Гласен Текстилец” – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 23 Jul 2023 13:20:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Гласен Текстилец” – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Гласен Текстилец“ бара да продолжат контролите на автобусите во кои се превезуваат текстилните работнички https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilets-bara-da-prodolzhat-kontrolite-na-avtobusite-vo-koi-se-prevezuvaat-tekstilnite-rabotnichki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilets-bara-da-prodolzhat-kontrolite-na-avtobusite-vo-koi-se-prevezuvaat-tekstilnite-rabotnichki/#respond Sun, 23 Jul 2023 13:20:50 +0000 https://kurir.mk/?p=859178

Здружението „Гласен Текстилец“ и текстилни работнички бараат координираните акции меѓу инспекторите и сообраќајната полиција да продолжат и наредните денови во Штип. Кристина Ампева од Здружението „Гласен Текстилец“ вели дека викендов до нив пристигнале сведоштва и коментари од работници за условите во кои се возат. -Апел до работодавачите да ги контактираат и проверат условите во кои се возат работниците. Триесет години плаќаат кон приватни превозници за тој превоз. Нека побараат и нормални услови, безбедни и достоинствени, вели Ампева. Работнички на социјалните мрежи коментираат и споделуваат коментари, како се превезуваат од фабриките до нивните домови, на една од нив се гледа дека во зимски услови работничките имаат и отворен чадор во автобусот, кој како што велат прокиснувал од сите страни. -Барем еден ден да видете и осетете на своја кожа, летно време ќе се задушиме од жешко, зимно време ладно, насекаде дува, а пак кога врне дожд со чадори се возиме во автобусот, еве ви доказ, да не речете лажеме, коментира текстилна работничка на фејсбук. Во соопштението на Државните инспектори за труд се вели дека во петокот на територија на цела држава извршиле вкупно 74 инспекциски надзори. -Од вкупно извршените надзори 54 се вонредни а 20 се контролни инспекциски надзори. Изречени се вкупно 21 инспекциски мерки и тоа 14 решенија со наредба за почитување на препораките за превенција и заштита на работниците при работа во услови на топлотен бран и 7 решенија за забрана за работа за утврдено непочитување на препораките односно затекнување на активности каде работниците се директно изложени на високи температури во период од 11 до 17 часот, се вели во соопштението на ДИТ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilets-bara-da-prodolzhat-kontrolite-na-avtobusite-vo-koi-se-prevezuvaat-tekstilnite-rabotnichki/feed/ 0
Ампева: „Гласен Текстилец“ има пријави за работа на градежни работници и бремени жени за време на топлотниот бран https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-glasen-tekstilets-ima-prijavi-za-rabota-na-gradezhni-rabotnitsi-i-bremeni-zheni-za-vreme-na-toplotniot-bran/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-glasen-tekstilets-ima-prijavi-za-rabota-na-gradezhni-rabotnitsi-i-bremeni-zheni-za-vreme-na-toplotniot-bran/#respond Thu, 20 Jul 2023 10:51:27 +0000 https://kurir.mk/?p=858427

Здружението „Гласен Текстилец“ изминатите денови имале пријави од страна на работници но и граѓани за непочитување на мерките и препракките на Владата за работниците за време на топлотниот бран. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ за МИА вели дека пријави им пристигнале од Штип, Скопје и Свети Николе. -Од Скопје и Штип имаше пријави за градежни работници, работници од јавни претпријатија во текот на вчерашниот ден. Гледаме да реагираме со Трудовиот инспекторат и за ослободување и на бремените жени, а за хронично болните министерството за здравство сметаше дека нема потреба да бидат ослободени од работа, вели Ампева. Посочи дека зголемена е свеста кај работниците,но и на граѓаните кои пријавуваат работа на градежните работници на отворено. Таков пример имала вчера од страна на граѓани, кои реагирале дека градежни работници работат на објект, како и дека на терен се и работници од јавни претпријатија од Скопје. -Граѓаните прашуваат каде да пријават, значи тие приметуваат дека се прекршуваат правата на работниците и работат на изложеност на сонцето, а се знае од колку до колку не смеат да работат. Така да мене ми е многу мило што самите се јавуваат на телефоните на Трудовиот инспекторат, рече Ампева. Таа посочи дека во овој период имаат и добра соработка со инспекторите, кои веднаш реагираат на терен. -Додека се вршени тие контролни надзори можам да кажам дека се ослободени голем број на бремени жени од текстилниот сектор, потоа има супер маркети, па и во здравствена установа. Но интересно е дека при тие надзори најдени се и голем број на непријавени работници. Така да овде имаме поопсежна работа на терен, вели Ампева. Прашана за реакцијата на текстилни работнички дека се возат во неклиматизирани автобуси, на некои од нив за да влезе воздух можат да се отварат два или три прозоци, Ампева потврдува дека вакви реакции имаат од работничките во овој сектор и веќе има реагирано до надлежните институции. -За превозот на работниците ми е жал што сообраќајна полиција не е присутна на терен за да виде дека има претовари во автобусите со кои се превезуваат работници. Не можам да кажам за сите работодаваци, но има и кои имаат сопствен превоз и се придржуваат до мерките. Генерално сликата е таква, каква што е и може да се виде на постојките од 14.30 па понатаму кога работниците заминуваат дома од своите работни места, вели Ампева. Посочи дека информиран е и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, а веќе денеска добила одговор од него оти општинскиот сообраќаен инспектор ќе се координира со сообраќајната полиција и инспектор од безбедност и здравје на работа да излезат на терен и да видат во какви услови се превезуваат работниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-glasen-tekstilets-ima-prijavi-za-rabota-na-gradezhni-rabotnitsi-i-bremeni-zheni-za-vreme-na-toplotniot-bran/feed/ 0
,,Гласен Текстилец” бара навреме да се преземат мерки за заштита на работниците од високи температури https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilets-bara-navreme-da-se-prezemat-merki-za-zashtita-na-rabotnitsite-od-visoki-temperaturi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilets-bara-navreme-da-se-prezemat-merki-za-zashtita-na-rabotnitsite-od-visoki-temperaturi/#respond Mon, 10 Jul 2023 13:46:22 +0000 https://kurir.mk/?p=855057

Здружението ,,Гласен Текстилец" денеска преку соопштение ги потсетува Министерствата за здравство и за труд и социјална политика, дека територијата на државата ќе биде зафатена од високи температури, односно влегуваме во портокалова фаза. Со тоа што како што се наведува во соопштението, овие министерства треба да објават препораки за намалување на ризиците од високите температури за лицата кои се наоѓаат на отворен простор и на своите работни места. -Предлагаме да дадат препорака за ослободување од работните обврски или да се организира работното време на најранливите групи на населението, како што се: бремените жени, лицата на возраст над 60 години, хронично болните.За градежните работници и сите други работници коишто работат на отворен простор да се организира работното време со цел за заштита од директна сончева изложеност на работниците, велат од ,,Гласен Текстилец". Здружението ги потсетува работодавачите да го заштитат здравјето на вработените, а инспекторатот за труд да внимава на почитување на законските прописи од областа на безбедноста и здравјето при работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilets-bara-navreme-da-se-prezemat-merki-za-zashtita-na-rabotnitsite-od-visoki-temperaturi/feed/ 0