гласачи – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
Најнови вестиFri, 03 Sep 2021 14:06:05 +0000mk-MK
hourly
1 https://wordpress.org/?v=6.3.3https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.pngгласачи – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
3232ДИК ги презеде првите 200 уреди за биометриска идентификација на гласачи
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-gi-prezede-prvite-200-uredi-za-biometriska-identifikacija-na-glasachi/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-gi-prezede-prvite-200-uredi-za-biometriska-identifikacija-na-glasachi/#respondFri, 03 Sep 2021 14:01:49 +0000https://kurir.mk/?p=558906Државната изборна комисија денеска ги презеде од германската компанија „Дермалог“ првите 200 уреди за биометриска идентификација на гласачи, кои ќе бидат употребени на претстојните локални избори. Во следниот период со овие терминали ќе се вршат обуките, а до 1 октомври треба да дојде и последната пратка и да се комплетира бројката на терминали и целосната дополнителна опрема.
-Двестоте терминали кои се прва пратка од Германија стигнаа денеска. Тие ќе ни послужат за обука во следните месец и пол дена. Ќе треба да се обучат избирачките одбори. Прво ќе треба да се обучат обучувачи на тие избирачки одбори и поради тоа овие уреди ќе бидат полнети со фиктивни податоци од тие кои се присутни таму. Ќе се пробува како се ракува со нив за да може да бидат подготвени на денот на гласањето, рече претседателот на ДИК Александар Даштевски.
Тој најави дека следните четири пратки ќе бидат од по 950 терминали, како и дека во третата пратка ќе биде и софтверот за полнење и празнење на овие терминали, а како што рече, ќе бидат сукцесивно испорачувани во наредните четири недели, секоја недела по 950 со тоа што третата недела ќе дојде со таа пратка и софтверот.
-Значи, во многу поголеми пакувања ќе бидат, така што таа динамика е договорено и писмено и ќе се оствари многу прецизно со плус/минус ден – два во отстапување во случај на доцнење, на проблеми со технички документации итн. Меѓутоа, се ќе биде спроведено како што беше кажано. Очекуваме да се исполни и тоа дека на 1 октомври ќе дојде и последната пратка. Меѓутоа, може да задоцни два-три дена што не значи ништо во целосниот процес бидејќи тие треба да бидат наполнети со 13 октомври, а некаде на 15 октомври ќе бидат однесени до општинските изборни единици за да се поделат на избирачките места за гласање, појасни Даштевски.
Тој е уверен дека се што било кажано ќе биде реализирано, бидејќи, како што рече, се работи за сериозна компанија.
Според претседателот на ДИК, земјава не направила пилот програма во неколку општини од која би можело да се види како тоа би функционирало, поради што, како што рече, се било прецизирано во најмали детали за да не се појават проблеми на денот на изборите.
-Ние се обидовме сите детали да ги прецизираме, да биде се направено како што треба пред да започне процесот и се надевам дека ќе биде во ред. Е сега за денот на изборите не можам ништо да кажам бидејќи не се знае, првпат е и сметам дека ќе помине добро, ама да причекаме, истакна Даштевски.
На прашањето дали оваа опрема ќе придонесе да се зголеми довербата во изборниот процес кај граѓаните, тој истакна дека одлуката за нејзина употреба била токму од тие причини.
-Одлуката е донесена со консензус на сите политички партии, во Собранието е помината со консензус. Сметам дека штом сите мислат дека треба да се гласа со нив, а веќе законот во таа насока е изменет пред две години и се става како законска обврска, ние мора да ја спроведеме таа обврска без оглед на тоа каков ќе биде резултатот. Одлуката е донесена во согласност со сите партии поради тоа што се верувало веројатно дека ќе бидат изборите потранспарентни и дека ќе обезбедат подемократски процес, рече Даштевски.
Тој напомена дека покрај 4000 терминали има набавено дополнителна опрема со нив како што е термален скенер, термален принтер, каблови, сервер, батерии таму каде што нема струја да може да работат 24 часа.
-Податоците во нив ќе бидат криптирани, ако сте информирани знаете дека криптирањето е најскапа операција. Покрај опремата, ние купивме и услуги тие да бидат тука и да го завршат процесот до крај, бидејќи нашите инженери не ја познаваат оваа опрема и тие може само да соработуваат со нив. Значи, купена е и услуга која ќе биде од доставувањето до завршувањето со обуките и со денот на изборите се да биде како што треба, рече Даштевски. (МИА)]]>Државната изборна комисија денеска ги презеде од германската компанија „Дермалог“ првите 200 уреди за биометриска идентификација на гласачи, кои ќе бидат употребени на претстојните локални избори. Во следниот период со овие терминали ќе се вршат обуките, а до 1 октомври треба да дојде и последната пратка и да се комплетира бројката на терминали и целосната дополнителна опрема.
-Двестоте терминали кои се прва пратка од Германија стигнаа денеска. Тие ќе ни послужат за обука во следните месец и пол дена. Ќе треба да се обучат избирачките одбори. Прво ќе треба да се обучат обучувачи на тие избирачки одбори и поради тоа овие уреди ќе бидат полнети со фиктивни податоци од тие кои се присутни таму. Ќе се пробува како се ракува со нив за да може да бидат подготвени на денот на гласањето, рече претседателот на ДИК Александар Даштевски.
Тој најави дека следните четири пратки ќе бидат од по 950 терминали, како и дека во третата пратка ќе биде и софтверот за полнење и празнење на овие терминали, а како што рече, ќе бидат сукцесивно испорачувани во наредните четири недели, секоја недела по 950 со тоа што третата недела ќе дојде со таа пратка и софтверот.
-Значи, во многу поголеми пакувања ќе бидат, така што таа динамика е договорено и писмено и ќе се оствари многу прецизно со плус/минус ден – два во отстапување во случај на доцнење, на проблеми со технички документации итн. Меѓутоа, се ќе биде спроведено како што беше кажано. Очекуваме да се исполни и тоа дека на 1 октомври ќе дојде и последната пратка. Меѓутоа, може да задоцни два-три дена што не значи ништо во целосниот процес бидејќи тие треба да бидат наполнети со 13 октомври, а некаде на 15 октомври ќе бидат однесени до општинските изборни единици за да се поделат на избирачките места за гласање, појасни Даштевски.
Тој е уверен дека се што било кажано ќе биде реализирано, бидејќи, како што рече, се работи за сериозна компанија.
Според претседателот на ДИК, земјава не направила пилот програма во неколку општини од која би можело да се види како тоа би функционирало, поради што, како што рече, се било прецизирано во најмали детали за да не се појават проблеми на денот на изборите.
-Ние се обидовме сите детали да ги прецизираме, да биде се направено како што треба пред да започне процесот и се надевам дека ќе биде во ред. Е сега за денот на изборите не можам ништо да кажам бидејќи не се знае, првпат е и сметам дека ќе помине добро, ама да причекаме, истакна Даштевски.
На прашањето дали оваа опрема ќе придонесе да се зголеми довербата во изборниот процес кај граѓаните, тој истакна дека одлуката за нејзина употреба била токму од тие причини.
-Одлуката е донесена со консензус на сите политички партии, во Собранието е помината со консензус. Сметам дека штом сите мислат дека треба да се гласа со нив, а веќе законот во таа насока е изменет пред две години и се става како законска обврска, ние мора да ја спроведеме таа обврска без оглед на тоа каков ќе биде резултатот. Одлуката е донесена во согласност со сите партии поради тоа што се верувало веројатно дека ќе бидат изборите потранспарентни и дека ќе обезбедат подемократски процес, рече Даштевски.
Тој напомена дека покрај 4000 терминали има набавено дополнителна опрема со нив како што е термален скенер, термален принтер, каблови, сервер, батерии таму каде што нема струја да може да работат 24 часа.
-Податоците во нив ќе бидат криптирани, ако сте информирани знаете дека криптирањето е најскапа операција. Покрај опремата, ние купивме и услуги тие да бидат тука и да го завршат процесот до крај, бидејќи нашите инженери не ја познаваат оваа опрема и тие може само да соработуваат со нив. Значи, купена е и услуга која ќе биде од доставувањето до завршувањето со обуките и со денот на изборите се да биде како што треба, рече Даштевски. (МИА)]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-gi-prezede-prvite-200-uredi-za-biometriska-identifikacija-na-glasachi/feed/0Уште една недела за проверка на гласачите во Избирачкиот список
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-edna-nedela-za-proverka-na-glasachite-vo-izbirachkiot-spisok/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-edna-nedela-za-proverka-na-glasachite-vo-izbirachkiot-spisok/#respondFri, 03 Sep 2021 05:24:34 +0000https://kurir.mk/?p=558598Седум дена преостануваат за јавниот увид во Избирачкиот список (9 септември на полноќ), а девет дена (11 септември на полноќ) за поднесување на кандидатските листи за градоначалници и советници до Општинските изборни комисии за локалните избори закажани за 17 октомври.
Јавниот увид во Избирачкиот список може да се направи во подрачните единици и канцеларии на Државната изборна комисија и електронски преку веб страната на ДИК.
До 1 септември вкупно 10 724 лица се провериле во Избирачкиот список.
– Поднесени се вкупно 27 барања за запишување во Избирачкиот список, 23 барање за бришење на податоците од Избирачкиот список и 15 барања за измена на податоците во Избирачкиот список, посочија од ДИК. Исто така, до ДИК на е-маил адресата [email protected] се поднесени вкупно 35 барања.
Истовремено тече рокот и за пријавување на набљудувачи на локаните избори.
Иако кампањата не е започната потенцијалните и најавени учесници на изборите ги започнаа своите активности како на терен меѓу граѓаните така и на социјалните мрежи. Партиите деновиве треба да ги соопштат преостанатите кандидати за градоначалници и за советници за локалните избори. Тие најавуваат позитивни кампањи, но продолжуваат меѓусебните обвинувања.
До крајот на неделава се очекува во земјата да пристигнат првите 200 терминали од компанијата „Дермалог“ за вчитување на отисоци од прсти на гласачите. Вакви терминали ќе се применат првпат на овие избори.
Премиерот Зоран Заев смета дека се уште има време за да пристигнат терминалите за отпечаток од прст и навремено да се почне со подготовките на изборите што ќе се одржат на 17 октомври.
-Навистина не ги знам деталите и се информирам од медиумите. Мојот личен впечаток е дека ќе стигнат навреме терминалите затоа што има се уште време, дури и за првите терминали за тест периодот во кој е предвидено да има тестирање за да може комплетно да ги покриеме сите избирачки места, рече Заев вчера во изјава за медиумите.
Локалните избори на 17 октомври ќе се спроведат согласно Изборниот законик, којшто иако имаше најава нема да се менува.
Министерот за правда Бојан Маричиќ вчера изјави дека измените во Изборниот законик ќе се разгледуваат по спроведувањето на локалните избори. Тој смета дека нема никаква смисла сега да се прават измените, ниту, како што вели, сакаат да вознемируваат кого било или да одмагаат на некој во изборниот процес, со тоа што би менувале правила, а кои непосредно влијаат на изборниот процес.
-Ние, како Влада не планиравме никаков потег, затоа што видовме дека имаше блокада и не можеше да се реализира измената на Законот пред летниот распуст на Собранието. Меѓутоа, сега само доколку пратениците мислат дека имаат, има потреба од некаква измена, иако е тешко, со оглед на тоа што времето е кратко до изборите. Собранието работи уште овој месец, некаде до 27 септември, потоа заради кампањата повторно ќе биде на пауза, вели Маричиќ.
Посочи дека остануваат како Министерството за правда и Влада доколку се утврди потреба од измени во Изборниот законик пред спроведување на локалните избори, за да помогнат во делот на формулација и во поддршка за негово донесување. Дел од препораките на ОБСЕ и ОДИХР не се врзани со конкретни рокови, но сè зависи од волјата и динамиката на Собранието.]]>Седум дена преостануваат за јавниот увид во Избирачкиот список (9 септември на полноќ), а девет дена (11 септември на полноќ) за поднесување на кандидатските листи за градоначалници и советници до Општинските изборни комисии за локалните избори закажани за 17 октомври.
Јавниот увид во Избирачкиот список може да се направи во подрачните единици и канцеларии на Државната изборна комисија и електронски преку веб страната на ДИК.
До 1 септември вкупно 10 724 лица се провериле во Избирачкиот список.
– Поднесени се вкупно 27 барања за запишување во Избирачкиот список, 23 барање за бришење на податоците од Избирачкиот список и 15 барања за измена на податоците во Избирачкиот список, посочија од ДИК. Исто така, до ДИК на е-маил адресата [email protected] се поднесени вкупно 35 барања.
Истовремено тече рокот и за пријавување на набљудувачи на локаните избори.
Иако кампањата не е започната потенцијалните и најавени учесници на изборите ги започнаа своите активности како на терен меѓу граѓаните така и на социјалните мрежи. Партиите деновиве треба да ги соопштат преостанатите кандидати за градоначалници и за советници за локалните избори. Тие најавуваат позитивни кампањи, но продолжуваат меѓусебните обвинувања.
До крајот на неделава се очекува во земјата да пристигнат првите 200 терминали од компанијата „Дермалог“ за вчитување на отисоци од прсти на гласачите. Вакви терминали ќе се применат првпат на овие избори.
Премиерот Зоран Заев смета дека се уште има време за да пристигнат терминалите за отпечаток од прст и навремено да се почне со подготовките на изборите што ќе се одржат на 17 октомври.
-Навистина не ги знам деталите и се информирам од медиумите. Мојот личен впечаток е дека ќе стигнат навреме терминалите затоа што има се уште време, дури и за првите терминали за тест периодот во кој е предвидено да има тестирање за да може комплетно да ги покриеме сите избирачки места, рече Заев вчера во изјава за медиумите.
Локалните избори на 17 октомври ќе се спроведат согласно Изборниот законик, којшто иако имаше најава нема да се менува.
Министерот за правда Бојан Маричиќ вчера изјави дека измените во Изборниот законик ќе се разгледуваат по спроведувањето на локалните избори. Тој смета дека нема никаква смисла сега да се прават измените, ниту, како што вели, сакаат да вознемируваат кого било или да одмагаат на некој во изборниот процес, со тоа што би менувале правила, а кои непосредно влијаат на изборниот процес.
-Ние, како Влада не планиравме никаков потег, затоа што видовме дека имаше блокада и не можеше да се реализира измената на Законот пред летниот распуст на Собранието. Меѓутоа, сега само доколку пратениците мислат дека имаат, има потреба од некаква измена, иако е тешко, со оглед на тоа што времето е кратко до изборите. Собранието работи уште овој месец, некаде до 27 септември, потоа заради кампањата повторно ќе биде на пауза, вели Маричиќ.
Посочи дека остануваат како Министерството за правда и Влада доколку се утврди потреба од измени во Изборниот законик пред спроведување на локалните избори, за да помогнат во делот на формулација и во поддршка за негово донесување. Дел од препораките на ОБСЕ и ОДИХР не се врзани со конкретни рокови, но сè зависи од волјата и динамиката на Собранието.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-edna-nedela-za-proverka-na-glasachite-vo-izbirachkiot-spisok/feed/0Гласачи од скопски општини се жалат дека ги нема во избирачкиот список
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasachi-od-skopski-opshtini-se-zalat-deka-gi-nema-vo-izbirachkiot-spisok/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasachi-od-skopski-opshtini-se-zalat-deka-gi-nema-vo-izbirachkiot-spisok/#respondWed, 15 Jul 2020 08:03:58 +0000https://kurir.mk/?p=375919Граѓани на општина Гази Баба и општина Бутел се жалат дека ги нема во избирачки список и истите не можат да го остварат своето право на глас.
Во Македонија денеска се одржуваат десетите парламентарни избори, петти предвремени избори. Право на глас имаат еден милион 814 илјади и 613 полнолетни граѓани, кои ќе гласаат на 3.480 избирачки места.
Избирачките места изутринава се навреме отворени, гласањето досега се одива во најдобар ред и без никакви проблеми, информираат од Државната изборна комисија.
Инаку, според првиот пресек на ДИК до 9 часот излезеноста е 6,26 проценти на ниво на цела Македонија.]]>Граѓани на општина Гази Баба и општина Бутел се жалат дека ги нема во избирачки список и истите не можат да го остварат своето право на глас.
Во Македонија денеска се одржуваат десетите парламентарни избори, петти предвремени избори. Право на глас имаат еден милион 814 илјади и 613 полнолетни граѓани, кои ќе гласаат на 3.480 избирачки места.
Избирачките места изутринава се навреме отворени, гласањето досега се одива во најдобар ред и без никакви проблеми, информираат од Државната изборна комисија.
Инаку, според првиот пресек на ДИК до 9 часот излезеноста е 6,26 проценти на ниво на цела Македонија.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasachi-od-skopski-opshtini-se-zalat-deka-gi-nema-vo-izbirachkiot-spisok/feed/0МВР спречи обид за поткуп на гласачи во Велес: Кај осмничениот пронајден список на околу 250 лица со нивни лични податоци
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-sprechi-obid-za-potkup-na-glasachi-vo-veles-kaj-osmnicheniot-pronajden-spisok-na-okolu-250-lica-so-nivni-lichni-podatoci/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-sprechi-obid-za-potkup-na-glasachi-vo-veles-kaj-osmnicheniot-pronajden-spisok-na-okolu-250-lica-so-nivni-lichni-podatoci/#respondTue, 14 Jul 2020 14:20:01 +0000https://kurir.mk/?p=375676Министерството за внатрешни работи, сиот негов кадровски и организационен потенцијал се максимално подготвени да се справат со сите предизвици, односно да овозможат, во доменот на своите законски надлежности и обврски, мирно и непречено одвивање на изборниот процес. Во таа насока во текот на вчерашниот ден од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес извршен е претрес на дом кај лицето А.М. (35) при што се пронајдени и одземени еден мобилен телефон и повеќе листови од тетратки на кои рачно имало напишано список од околу 250 лица со лични податоци и матични броеви, откри попладнево преку Фејсбук министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
➡️ По спроведениот претрес, а по насока на јавен обвинител од ОЈО Велес, лицето е лишено од слобода поради сомневање за извршено кривично дело “Поткуп при избори и гласање“ по чл. 162 од КЗ и со истото во просториите на СВР Велес и извршен разговор во врска со пронајдените предмети. Во разговорот од страна на конкретното лице било посочено дека списоците биле направени од негова страна по претходна насока од друго лице блиско до локалното раководство на владејачка партија во Велес и на истите имало име и презиме и матичен број од лица од ромска националност кои би гласале за политичката партија, а за возврат би добиле финансиски средства. Ваквата насока му била дадена пред околу една недела и за реализација на истата му била ветена материјална корист.
➡️ Од страна на СВР Велес во координација со ОЈО Велес се преземаат дополнителни мерки и активности во насока на целосно расчистување и документирање на настанот, како и утврдување на евентуалната инволвираност на други лица, по што ќе следи соодветна кривична пријава.
?️ Aпелирам до граѓаните да пријават секаков вид на притисок или активности насочени кон нарушување на изборниот процес, а од страна на полициските службеници да бидат преземени сите потребни мерки и активности за целосно расчистување и санкционирање на сите изборни нерегуларности независно од политичката припадност на сторителите на ваквите кривични дела, пишува Чулев во својата објватоп.
]]>Министерството за внатрешни работи, сиот негов кадровски и организационен потенцијал се максимално подготвени да се справат со сите предизвици, односно да овозможат, во доменот на своите законски надлежности и обврски, мирно и непречено одвивање на изборниот процес. Во таа насока во текот на вчерашниот ден од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес извршен е претрес на дом кај лицето А.М. (35) при што се пронајдени и одземени еден мобилен телефон и повеќе листови од тетратки на кои рачно имало напишано список од околу 250 лица со лични податоци и матични броеви, откри попладнево преку Фејсбук министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
➡️ По спроведениот претрес, а по насока на јавен обвинител од ОЈО Велес, лицето е лишено од слобода поради сомневање за извршено кривично дело “Поткуп при избори и гласање“ по чл. 162 од КЗ и со истото во просториите на СВР Велес и извршен разговор во врска со пронајдените предмети. Во разговорот од страна на конкретното лице било посочено дека списоците биле направени од негова страна по претходна насока од друго лице блиско до локалното раководство на владејачка партија во Велес и на истите имало име и презиме и матичен број од лица од ромска националност кои би гласале за политичката партија, а за возврат би добиле финансиски средства. Ваквата насока му била дадена пред околу една недела и за реализација на истата му била ветена материјална корист.
➡️ Од страна на СВР Велес во координација со ОЈО Велес се преземаат дополнителни мерки и активности во насока на целосно расчистување и документирање на настанот, како и утврдување на евентуалната инволвираност на други лица, по што ќе следи соодветна кривична пријава.
?️ Aпелирам до граѓаните да пријават секаков вид на притисок или активности насочени кон нарушување на изборниот процес, а од страна на полициските службеници да бидат преземени сите потребни мерки и активности за целосно расчистување и санкционирање на сите изборни нерегуларности независно од политичката припадност на сторителите на ваквите кривични дела, пишува Чулев во својата објватоп.
]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-sprechi-obid-za-potkup-na-glasachi-vo-veles-kaj-osmnicheniot-pronajden-spisok-na-okolu-250-lica-so-nivni-lichni-podatoci/feed/0МВР уапси лица за поткуп во врска со изборите- во домот на осомничените пронашла вртоглава сума на пари и список!
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-uapsi-lica-za-potkup-vo-vrska-so-izborite-vo-domot-na-osomnichenite-pronashla-vrtoglava-suma-na-pari-i-spisok/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-uapsi-lica-za-potkup-vo-vrska-so-izborite-vo-domot-na-osomnichenite-pronashla-vrtoglava-suma-na-pari-i-spisok/#respondSat, 11 Jul 2020 16:10:42 +0000https://kurir.mk/?p=374154Приведени лица од Ерџелија за поткуп во врска со изборите
На 11.07.2020 во 06 часот од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи и полициската станица при ОВР Свети Николе во содејство со полициски службеници од СВР Штип при Бирото за јавна безбедност извршен е претрес кај четири лица од с.Ерџелија и тоа: кај З.З., И.В. (пронајдени се 4000 денари и пропаганден материјал од политичката партија, додека кај неговите родители со кои живее во заедница пронајдени се 60.000 денари во апоени од по 2000 денари), Д.В. (пронајдени се 3500 евра и пропаганден материјал од политичка партија) и С. И. (пронајдени се 10.000 денари, пропаганден материјал на политичка партија). Исто така, при претресот во едно возило паркирано во двор на С.И., а истото во сопственост на Б.Т., исто така од с.Ерџелија, пронајден е список на 20 лица.
Во врска со пронајдениот список повикано е лицето Б. Т. и истиот при разговор признал дека во месец мај од страна на СВР Штип му била поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ, по што истиот се обратил кај С.И.,а тој му ветил дека ќе му помогне доколку Б.Т. обезбеди 20 гласачи за политичката партија.
По ова ветување, Б.Т., направил список, разговарал со лицата од списокот и ги убедил истите да гласаат за оваа партија за да му помогнат да не оди во затвор. По ова, Б.Т. заедно со С.И. списокот на потенцијалните гласачи го предале во политичката партија. Извршена е консултација со ОЈО Свети Николе, по што дадени се насоки сите наведени лица да се лишат од слобода, да се изврши разговор со сите лица на списокот, како и со други лица кои се поврзани со наведените, да се провери потеклото на парите и пропагандниот материјал.
По извршените проверки и дадениот исказ на Б. Т. пред јавен обвинител во Свети Николе е констатирано дека постои кривично дело по член 162 ст.1 од КЗ и дадени беа насоки да се извршат консултации со надлежното основно јавно обвинителство во Штип, по што беше констатирано истото кривично дело. С.И. е задржан во полициска станица.]]>Приведени лица од Ерџелија за поткуп во врска со изборите
На 11.07.2020 во 06 часот од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи и полициската станица при ОВР Свети Николе во содејство со полициски службеници од СВР Штип при Бирото за јавна безбедност извршен е претрес кај четири лица од с.Ерџелија и тоа: кај З.З., И.В. (пронајдени се 4000 денари и пропаганден материјал од политичката партија, додека кај неговите родители со кои живее во заедница пронајдени се 60.000 денари во апоени од по 2000 денари), Д.В. (пронајдени се 3500 евра и пропаганден материјал од политичка партија) и С. И. (пронајдени се 10.000 денари, пропаганден материјал на политичка партија). Исто така, при претресот во едно возило паркирано во двор на С.И., а истото во сопственост на Б.Т., исто така од с.Ерџелија, пронајден е список на 20 лица.
Во врска со пронајдениот список повикано е лицето Б. Т. и истиот при разговор признал дека во месец мај од страна на СВР Штип му била поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ, по што истиот се обратил кај С.И.,а тој му ветил дека ќе му помогне доколку Б.Т. обезбеди 20 гласачи за политичката партија.
По ова ветување, Б.Т., направил список, разговарал со лицата од списокот и ги убедил истите да гласаат за оваа партија за да му помогнат да не оди во затвор. По ова, Б.Т. заедно со С.И. списокот на потенцијалните гласачи го предале во политичката партија. Извршена е консултација со ОЈО Свети Николе, по што дадени се насоки сите наведени лица да се лишат од слобода, да се изврши разговор со сите лица на списокот, како и со други лица кои се поврзани со наведените, да се провери потеклото на парите и пропагандниот материјал.
По извршените проверки и дадениот исказ на Б. Т. пред јавен обвинител во Свети Николе е констатирано дека постои кривично дело по член 162 ст.1 од КЗ и дадени беа насоки да се извршат консултации со надлежното основно јавно обвинителство во Штип, по што беше констатирано истото кривично дело. С.И. е задржан во полициска станица.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-uapsi-lica-za-potkup-vo-vrska-so-izborite-vo-domot-na-osomnichenite-pronashla-vrtoglava-suma-na-pari-i-spisok/feed/0Излезноста во албанските средини е слаба, во македонските е над очекувањата
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izleznosta-vo-albanskite-sredini-e-slaba-vo-makedonskite-e-nad-ochekuvanjata/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izleznosta-vo-albanskite-sredini-e-slaba-vo-makedonskite-e-nad-ochekuvanjata/#respondSun, 05 May 2019 09:24:28 +0000https://kurir.mk/?p=194296На првата прес-конференција, ДИК информираше дека до 10 часот од запишаните 1.808.131 граѓанин во избирачкиот список на гласачките места излегле 6,31 отсто, односно вкупно 99.192 гласачи.
Излезноста во средините со мнозинство население Албанци е многу слаба. Во македонските средини, граѓаните гласаат повеќе од очекуваното.
ДИК информираше дека до 10 часот најмногу избирачи гласале во Крива Паланка, 14,91 отсто, во Демир Капија 13,24%, во Кратово 12,46 отсто и во Берово 11,06 отсто.
Додека пак најмалку гласачи, излегле во Врапчиште, 1,16 отсто, во Дебар 1,29 отсто и во Боговоиње 1,31 отсто.
До 10 часот во рамки на општина Тетово гласале 2,35 отсто или 1961 од вкупно 83.367 гласачи распределени на 117 избирачки места. Во првиот круг излезноста до истиот период односно три часа по отворањето беше 3,58 отсто.
Во Желино и Боговиње се бележи најмала излезност на граѓаните. До 10 часот во Желино гласалеа 1,20 отсто додека во Боговиње 1,31 отсто од граѓаните во избирачкиот список.
Општина Теарце бележи 1,57 отсто или 347 граѓани од 22.116 гласачи.
Во Општина Велес во вториот изборен круг до 10 часот гласале 3.603 гласачи или 7,83 проценти.
До 10 часот на избирачките места во општина Гевгелија излегле да гласаат 1.867 граѓани што претставува излезеност од 9,7 отсто.
Гласачкиот процес тече мирно и во општина Валандово каде, според податоците од ОИК, до 10 часот гласачкото право го искористиле 698 граѓани или 7 отсто од гласачкото тело.
Во Општина Богданци до 10 часот на гласање излегле 615 граѓани или 9 отсто, а во општина Дојран излезеноста е 8,9 отсто,односно правото на глас го искористиле 266 евидентирани граѓани во гласачкиот список.
]]>На првата прес-конференција, ДИК информираше дека до 10 часот од запишаните 1.808.131 граѓанин во избирачкиот список на гласачките места излегле 6,31 отсто, односно вкупно 99.192 гласачи.
Излезноста во средините со мнозинство население Албанци е многу слаба. Во македонските средини, граѓаните гласаат повеќе од очекуваното.
ДИК информираше дека до 10 часот најмногу избирачи гласале во Крива Паланка, 14,91 отсто, во Демир Капија 13,24%, во Кратово 12,46 отсто и во Берово 11,06 отсто.
Додека пак најмалку гласачи, излегле во Врапчиште, 1,16 отсто, во Дебар 1,29 отсто и во Боговоиње 1,31 отсто.
До 10 часот во рамки на општина Тетово гласале 2,35 отсто или 1961 од вкупно 83.367 гласачи распределени на 117 избирачки места. Во првиот круг излезноста до истиот период односно три часа по отворањето беше 3,58 отсто.
Во Желино и Боговиње се бележи најмала излезност на граѓаните. До 10 часот во Желино гласалеа 1,20 отсто додека во Боговиње 1,31 отсто од граѓаните во избирачкиот список.
Општина Теарце бележи 1,57 отсто или 347 граѓани од 22.116 гласачи.
Во Општина Велес во вториот изборен круг до 10 часот гласале 3.603 гласачи или 7,83 проценти.
До 10 часот на избирачките места во општина Гевгелија излегле да гласаат 1.867 граѓани што претставува излезеност од 9,7 отсто.
Гласачкиот процес тече мирно и во општина Валандово каде, според податоците од ОИК, до 10 часот гласачкото право го искористиле 698 граѓани или 7 отсто од гласачкото тело.
Во Општина Богданци до 10 часот на гласање излегле 615 граѓани или 9 отсто, а во општина Дојран излезеноста е 8,9 отсто,односно правото на глас го искористиле 266 евидентирани граѓани во гласачкиот список.
]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izleznosta-vo-albanskite-sredini-e-slaba-vo-makedonskite-e-nad-ochekuvanjata/feed/0Димовски: ВМРО-ДПМНЕ поднесува Кривични пријави за Заев за поткуп на гласачи
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-vmro-dpmne-podnesuva-krivichni-prijavi-za-zaev-za-potkup-na-glasachi/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-vmro-dpmne-podnesuva-krivichni-prijavi-za-zaev-za-potkup-na-glasachi/#respondSat, 15 Sep 2018 13:19:14 +0000https://kurir.mk/?p=101335Правото на глас е најсвето демократско право. Секој граѓанин мора да биде слободен да ја изрази сопствената волја на избори или референдум. Дали ќе гласа или не, и доколку гласа е само негово лично право. Секоја уцена, закана или ветен поткуп односно награда во замена за глас е тежок криминал со кој што се манипулира волјата на гласачите, ова денеска на пресконференција го истакна Димитар Димовски.
-Поминаа неколку дена откако Премиерот Зоран Заев, отворено на митинг повика бизнисмените со пари да ги мотивирале вработените да гласаат на референдумот, посочувајќи една компанија чиј сопственик веќе му ветил дека ќе го стори тоа. Во правна држава, за да се тргнат сите сомнежи околу регуларноста на гласањето, премиерот Зоран Заев досега ќе беше повикан на разговор и против него ќе имаше истрага. Досега ќе беше повикан и сопственикот на компанијата, а ќе се собираа искази и од вработените за кои постојат искази, изјави дека се соочуваат со невидени притисоци. За жал, Јавното обвинителство на Република Македонија – не реагира по допрен глас! Референдумот за промена на Уставното име на Република Македонија, во Република Северна Македонија, треба да се одржи на 30-ти септември, односно за нецели 15 дена. Поради тоа, брзата и навремената реакција на обвинителството е круцијална, за да се спречи да се случува продолжено кривично дело од страна на Зоран Заев, односно да се спречи истиот во намерата да нуди и поттикнува поткуп на граѓаните, за излегување на гласање на референдумот, рече Димовски.
Тој додава дека толкувањата на кривичниот закон се јасни. Дури и самото нудење, ветување, или барање поткуп преставува довршено кривично дело, иако не дошло до примање на подарокот или остварувањето на друга лична корист.
-Бидејќи Републичкиот Јавен обвинител Љубомир Јовески, до вчера не најде за потребно да постапи по допрен глас и да отвори соодветна постапка, ВМРО-ДПМНЕ поднесува Кривична пријава против Зоран Заев, Претседател на Владата на Република Македонија. Бараме Републичкиот Јавен обвинител, да излезе од сенката на пупката која Зоран Заев ја „расцвета“ во правосудниот систем, и да постапи согласно член 39 од Законот за кривична постапка при што ќе отвори истрага за наводите во кривичната пријава која ја поднесуваме. Во кривичната пријава, го известуваме Јовески дека на ден на 13-ти септември, претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, јавно, на трибина во Крива Паланка, им ветувал поткуп за гласање на граѓаните во општина Крива Паланка, за да излезат да гласаат на референдумот, кој ќе се одржи на 30-ти септември оваа година. ВМРО-ДПМНЕ го известува Јавниот обвинител дека преку допрен глас од јавно објавена видео снимка, Премиерот Зоран Заев јавно кажува дека сопственикот на странската компанија „Минстрој“, побарал од работниците да гласаат на референдумот и затоа им ветил дека ќе им даде парична награда доколку го сторат истото. Таквото незаконско постапување и дејствија на претседателот на Владата Зоран Заев, за што постои и видеозапис, содржат низа елементи на повеќе кривични дела и тоа: Повреда на слободата на определување на гласачите (чл.160 од КЗ) и поткуп при избори и гласање (чл.162 од КЗ). ВМРО-ДПМНЕ очекува Јавниот обвинител Љубомир Јовески, согласно правата и обврските, ВЕДНАШ, да поведе постапка за проверка на наводите и да ги преземе сите понатамошни мерки за спречување на ова кривично дело од страна на Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија, истакнува Димовски.
ВМРО-ДПМНЕ во Кривичната пријава бара од Јавниот обвинител во рок од осум дена, како подносители на пријавата да бидеме известени за превземените постапувања и исходот од нив.
-Само со соодветна реакција од институциите, криминалците може да бидат спречени во беззаконието. Само со соодветна реакција и може да се докаже дека премиерот Зоран Заев не е над законот. Законите кои ја третираат овие материја, криминал, корупција, референдум и избори, се јасни и прецизни. Овие закони, велат дека се работи за тежок изборен криминал, кој се санкционира со предвидена долгогодишна затворска казна. Јавното обвинителство за ова не смее да молчи и да биде соучесник, а Зоран Заев мора да одговара за овој криминал. Тоа го бараат и европските вредности и стандарди во кои СДСМ и Заев лажно се колнат. Почитувани граѓани на Република Македонија. Никој! Ама никој не смее и не може да ве натера против своја волја, со поткуп, со измама или принуда, да излезете да гласате за капитулантската спогодба која Зоран Заев ја потпиша со Република Грција, а со која се менува името на нашата држава во Република Северна Македонија. Вашата одлука дали ќе излезете на гласање на референдумот и ако излезете на гласање, како ќе гласате, е Ваше неприкосновено, лично и свето право и само Вие можете да донесете лична одлука, слушајќи ги Вашето срце и разум. И на крај! Уште еднаш ќе потсетам и ќе предупредам, дека секој кој се огрешува кон законите во Република Македонија, за секој криминал или велепредавство, брзо ќе дојде моментот кога ќе седне на обвинителна клупа и ќе одговара за тоа!, потенцираше Димовски.
]]>Правото на глас е најсвето демократско право. Секој граѓанин мора да биде слободен да ја изрази сопствената волја на избори или референдум. Дали ќе гласа или не, и доколку гласа е само негово лично право. Секоја уцена, закана или ветен поткуп односно награда во замена за глас е тежок криминал со кој што се манипулира волјата на гласачите, ова денеска на пресконференција го истакна Димитар Димовски.

]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-vmro-dpmne-podnesuva-krivichni-prijavi-za-zaev-za-potkup-na-glasachi/feed/0