гласање недоверба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 30 Jan 2022 09:09:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гласање недоверба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Грција вечерва ќе се гласа за недоверба на Владата – ќе има ли промени кај јужниот сосед? https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-vecherva-kje-se-glasa-za-nedoverba-na-vladata-kje-ima-li-promeni-kaj-juzniot-sosed/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-vecherva-kje-se-glasa-za-nedoverba-na-vladata-kje-ima-li-promeni-kaj-juzniot-sosed/#respond Sun, 30 Jan 2022 09:09:11 +0000 https://kurir.mk/?p=624568

Грчкиот Парламент вечерва ќе гласа за предлогот на опозициската СИРИЗА за недоверба на Владата, предлог што се чини дека нема да биде изгласан со оглед на тоа дека Нова демократија има 157 пратеници, шест повеќе од минималната граница за парламентарно мнозинство, јави дописничката на МИА од Атина. Тридневната расправа започна во петокот попладне, а вечерва ќе кулминира со обраќањата на претседателите на партиите и на грчкиот премиер, по што ќе следи гласањето. Жестоката дискусија меѓу лидерот на СИРИЗА и премиерот дојде 24 часа порано од очекувањето, откако по говорот на министерот за климатска криза и цивилна заштита, збор побара Ципрас, а веднаш по него и Мицотакис. Христос Стилијанидис, министерот надлежен за цивилна заштита, говореше за справувањето со снежната бура, рече дека постоеле пропусти, грешки, недостиг на координација, дека потребна е „воена соба“ (War Room) за брзо носење одлуки, но и дека земјата нема современи радари за навремена прогноза. Сепак одговорност ја префрли на приватната компанија концесионер што управува со автопатот на кој со часови беа заглавени автомобили. Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, веднаш по говорот на Стилијанидис побара збор, порача дека извинувањето на Владата е лицемерно, побара да се објави записникот од состаноците и надлежните да кажат каде згрешиле. -Кога се извинувате, ќе објасните зошто се извинувате. Ако ја префрлате одговорноста на другите, тогаш ова извинување, господине Мицотакис, е изговор, лицемерно е и ќе ви суди грчкиот народ. Во многу тешки моменти за мојата Влада презедов политичка одговорност и министри си поднесоа оставки. Тогаш велевте дека нема политичка одговорност без оставки, истакна Ципрас. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис рече дека преферира искрено извинување со самокритика, наспроти никакво извинување, ги спомена пожарите и поплавите во Атина за време на Владата на СИРИЗА, велејќи дека тогаш, од Ципрас не слушнале извинување за 120 мртви. Во однос на снежната бура и заглавените возила, повтори дека иако постоеле грешки, сепак најголемата одговорност ја има приватната компанија што управува со автопатот, а не државата. -Што се однесува на прашањето со снегот, сакам да ви кажам дека ниту еден метеоролог не го предвиде обемот на снег што падна во центарот на Атина. И за разлика од други снежни бури, снегот паѓаше напладне, обично паѓа ноќе, а ниту еден метеоролог не предвиде дека ќе падне половина метар во центарот на Атина и во северните предградија, рече Мицотакис. Додаде дека ако имале можност за такво предвидување, тогаш градот ќе го затвореа уште од претходната вечер и објасни дека не станува збор за политичка храброст, туку за искористување и анализа на податоците што се на располагање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-vecherva-kje-se-glasa-za-nedoverba-na-vladata-kje-ima-li-promeni-kaj-juzniot-sosed/feed/ 0
Повлечена иницијативата за изгласување недоверба на Црногорската влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povlechena-inicijativata-za-izglasuvanje-nedoverba-na-crnogorskata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povlechena-inicijativata-za-izglasuvanje-nedoverba-na-crnogorskata-vlada/#respond Mon, 13 Dec 2021 12:43:11 +0000 https://kurir.mk/?p=607787

Ја повлекуваме иницијативата за гласање недоверба на Владата на Црна Гора, соопшти денеска опозицијата во Собранието на Црна Гора. Заедничката изјава е поднесена од Демократската партија на социјалистите (ДПС), пренесува Вијести. -Имајќи ја предвид најавата на Демократскиот фронт (ДФ) дека ќе поднесе иницијатива за скратување на мандатот на Собранието, објавена на 11 декември, а откако здружената опозиција започна постапка за недоверба на Владата, сметаме дека Разговорите за формирање ново парламентарно мнозинство треба да започнат без одлагање.- се наведува во соопштението. Се додава дека се уверени дека ќе дојдат до формирање на ново парламентарно мнозиноство и дека на тој начин ќе биде остварена неопходно претпоставка за пад на Владата и разрешување на претседателот на Црногорскиот Парламент. Потсетуваме дека за денес во 12 часот беше најавена седница на која требаше да се гласа за отповикување на Владата на чело со Здравко Кривокапиќ, но во меѓувреме се појавија гласини за повик на овој предлог.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povlechena-inicijativata-za-izglasuvanje-nedoverba-na-crnogorskata-vlada/feed/ 0
Заев синоќа без своите пратеници во Собранието, бидејќи не бил сигурен како ќе гласаат (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-sinokja-bez-svoite-pratenici-vo-sobranieto-bidejkji-ne-bil-siguren-kako-kje-glasaat-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-sinokja-bez-svoite-pratenici-vo-sobranieto-bidejkji-ne-bil-siguren-kako-kje-glasaat-video/#respond Fri, 12 Nov 2021 11:46:20 +0000 https://kurir.mk/?p=594598

Вчерашниот ден во македонското Собрание беше тежок удар врз демократијата во Македонија. Синоќешниот расплет во Собранието беше поапсурден и од почетокот на собраниската седница за расправа за доверба на владата. Пред полноќ претседателот на Собранието, Талат Џафери пред празна собраниска сала прогласи дека не е изгласана недоверба на владата. Апсурдот е во тоа што во текот на целиот ден, вклучително и во време на констатацијата на Џафери внатре не влезе ниту еден пратеник од мнозинството кое според последните математики не изнесува повеќе од 60 пратеници, ако во оваа бројка се вкалкулира и исчезнатиот пратеник на БЕСА Кастриот Реџепи. Дали одлуката на СДСМ да не се појавуваат неговите пратеници во собраниската сала беше поради стравот на Заев? Имено, ова остава сомнеж дека Заев не беше сигурен во пратениците од СДСМ и коалицијата и поради тоа не им дозволи да влезат во Собранието. Постојат информации дека Заев се одлучил на ваков чекор поради сомнежот во неколку пратеници од коалициските партнери, но и двајца пратеници од самите редови на СДСМ. За да не ризикува, Заев наредил пратениците од неговите редови воопшто да не се појавуваат во салата, особено додека траеше сагата со исчезнатиот Кастриот Реџепи, за кого БЕСА посочи дека бил киднапиран. Засега како што стојат работите Собранието е во целосна блокада и пат ситуација. Ни власта, ни опозицијата немаат 61 пратеник. Шпекулациите за поголемо мнозинство кое го најавуваше Заев останува да видиме дали ќе се реализираат. Првиот тест за тоа ќе биде најавената оставка на Арјанит Хоџа од БЕСА, кој е актуелен министер за земјоделство. Кој ќе го замени е нова непознаница, а посебно како ќе биде изгласан евентуално нов министер, доколку Заев не најде замена за двајцата пратеници од БЕСА кои со сигурност најавија дека излегуваат од владеачкото мнозинство. Опозицијата по вчерашните игри на власта во Собранието и исчезнувањето на пратеникот Кастриот Реџепи, кој беше 61-иот глас за пад на Владата, најави дека почнува битка за предвремени парламентари избори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-sinokja-bez-svoite-pratenici-vo-sobranieto-bidejkji-ne-bil-siguren-kako-kje-glasaat-video/feed/ 0
Опозицијата сè уште не ја земала, но СДСМ и ДУИ ја изгубија власта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opozicijata-se-ushte-ne-ja-zemala-no-sdsm-i-dui-ja-izgubija-vlasta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opozicijata-se-ushte-ne-ja-zemala-no-sdsm-i-dui-ja-izgubija-vlasta/#respond Thu, 11 Nov 2021 12:33:30 +0000 https://kurir.mk/?p=594116

Со дефинирање на односот на сили во Собранието 60 наспроти 60 пратеници помеѓу власта и опозицијата сега и формално е јасно дека СДСМ и ДУИ немаат веќе власт во Македонија. Ја нема, засега ни опозицијата. Македонија, од оваа состојба на безвластие може да излезе само се брзи, многу брзи избори најдоцна за три месеци од сега. Со 60 пратеници СДСМ и ДУИ не можат да прават реконструкција на владата после тешкиот изборен пораз, не можат да носат нови закони за нивни интерес, а прашање е и како ќе се усвои буџетот за 2022 година. Можно е да се купи еден-два пратеника за одредена намена но, тоа е веќе корупција која ова власт ја плати со тежок пораз на изборите и губење меѓународна поддршка. Изјавата на пребеганиот пратеник од БЕСА дека “меѓународен фактор“ му советувал да не гласа за соборување на владата е приказна за мали деца. Причината да не дојде и гласа во Собрание е крупна, многу крупна корупција исплатена на рака. Нема тука мешање на “странски фактор“, туку е само изговор на пратеникот од БЕСА за земениот поткуп. Ниту пред, ниту за време, ниту по изборите ниеден “меѓународен фактор“ не се мешаше во изборите, а знаеме како тоа изгледа кога мешање имало. Исто така, секому е јасно, дека до декември Бугарија нема да има ни влада, а камоли согласност Македонија да ги почне преговорите за ЕУ кои, патем, не значат ништо за политичкиот и економскиот живот во Македонија сега, ниту во наредните години. Затоа, во иднина, оваа корупција и купување пратеник од БЕСА ќе биде сигурно предмет на темелна истрага и одговорност и за тој што дал, а и за тој што прмил поткуп. На овој начин се подрива уставниот и демократски ситем на државата, а политичката воља завршува на касата на СДСМ и ДУИ. Тоа го направи Амди Бајрам кога СДСМ подготвуваше ново парламентарно мнозинство во 1999 година. Амди преговараше со Црвенковски и прифати да биде дел од новото парламентарно мнозинство за пад на владата на Љубчо Георгиевски, но потоа го измами Црвенковски и не го исполни договореното. Веднаш по враќање на власт од страна на СДСМ во 2002 година, Амди Бајрам беше осуден на 4 години затвор кој го одлежа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opozicijata-se-ushte-ne-ja-zemala-no-sdsm-i-dui-ja-izgubija-vlasta/feed/ 0
Мицевски до Реџепи: Да го сочуваме достоинството на пратениците, ајде да ја урнеме криминалната и од народот делегитимирана влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-do-redzepi-da-go-sochuvame-dostoinstvoto-na-pratenicite-ajde-da-ja-urneme-kriminalnata-i-od-narodot-delegitimirana-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-do-redzepi-da-go-sochuvame-dostoinstvoto-na-pratenicite-ajde-da-ja-urneme-kriminalnata-i-od-narodot-delegitimirana-vlada/#respond Tue, 09 Nov 2021 11:53:34 +0000 https://kurir.mk/?p=593096

Колега Скендер ајде заедно да ја урнеме криминалната и од народот делегитимирана влада! Откако во петокот јасно и недвосмислено 61 пратеник се потпишаа на иницијативата за недоверба на владата, хибридниот режим на власта започна со брутална кампања, со многу притисоци, закани и уцени да го гази човечкото достоинство и да го урива кредибилитетот на институцијата македонско собрание, стои во Фејсбук статусот на Никола Мицевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој го повика колегата Скендер Реџепи да го сочуваат достоинството на пратениците и заедно да стават крај на газењето на пратениците од страна на хибридниот режим. - Согласно член 92 од Уставот, изберете 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со вас ќе поднесат нова иницијатива до Собранието за гласање на недоверба на владата на хибридниот режим СДСМ-ДУИ. Да нема изговори зошто се потпишал овој или оној бидејќи ова е гласање против хибридниот режим на СДСМ-ДУИ. Се надевам дека ќе застанете заедно со мнозинството на пратеници и ќе го сочуваме достоинството на пратеникот и угледот на македонското собрание. Одлуката овој пат е многу поедноставна, овде не се гласа за идеологија, туку вистинското прашање дали ќе дозволиме да продолжи криминалот и корупцијата или заедно ќе ја реформираме нашата заедничка татковина, додава Мицевски во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-do-redzepi-da-go-sochuvame-dostoinstvoto-na-pratenicite-ajde-da-ja-urneme-kriminalnata-i-od-narodot-delegitimirana-vlada/feed/ 0
Стоилковски: Заев е извор, а не решение пред кризите и наспроти притисоците, тоа ќе биде одлучувачки мотив во четврток https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-zaev-e-izvor-a-ne-reshenie-pred-krizite-i-nasproti-pritisocite-toa-kje-bide-odluchuvachki-motiv-vo-chetvrtok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-zaev-e-izvor-a-ne-reshenie-pred-krizite-i-nasproti-pritisocite-toa-kje-bide-odluchuvachki-motiv-vo-chetvrtok/#respond Tue, 09 Nov 2021 11:45:04 +0000 https://kurir.mk/?p=593091

Срамно и недостоинствено и на веќе познат начин, Зоран Заев повторно го гази Собранието за со поткупи, уцени и закани да се обиде да остане на власт! За жал, се повторуваат сценаријата со притисоци врз пратеници, овој пат потпишани на иницијативата за изгласување недоверба на актуелната влада. Информациите се дека тие притисоци се интензивни и дека не се штедат ниту во злоупотребите, ниту во непристојните понуди, изјави на денешната прес конференција, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека Зоран Заев не знае поинаку, и дека тоа веќе беше видено во Собранието, а со тој начин на режимско делување било и за време на изборниот процес. - Но, веруваме и дека, како што граѓаните се одважија и на избори го испратија Заев и СДСМ во историјата, така и потписниците на иницијативата за гласање недоверба на власта ќе се одважат да се издигнат над непристојните предлози и над заканите, затоа што за нив, како опозициски пратеници, ништо не е поважно од јасно изразената волја на гласачите. Впрочем, на лагите на Зоран Заев повеќе никој не верува. Како опозиција ги регистрираме и собираме сите вакви наводи, докази, сите непристојни предлози од Заев и неговата свита во заминување, сите злоупотреби на функции и институции, правени само и само Зоран Заев да не се соочи со волјата на граѓаните, појасни Стоилковски. Тој додава дека како партија и како коалиција за рушење на оваа власт, веруваат во чесноста на потписниците на иницијативата, и во нивниот јасно изразен став - дека актуелната власт не може да се справи со кризите коишто сама ги предизвика. Никој од потписниците на листата од новото мнозинство во парламентот не верува дека власт предводена од СДСМ треба да остане на чело на државата. - Впрочем, повеќе не се работи само за политика, туку се работи за решавање надоаѓачките страшни кризи. Зоран Заев е извор на кризите, а не е решение пред кризите и наспроти притисоците, тоа ќе биде одлучувачки мотив во четврток, дециден е Стоилковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-zaev-e-izvor-a-ne-reshenie-pred-krizite-i-nasproti-pritisocite-toa-kje-bide-odluchuvachki-motiv-vo-chetvrtok/feed/ 0
Милошоски: Самиот чин на собирање на 61 потпис и доставувањето за недоверба на оваа Влада веќе го руши кредибилитетот на целата Влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-samiot-chin-na-sobiranje-na-61-potpis-i-dostavuvanjeto-za-nedoverba-na-ovaa-vlada-vekje-go-rushi-kredibilitetot-na-celata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-samiot-chin-na-sobiranje-na-61-potpis-i-dostavuvanjeto-za-nedoverba-na-ovaa-vlada-vekje-go-rushi-kredibilitetot-na-celata-vlada/#respond Mon, 08 Nov 2021 21:54:36 +0000 https://kurir.mk/?p=592886

Јас сакам да потсетам дека денес на денешен датум се навршуваат два месеци од трагедијата која што се случи во модуларната болница во Тетово. И за жал имаше 14 жртви. Гледаме како власта одолговлекуваше, прво имавме морални оставки, па се констатираа, па не се констатираа, па се проценуваа дали се морални, па кој е одговорен, па германски извештај, експерти, ЈО итн. за после два месеци власта да купува време за да јавноста заборави што воопшто се случило. А, камо ли некој да понесе одговорност. Затоа сметам дека политичката криза се продлабочува и секој еден разумен добромислечки граѓанин или претставник на граѓаните, пратеник во Собранието би требало да има пред себе едно прашање, дали оваа власт е добра за државата, одговорна спрема граѓаните, дали е добра за економијата или создава економска криза, дали е добра за енергетиката или имаме енергетска криза која што допрва ќе се продлабочува. И врз основа на таквата проценка секој пратеник да си оцени дали треба да се гласа за оваа Влада да падне или да продолжи“, истакна Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник при гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија. Милошоски додаде дека тие како опозиционен блок заедно со партиите Алијанса, Алтернатива, БЕСА и нивните три пратеници, Левица, поднесоа иницијатива за изгласување недоверба на оваа Влада на која што ставија потпис 61 пратеник. - Сметам дека самиот чин на собирање на 61 потпис и доставувањето за недоверба на оваа Влада веќе го руши кредибилитетот на целата Влада, заклучи Милошоски. Милошоски посочи дека се гледа дека оваа Влада е нефункционална. - Втор показател дека оваа Влада е нефункционална е тоа што премиерот во оставка Заев пред осум дена неповикан од никого излезе на прес конференција со едно добро спремено писмено образложение и кажа дека поднесува оставка од претседател на Влада и претседател на СДСМ. Откако ја одржа таа прес конференција осум дена Заев е исчезнат. Никогаш не се случило на никој премиер да биде толку отсутен. Но, се гледа дека самиот Заев не е способен да се реши ниту за сопствената оставка, нагласи Милошоски. Милошоски рече дека Заев не е способен да ја реши економската криза, енергетската криза, а ниту пак здравствената криза која владее во Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-samiot-chin-na-sobiranje-na-61-potpis-i-dostavuvanjeto-za-nedoverba-na-ovaa-vlada-vekje-go-rushi-kredibilitetot-na-celata-vlada/feed/ 0
Петкова и Мицевски во изолација, но во четврток ќе присуствуваат за изгласување недоверба на Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-i-micevski-vo-izolacija-no-vo-chetvrtok-kje-prisustvuvaat-za-izglasuvanje-nedoverba-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-i-micevski-vo-izolacija-no-vo-chetvrtok-kje-prisustvuvaat-za-izglasuvanje-nedoverba-na-vladata/#respond Mon, 08 Nov 2021 18:28:51 +0000 https://kurir.mk/?p=592774

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и пратеничката Ангелинка Петкова се во изолација, но се очекува во четврток да дојдат во Собрание на седницата по поднесената Иницијативата за изгласување недоверба на Владата. Како што рече Мицевски за МИА, тој и Петкова ќе присуствуваат на седницата согласно Протоколот што беше донесен од Комисијата за заразни болести и беше применет во Собранието во април годинава. Пратениците Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ во април дојдоа во Собранието со скафандери за да го гласаат петтиот пакет економски мерки за справување со пандемијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-i-micevski-vo-izolacija-no-vo-chetvrtok-kje-prisustvuvaat-za-izglasuvanje-nedoverba-na-vladata/feed/ 0
Во четврток ќе се одржи седницата за гласање доверба на Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-chetvrtok-kje-se-odrzi-sednicata-za-glasanje-doverba-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-chetvrtok-kje-se-odrzi-sednicata-za-glasanje-doverba-na-vladata/#respond Mon, 08 Nov 2021 15:12:48 +0000 https://kurir.mk/?p=592692

Информираме дека во Собранието на Република Македонија е доставено Барање за гласање за доверба на Владата на Република Македонија и истата е архивирана од надлежните служби, информираат од Кабинетот на претседателот на Собранието во врска со Барањето за гласање за доверба на Владата. Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, согласно член 215 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, ќе ја свика седницата за поставеното барање за гласање за доверба на Влада, а истата ќе се одржи на третиот ден од денот на поставување на прашањето за доверба на Владата, односно во четврток (11.11.2021), во 11.00 часот, Според член 215 став 3 од Деловникот на Собранието, рокот за свикување на седница почнува да тече наредниот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба на Владата. За сите чекори и процедури, како и досега, претставниците на медиумите ќе бидат информирани преку надлежните служби во Собранието. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-chetvrtok-kje-se-odrzi-sednicata-za-glasanje-doverba-na-vladata/feed/ 0
Николоски: Се водат разговори и со други пратеници, очекувам Иницијативата за недоверба на влада да ја поддржат повеќе од 61 пратеник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-se-vodat-razgovori-i-so-drugi-pratenici-ochekuvam-inicijativata-za-nedoverba-na-vlada-da-ja-poddrzat-povekje-od-61-pratenik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-se-vodat-razgovori-i-so-drugi-pratenici-ochekuvam-inicijativata-za-nedoverba-na-vlada-da-ja-poddrzat-povekje-od-61-pratenik/#respond Mon, 08 Nov 2021 14:55:58 +0000 https://kurir.mk/?p=592682

Во тек се водат интензивни разговори и со други пратеници во Собранието за поддршка на Иницијативата за недоверба на владата, со што бројката ќе биде повеќе од 61 пратеник, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Александар Николоски денеска при поднесување на Иницијативата во македонското Собрание. Тој истакна дека доколку во моментов треба да се гласа доверба на владата или најдоцна до четврток очекува повеќе од 61 пратеник да гласаат за недоверба на владата. - Сакам да ја информирам јавноста дека во тек се интензивни разговори и со уште неколку пратеници во македонското Собрание и очекувам дека иницијативата за недоверба на владата ќе ја поддржат повеќе од 61 пратеник, рече Николоски. Тој посочи дека Иницијативата е поддржана од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, пратениците на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, пратениците на политичката партија БЕСА и пратениците на политичката партија Левица. - Вкупно 61 пратеник ја потпишаа ова Иницијатива и 61 потпис се доставени заедно со оваа иницијатива до македонското Собрание. Очекуваме Претседателот на Собранието согласно роковите утврдени во Уставот и Деловникот во најбрз можен рок да свика седница на која што ќе се гласа за доверба на Влада, истакна Николоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-se-vodat-razgovori-i-so-drugi-pratenici-ochekuvam-inicijativata-za-nedoverba-na-vlada-da-ja-poddrzat-povekje-od-61-pratenik/feed/ 0