гласање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 21 May 2023 12:14:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гласање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Гласаа Сакеларопулу, Мицотакис, Ципрас и останатите лидери на грчките партии https://arhiva.kurir.mk/svet/region/glasaa-sakelaropulu-mitsotakis-tsipras-i-ostanatite-lideri-na-grchkite-partii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/glasaa-sakelaropulu-mitsotakis-tsipras-i-ostanatite-lideri-na-grchkite-partii/#respond Sun, 21 May 2023 12:14:10 +0000 https://kurir.mk/?p=836979

Денеска гласаме за нашата иднина, апсолутно сум сигурен дека утре ќе осамне уште подобар ден за земјата, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, додека пак лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас истакна дека „промената е во рацете на народот“, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис, Ципрас, но и грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и лидерите на останатите партии претпладнево го остварија нивното право на глас на парламентарните избори во Грција. Грчкиот премиер истакна дека граѓаните денеска гласаат „за повисоки плати, за повеќе и подобри работни места, за поефикасен здравствен систем, за општество со помалку нееднаквости, за посилна татковина, со важна улога во Европа, со заштитени граници“. -Изборите се празник на демократијата. Денес одговорноста за управување со државата е кај вас, кај граѓаните, но јас сум апсолутно сигурен дека утре ќе осамне уште подобар ден за нашата држава, истакна грчкиот премиер. Лидерот на СИРИЗА рече дека „граѓаните ја имаат во свои раце можноста да го спроведат мнозинското барање за промена на курсот на државата, порача дека е во рацете на народот да ги остави зад себе „тешките четири години на нееднаквости, неправди, несигурност“ и да го отвори патот за „Влада на прогресивна соработка, за социјална правда и надеж за подобро утре“. -Влада, која ќе има нови лица, но во главно нов морал и стил на владеење. Промените денес се во рацете на нашиот народ, потенцираше Ципрас. Грчката претседателка посака и изрази надеж дека на денешните избори ќе има голема излезност што „ќе биде најдобра потврда за демократијата“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/glasaa-sakelaropulu-mitsotakis-tsipras-i-ostanatite-lideri-na-grchkite-partii/feed/ 0
Белгија: Предложено намалување на возраста за гласање на 16 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-predlozheno-namaluvane-na-vozrasta-za-glasane-na-16-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-predlozheno-namaluvane-na-vozrasta-za-glasane-na-16-godini/#respond Thu, 13 Apr 2023 09:34:22 +0000 https://kurir.mk/?p=823563

Во Фламанскиот регион во Белгија е предложено намалување на возраста за гласање на 16 години на локалните избори, јавува Анадолија. Предлогот доставен до Регионалниот совет од страна на Социјалистичката партија на Вооруит се планира да биде разгледан во наредните недели. Се очекува одлуката за овој предлог да биде донесена пред летото, со цел навремена подготовка за локалните избори кои ќе се одржат во октомври 2024 година. Десничарската партија Н-ВА е против предлогот на социјалистите. Возрасната граница за гласање на изборите за Европскиот парламент во Белгија минатата година беше намалена на 16 години. Шеснаесетгодишниците ќе можат да гласаат на изборите за Европскиот парламент во 2024 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-predlozheno-namaluvane-na-vozrasta-za-glasane-na-16-godini/feed/ 0
Изгласани новите заменици министри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izglasani-novite-zamenitsi-ministri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izglasani-novite-zamenitsi-ministri/#respond Thu, 02 Mar 2023 16:59:17 +0000 https://kurir.mk/?p=807287

Собранието во рамки на попладневниот дел од денешното продолжение ба 104-тата седница ги избра Тирон Јајага за заменик-министер за одбрана, Викторија Аврамовска Мадиќ за заменик-министер за правда, Вјолца Бериша за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Маја Манолева за заменик-министер за здравство и Агим Нухиу за заменик-министер за образование и наука. Сите заменици министри беа избрани едногласно, но за Тирон Јајага гласаа 64 пратеници, а за останатите заменици по 65 пратеници. Со тоа беше исцрпен дневниот ред на 104-тата седница за реконструкција на Владата која започна пред три недели. Новите министри во Владата на Ковачевски, Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за животна средина и просторно планирање беа избрани во понеделникот пред полноќ.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izglasani-novite-zamenitsi-ministri/feed/ 0
Избори во 2023 година: Чесите први излегуваат на гласање, Кубанците првпат без браќата Кастро https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbori-vo-2023-godina-chesite-prvi-izleguvaat-na-glasanje-kubancite-prvpat-bez-brakjata-kastro/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbori-vo-2023-godina-chesite-prvi-izleguvaat-na-glasanje-kubancite-prvpat-bez-brakjata-kastro/#respond Sun, 01 Jan 2023 12:13:59 +0000 https://kurir.mk/?p=783010

По зајакнувањето на десницата на изборите минатата година во многу земји, меѓу кои Италија, Шведска, Унгарија и Израел, изборите оваа година би можеле да донесат нови промени на политичката сцена во Европа и светот. Извесно е дека на чело на Чешка повеќе нема да биде Милош Земан, на власт ќе останат левичарската финска премиерка Сана Марин и либералната естонска премиерка Каја Калас, додека во Словачка на власт може да се врати Роберт Фиц. Годинава први на избори ќе излезат Чесите, кои на 13 и 14 јануари ќе го изберат наследникот на Милош Земан. По 10 години на чело на државата, Земан нема право да се кандидира за трет мандат. Малку е веројатно дека некој кандидат ќе победи во првиот круг. Според истражувањата на јавното мислење, најголема поддршка, од околу 27 отсто од гласачите, моментално има поранешниот премиер Андреј Бабиш, кому му се суди за манипулации со европските субвенции. Во вториот круг би можеле да влезат поранешниот воен генерал Петр Павел, кој го поддржуваат околу 25 отсто од гласачите, и професорката по економија Дануше Нерудова, која ужива зголемена поддршка и која, доколку победи, би била првата жена лидер на Чешка. Нов претседател годинава ќе добие и Кипар, по изборите закажани за 5 февруари. Вториот мандат на актуелниот претседател Никос Анастасиадис завршува, а најголема шанса да го замени има независниот кандидат Никос Христодулидис, поранешен министер за надворешни работи. Во Естонија на 5 март ќе се одржат парламентарни избори на кои коалициската влада предводена од премиерката Каја Калас би можела да го загуби мнозинството. И премиерката на Финска, Сана Марин би можела да ја загуби функцијата по парламентарните избори на 2 април. Иако петте партии кои ја сочинуваат нејзината коалициска влада најверојатно ќе го задржат мнозинството во парламентот, меѓу нив расте недовербата, а анкетите покажуваат дека централно-десничарската Партија на национална коалиција (КОК) има најголема поддршка. Во април се очекуваат редовни претседателски избори во Црна Гора, која со месеци е во длабока политичка и институционална криза, особено по неодамнешното прегласување на измените на Законот за претседател. Во Грција, по парламентарните избори во јули, партијата Нова демократија на премиерот Киријакос Мицотакис најверојатно ќе остане најголема партија. Сепак, за разлика од 2019 година кога го освои мнозинството пратенички места, оваа година можеби ќе и треба коалициски партнер за да формира нова влада. На 22 октомври и Швајцарците ќе изберат нов парламент, а според првите прогнози нема да има поголеми промени. Во Шпанија ќе има парламентарни избори во декември, додека претседава со Советот на ЕУ. Пред тоа, во мај, ќе се одржат општински избори, кои многумина ги гледаат како „лакмусов тест“ за коалициската влада на премиерот Педро Санчез, која ја сочинуваат Социјалистичката работничка партија и Обединети можеме. Големи промени може да се случат во Полска на парламентарните избори наесен. Според анкетите на јавното мислење, опозицијата има добри шанси да ја замени конзервативната евроскептична коалиција Обединета десница, чиј член е и партијата Право и Правда. Исходот од изборите би можел да влијае на односите на Варшава со Европската унија, со која долго време е во спор поради состојбата во судството и владеењето на правото. Оваа година и во Словачка може да се одржат вонредни парламентарни избори, бидејќи на малцинската коалициска влада на Едуард Хегер и беше изгласана недоверба во средината на декември. Последните анкети покажуваат дека опозицијата има добри шанси да победи на предвремените избори. Бугарите би можеле повторно да излезат на избори на пролет, по петти пат во две години, бидејќи главните политички сили не можат да формираат стабилно мнозинство. Годинава Луксембург ќе има парламентарни избори во октомври, а локални во јуни, на кои за првпат ќе можат да гласаат странските државјани без разлика колку долго живееле во земјата. Досега правото на глас беше ограничено само на странците кои живеат во Луксембург повеќе од пет години. Во Турција на 18 јуни ќе се одржат претседателски и парламентарни избори. Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во последните години ја губи поддршката пред сè поради економската криза, а неговата Партија за напредок и развој го загуби апсолутното мнозинство во парламентот на претходните избори во 2018 година. Годинава во февруари ќе се одржат општи избори во најнаселената африканска земја Нигерија, каде безбедноста стана главен проблем за гласачите поради зголемените напади на екстремистичките и сепаратистичките групи. И Аргентинците ќе избираат претседател, заменици и гувернери, а парламентарните избори на Куба во март ќе бидат први избори од 1976 година на кои нема да учествуваат ниту Фидел Кастро, ниту неговиот брат Раул. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbori-vo-2023-godina-chesite-prvi-izleguvaat-na-glasanje-kubancite-prvpat-bez-brakjata-kastro/feed/ 0
До 13 часот во Центар Жупа излезноста 25 отсто https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/do-13-chasot-vo-centar-zupa-izleznosta-25-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/do-13-chasot-vo-centar-zupa-izleznosta-25-otsto/#respond Sat, 20 Aug 2022 11:44:43 +0000 https://kurir.mk/?p=721433

Изборниот ден во општина Центар Жупа минува тековно, со зголемен процент на излезност. До 13 часот, правото на глас го искористиле 1817 граѓани или 25 отсто од вкупно запишаните 7.154 гласачи во Единствениот избрачки список. – Во сите 16 избирачки места, изборниот ден минува без проблеми, а поголема излезност се очекува во попладневните часови, изјави Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија. Споредено со повторените избори на 17 април, кога излезноста беше 18,17 сега таа е повисока за 6,83 отсто. Во оваа општина, каде над 60 отсто од популацијата е во некоја од западноевропските земји, главно во Италија, се повторува гласањето за градоначалник, поради необезбеден цензус од 1/3 од вкупниот број гласачи. Нивното присуство сега се очекува да го обезбеди потребниот цензус од 2.385 гласачи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/do-13-chasot-vo-centar-zupa-izleznosta-25-otsto/feed/ 0
Гласаат болните и затворениците во Маврово Ростуше, Центар Жупа и Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasaat-bolnite-i-zatvorenicite-vo-mavrovo-rostushe-centar-zupa-i-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasaat-bolnite-i-zatvorenicite-vo-mavrovo-rostushe-centar-zupa-i-tetovo/#respond Fri, 19 Aug 2022 08:58:44 +0000 https://kurir.mk/?p=720848

Започна гласањето за изборите за градоначалници на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа и за членови на Советот на општина Тетово. Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека 93 лица денеска гласаат во своите домови кои се пријавиле како болни или немоќни. Од нив 29 во Центар Жупа, 40 во Маврово и Ростуше и 24 во Тетово. Денеска гласаат и 94 гласачи кои се издржување казна затвор или се во притвор во некоја од казнено-поправните установи, и тоа во КПД Идризово 56 гласачи, во Затвор Тетово 23 гласачи, во КПД Штип двајца гласачи, во Затвор Струга еден гласач и во Затвор Скопје – Шуто Оризари 12 гласачи. Гласачките места во казнено поправните установи се отворени на време и гласањето тече без проблеми. Гласањето во овие три општини ќе се одива утре на 172 избирачки места, коишто треба да бидат отворени во 7 часот, а ќе се затворат во 19:00 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasaat-bolnite-i-zatvorenicite-vo-mavrovo-rostushe-centar-zupa-i-tetovo/feed/ 0
Во Центар Жупа денеска ќе гласаат 29 болни и немоќни лица https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-centar-zupa-deneska-kje-glasaat-29-bolni-i-nemokjni-lica/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-centar-zupa-deneska-kje-glasaat-29-bolni-i-nemokjni-lica/#respond Fri, 19 Aug 2022 07:41:51 +0000 https://kurir.mk/?p=720838

Пред утрешниот, саботен изборен ден за градоначалник, во Општина Центар Жупа денеска, во домашни услови, правото на глас треба да го остварат 29 болни и немоќни лица. -Според утврдениот план, од 14 часот определените избирачки одбори ќе ги посетат 29-те болни и немоќни лица, за да го остварат правото на глас. Барања имавме од 32 лица, но на три од нив не им беа прифатени истите бидејќи не беа запишани во единствениот избирачки список, изјави Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија. Споредено со повторените избори на 17 април годинава, бројот на оние кои денеска ќе гласаат е помал за 28, додека со редовните локални избори, на 17 октомври минатата година е поголем за 11 лица. -Утре правото на глас треба да го остварат 7.154 лица, или 77 гласачи повеќе од предвремените избори во април, додека пак споредено со редовните локални избори од октомври минатата година има 163 гласачи помалку. Како комисија ги презедовме сите потребни активности за еден нормален изборен процес, рече Илјаз. Во оваа општина ќе се гласа на 16 избирачки места а во гласачкото ливче е само еден кандидат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-centar-zupa-deneska-kje-glasaat-29-bolni-i-nemokjni-lica/feed/ 0
Црна Гора: Парламентот утре ќе расправа за разрешување на владата на Дритан Абазовиќ, неизвесен е исходот од гласањето https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-parlamentot-utre-kje-rasprava-za-razreshuvanje-na-vladata-na-dritan-abazovikj-neizvesen-e-ishodot-od-glasanjeto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-parlamentot-utre-kje-rasprava-za-razreshuvanje-na-vladata-na-dritan-abazovikj-neizvesen-e-ishodot-od-glasanjeto/#respond Thu, 18 Aug 2022 08:21:57 +0000 https://kurir.mk/?p=720340

Подгорица, 17 август 2022 (МИА) – Собранието на Црна Гора утре треба да гласа за иницијативата за смена на владата на Дритан Абазовиќ, но исходот од тоа гласање се уште е неизвесен, пренесе Бета. Смената на владата, само 50 дена по нејзиното формирање, побараа 36 претставници на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Социјалдемократската партија (СДП), социјалдемократите (СД), Либералната партија (ЛП) и Демократскиот сојуз на Албанците, што не е доволно мнозинство за гласање недоверба. За пад на Владата потребен е гласот на 41 од вкупно 81 пратеник во Парламентот на Црна Гора. На резултатот од гласањето може да влијае ставот на демократите на поранешниот претседател на Собранието Алекса Бечиќ, кои имаат девет пратеници и чие претседателство денеска треба да одлучува за ова. Демократите во вторникот заедно со коалицијата собрана околу Демократскиот фронт (ДФ) поднесоа посебна иницијатива за смена на владата и изгласување недоверба на претседателката на Собранието, Данијела Ѓуровиќ, а таа седница е закажана за 2 септември. Шефот на пратеничката група на демократите, Борис Богдановиќ, вчера изјави дека „има многу причини за падот на нелегитимната влада и парламентарното мнозинство“, но дека нивната одлука „нема никаква врска“ со потпишувањето на Основниот договор со Српската православна црква (СПЦ), која ја поддржа неговата партија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-parlamentot-utre-kje-rasprava-za-razreshuvanje-na-vladata-na-dritan-abazovikj-neizvesen-e-ishodot-od-glasanjeto/feed/ 0
Во Центар Жупа за гласање доставени 29 барања од болни и изнемоштени лица https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-centar-zupa-za-glasanje-dostaveni-29-baranja-od-bolni-i-iznemoshteni-lica/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-centar-zupa-za-glasanje-dostaveni-29-baranja-od-bolni-i-iznemoshteni-lica/#respond Fri, 12 Aug 2022 15:47:35 +0000 https://kurir.mk/?p=717789

До Општинската изборна комисија – Центар Жупа, за претстојните по вторпат повторени избори за градоначалник, на неколку часа пред истекот на рокот, доставени се 29 барања за остварување правото на глас на болни и изнемоштени лица. -Барања со документација доставија 29 блиски роднини на лицата. Бидејќи рокот завршува вечерва на полноќ можно е да добиеме уште некое барање. Истите потоа ќе ги разгледаме и ќе донесеме одлука колку од нив ќе може да гласаат во петок, односно на 19 август, изјавија за МИА, од комисијата. На повторените избори на 17 април беа доставени 61 барање, позитивно беше одговорено на 57, а правото на глас го искористија 52 лица, додека останатите пет тоа не го сторија од различни причини, во меѓувреме настаната смрт, болнички третман или неважечки документ за идентификација. На редовните локални избори, пак, на 17 октомври минатата година, за гласање во својот дом беа пријавени 18, а гласаа 17 лица. Во единствениот избирачки список за општина Центар Жупа, каде на 20-ти месецов (сабота) ќе се гласа на 16 избирачки места во единственот избирачки список запишани се 7.154 лица со право на глас. Споредено со предвремените избори што се одржаа на 15 април во списокот се 77 гласачи повеќе додека пак споредено со редовните локални избори на 17 октомври минатата година има 163 гласачи помалку. Трката за градоначалник овој пат ќе ја трча еден кандидат, Аријан Ибраим, од Турската демократска партија, кој довербата ја бара по третпат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-centar-zupa-za-glasanje-dostaveni-29-baranja-od-bolni-i-iznemoshteni-lica/feed/ 0
Истекува рокот за пријавување за гласање во домашни услови за изборите во Маврово и Ростуше, Центар Жупа, и за Совет на Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istekuva-rokot-za-prijavuvanje-za-glasanje-vo-domashni-uslovi-za-izborite-vo-mavrovo-i-rostushe-centar-zupa-i-za-sovet-na-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istekuva-rokot-za-prijavuvanje-za-glasanje-vo-domashni-uslovi-za-izborite-vo-mavrovo-i-rostushe-centar-zupa-i-za-sovet-na-tetovo/#respond Fri, 12 Aug 2022 05:33:05 +0000 https://kurir.mk/?p=717297

Рокот за пријавување за гласање во домашни услови за болни и немоќни лица и оние кои се во изолација за изборите за градоначалници на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа и за членови на Советот на Општина Тетово истекува денеска. Гласањето за овие лица е на 19 август, а изборите ќе се одржат на 20 август. Тие треба да се пријават или електронски во Општинската изборна комисија или преку овластено лице. Бидејќи денот на одржување на изборите е сабота, овие лица треба да гласаат во петок на 19 август, во работен ден. – Со оглед на тоа што гласањето е во работен ден, сите членови на избирачките одбори, треба да бидат ослободени од работни обврски и општинските комисии треба да им дадат потврда која треба да ја однесат на работа, изјави потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху. На 19 август, петок, ќе гласаат и затворениците. Изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и градоначалник на Центар Жупа и Совет на Општина Тетово треба да се одржат на 20 август.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istekuva-rokot-za-prijavuvanje-za-glasanje-vo-domashni-uslovi-za-izborite-vo-mavrovo-i-rostushe-centar-zupa-i-za-sovet-na-tetovo/feed/ 0