гладни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Sep 2023 16:27:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гладни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОН немаат средства: Храна само за една петина од гладните Авганистанци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-nemaat-sredstva-hrana-samo-za-edna-petina-od-gladnite-avganistantsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-nemaat-sredstva-hrana-samo-za-edna-petina-od-gladnite-avganistantsi/#respond Tue, 05 Sep 2023 16:27:35 +0000 https://kurir.mk/?p=874869

Светската програма за храна соопшти дека годинава нема да може да обезбеди помош во храна за уште два милиони луѓе во Авганистан поради недостиг на пари. Во април и мај, програмата мораше да ја намали помошта за околу осум милиони луѓе, а со новите два милиони, на вкупно 10 милиони луѓе ќе им биде одбиена помошта во храна. Храна ќе биде обезбедена само за една петина од 15-те милиони Авганистанци на кои им е потребна помош, соопшти Агенцијата за храна на ОН. - Поради загрижувачкото ниво на глад и неисхранетост, принудени сме да избираме помеѓу гладните и оние чии животи се загрозени од глад, оставајќи милиони семејства сами да се грижат за следниот оброк, изјави директорот на програмата за Авганистан Хсиао Веи Ли. Тој додаде дека со малкуте ресурси што им останале не се во можност да им служат на сите кои се на работ на сиромаштија. Иако ветија поумерено владеење, талибанците воведоа строги мерки откако ја презедоа власта во Авганистан. Меѓу другото, на жените им е забрането да работат во невладини организации. Таа забрана во април беше проширена и на вработените во Обединетите нации. Мерките дополнително ја изолираа земјата, која веќе беше во економска и хуманитарна криза. Поради новото намалување на помошта, се проценува дека 1,4 милиони нови мајки и бремени жени и нивните деца ќе останат без специјална храна за да се спречи неисхранетост, соопштија ОН. Се очекува во наредните месеци да има нагло зголемување на бројот на приеми во центрите за исхрана бидејќи децата ќе бидат се повеќе гладни. Во текот на следните шест месеци, на програмата и се потребни една милијарда долари за помош на 21 милион луѓе. Ова вклучува пари за донирање храна за заедниците кои ќе бидат отсечени за време на суровата авганистанска зима, се додава во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-nemaat-sredstva-hrana-samo-za-edna-petina-od-gladnite-avganistantsi/feed/ 0
Не можат да ве заситат: Овие намирници често прават да се чувствувате гладни https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ne-mozat-da-ve-zasitat-ovie-namirnici-chesto-pravat-da-se-chuvstvuvate-gladni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ne-mozat-da-ve-zasitat-ovie-namirnici-chesto-pravat-da-se-chuvstvuvate-gladni/#respond Thu, 22 Dec 2022 09:43:46 +0000 https://kurir.mk/?p=778975

Ако постојано сте гладни, имате потреба да внесувате поголемо количество шеќер, ви се јаде благо и не можете да се контролирате, треба да обратите внимание на храната која постојано ја користите а всушност го засилува чувството на глад. Некои прехранбени продукти, наместо да заситат повеќе поттикнуваат гладта да се засили. Ако сте започнале диета, или едноставно не сакате да се прејадете, откријте кои намирници делуваат спротивно, и ве прават зависници од таа исхрана. Помфрит – вкусен прилог на многу јадења, можете да го јадете и само него, најчесто со додаток на кечап. Но, иако ретко кој може да му одолее, овие јаглехидрати се преполни со скроб, така што многу брзо ќе огладнете без оглед колку помфрит ќе изедете. Бела тестенина – поради индустриската обработка, оваа намирница не содржи доволно хранливи состојки и влакна, па затоа е поконцентрирана отколку здравите намирници. Таа пропаѓа на едноставните јаглени хидрати што го зголемуваат нивото на гликоза во крвта, поради што ќе чувствувате повеќе глад. Овошен јогурт – јогуртот е одличен извор на калциум кој е добар за поздрави коски. Но, ако го консумирате оној со вкус на некое овошје, ќе внесете во организмот многу повеќе шеќер отколку хранливи состојки.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ne-mozat-da-ve-zasitat-ovie-namirnici-chesto-pravat-da-se-chuvstvuvate-gladni/feed/ 0
ОН: Во Африка идната година ќе има 48 милиони гладни, најмногу во Мали, Буркина Фасо и Нигерија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/on-vo-afrika-idnata-godina-kje-ima-48-milioni-gladni-najmnogu-vo-mali-burkina-faso-i-nigerija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/on-vo-afrika-idnata-godina-kje-ima-48-milioni-gladni-najmnogu-vo-mali-burkina-faso-i-nigerija/#respond Fri, 16 Dec 2022 17:22:56 +0000 https://kurir.mk/?p=776778

Бројот луѓе кои се борат за да се прехранат во Западна и Централна Африка се очекува да се зголеми на рекордни 48 милиони до средината на 2023 година, соопштија денеска ОН. Околу 35 милиони луѓе или околу осум отсто од населението, се соочени со несигурност во обезбедувањето храна во тој дел од континентот, покажуваат податоците на ОН. Многу земји се засегнати од комбинација на конфликти, климатски промени и раст на цените. Чад и Нигерија беа особено погодени од поплавите оваа година. Според Светската програма за храна, земјите во кои е најзразена заканата од глад се Мали, Буркина Фасо и Нигерија. Трите држави водат војна против радикалните исламистички бунтовници, што доведе до раселување милиони луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/on-vo-afrika-idnata-godina-kje-ima-48-milioni-gladni-najmnogu-vo-mali-burkina-faso-i-nigerija/feed/ 0
Никогаш не легнувајте гладни, а еве и зошто https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nikogash-ne-legnuvajte-gladni-a-eve-i-zoshto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nikogash-ne-legnuvajte-gladni-a-eve-i-zoshto/#respond Mon, 14 Sep 2020 10:11:00 +0000 https://kurir.mk/?p=402947

Иако честопати читаме совети за не јадење пред спиење, постојат исклучоци и тоа е кога сте гладни. Во овој случај, не се препорачува да прескокнете оброк, бидејќи чувството на глад може да ве држи будни долго време или да ви го наруши спиењето, па затоа експертите предупредуваат дека не треба да легнувате гладни. Ако можете да се организирате за да обезбедите 7 до 9 часа ноќен сон, тоа е одлична работа, особено ако сте презаситени со обврски. Добриот сон е клучен за враќање на енергијата, што ќе му овозможи на телото да се справи со голема количина на стрес. Но, чувството на глад може да ви го одвлече вниманието од брзото „патување“ во земјата на соништата навечер, и спиењето без будење, а недостатокот на сон или периодично слабиот квалитет на сонот само доведува до уште поголем стрес. Промени во расположението Недостатокот на сон може да има негативно влијание врз вашето расположение или, најверојатно, ќе се чувствувате нервозни следниот ден. Но, може да влијае и на фактот дека на вашето тело му недостасуваат јаглехидрати, кои се многу важни во производството на хормонот на среќата – серотонин. Ова може да биде проблем особено ако страдате од анксиозно растројство или клиничка депресија, но одењето во кревет без вечерен оброк никогаш не е паметна одлука. Акумулирање нови килограми Ако мислите дека прескокнувањето вечера ќе доведе до губење на вишок килограми, размислете уште еднаш. Имено, експертите велат дека така само може да добиете нови килограми. Како прво, недостаток на енергија за телото да може да функционира ноќе може да доведе до забавување на метаболизмот, а забавениот метаболизам го забавува слабеењето. Повторно, недостатокот на сон нѐ прави нервозни и незаситни, што доведува до прејадување и – зголемување на телесната тежина. Бидете сигурни дека јадете здрава вечера пред да одите во кревет. Но, ова треба да се направи најмалку два до три часа пред спиење, за да се избегнат проблеми. Имено, доцна вечера може да предизвика металоиди, рефлукс и други проблеми со варењето на храната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nikogash-ne-legnuvajte-gladni-a-eve-i-zoshto/feed/ 0
Се повеќе студенти во САД се гладни или се бездомници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-povekje-studenti-vo-sad-se-gladni-ili-se-bezdomnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-povekje-studenti-vo-sad-se-gladni-ili-se-bezdomnici/#respond Sun, 09 Jun 2019 09:35:52 +0000 https://kurir.mk/?p=207204

Се поголем број студенти од САД се гладни или се бездомници, според студија од непрофитабилната организација „Hope Center for College, Community and Justice”. Во нивната студија биле вклучени повеќе од 167 илјади студенти на 101-на двегодишна програма на државни универзитети и четиригодишни програми на 68 универзитети. Речиси половина од учесниците во студијата, велат дека во период од еден месец пред истражувањето барем еднаш почувствувале „неизвесност дали ќе можат да бидат во можност самите да купат доволно храна, односно – дали ќе биде во можност да ја набават на социјално прифатлив начин”. Околу 50 отсто од студентите на двегодишни програми и околу 44 отсто од оние кои се на четиригодишни студии во истражувањето рекле дека се плашат дали ќе останат без храна. Во двете групи на студенти, 30 проценти не јаделе кога биле гладни бидејќи не можеле да си го дозволат тоа. Станбеното прашање исто така е голем проблем. Дури 18 проценти од младите луѓе во програмите на две години и 14 отсто од додипломски студии, велат дека тие се без покрив над главата. Некои од нив се изјасниле дека живеат со своите роднини или пријатели, или спијат по туѓи кревети додека други се експлицитно навеле дека живеат надвор, во засолниште или камп.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-povekje-studenti-vo-sad-se-gladni-ili-se-bezdomnici/feed/ 0
ОН: Бројот на гладни во светот се зголемува https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-brojot-na-gladni-vo-svetot-se-zgolemuva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-brojot-na-gladni-vo-svetot-se-zgolemuva/#respond Tue, 11 Sep 2018 12:44:03 +0000 https://kurir.mk/?p=99399

Бројот на гладни луѓе во светот се зголемил во изминатите три години, со што е вратено нивото од пред една деценија, се нагласува во извештај на ОН. Извештајот објавен денеска покажува дека 821 милион луѓе, секој деветти на планетата, се неухранети во 2017 година (815 милиони вo 2016 година). Речиси 151 милиони деца под пет години - 22 отсто од вкупниот број - имаат раст несоодветен поради лоша исхрана. Гладта се влошува во Африка и Јужна Америка,се вели извештајот под наслов „Состојба со безбедноста на храна и исхраната во светот". Во исто време се вели дека 672 милиони возрасни лица, повеќе од секое осмо лице на планетава, се со прекумерна тежина. Извештаите наведуваат дека причините се бројни, вклучително и климатските промени како што се суши и поплави, како и војна и насилства. Годишниот извештај на ОН беше развиен во соработка со УНИЦЕФ, Светската здравствена организација, Светската организација за храна и земјоделство, Меѓународниот фонд за земјоделство и развој и Светската програма за храна. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-brojot-na-gladni-vo-svetot-se-zgolemuva/feed/ 0