гласен текстилец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 26 May 2023 17:10:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гласен текстилец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Гласен Текстилец”: Ова е враќање во феудалистичко општество и експлоатација на градежните работници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilets-ova-e-vrakane-vo-feudalistichko-opshtestvo-i-eksploatatsija-na-gradezhnite-rabotnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilets-ova-e-vrakane-vo-feudalistichko-opshtestvo-i-eksploatatsija-na-gradezhnite-rabotnitsi/#respond Fri, 26 May 2023 17:10:50 +0000 https://kurir.mk/?p=839179

Работното време на коридорите 8 и 10д кое „Гласен Текстилец“ пред само неколку месеца го оспори пред Уставен суд, а тој суд го оцени како неуставно законско решение, денеска беше донесено со европско знаменце од страна на владината коалиција, се вели во писмената реакција од Кристина Ампева од Здружението „Гласен Текстилец“. Посочува дека ова е уште еден пример на злоупотреба на европското знаменце, кршење на конвенциите на Меѓународната организација на трудот. -Ова е враќање во феудалистичко општество и експлоатација на градежните работници. Ова е само еден грозен почеток на злоупотреба на работничките права, со наводно стратешки проект и дозвола за прекувремена незаконска работа, кој почеток понатаму ќе се користи и за останати дејности да бидат квалификувани како стратешки дејности, проекти, интереси, под влијание на разни структури, крупниот капитал, олигарсите, вели Ампева. Забележува дека ова е пораз за сите работници, за сите синдикати и за нив како организација, која пред неколку месеци го оспори ова пред Уставен суд. - Оттука упатуваме голема загриженост за состојбата со човековите права, со почитувањето на законите, злоупотреби со европско знаменце за неевропски закон. Но, и очекуваме дека претседателот на државата, Стево Пендаровски денешните изгласани закони, вклучително и измената во Законот за работни односи нема да бидат потпишани од негова страна, подвлекува Ампева во соопштението. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilets-ova-e-vrakane-vo-feudalistichko-opshtestvo-i-eksploatatsija-na-gradezhnite-rabotnitsi/feed/ 0
„Гласен Текстилец“: За мобинг на работното место лани поднесени 48 пријави https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilets-za-mobing-na-rabotnoto-mesto-lani-podneseni-48-prijavi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilets-za-mobing-na-rabotnoto-mesto-lani-podneseni-48-prijavi/#respond Thu, 23 Feb 2023 12:45:25 +0000 https://kurir.mk/?p=804178

Четириест и осум пријави се поднесени минатата година за мобинг на работно место, од кои 33 во јавниот, а само 15 во приватниот сектор. Овие бројки сугерираат на фактот дека мобинг или вознемирување на работно место постои ама ретко се пријавува. Вработените стравуваат дека тоа негативно ќе влијае врз нивното идно работење, истакнаа експертите и учесниците наденешната конференција на која се презентираа резултатите од „Истражувањето за начинот, опсегот и влијанието на вознемирувањето врз жртвите на мобинг“, кое е реализирано од страна на „Гласен Текстилец“-Штип. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ истакна дека истражувањата покажуваат дека најголема пречка и проблем е докажувањето на мобингот, затоа и во пракса има само две потврдени судски пресуди на нивно на држава. -Тажно е уште тоа што, ние како држава, може да се пофалиме само со две судски постапки за мобинг. Значи, говориме за докажани судски постапки во првостепена и второстепена истанца и во двете се работи за јавен сектор, вели Ампева. Фросина Серафимовска од Државниот инспекторат за труд (ДИТ) истакна дека како инспекторат има превентивна улога и во законски предвидениот рок постапуваат по добивањето на пријавата. -До нас како институција, работниците во секој случај и во секое време можат да поднесат пријава, претставка или барање за извршување на вонрден инспекциски надзор, доколку сметаат дека одредено право, односно, во овој случај истите се изложени на мобинг од страна на работодавачот, каде што работат. Инспектори кои работат на терен постапуваат по нив, во однос на тоа дали ќе се утврди повреда или нема да се утврди повреда по поднесената пријава од страна на работниците, изјави Серафимовска. Од Министерството за труд и социјална политика сметаат дека е потребно ново законско решение, за заштита и спречување од вознемирување на работа. Од таму се надеваат дека нема да има недостатоци во новиот Закон, кој е во изготовка и ќе се стави крај на вознемирувањето на работно место. - Следната година ќе имаме Закон, кој што ќе ги има во предвид сите оние недостатоци на посточекиот Закон. Она, шест месеци чекање на постапката, водење на евиденција, предупредување на моберот, сето тоа нема да влезе во новото законско решение, затоа што вознемирувањето може да биде еднократно, а да има многу поголеми последици, отколку да биде повторувано или да биде долготрајно, вели Светлана Цветковска од Министерството за труд и социјална политика. Маја Ристова адвокат, која и беше вклучена во изготовка на новиот Закон за мобинг се надева дека предлозите кои таа ги дала, но и препораките од ова истражување ќе се земаат во предвид од страна на Министерството за труд и социјална политика. Посочи дека во тек се судски постапки за мобинг. Во рамките на истражувањето анкетирани беа над 900 текстилни работнички, кои потврдуваат дека мобинг има на работните места, но тешко се докажува и затоа и не се пријавува од нивна страна, бидејќи има страв дека ќе го загубат работното место.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilets-za-mobing-na-rabotnoto-mesto-lani-podneseni-48-prijavi/feed/ 0
„Гласен Текстилец“: Една третина од работничките во текстилната индустрија се соочуваат со здравствен проблем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilec-edna-tretina-od-rabotnichkite-vo-tekstilnata-industrija-se-soochuvaat-so-zdravstven-problem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilec-edna-tretina-od-rabotnichkite-vo-tekstilnata-industrija-se-soochuvaat-so-zdravstven-problem/#respond Wed, 23 Mar 2022 09:16:01 +0000 https://kurir.mk/?p=651862

Првото професионално истражување од „Гласен Текстилец“ од Штип и тим на експерти покажа дека една третина од текстилните работнички имаат потврдена медицинска дијагноза, а останатите работници се во ризик. Најчести здравствени проблеми со кои се соочуваат се видот, крвниот притисок и кардиоваскуларните заболувања. – Кај секој вработен во текстилната индустрија се регистрираат дури три различни оштетувања и промени во здравствената состојба. Резултатите ни покажаа дека најмногу проблеми имаат со видот, потоа доаѓа зголемениот крвен притисок, анемиите и кардиоваскуларните заболувања, вели Елисавета Стикова, универзитетски професор на Медицинскиот факултет во Скопје, која е дел од тимот што ја изработи анализата „Безбедност и здравје при работа во македонската текстилна индустрија“. Работничката Снежана Костадинова вели дека дел од работниците осум часа седат на столче, свиткани се на само 30 сантиметри од машината, а другиот дел стојат во едно место. -Седеш на машина, шиеш, кичмата ти е вкочена, на кој и да кажеш никој не ти верува или стоеш на нога цел ден, нозете те болат, притисокот ти варира и никој не ти верува дека не си арна, а мораш да работеш, вели Костадинова. Работничките почесто заболуваат во однос на колегите од машкиот пол. Според претседателот на Македонското здружение за здравје при работа Милан Петковски, текстилната индустрија во вакви услови може да издржи уште десетина години. -Она што не го гледаме е дека на овие работници, здравјето им се „гази“. На тие исти работници им се одземаат денови од животот кои би требало квалитетно да ги живеат, изјави Петковски. Студијата „Безбедност и здравје при работа во македонската текстилна индустрија“ ја направи „Гласен текстилец“ преку анкета на текстилните работнички, а предмет на истражување беа 6.000 резултати од систематски прегледи на текстилни работници. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“-Штип вели дека ова е прво вакво посериозно истражување за професионалните болести на текстилните работнички. Како проект го имаат работено заедно со невладина организација од Албанија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilec-edna-tretina-od-rabotnichkite-vo-tekstilnata-industrija-se-soochuvaat-so-zdravstven-problem/feed/ 0
Штипското јавно обвинителство покрена обвинение против управител на текстилна конфекција за намерен лажен стечај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/shtipskoto-javno-obvinitelstvo-pokrena-obvinenie-protiv-upravitel-na-tekstilna-konfekcija-za-nameren-lazen-stechaj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/shtipskoto-javno-obvinitelstvo-pokrena-obvinenie-protiv-upravitel-na-tekstilna-konfekcija-za-nameren-lazen-stechaj/#respond Thu, 03 Mar 2022 15:27:24 +0000 https://kurir.mk/?p=640319

Штипското јавно обвинителство покренува обвинение против управител на една штипска текстилна конфекција за намерно лажно предизвикување на стечај. Претседателката на „Гласен Текстилец“-Штип, Кристина Ампева на денешната прес-конференција истакна дека известувањето на Основното јавно обвинителство(ОЈО)-Штип го добиле денеска. Ова известување доаѓа по вчерашната кривична пресуда во корист на работничка од Делчево, за којшто МИА веќе информираше. Ампева забележува дека ова значи дека пресудата нема да биде изолиран случај. - Драго ми е за денешното известување од Основното јавно обвинителство-Штип, каде што поднесовме обвинение против управител на една конфекција во Штип, ќе го почекаме исходот од постапката. Меѓутоа овде се разботи за намерно предизвикување на стечај, со самото тоа што ОЈО –Штип за првпат ни одговара позитивно во однос на еден член од Кривичниот законик нас ни влева доверба, а треба да им влева и доверба на работниците, вели Ампева. Кривичните постапки треба за крајна цел да имаат намалување на злопотребите од страна на работодавачите на сметка на работниците. -Време е веќе ова да започне да се практикува по Кривичен законик, а не како прекршување на Закон за работни односи. Нека има затворски казни, парични казни, нека се полни буџетот, од работодавачи кои сметаат дека треба да ги злоупотребуваат работниците, вели Ампева. За кривично дело предизвикување на намерен лажен стечај е предвидена затворска казна од една до пет години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/shtipskoto-javno-obvinitelstvo-pokrena-obvinenie-protiv-upravitel-na-tekstilna-konfekcija-za-nameren-lazen-stechaj/feed/ 0
„Гласен текстилец“ на Уставен суд ќе ја облажи одлуката на власта за задолжителна вакцинација на вработените во јавниот сектор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilec-na-ustaven-sud-kje-ja-oblazi-odlukata-na-vlasta-za-zadolzitelna-vakcinacija-na-vrabotenite-vo-javniot-sektor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilec-na-ustaven-sud-kje-ja-oblazi-odlukata-na-vlasta-za-zadolzitelna-vakcinacija-na-vrabotenite-vo-javniot-sektor/#respond Wed, 17 Nov 2021 21:03:16 +0000 https://kurir.mk/?p=596769

Здружението „Гласен текстилец“ најостро се спротиставува на предложените антиковид-мерки кои се однесуваат за сите вработени во јавниот сектор, односно вработените во локалната самоуправа, во државните институции, при одење на работно место да да прикажат потврда за примена најмалку една доза вакцина или негативен ПЦР-тест направен на сопствен трошок. Во објавата на социјалните мрежи, „Гласен Текстилец“ смета дека тие се косат со позитивните прописи и меѓународни стандарди за човекови права. –Здружението „Гласен Текстилец“ најостро се спротивставува на овие предлог мерки и укажуваме на Владата да не ги усвојува бидејќи самата Предлог-одлука за задолжително вакцинирање на вработените од јавниот сектор е неуставна и противзаконска т.е. спротивна на чл. 9,10,11 и 27 од Уставот, спротивна на членовите 6,7,14 и 25 од Законот за заштита на правата на пациентите и спротивна на членовите 8,9 и 12 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, се вели во соопштението од „Гласен текстилец“. Бараат веднаш да бидат повлечени овие мерки кои, како што велат, задираат во човековата слобода и дејствување. Во спротивно, тие ќе покренат иницијатива за оцена на уставноста и законитоста пред Уставниот суд и ќе ги повикаат на протест вработените и од јавен и од приватен сектор против ваквите мерки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilec-na-ustaven-sud-kje-ja-oblazi-odlukata-na-vlasta-za-zadolzitelna-vakcinacija-na-vrabotenite-vo-javniot-sektor/feed/ 0
Со дебатата за жените работнички почнува „Текстилијада“ во Штип https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/so-debatata-za-zenite-rabotnichki-pochnuva-tekstilijada-vo-shtip/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/so-debatata-za-zenite-rabotnichki-pochnuva-tekstilijada-vo-shtip/#respond Wed, 06 Oct 2021 13:53:26 +0000 https://kurir.mk/?p=574114

Со дебатата „Социјално и економско зајакнување на жените работнички преку кооперативи и социјални претпријатија“ што ќе се одржи утре, во Штип почнува петтата „Текстилијадата“ чие годинашно мото е „Известување и улогите во борбата за работнички права“. Манифестацијата ја организира невладината „Гласен текстилец“ – Штип. Како што соопштија на денешната прес-конференција Кристина Ампева, Благојче Дишовски и уметничкиот директор на „Текстилијадата“, Денис Ампев, на „Текстилијадата“ ќе се дебатира и за новинарите и известувањето на работничките права, за улогата на брендовите и работничките организации во КОВИД-криза, а последниот ден, во сабота, е дебатата за „Институциите во интерес на работниците“. На манифестацијата ќе се промовираат и стрипот „Супер работничка“, дела на пет уметници и книгата „Хорор приказни“ од Кристина Божурска. Според податоците на „Гласен текстилец“, во време на пандемија или за 1,5 година помош побарале 12.000 работници од сите индустриски гранки. -Многу жени останаа без работа и токму тие најмногу ја почувствуваа кризата. Од почнувањето на корона вирусот дававме конкретни мерки, што треба да се направи за да нема губење работни места. Први ние укажвме на злоуптребите со државната помош, рече Ампева. Според неа, брендовите за кои работат нашите компании имаат огромна одговорност и можат многу да ја унапредат состојбата со работничките права. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/so-debatata-za-zenite-rabotnichki-pochnuva-tekstilijada-vo-shtip/feed/ 0
Ампева за Курир: Принудниот одмор на текстилните работници е затишје пред бура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ampeva-za-kurir-prinudniot-odmor-na-tekstilnite-rabotnici-e-zatishje-pred-bura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ampeva-za-kurir-prinudniot-odmor-na-tekstilnite-rabotnici-e-zatishje-pred-bura/#respond Thu, 08 Apr 2021 06:34:57 +0000 https://kurir.mk/?p=494036

Над 6.000 текстилни работници во земјава се на колективен одмор. Претседателката на Здружението „Гласен Текстилец“, Кристина Ампева во изјава за Курир вели дека остануваат да ја следат состојбата која нималку не е во корист на Штип, источниот регион и градовите каде е застапена текстилната и чевларската гранка. Вели, ако не се изгласа 5-тиот пакет на економски мерки ќе имаме ужасна ситуација, огромни проблеми со егзистенција на работниците. -Очигледно е дека текстилните фабрики останаа без работа, поради економско здравствената криза со Ковид 19 која го зафати целиот свет, не само Македонија. Нарачките од странските партнери се запрени, малку се оние брендови кои не запреа со работа. Ова беше очекувано. Ние како текстилна индустрија зависиме од странските партнери и лон производството. Она што го зборевме со години, дека 95% од фирмите во Македонија се зависни од брендовите и немаме менаџерски способности за сопствено производство, дека лон производството е едноставно, но е неплатено, оваа криза го покажа и извади на површина лошото менаџирање и слабостите на лон производите. Останува да се надеваме дека ќе се изгласа 5-тиот пакет на економски мерки, бидејќи во спротивно ќе имаме ужасна ситуација, огромни проблеми со егзистенција на работниците, особено од ваквите ниско платени индустриски гранки. Имаме фирми кои должат по два месеци плата, не се платени придонесите, што значи дека немаат здравствено осигурување, што е исклучително не фер и не човечки во време на ваква здравствена криза. Принудниот одмор е затишје пред бура, особено ако продолжат калкулациите во Собрание од страна на партиите и пратениците, оние кои се избрани од народот, а се однесуваат крајно неодговорно. Не може закон за државјанство да е поважен од работни места и егзистенција на илјадници работници и нивните семејства, вели Ампева за Курир. Претседателот на Организацијата на работодавачи најави дека можни се отпуштања на вработените со договор на дело во следниот период и прогласување технолошки вишок на вработени. Ампева посочува дека не можат да ја знаат точната бројка на работници кои би биле отпуштени доколку се случи ова сценарио. -Не можеме да ја знаеме точната бројка. Од страна на колегите од ЗМАИ имаше истражување каде бројката на отпуштени од секторот текстил е 7000 луѓе. Инаку, и досега беа први на удар оние кои ги користеа мерките (бремени, хронично болни, мајки на деца до 10 години), како и оние со договори на определено време. Имаше и многу со незаконски откази, непочитување на договорите за вработување, фалсификувани потписи од страна на работодавачите кај работници на неопределено време. Не се сложувам дека текстилните фирми даваат откази од деловни причини, бидејќи треба да платат опремнина согласно стажот на вработениот кај работодавачот. Тоа е и еден од поголемите проблеми периодов. Имаме стотици работници кои беа принудени да си потпишат спогодбен отказ, да потпишат анекси од неопределено на определено работно време. И сето тоа, за да работодавачите не исплатат она што им следува на работниците при отказ од деловни причини. Ова се деловни причини, а не причини на работникот. Но знаеме дека со децении правата на работникот се на хартија, а ги немаме во пракса во огромен дел, оваа криза исто, извади на површина какви се не злоупотреби се прават на штета на работникот. А додека немаме и институции кои будно ќе следат, интервенираат и не дозволуваат прекршувања на права, ситуацијата ќе продолжи бидејќи неказнивоста од страна на институциите на државата, ги охрабрува дел од работодавачите да ги кршат законите, посочува Ампева. Посочува и дека состојбата во текстилната индустрија е загрижувачка. Добар дел од вработените се соочуваат со откази, несигурност на работно место, приморани да потпишуваат разни спогодби и анекси на договори, исплати под минимална плата, доцнење на плата, неисплаќање на плата и неплатени придонеси, немање на платено здравствено осигурување. -Од друга страна, имаме покачени цени на производи, луѓето каснат со исплата на рати од кредити кон банките, сметките, имаат зголемени трошоци, а немање на редовна плата. И повторно, катастрофална е неодговорноста на поедини пратеници и политички партии да си играат со човечки судбини. Забораваат поради кого се на тие функции и благодарение на кого ги уживаат нивните привилегии и земаат високи и редовни плати. Си играат со трпението на граѓаните и фирмите, па треба да се запрашаат дали може оваа ситуација да ескалира поради нивната неодговорност. Итен е сетот на мерки, државна помош кон граѓаните и фирмите, се останато е популизам, неодговорност и играње со човечки судбини, нагласува претседателката на „Гласен Текстилец“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ampeva-za-kurir-prinudniot-odmor-na-tekstilnite-rabotnici-e-zatishje-pred-bura/feed/ 0
Ампева: Работничка од Куманово ја доби првата кривична пресуда за кршење права во корона-криза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-rabotnichka-od-kumanovo-ja-dobi-prvata-krivichna-presuda-za-krshenje-prava-vo-korona-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-rabotnichka-od-kumanovo-ja-dobi-prvata-krivichna-presuda-za-krshenje-prava-vo-korona-kriza/#respond Tue, 22 Dec 2020 10:51:13 +0000 https://kurir.mk/?p=446612

Работничка од приватен сектор во Куманово ја доби првата кривична пресуда за кршење на работнички права за време на корона-кризата, соопшти Кристина Ампева од „Гласен Текстилец”-Штип. Забележува дека за време на оваа здравствено – економска криза, каде што многу работници останаа без работа, со незаконски откази утринава ја добила позитивната вест. -Гласен Текстилец го следеше судскиот случај, на една работничка од Куманово, којашто беше бремена и ги користеше времените мерки донесени од Владата, со коишто бремените беа ослободени од работа. Работодавачот и даде незаконски отказ, поради кршење на ред и дисциплина. Оваа работничка собра храброст и го тужеше работодавачот, со тужба поради работен спор и приватна кривична тужба и ја доби оваа битка, со што судот го усвои тужбеното барање, го утврди незаконитото постапување, со кои се повредени работничките права. Судот го поништи решението за откажување на договорот за вработување, како незаконито, вели Ампева. Посочи дека работничката, која одобрила да се објави информацијата е со цел да се охрабрат работниците, доколку се повредени нивните работнички права и да бидат одлучни и упорни во нивното остварување. – Да се обратите до соодветните институции, како и до „Гласен текстилец“ кој секогаш е на страната на работниците и секогаш достапен да даде помош и соодветно да ве упати при остварувањето на работничките права.Правдата е достижна, само е потребно храброст, одлучност и упорност, порача Ампева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-rabotnichka-od-kumanovo-ja-dobi-prvata-krivichna-presuda-za-krshenje-prava-vo-korona-kriza/feed/ 0
Ампева од “Гласен текстилец”: Текстилни работници не пријавуваат симптоми, само за да не ја загубат работата и да не останат без леб https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-od-glasen-tekstilec-tekstilni-rabotnici-ne-prijavuvaat-simptomi-samo-za-da-ne-ja-zagubat-rabotata-i-da-ne-ostanat-bez-leb/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-od-glasen-tekstilec-tekstilni-rabotnici-ne-prijavuvaat-simptomi-samo-za-da-ne-ja-zagubat-rabotata-i-da-ne-ostanat-bez-leb/#respond Mon, 02 Nov 2020 19:09:24 +0000 https://kurir.mk/?p=423941

Во вечерашното издание на дебатната емисија "Топ тема" гостуваше министерот за економија Крешник Бектеши, како и претставничката на здружението "Гласен текстилец", Христина Ампева. Министерот Бектеши во неколку наврати потенцираше дека Владата е конзистентна и активно учествува во изнаоѓање мерки кои ќе ги подобрат условите на текстилните работници, односно дека Владата понудила одредени пакети кои би требало да помогнат во овие моменти кога владее пандемијата. На ваквото образложение реагираше Ампева, која беше децидна во поглед на тоа дека текстилците не се заштитени во ниеден дел на нивната работа, односно дека Владата не само што не помогнала на сите текстилни работници, туку и голем дел од нив се избркани од работа, поради тоа што им се скратени примањата во однос на пат и храна, а истите немаат пари да ги сносат сами тие трошоци, поради тоа што и така платите им се мали. "Наместо Владата да помогне во овие тешки моменти кога текстилците се скоро ликвидирани поради лошата ситуација со ковид пандемијата, таа не ги контролира сопствениците на голем број конфекции, ниту пак знае за отказите кои се делат секојдневно поради тоа што некоја вработена или вработен пријавил симптоми на вирусот или пак е во изолација поради контакт со друг заболен. Текстилните работници се со минимални примања и со таа скромна плата луѓето ранат семејство, а со ваквиот однос од страна на работодавачите, голем дел од вработените не пријавуваат дека имаат симптоми или дека биле во контакт со заболен, само за да ја зачуваат работата и да однесат една корка леб дома", додаде Ампева. Инаку, текстилните работници во државата се приморани сами да си ги покриваат трошоците за пат и за храна, што е само уште една потешкотија во овие моменти, кога и онака се соочуваат со лош и некоректен третман, како од работодавачите, така и од власта која е незаинтересирана за решавање на овој проблем, заврши Ампева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-od-glasen-tekstilec-tekstilni-rabotnici-ne-prijavuvaat-simptomi-samo-za-da-ne-ja-zagubat-rabotata-i-da-ne-ostanat-bez-leb/feed/ 0
Гласен Текстилец: Делчевска конфекција исплатила износ под минимална плата на вработени кои користеле мерки за време на пандемијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilec-delchevska-konfekcija-isplatila-iznos-pod-minimalna-plata-na-vraboteni-koi-koristele-merki-za-vreme-na-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilec-delchevska-konfekcija-isplatila-iznos-pod-minimalna-plata-na-vraboteni-koi-koristele-merki-za-vreme-na-pandemijata/#respond Tue, 08 Sep 2020 16:11:37 +0000 https://kurir.mk/?p=400755

Вработени во приватна конфекција во Делчево кои користеле мерки во време на пандемијата добиле паричен надомест под минималната плата за периодот додека траеле мерките. Во објавата на својот Фејсбук профил од ,,Гласен текстилец” соопштија дека на удар на работодавците биле бремени, хронично болни и родители на деца до 10-годишна возраст. -По добиени сознанија за конфекциите Крзно и Крзно Делчево за исплата под минимална плата за вработени кои користеле мерки во време на пандемијата Гласен Текстилец поднесе барања за инспекциски надзор до надлежниот Трудов инспекторат за корекција на плата. По извршениот инспекциски надзор, инспекторка од областа на трудот го задолжи работодавачот на двете гореспоменати фирми да направи корекција на плата за вкупно 21 лице кои ги користеле мерките од Владата, се вели во објавата на  Гласен Текстилец. Против работодавачот, како што стои во понатамошниот текст издадено е решение и дадена наредба да се направи корекција на плата со рок од 10 дена. -Ова е доказ за уште една успешна соработка меѓу Државниот трудов инспекторат и Гласен Текстилец во насока на заштита на работничките права во време на оваа криза од Ковид -19, се вели во продолжение од објавата на здружението. Оттаму додаваат дека овој период,  вработените од приватниот сектор биле први на удар, при што меѓу најранливите категории вработени се бремените жени, хронично болните и мајките на деца до 10 години. Од здружението додаваат дека  внимателно ќе продолжат да ги следат состојбите, при што со правна помош и поддршка ќе се обидат да им помогнат на сите кои ја бараат нивната помош. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilec-delchevska-konfekcija-isplatila-iznos-pod-minimalna-plata-na-vraboteni-koi-koristele-merki-za-vreme-na-pandemijata/feed/ 0