гласна музика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 21 Oct 2022 09:22:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гласна музика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Четири локали во Општина Центар казнети за пуштање гласна музика https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/chetiri-lokali-vo-opshtina-centar-kazneti-za-pushtanje-glasna-muzika/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/chetiri-lokali-vo-opshtina-centar-kazneti-za-pushtanje-glasna-muzika/#respond Fri, 21 Oct 2022 09:22:14 +0000 https://kurir.mk/?p=748870

По зголемениот број пријави од граѓани за гласна музика од угостителските објекти во ноќните часови, особено во летниот период, Секторот за инспекциски работи на Општина Центар во периодот од мај до септември спроведе акции за мерење на бучавата од гласна музика, при што се изречени казни на четири локали. Акциите, како што соопшти Општината, се спроведени по 23 часот на локации во Капиштец, Дебар Маало, Буњаковец, улица „Македонија“ и Кеј „13 Ноември“, при што се поминати повеќе локали и опоменати се да ги почитуваат граничните вредности за бучава во животната средина. Мерењата се извршени од овластена лабораторија за животна средина и мерење на ниво на бучава, со која Општината има склучен договор. Согласно извештаите од мерењата на бучава предизвикана од гласна музика, измерените вредности во сите случаи ги надминуваат дозволените гранични вредности, согласно „Правилникот за гранични вредности на нивото на бучава во животна средина“.
За сите локали се започнати инспекциски постапки, согласно Законот за бучава во животна средина, при што правните лица се задолжени со Решенија да преземат мерки во одреден рок, за намалување на бучавата. При контролните мерења, повторно се констатирани надминувања на граничните вредности, за што локалите „Мош“, „Мечос“, „Локал 45“ и „Интермецо“ се казнети со платен налог за наплата на глоба во висина од 360.000 до 800.000 денари, во зависност од тежината на сторениот прекршок. Доколку правните лица не ја платат глобата, се поведува постапка во Основен суд, информираат од Општина Центар и апелираат сите управители и сопственици на угостителски објекти во општината да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обзир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да го почитуваат Законот за заштита од бучава во животната средина.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/chetiri-lokali-vo-opshtina-centar-kazneti-za-pushtanje-glasna-muzika/feed/ 0
Граѓани на Кичево пријавиле дека ги вознемирува гласна музика, полицијата реагираше https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/gragjani-na-kichevo-prijavile-deka-gi-voznemiruva-glasna-muzika-policijata-reagirashe/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/gragjani-na-kichevo-prijavile-deka-gi-voznemiruva-glasna-muzika-policijata-reagirashe/#respond Tue, 23 Aug 2022 16:46:26 +0000 https://kurir.mk/?p=722811

На 22.08.2022 во 03:00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека во угостителски објект на булевар „Ослободување“ во Кичево се пушта гласна музика и се  вознемируваат граѓаните. Полициски службеници излегле на местото на настанот и по извршено мерење било констатирано дека бил нарушен јавниот ред и мир со измерена поголема бучава од дозволеното. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/gragjani-na-kichevo-prijavile-deka-gi-voznemiruva-glasna-muzika-policijata-reagirashe/feed/ 0
Казна за познат скопски локал поради гласна музика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kazna-za-poznat-skopski-lokal-poradi-glasna-muzika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kazna-za-poznat-skopski-lokal-poradi-glasna-muzika/#respond Mon, 24 Aug 2020 12:53:50 +0000 https://kurir.mk/?p=394693

Општина Центар денес информираше дека по пријава на граѓани, на ден 15.8.2020, Секторот за инспекциски работи во извршил мерење на бучава во локалот „Бруклински“, при што беше констатирано надминување на граничните вредности за бучава. На 21.8.2020 година, Општина Центар, согласно Законот за заштита од бучава во животната средина, на правното лице Бруклински ДООЕЛ му изрече прекршочна глоба, во висина од 500 евра во денарска противредност. Општина Центар апелира до сите угостители, локали и нивниот менаџмент, да се придржуваат до важечките правилници и законски одредби, да ги почитуваат истите и да не ги надминуваат дозволените нивоа на гласност и бучава.Укажуваме дека ќе продолжиме со санкционирање на сите локали кои нема да го почитуваат Законот за заштита од бучава во животна средина.И се во интерес на жителите, се вели во соопштението од општина Центар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kazna-za-poznat-skopski-lokal-poradi-glasna-muzika/feed/ 0
Со секири се пресметувале со полицајците кои дошле поради гласната музика- еве што се случило на крајот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-sekiri-se-presmetuvale-so-policajcite-koi-doshle-poradi-glasnata-muzika-eve-shto-se-sluchilo-na-krajot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-sekiri-se-presmetuvale-so-policajcite-koi-doshle-poradi-glasnata-muzika-eve-shto-se-sluchilo-na-krajot/#respond Mon, 18 May 2020 12:56:00 +0000 https://kurir.mk/?p=347371

На 17.05.2020 во 23.50 часот во дворно место на Б.А.(25) на ул.„Генерал Апостолски Гочо“ во Кочани, полициски службеници ги лишиле од слобода Б.А. и М.Г.(21) и А.Г.(20), двајцата од с.Пантелеј, затоа што Б.А. со употреба на сила попречувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, интервенција по пријава за пуштена гласна музика. Додека, М.Г. и А.Г. со секири упатувале закани по животот на полициските службеници. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-sekiri-se-presmetuvale-so-policajcite-koi-doshle-poradi-glasnata-muzika-eve-shto-se-sluchilo-na-krajot/feed/ 0
Гласна музика во Тетово: Казна за два локали https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/glasna-muzika-vo-tetovo-kazna-za-dva-lokali/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/glasna-muzika-vo-tetovo-kazna-za-dva-lokali/#respond Sun, 17 Nov 2019 10:04:44 +0000 https://kurir.mk/?p=264993

На 17.11.2019 во периодот од 00.30 до 01.15 часот во Тетово била спроведена акциска контрола во угостителски објекти, при што е констатирано дека во два угостителски објекта, на ул.„ЈНА“ и ул.„Благој Тоска“ во Тетово, бил нарушен јавниот ред и мир со пуштање на музика над дозволеното. Против сопствениците на објектите се поднесени соодветни поднесоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/glasna-muzika-vo-tetovo-kazna-za-dva-lokali/feed/ 0
Премногу гласната музика го оштетува слухот повеќе од дупчалка https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/premnogu-glasnata-muzika-go-oshtetuva-sluhot-povekje-od-dupchalka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/premnogu-glasnata-muzika-go-oshtetuva-sluhot-povekje-od-dupchalka/#respond Mon, 05 Aug 2019 19:09:34 +0000 https://kurir.mk/?p=226663

Премногу гласното слушање музика преку слушалки го оштетува слухот повеќе од пнеуматска дупчалка, која произведува звук од 110 децибели, покажале британските истражувања. Исто така, еден од шест испитаници слушаат со јачина која е погласна од онаа што се создава при полетување на авион, утврдиле истражувачите. Од друга страна, и кога звукот на слушалките е наместен така за да стои на средина, и натаму се создава оштетување, затоа што јачината на овој звук ѝ одговара на бучавата која би ја произвело врескањето на стотина деца во исто време. На прашањето дали се свесни за оштетувањата кои ги создава нивното омилено хоби, повеќето испитаници не знаеле да одговорат, туку само се насмевнувале. Но со оглед на тоа што работниците на градилиштата носат заштита за ушите додека ги извршуваат работите, би требало сериозно да се размисли за тоа колку сами му штетиме на слухот додека уживаме во омилената музика и да се запрашаме дали е потребно да се изложуваме баш на толку голема бука, порачуваат стручњаците. Ова особено важи за тинејџерите, кои освен што така си го оштетуваат слухот, додека слушаат музика на слушалки и возат велосипед, скејтборд, ролери или одат пеш, си го доведуваат во опасност и животот бидејќи не можат да слушнат кога некој кој им доаѓа од зад грб, им свири и не очекува дека тие нема да слушнат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/premnogu-glasnata-muzika-go-oshtetuva-sluhot-povekje-od-dupchalka/feed/ 0