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png глад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Глобалниот глад поголем отколку во 2015 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/globalniot-glad-pogolem-otkolku-vo-2015-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/globalniot-glad-pogolem-otkolku-vo-2015-godina/#respond Sat, 16 Sep 2023 08:21:05 +0000 https://kurir.mk/?p=878600

Глобалниот глад денес е поголем отколку во 2015 година, а светот е далеку од исполнување на амбициозната цел на Обединетите нации за ставање крај на гладот ​​до 2030 година, се наведува во последниот извештај на ОН. На половина од крајниот рок поставен за исполнување на целите на Агендата за одржлив развој до 2030 година, има мало или никакво подобрување на повеќето цели поврзани со храната и земјоделството, се вели во извештајот на Организацијата за храна и земјоделство објавен пред Самитот на ОН за одржлив развој во Њујорк следната недела. „Трајните ефекти од пандемијата на коронавирус, заедно со другите кризи, како што се климатските промени и вооружените конфликти, имаат широко распространети ефекти“, се вели во извештајот. „Напредокот постигнат во последните две децении стагнира, а во некои случаи е обратен“, се додава. Глобалната несигурност во храната нагло се зголеми во 2020 година, бидејќи пандемијата ги наруши пазарите на храна и ја зголеми невработеноста, но гладот ​​не се врати на нивоата пред пандемијата. Околу 29,6 отсто од светското население, или 2,4 милијарди луѓе, биле умерено или сериозно несигурни во храната во 2022 година, во однос на 1,75 милијарди во 2015 година, се предупредува во извештајот. Неухранетоста е најлоша на глобалниот југ, а гладта најмногу расте во субсахарска Африка. Исто така, нема напредок кон целта за преполовување на отпадот од храна, кој остана на околу 13 проценти од 2016 година. Светот е далеку и од постигнување на целите за заштита на рибниот фонд, зачувување на шумите и намалување на деградацијата на земјиштето, но постигнат е одреден напредок во однос на ефикасноста на користењето на водата и сузбивањето на нелегалниот риболов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/globalniot-glad-pogolem-otkolku-vo-2015-godina/feed/ 0
Во светот гладуваат 735 милиони лица, тешко до целта за искоренување на гладта до 2030 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-svetot-gladuvaat-735-milioni-litsa-teshko-do-tselta-za-iskorenuvane-na-gladta-do-2030-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-svetot-gladuvaat-735-milioni-litsa-teshko-do-tselta-za-iskorenuvane-na-gladta-do-2030-godina/#respond Wed, 12 Jul 2023 16:27:31 +0000 https://kurir.mk/?p=855957

Околу 735 милиони луѓе ширум светот во 2022 година се соочиле со хроничен глад, бројка која е многу повисока отколку пред пандемијата на Ковид-19, а исто така е и закана за напредокот кон глобалната цел - искоренување на гладот ​​до 2030 година, соопштија денеска Обединетите нации. Минатата година , се чини, привремено запре повеќегодишниот нагорен тренд на стапката на глад, бидејќи многу земји економски закрепнаа од пандемијата, но војната во Украина и нејзиниот притисок врз цените на храната и енергијата неутрализираа некои од тие придобивки, јавија ОН во својот годишен извештај за состојбата со храната и безбедноста во исхраната во светот (СОФИ) Како резултат на оваа состојба, оценка на ОН е дека во 2022 година дури 122 милиони лица биле погладни отколку во 2019 година, а светот е „далеку надвор од трасата“ кон исполнување на Целта за одржлив развој на ОН за ставање крај на гладот ​​до 2030 година, се наведува во извештајот. Напротив, со извештајот се предвидува дека до 2030 година дури 600 милиони луѓе ќе бидат неухранети. -Гледаме дека гладот ​​се стабилизира на високо ниво, што е лоша вест, изјави Максимо Тореро Кален, главен економист на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), во интервју за Ројтерс. Главните двигатели на глобалниот глад во последниве години се нарушувањата предизвикани од конфликти, екстремните климатски ситуации кои го загрозуваа земјоделското производство и економските тешкотии влошени од пандемијата, се наведува во извештајот. Имаше намалување на гладот ​​во некои делови од светот, вклучително и Јужна Америка и повеќето региони во Азија. Но, гладот ​​расте на Карибите, Западна Азија и Африка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-svetot-gladuvaat-735-milioni-litsa-teshko-do-tselta-za-iskorenuvane-na-gladta-do-2030-godina/feed/ 0
ОН: Милиони луѓе без помош во Западна Африка страдаат од најтешката криза со глад во последната деценија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/on-milioni-luge-bez-pomosh-vo-zapadna-afrika-stradaat-od-najteshkata-kriza-so-glad-vo-poslednata-detsenija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/on-milioni-luge-bez-pomosh-vo-zapadna-afrika-stradaat-od-najteshkata-kriza-so-glad-vo-poslednata-detsenija/#respond Thu, 06 Jul 2023 05:42:52 +0000 https://kurir.mk/?p=853368

Светската програма за храна на Обединетите нации (WFP) денеска соопшти дека милиони гладни луѓе во Западна Африка се без помош додека Агенцијата се бори со ограниченото финансирање да одговори на најголемиот глад во регионот во последните децении. Речиси половина од 11,6 милиони луѓе на кои им е потребна помош во храна меѓу јуни и август не добиваат никаква помош, се вели во соопштението на Агенцијата. ОН предупреди дека стотици илјади луѓе се изложени на ризик да се приклучат на вооружени групи, да се венчаат предвреме или да се вклучат во „секс за преживување“ во нивниот очај да преживеат. -Се наоѓаме во трагична ситуација, на милиони семејства ќе им недостасуваат доволно резерви на храна за да се прехранат до следната жетва во септември. Мораме да преземеме итни мерки за да спречиме масовно избувнување на катастрофален глад, изјави привремениот регионален директор на WFP за Западна Африка Маргот Вандервелден. Недостигот на храна во Западна и Централна Африка сега погодува 47,2 милиони луѓе оваа сезона, а жените и децата се најранлива група. -Стапките на неухранетост исто така се зголемени, па речиси 16,5 милиони деца на возраст под пет години ќе бидат акутно неухранети оваа година, што е зголемување за 83 отсто во однос на просекот од 2015-2022 година, наведува Агенцијата. Во земјите од централниот дел на Сахел, Мали, Буркина Фасо и Нигер, каде џихадистите стануваат сè поагресивни, агенциите на ОН проценуваат дека бројот на луѓе кои бегаат од насилството е речиси четирикратен од 30 илјади во јануари на 110 илјади во јуни. м]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/on-milioni-luge-bez-pomosh-vo-zapadna-afrika-stradaat-od-najteshkata-kriza-so-glad-vo-poslednata-detsenija/feed/ 0
ОН: Западна и Централна Африка се соочуваат со акутен недостиг на храна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-zapadna-i-tsentralna-afrika-se-soochuvaat-so-akuten-nedostig-na-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-zapadna-i-tsentralna-afrika-se-soochuvaat-so-akuten-nedostig-na-hrana/#respond Tue, 18 Apr 2023 16:49:20 +0000 https://kurir.mk/?p=825095

Околу 48 милиони лица во Западна и Централна Африка во следните месеци ќе се соочат со акутна несигурност на храната, поттикната од климатските шокови, Ковид-19 и високите цени, предупредија денеска агенциите за помош на Обединетите нации. Западна и Централна Африка се соочуваат со зголемени ризици поради високите температури и непредвидливите врнежи. Војната во Украина придонесе за недостиг на храна и ѓубрива во еден од најсиромашните региони во светот. Се прогнозира дека 48 милиони лица во периодот од јуни до август или периодот на „посна сезона“ ќе останат без редовен пристап до безбедна и квалитетна храна, наведува регионалната анализа за безбедноста на храната презентирана од Светската програма за храна на ОН, хуманитарната агенција OCHA, Фонд и Земјоделска организација (ФАО) и УНИЦЕФ. Ова делумно се должи на состојбата во земјите од полусушниот регион Сахел, јужно од пустината Сахара, вклучувајќи ги Мали и Буркина Фасо, кои се борат со исламистички бунт во кој досега загинаа илјадници, а раселени се околу 2,5 милиони лица. Рекордни 45.000 луѓе во Сахел се очекува да се соочат со катастрофален глад, што е речиси до најлошото ниво на глад, се наведува во извештајот. -Зголемената несигурност и конфликти значат дека ранливоста во регионот се зголемува и дека е сè потешко да се помогне на заедниците во изолираните области, изјави шефицата на УНИЦЕФ за Западна и Централна Африка, Мари-Пјер Поаре. Околу 16,5 милиони деца на возраст под пет години ќе се соочат со акутна неухранетост оваа година, се додава во анализата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-zapadna-i-tsentralna-afrika-se-soochuvaat-so-akuten-nedostig-na-hrana/feed/ 0
ОН: Итно се потребни 800 милиони долари за да се спаси Авганистан од глад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-itno-se-potrebni-800-milioni-dolari-za-da-se-spasi-avganistan-od-glad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-itno-se-potrebni-800-milioni-dolari-za-da-se-spasi-avganistan-od-glad/#respond Mon, 10 Apr 2023 15:04:44 +0000 https://kurir.mk/?p=822507

Светската програма за храна на ОН (WFP) денеска објави дека итно ѝ се потребни 800 милиони долари за помош на Авганистан во следните шест месеци бидејќи таа земја е во најголема опасност од глад во изминатите 25 години. Од враќањето на талибанците на власт во 2021 година, хуманитарните агенции им обезбедуваа на Авганистанците храна, образование и здравствена поддршка. „Итно ни требаат 800 милиони долари во следните шест месеци за да продолжиме да обезбедуваме помош за луѓето на кои им треба низ Авганистан. Катастрофален глад тропа на вратата на Авганистан и доколку не се одржи хуманитарна поддршка, на стотици илјади Авганистанци ќе им треба помош за да преживеат“. ОН предупредија дека нивната работа во Авганистан е попречена поради недоволните средства. За 2023 година се обезбедени 249 милиони долари, што не е ни третина од сумата од 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-itno-se-potrebni-800-milioni-dolari-za-da-se-spasi-avganistan-od-glad/feed/ 0
Како до диета без глад? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-do-dieta-bez-glad/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-do-dieta-bez-glad/#respond Thu, 29 Dec 2022 10:27:00 +0000 https://kurir.mk/?p=782047

При диета што бара помалку калории, т.е. намален внес на храна, важно е и да се најдат начини да се остане сит. Следат совети за што помалку „саможртви“ во исхраната. Како да не се чувствуваме гладни или екстремно уморни, при исполнувањето на потребите за храна? Според познавачите, не мора да се јадат само салати, ниту пак откажиување од слатки нешта. Првиот совет е да го зголемите обемот на храната. Колку е поголем волуменот на нискокалорична храна, толку е поголема ситоста после јадењето. Зеленчукот е најдобриот начин да се зголеми обемот на храната без да се внесуваат повеќе калории. Во таа смисла се препорачуваат зелена салата, домати, краставици, кисела зелка, карфиол, брокула и пиперка. Од житарките, особено препорачливи се просо, булгур, кускус и овес, а од мешунките – леблебии, грав, леќа, боранија и грашок. Друг совет е да се намали количината висококалорична храна. Наместо два реда, јадете две до три чоколадни коцки или ако сте љубител на путер од кикирики – просто, користете мала лажица наместо голема. Може, исто така да се побараат поздрави верзии на омилените слатки со помалку калории. Натаму, кога послужувате храна, ставете повеќе зеленчук наспроти храната со јаглехидрати. Може барем четвртина од чинијата да биде исполнета со јаглехидрати, друга четвртина со протеини, а остатокот – со зеленчук. Повеќе супи и чорби… Тие имаат голем обем поради големото количество вода, па се одличен начин за внес на некои калории. Покрај тоа, така може да се намали внесот на леб и да се зголеми внесот на зеленчук. Последниот, петти совет се однесува на протеини, коишто се важни за растот и развојот на мускулната маса, а по правило создаваат и чувство на ситост. Освен месото и рибата како ослич и бакалар, најдобри извори на протеини се јајцата и свежите сирења.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-do-dieta-bez-glad/feed/ 0
Станувате погладни откако ќе ги изедете – внимавајте со овие намирници https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/stanuvate-pogladni-otkako-kje-gi-izedete-vnimavajte-so-ovie-namirnici/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/stanuvate-pogladni-otkako-kje-gi-izedete-vnimavajte-so-ovie-namirnici/#respond Wed, 30 Nov 2022 14:41:24 +0000 https://kurir.mk/?p=768882

Дали сте знаеле дека овие намирници прават да се чуствувате уште погладно откако ќе ги изедете? Бел леб Го покачува нивото на инсулин во крвта, а и конзумирањето на повеќе од две парчиња бел леб на ден го зголемува ризикот од дебелеење. Бели тестенини Освен што го имаат истиот ефект како и белиот леб, можеме да ги изедеме во поголеми количини, што е уште полошо. Сирење Кога јадете сирење се активираат опиоидните и допаминските рецептори, што е исто како и конзумирањето на дрога и телото постојано бара повеќе. Суши Белиот ориз во сушито содржи јаглени хидрати кои многу брзо се претвораат во шеќер, што ве прави погладни. Овошен јогурт Премногу шеќери, а премалку калциум. Наместо тоа одберете обичен јогурт и додајте овошје. Житарици Исто така преполни со јаглени хидрати, а ефектот веќе го знаете. Наместо тоа одберете јаткасти плодови и суво грозје. Солени грицки Повторно, јаглени хидрати кои брзо се претвораат во шеќер. Затоа по јадењето на овие грицки обично имате потреба од нешто благо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/stanuvate-pogladni-otkako-kje-gi-izedete-vnimavajte-so-ovie-namirnici/feed/ 0
Кулеба: Русија да престане со „игрите со глад“ со светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-rusija-da-prestane-so-igrite-so-glad-so-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-rusija-da-prestane-so-igrite-so-glad-so-svetot/#respond Sat, 12 Nov 2022 09:23:40 +0000 https://kurir.mk/?p=759560

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска ја обвини Москва дека игра „игри со глад“ со светот, бидејќи го блокира извозот на жито од украинските пристаништа на Црното Море. На маргините на самитот на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН), Кулеба ги повика земјите од тој регион политички и материјално да ја поддржат Украина. Тој рече дека светот треба да изврши притисок врз Русија да не се откаже од договорот за извоз на храна, „бидејќи украинските земјоделски производи се клучни во Африка и Азија“.Исто така ги обвини и руските инспектори за „тивка саботажа“, односно намерно одложување на испораките. По потпишувањето на договорот со посредство на Обединетите нации и Турција, беше формиран тим од руски, украински, турски и инспектори на ОН за следење на извозот на храна. „Русија треба, односно мора, да престане да игра игри со глад со светот“, рече Кулеба. Украина првпат беше поканета на самитот на АСЕАН, кој го сочинуваат Камбоџа, Филипини, Малезија, Индонезија, Лаос, Сингапур, Тајланд, Виетнам, Брунеи и Мјанмар. Сепак, на лидерите на Мјанмар не им е дозволено да учествуваат поради моменталната ситуација во земјата. Неколку земји-членки на АСЕАН досега беа резервирани по прашањето за инвазијата, тие ја осудуваат војната, но исто така се обидуваат да избегнат осуда на руската страна. Осум од 10-те земји на АСЕАН гласаа за резолуцијата на Генералното собрание на ОН за осуда на руската агресија, а Виетнам и Лаос беа воздржани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-rusija-da-prestane-so-igrite-so-glad-so-svetot/feed/ 0
ОН: На осум милиони луѓе им се заканува глад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-na-osum-milioni-lugje-im-se-zakanuva-glad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-na-osum-milioni-lugje-im-se-zakanuva-glad/#respond Thu, 03 Nov 2022 18:22:10 +0000 https://kurir.mk/?p=755391

На речиси осум милиони луѓе во Јужен Судан или две третини од населението им се заканува недостиг од храна и глад, предупредија Обединетите нации.„Гладот ​​и неухранетоста се во пораст во делови на Јужен Судан, зафатени од поплави, суша и конфликти, а некои заедници се изложени на ризик од глад доколку прекине испораката хуманитарната помош и не се засилат мерките за климатска адаптација“, се вели во денеска објавениот извештај, изготвен од Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) и Светската програма за храна (WFP). Според документот, никогаш не бил поголем бројот луѓе изложени на ризик од недостиг на храна, надминувајќи го дури и нивото забележано за време на конфликтите во 2013 и 2016 година. На 7,76 милиони луѓе им се заканува акутна несигурност во обезбедувањето храна во периодот до новата жетва, од април до јули 2023 година, а 1,4 милиони деца ќе бидат неухранети, се посочува во извештајот. Причини за таквата состојба се конфликтите, лошите макроекономски услови, екстремните временски неприлики, наглото поскапување на храната и горивото и падот на финансирањето на хуманитарните програми, велат авторите. „Јужен Судан е на првата линија на климатската криза, со семејства кои секојдневно ги губат своите домови, добитокот, земјиштето и надежта поради екстремните временски услови“,изјави Макена Вокер, привремен директор на WFP за Јужен Судан. „Успееме ли да воспоставиме мир во земјата, особено во областите каде што моментално има тензии, (…) сме изминале половина од патот кон решавањето на проблемот со безбедноста на храната, така што консолидацијата на мирот е наша главна задача“, рече министерката за земјоделство и безбедност на храна на Јужен Судан, Жозефин Лагу, на денешната презентација на извештајот. Во 2017 година глад беше прогласена во Јужен Судан во областите Лееру и Мајендито во државата Унити, што често беа место на конфликти. Јужен Судан, најмладата земја во светот, е зафатен од крвави конфликти, природни катастрофи, економска криза и постојана борба за власт откако се стекна со независност од Судан во 2011 година. Петгодишната граѓанска војна што заврши во 2018 година однесе речиси 400 илјади животи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-na-osum-milioni-lugje-im-se-zakanuva-glad/feed/ 0
ПРЕТАЖНО: Во Африка на секои 48 секунди по еден човек умира од глад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretazno-vo-afrika-na-sekoi-48-sekundi-po-eden-chovek-umira-od-glad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretazno-vo-afrika-na-sekoi-48-sekundi-po-eden-chovek-umira-od-glad/#respond Fri, 14 Oct 2022 14:17:57 +0000 https://kurir.mk/?p=745440

Британската меѓународна хуманитарна организација Оксфам соопшти дека на секои 48 секунди во Источна Африка по едно лице умира од глад, јави агенцијата Анадолија. Оксфам наведе дека хуманитарната ситуација во Кенија, Сомалија и Етиопија се влошува и дека Сомалија ја има најголемата суша од 2011 година. Во соопштението се посочува дека нема доволно врнежи во Источна Африка во четирите сезони на дождови и дека се очекува дождовната сезона да биде слаба во следните три месеци. Исто така се наведува дека климатските промени уништија голем дел од посевите и ги натераа сопствениците на добиток да го напуштат традиционалниот начин на живот. Во соопштението се наведува дека од мај бројот на луѓе кои умреле од глад е зголемен во Сомалија, Кенија и Етиопија. Од Оксфам истакнуваат дека на секои 48 секунди умира по едно лице. Оксфам, исто така, објави дека се потребни дополнителни три милијарди долари за да се достави соодветна помош за оние на кои им треба во Јужен Судан, Сомалија, Кенија и Етиопија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretazno-vo-afrika-na-sekoi-48-sekundi-po-eden-chovek-umira-od-glad/feed/ 0