глас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 09 Mar 2023 09:37:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png глас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зошто луѓето се чувствуваат непријатно кога го слушаат својот глас на снимка? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-lugeto-se-chuvstvuvaat-neprijatno-koga-go-slushaat-svojot-glas-na-snimka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-lugeto-se-chuvstvuvaat-neprijatno-koga-go-slushaat-svojot-glas-na-snimka/#respond Thu, 09 Mar 2023 09:37:12 +0000 https://kurir.mk/?p=809842

Многумина се чувствуваат непријатно, неудобно, па дури и вознемирени кога го слушаат сопствениот глас на снимка. Според науката, има логично објаснување за тоа. Непријатноста што човек ја чувствува кога го слуша својот глас на аудиоснимка, на пр., веројатно се должи на човековата физиологија и психологија. Како прво, звукот од снимката се пренесува во нашиот мозок поинаку од звукот што се произведува кога зборуваме... Кога слуша снимка од својот глас, звукот на човекот патува низ воздухот до неговите уши, а тоа се нарекува воздушна спроводливост. Звучната енергија го вибрира тапанчето и малите ушни коски, коишто потоа ја пренесуваат „звучната порака“ до мозокот. Меѓутоа, кога еден човек говори, звукот од неговиот глас допира до внатрешното уво на поинаков начин. Додека дел од звукот се пренесува преку воздухот, најголемиот дел се спроведува внатрешно до черепот. Така, внатрешната спроводливост на коските се чини дека ги засилува долните фреквенции. Поради ова, луѓето генерално го доживуваат својот глас како подлабок и побогат додека зборуваат. Снимениот глас, за споредба, може да звучи потенко и повисоко, што на многу луѓе им е морничаво и им пречи. Има уште една, психолошка причина зошто снимка од својот глас може да биде вознемирувачка за човек. Тоа е, некако - навистина нов глас за личноста, којшто ја покажува и нагласува разликата меѓу субјективното лично гледиште и реалноста. Гласот е битна компонента на личниот идентитет, па токму затоа оваа неусогласеност понекогаш е така вознемирувачка. На тој начин, преку снимка од својот глас тој човек одеднаш сфаќа дека другите луѓе цело време слушале нешто друго. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-lugeto-se-chuvstvuvaat-neprijatno-koga-go-slushaat-svojot-glas-na-snimka/feed/ 0
ВИДЕО: Таа е единствената жена која сите мажи ја слушаат, еве кој се крие зад гласот на навигациите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-taa-e-edinstvenata-zhena-koja-site-mazhi-ja-slushaat-eve-koj-se-krie-zad-glasot-na-navigatsiite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-taa-e-edinstvenata-zhena-koja-site-mazhi-ja-slushaat-eve-koj-se-krie-zad-glasot-na-navigatsiite/#respond Mon, 06 Mar 2023 19:15:36 +0000 https://kurir.mk/?p=808710

За себе на шега вели дека е можеби единствената жена која сите мажи ја слушаат. Но, навистина е така. Карен Џејкобсен е името на жената која го позајмува гласот на речиси сите системи и програми за навигација. По потекло е од Австралија, а во САД се преселила во потрага по пејачка кариера. Животниот пат ја одвел сепак во друга насока. Се пријавила на оглас каде меѓу другото се барала жена со потекло од Австралија. Објаснува дека австралискиот акцент на англискиот јазик е еден од најпријатните за слушање и затоа тоа било еден од условите. Откако била избрана за работата, и дале скриипта со сите можни опции и насоки кои се слушаат на навигациите за да ги прочита. За најинтересната,  „recalculating“ вели дека ја кажала околу 168 пати додека да се избере конечната верзија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-taa-e-edinstvenata-zhena-koja-site-mazhi-ja-slushaat-eve-koj-se-krie-zad-glasot-na-navigatsiite/feed/ 0
Човек пееше на бензинска пумпа и ги остави сите без зборови, шокирани од гласот што излегуваше од тој човек (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/chovek-peeshe-na-benzinska-pumpa-i-gi-ostavi-site-bez-zborovi-shokirani-od-glasot-shto-izleguvashe-od-toj-chovek-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/chovek-peeshe-na-benzinska-pumpa-i-gi-ostavi-site-bez-zborovi-shokirani-od-glasot-shto-izleguvashe-od-toj-chovek-video/#respond Sat, 12 Feb 2022 17:46:11 +0000 https://kurir.mk/?p=630654

Овој човек кој пееше на бензинска пумпа во Луизијана е Џејмс „Бар“ Бејли. Неговиот свилен мек глас не само што ги воодушеви клиентите туку го претвори во вистинска интернет ѕвезда. На почетокот на снимањето, касиерката побара од клиентот да отпее нешто од Кит Урбан. Човекот малку се насмеа, но се согласи да пее. Тогаш човекот со тетоважи и маица на Ролинг Стоунс почна да ја пее „Till Summer Comes“ од Кит Урбан и сите останаа без зборови. Муштеријата до него изгледаше целосно шокирана од гласот што излегуваше од тој човек. Џејмс Бејли, со прекар Беар, живее во Луизијана и стана многу познат по оваа снимка како пее на бензинска пумпа. Сега луѓето на разни бензински пумпи го прашуваат да им пее. Додека ја пееше „All of Me“ доби голема поддршка од луѓето кои го слушаа. Како што овој човек не го крие својот талент, така и ние како верници сме повикани да бидеме светлина на светот за другите да го спознаат Христос. Додека гледате снимка од овој човек како пее на бензинска пумпа, запомнете дека и вие ја имате живата сила на Исус во себе и дека можете да бидете светлина за другите. Можеби светот не ни дава многу потенцијал, но со нашиот Бог се е можно. Можеме да бидеме гласови кои ја споделуваат добрата вест со нашите населби и заедници. Ние можеме да бидеме тие што ќе се залагаме за верата и ќе ја споделиме без двоумење. Сето тоа можеме да му го направиме на Бога за слава. Како можете да ги осветлите луѓето околу вас со вашата светлина денес? ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/chovek-peeshe-na-benzinska-pumpa-i-gi-ostavi-site-bez-zborovi-shokirani-od-glasot-shto-izleguvashe-od-toj-chovek-video/feed/ 0
Трогателна приказна од која многу може да научите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/trogatelna-prikazna-od-koja-mnogu-moze-da-nauchite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/trogatelna-prikazna-od-koja-mnogu-moze-da-nauchite/#respond Fri, 30 Oct 2020 11:37:29 +0000 https://kurir.mk/?p=422595

Станува збор за неверојатно топла и искрена приказна од Пол Вилард со наслов „Стар телефон“ (An Old Telephone). Оваа приказна ќе ве потсети дека не е важен статусот во општеството, популарноста и богатството, туку дека само добрината и љубовта можат да ви го стоплат срцето. Прочитајте ја оваа трогателна приказна која ќе ви ги отвори очите… Кога бев дете, моето семејство беше едно од првите во соседството кое имаше телефон. Се сеќавам на сјајната дабова кутија прицврстена на ѕидот веднаш до скалите. Блескавата слушалка висеше отстрана до кутијата. Се сеќавам дури и на бројот: 105. Бев премногу низок за да го достигнам телефонот, но со восхит слушав додека мајка ми зборуваше на него. Еднаш ме подигна за да зборувам со татко ми кој беше на деловно патување. Магично! Потоа открив дека некаде внатре во оваа прекрасна направа живее една неверојатна личност. Нејзиното име беше „Информации, ве молам“ и немаше нешто што не знаеше. Мајка ми можеше да ѝ го побара кој било број, а кога ни се расипа часовникот Информации, ве молам веднаш ни го кажуваше точното време. Првото лично искуство со овој дух од слушалката го имав еден ден кога мајка ми отиде на гости кај сосетката. Си играв со кутијата за алати во подрумот и си го удрив прстот со чекан. Болката беше ужасна, но немаше поента да плачам, бидејќи немаше никој дома за да сочувствува со мене. Се шетав околу куќата цицајќи го прстот, кога конечно пристигнав до скалите. Телефонот! Брзо го земав малото столче од ходникот и го довлечкав дотаму. Се качив на него, ја земав слушалката и ја доближив до увото. „Информации, ве молам“ реков во звучникот над мојата глава. После неколку кликови, слушнав како проговори еден нежен, јасен глас: „Информации“. „Си го повредив прстот“, почнав да се жалам на телефонот. Солзите веднаш се пролеаја сега кога имав публика. „Мајка ти не е дома?“, ме праша гласот. „Никој нема дома“, промрморев. „Дали крвариш?“ „Не. Го удрив со чекан и боли“, одговорив со плачење. „Можеш ли да го отвориш замрзнувачот?“, ме праша, а јас одговорив дека можам. „Скрши мало парче мраз и држи го на прстот. Тоа ќе ја сопре болката. Биди внимателен кога ќе го вадиш мразот. И немој да плачеш. Сѐ ќе биде во ред“, утешително зборуваше гласот. После оваа случка, ѝ се јавував на Информации, ве молам за сѐ што ми требаше. Барав помош додека учев географија и таа ми кажуваше каде се наоѓа Филаделфија и Ориноко – романтична река што ја истражив кога пораснав. Ми помагаше со аритметика и ми кажа дека верверичката што ја фатив во паркот јаде овошје и ореви. Потоа, Пити, нашиот канаринец умре. Ѝ се јавив на Информации, ве молам и ѝ ја раскажав тажната приказна. Таа ме сослуша и ми ги кажа вообичаените работи што секој возрасен ги кажува за да утеши дете. Но, за мене немаше утеха. Како можеше птицата која пееше толку убаво и му носеше радост на целото семејство да заврши со пердувестите ноџиња нагоре на дното од кафезот? Таа сигурно ја почувствува мојата длабока загриженост и тивко ми кажа: „Вилард, никогаш не заборавај дека постојат и други светови на кои ќе може да им пее.“ Некако, се почувствував подобро. Еднаш го земав телефонот и сега веќе добро познатиот глас кажа „Информации“. „Како се пишува ’поправи’?“, прашав. „П-О-П-Р-А-В-И.“ Во тој момент сестра ми, која обожаваше да ме плаши, скокна од скалите накај мене и испушти гласен крик: „Јаааааааа!“ Паднав од столчето и ја откорнав слушалката од кутијата. И двајцата бевме исплашени. Информации, ве молам не беше повеќе таму, а јас не бев сигурен дали сум ја повредил кога се извади слушалката. По неколку минути, еден човек се појави пред врата. „Јас поправам телефони. Работев во куќата малку подолу и операторот ми кажа дека можно е да има некаков проблем со овој број“, тој посегна по слушалката во мојата рака. „Што се случило?“, ме праша и јас му раскажав. „Па, ова може да го поправиме за само неколку минути.“ Ја отвори телефонската кутија од која ѕиркаше цел еден лавиринт со жици и навртки. Си поигра малку со крајот на кабелот од слушалката и зацврсти неколку работи со еден мал шрафцигер. Го притисна копчето неколку пати и потоа проговори во телефонот. „Здраво, овде е Пит. Сѐ е под контрола кај 105. Децава си играле и го извадиле кабелот од кутијата.“ Тој спушти, се насмевна, ме погали по главата и си замина. Потоа, кога имав девет години се преселивме во Бостон и мене навистина ми недостасуваше мојот ментор. Информации, ве молам ѝ припаѓаше на таа дрвена кутија во стариот дом и некако не ми ни паѓаше на памет да се обидам со високиот, тенок, нов телефон што се наоѓаше на малата масичка во ходникот. И покрај тоа, дури и кога бев тинејџер, сеќавањата на тие детски разговори никогаш не избледеа. Честопати во моменти на сомнеж и збунетост, ќе се сетев на тоа чувство на сигурност што ми ја влеваше помислата дека секогаш можам да ѝ се јавам на Информации, ве молам и да го добијам вистинскиот одговор. Сега навистина ја ценев трпеливоста, разбирањето и добродушноста што ја имаше и што си го трошеше времето на некое си мало дете. Неколку години подоцна, кога се враќав од факултет, авионот слета во Сиетл. Имав околу половина час за да го испланирам понатамошното патување и поминав околу 15 минути на телефон со сестра ми која тогаш живееше таму, среќно омажена со неколку деца. Тогаш, без да помислам што правам, завртев на мојот домашен оператор и кажав „Информации, ве молам“. Чудно, но повторно го слушнав оној нежен, јасен глас што ми беше толку добро познат: „Информации“. Го немав испланирано ова, но одеднаш се слушнав себеси како велам: „Ќе можете ли ве молам да ми кажете како се пишува зборот ’поправа’?“ Следуваше долга пауза. Потоа го чув топлиот одговор. „Претпоставувам дека прстот ти поминал досега“, кажа Информации, ве молам. „Значи тоа сте навистина Вие. Се прашувам дали знаевте колку многу ми значевте сите тие години…“, кажав низ смеа. „Се прашувам, дали знаевте колку Вие мене ми значевте? Никогаш не сум имала деца и со нетрпение ги чекав Вашите повици. Глупаво, нели?“, одговори гласот. Не мислев дека тоа е глупаво, но не го кажав тоа гласно. Наместо тоа, ѝ кажав колку често сум помислувал на неа низ годините и ја прашав дали може да ѝ се јавам пак кога ќе се вратам да ја посетам сестра ми и ќе ми заврши семестарот. „Секако. Само побарајте ја Сали“, се согласи гласот. „Довидување, Сали“. Ми беше чудно тоа што Информации, ве молам имаше вистинско име. „Ако налетам на некои верверички, ќе им кажам да јадат овошје и ореви“, се пошегував. „Направи го тоа. И очекувам деновиве да заминеш за Ориноко. Довидување“, ми одговори и разговорот заврши. По само три месеци, повторно бев на аеродромот во Сиетл. Ми се јави друг глас и јас ја побарав Сали. „Пријател сте ѝ?“, ме праша гласот. „Да. Стар пријател“, одговорив. „Жал ми е што морам да Ве известам дека Сали работеше со половина работно време последните неколку години, затоа што беше болна. Почина пред 5 недели.“ Само што сакав да спуштам, кога гласот продолжи да зборува. „Чекајте малку. Дали Вашето име е Вилард?“ „Да.“ „Сали остави порака за Вас. Ја напиша.“ „Која е пораката?“, прашав иако знаев што ќе ми одговори. „Еве, ќе Ви ја прочитам: ’Кажи му дека постојат и други светови на кои ќе може да им пеам. Ќе знае на што мислам’“. Се заблагодарив и спуштив. Навистина знаев на што мислеше Сали.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/trogatelna-prikazna-od-koja-mnogu-moze-da-nauchite/feed/ 0
Мирчевски: Не може никаков глас да допре до Вилма освен гласот од бајката на видео спотот на ВМРО ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mirchevski-ne-moze-nikakov-glas-da-dopre-do-vilma-osven-glasot-od-bajkata-na-video-spotot-na-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mirchevski-ne-moze-nikakov-glas-da-dopre-do-vilma-osven-glasot-od-bajkata-na-video-spotot-na-vmro-dpmne/#respond Sat, 04 Jul 2020 19:34:09 +0000 https://kurir.mk/?p=369090

Ако некој си Тушник може да се фали дека со пас на Вице пали автомобили и да вади од притвор луѓе за часовник од 30.000€ Ако некој си Кичеец може да зима 300.000€ од бизнисмени за работи што требало да ги заврши Зоки Ако Дончев може да пушта полиција кај сака со пас на Зоки Ако може некој си Боки да рекетира бизнисмени за милионски суми и да тврди дека парите треба да се бараат кај Зоки Тогаш овие ликови или имаат ист газда и работат за иста мафија или имаат иста опсесија - да вршат криминал и да се идентификуваат со Заеви. Во меѓувреме не може никаков глас да допре до Вилма освен гласот од бајката на видео спотот на ВМРО ДПМНЕ, пишува во својата објава Ненад Мирчевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mirchevski-ne-moze-nikakov-glas-da-dopre-do-vilma-osven-glasot-od-bajkata-na-video-spotot-na-vmro-dpmne/feed/ 0
Фановите со поделени мислења дали станува збор за местенка или не: Мараја Кери отвори шише со својот глас (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/fanovite-so-podeleni-mislenja-dali-stanuva-zbor-za-mestenka-ili-ne-maraja-keri-otvori-shishe-so-svojot-glas-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/fanovite-so-podeleni-mislenja-dali-stanuva-zbor-za-mestenka-ili-ne-maraja-keri-otvori-shishe-so-svojot-glas-video/#respond Mon, 08 Jul 2019 08:12:51 +0000 https://kurir.mk/?p=216346

Интернет-предизвикот #Bottlecapchallenge привлекува сѐ поголемо внимание, поради учеството на сѐ повеќе славни личности во него. Се работи за отворање шише на свој, оригинален и посебен начин. По успешните обиди на Џејсон Стејтам, Џон Мајер, Ендрју Јанг и Ели Гулдинг, и поп-ѕвездата Мараја Кери ја истакна својата оригиналност… Имено, како што покажува видеото на Твитер, таа направи капачето „да летне“, единствено со помош на својот глас. Секако, има и следачи кои сметаат дека овој подвиг е обична местенка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/fanovite-so-podeleni-mislenja-dali-stanuva-zbor-za-mestenka-ili-ne-maraja-keri-otvori-shishe-so-svojot-glas-video/feed/ 0
Зошто не го сакаме звукот на сопствениот глас? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-ne-go-sakame-zvukot-na-sopstveniot-glas/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-ne-go-sakame-zvukot-na-sopstveniot-glas/#respond Thu, 04 Oct 2018 19:01:35 +0000 https://kurir.mk/?p=110888

Колку пати ви се случило да го чуете сопствениот глас на снимка и да речете: „Нема шанси ова да е мојот глас“? Дали сме објективни кога е во прашање звукот на нашиот глас, дали е тој навистина смешен или само така ни се чини? Да, звукот на нашиот глас кој ние го слушаме е многу различен од она што другите го доживуваат, затоа што тој допира до нас преку други канали. Кога звучните бранови од надворешниот свет ќе допрат до надворешното уво, како туѓиот глас, тие проаѓаат низ ушниот канал до ушното тапанче, создавајќи вибрации кои мозокот ги претвора во звук. Кога зборуваме, нашите ушни тапанчиња и внатрешното уво вибрираат поради звучните бранови кои ги праќаме во просторот околу нас, но тие исто така се изложени и на друг извор вибрации- движењата предизвикани од прозводството на звук. Нашите гласни жици и дишни патишта треперат и тие вибрации исто така си го наоѓаат својот пат до органите за слух. Телото подобро ги пренесува ниските и богати тонови отколку воздухот, па кога тие два извори ќе се спојат во една перцпеција за сопствениот глас, тој звучи подлабоко и побогато. Затоа кога ќе чуеме како нашиот глас звучи без сите телесни вибрации, тој звук ни е непознат, може да звучи потполно поинаку, па дури и незгодно, има многу повисок и потенок звук. Или како што би рекле полаички- „попискаво“. И баш така не слушаат и сите останати, баш како на снимките кои ги слушаме, само нам ни се чини дека тоа не сме ние, затоа што не ги слушаме сите вибрации кои влијаат на тоа да го доживуваме нашиот глас подлабоко и побогато. Причината поради која не ни се допаѓа звукот на нашиот глас повеќе има врска со психологијата и нашиот став за себе. Исто како што го перцепираме нашето тело и изгледот кога се гледаме на фотографии. Да, снимениот звук од нашиот глас може да ни делува необично, но ништо повеќе од тоа. И кога некој ќе ни каже дека звучиме сосема океј, тогаш можеме да знаеме дека тоа е објективен суд, а не нашата искривена перцепција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-ne-go-sakame-zvukot-na-sopstveniot-glas/feed/ 0