гласови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 06:19:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гласови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поради Израел Бајден би можел да ги загуби гласовите на американските муслимани и Арапи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-izrael-bajden-bi-mozhel-da-gi-zagubi-glasovite-na-amerikanskite-muslimani-i-arapi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-izrael-bajden-bi-mozhel-da-gi-zagubi-glasovite-na-amerikanskite-muslimani-i-arapi/#respond Thu, 26 Oct 2023 06:19:12 +0000 https://kurir.mk/?p=893206

Американските Арапи и муслимани го критикуваат одговорот на претседателот Џо Бајден на војната меѓу Израел и Хамас, барајќи тој да стори повеќе за да ја спречи хуманитарната криза во Газа или ќе ризикува да ја изгуби нивната поддршка на изборите во 2024 година. Многу Американци си арапско потекло го обвинуваат Бајден дека не направи доволно за хуманитарен прекин на огнот и покрај тоа што Палестинците гинат бегајќи од израелското бомбардирање на Појасот Газа, изјавија повеќе од десетина професори, активисти, членови на заедницата и претставници на администрацијата. Може ли Бајден да го загуби Мичиген? Растечката фрустрација би можела да влијае на реизборот на Бајден во трката во која негов најверојатен противник ќе биде поранешниот претседател Доналд Трамп. Во Мичиген, кој понекогаш гласа за демократи, а понекогаш за републиканци, американските Арапи сочинуваат пет отсто од гласачите. Во двопартиските држави како Пенсилванија и Охајо, арапската поддршка е од 1,7 до два отсто, изјави Џим Зогби, претседател на Арапскиот американски институт. Бајден во 2020 година го освои Мичиген со 50,6 отсто од гласовите, додека Трамп во оваа американска сојузна држава доби 47,8 отсто од гласовите. Пенсилванија беше за Бајден со 50,01 отсто од гласовите, а за Трамп гласаа 48,84 отсто, со разлика од помалку од 81.000 гласови. Малку е веројатно дека арапските и муслиманските Американци ќе го поддржат Трамп, но тие би можеле да се воздржат и да не гласаат за Бајден, наведуваат некои активисти. -Мислам дека тоа ќе го чини Мичиген, изјави Лајла Ел-Хадад, писателка и активистка од Газа со адреса на живеење во Мериленд. Абдула Хамуд, првиот арапски градоначалник на Дирборн, Мичиген, дом на најголемата американска муслиманска заедница, го критикуваше Бајден што не го осуди потегот на Израел да ги прекине водата и струјата за повеќе од два милиони Палестинци во Газа. „Израелското бомбардирање на Газа се граничи со геноцид. Ништо не можеше да не подготви за целосно бришење на нашите гласови и целосно замолчување на оние што ги избравме да не штитат и претставуваат“, напиша тој на платформата X. „Членовите на нашите семејства заробени во Газа се игнорирани, нашите повици за прекин на огнот се задушени од тапаните на војната“, додаде тој. Израелското бомбардирање на Газа „сега се граничи со геноцид насочен кон целото палестинско население“, соопшти CAIR, најголемата група за муслимански права во САД, додавајќи дека владините претставници ќе бидат „коодговорни за етничкото чистење на Газа“ доколку не интервенираат. „Ако ја погледнете реториката, неверојатно е дека сега тие се обидуваат да испумпаат милијарди и милијарди долари воена помош за Израел, заедно со 100 милиони долари хуманитарна помош за Палестинците“, рече Саед Атшан, американски квекер, кој предава мировни студии на Универзитетот Свартмор во Пенсилванија. Дури и поранешниот шеф на Бајден, претседателот Барак Обама, вообичаено страствен поддржувач на политиката на Бајден, во понеделникот јавно понуди остри совети, повикувајќи ги САД да продолжат да го водат светот „во забрзувањето на критичната помош и снабдувањето на сè поочајното население во Газа“. Хина]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-izrael-bajden-bi-mozhel-da-gi-zagubi-glasovite-na-amerikanskite-muslimani-i-arapi/feed/ 0
ОБЈАВЕНО Е ПО КОЛКУ ГЛАСОВИ ОСВОИЈА ФИНАЛИСТИТЕ НА „ЅВЕЗДИТЕ НА ГРТАНД“: Вртоглава бројка освои Махир Мулалиќ – еве по колку освоија македонските кандидати https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/objaveno-e-po-kolku-glasovi-osvoija-finalistite-na-dzvezdite-na-grtand-vrtoglava-brojka-osvoi-mahir-mulalikj-eve-po-kolku-osvoija-makedonskite-kandidati/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/objaveno-e-po-kolku-glasovi-osvoija-finalistite-na-dzvezdite-na-grtand-vrtoglava-brojka-osvoi-mahir-mulalikj-eve-po-kolku-osvoija-makedonskite-kandidati/#respond Mon, 28 Jun 2021 20:17:32 +0000 https://kurir.mk/?p=529117

Кога беше објавено дека Махир Мулалиќ го освои првото место од оваа сезона во „Ѕвездите на Гранд“, Саша Поповиќ објави дека за него пристигнале неверојатни 136.428 гласови, додека за второпласираниот Исак Шабановиќ 133.510 гласови. Сега е објавен и целиот список, и може да се види кој кандидат, колку гласови добил. На тетото место се најде Валентина Кузмановиќ со 66.720 гласови, макдонскиот кандидат Мите Стоилов со 50.081 гласови се најде на високото четврто место, потоа следеа Зорја Пајиќ 22.384, Марија Груевска 20.811, Садик Хасановиќ 17.568, Бојан Павловиќ 13.203, Белман Хусеинефендиќ 5.310 и Кристиња Тодоровиќ 5.228 гласови. Во првите десет не се пласираа Мухарем хадровиќ 5.018, Немања Петровиќ3/540, Александар и Димитрије Казиќ 2/753, Мартин Ајдаревиќ 2.014, Ивана Богичевиќ 1.253 гласови. Најмалку гласови од публиката освои Селма Селимовиќ 1.112, ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/objaveno-e-po-kolku-glasovi-osvoija-finalistite-na-dzvezdite-na-grtand-vrtoglava-brojka-osvoi-mahir-mulalikj-eve-po-kolku-osvoija-makedonskite-kandidati/feed/ 0
Пенсилванија ветува пребројување на најголем број од гласовите во текот на денот, во Џорџија се уште се брои https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pensilvanija-vetuva-prebrojuvanje-na-najgolem-broj-od-glasovite-vo-tekot-na-denot-vo-dzordzija-se-ushte-se-broi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pensilvanija-vetuva-prebrojuvanje-na-najgolem-broj-od-glasovite-vo-tekot-na-denot-vo-dzordzija-se-ushte-se-broi/#respond Fri, 06 Nov 2020 07:39:50 +0000 https://kurir.mk/?p=425675

Во американската сојузна држава Пенсилванија очекуваат до денеска да пребројат најголем број од гласовите за претседателските избори во САД. Тоа го изјави секретарот на таа држава, Кети Буквар, и додаде дека мора да бидат обработени уште неколку стотици илјади гласови, како и дека не е запозната дека има повреда при гласањето. Според „Фокс њуз“, преброени се околу 89 проценти од гласовите, а во таа сојузна држава и врз основа на тој број, води Доналд Трамп со 50 проценти од гласовите, додека Бајден има 48,8 проценти. Од таа држава кандидатот добива 20 изборни гласови. Од друга страна, во Џорџија, Трамп води со само 1.900 гласови, а остануваат околу 20.000 гласови за пребројување, пренесува Си-Ен-Ен. Победата во таа сојузна држава носи 16 изборни гласови. Разликата меѓу кандидатите за претседател на САД во клучните држави денеска се намали уште повеќе и Доналд Трамп и Џо Бајден се доближија еден до друг на помалку од еден процент во Пенсилванија, Џорџија, Северна Каролина, Невада и Аризона. Во текот на ноќта, американската поштенска служба, во согласност со локалните судски налози, изврши претрес во своите магацини во тие сојузни држави за да ги издвои сите гласови испратени по пошта до денот на изборите и да ги проследи до изборните комисии. Кандидатот за демократски претседател Бајден, според проценките на американските медиуми, води во бројот на изборни гласови пред актуелниот претседател Трамп и има меѓу 253 и 264 гласачи во зависност од проценката на индивидуалните медиуми за тоа дали тој ја „освоил“ Аризона или не. Трамп има 214 изборни (електорски) гласови и во таа проценка американските медиуми се единствени. За да се победи на изборите во Америка, потребно е да се освојат 270 електорски гласови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pensilvanija-vetuva-prebrojuvanje-na-najgolem-broj-od-glasovite-vo-tekot-na-denot-vo-dzordzija-se-ushte-se-broi/feed/ 0
Продолжува броењето на гласачките ливчиња од изборите за претседател во САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodolzuva-broenjeto-na-glasachkite-livchinja-od-izborite-za-pretsedatel-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodolzuva-broenjeto-na-glasachkite-livchinja-od-izborite-za-pretsedatel-vo-sad/#respond Thu, 05 Nov 2020 07:10:54 +0000 https://kurir.mk/?p=425170

Броењето на гласачките ливчиња на претседателските избори во САД продолжува втор ден. Демократскиот кандидат Џо Бајден е близу до победата, но американскиот актуелен претседател и кандидат на републиканците, Доналд Трамп ги задржува своите шанси за реизбор. Победникот е се уште нејасен во шест држави, иако АП и Фокс Њуз го прогласија Бајден за победник во Аризона. Во Аризона, Бајден досега има добиено 1.144.213 гласови (50,7 отсто), а Доналд Трамп има 1.365.040 гласови (47,9 отсто). Броењето продолжува во уште четири окрузи, вклучувајќи ја и најголемата Марикопа, каде што се наоѓа Феникс. Преброени се 86 отсто од гласовите. Аризона дава 11 изборни гласови. Со нив, Бајден има 264 и му требаат уште 6 за да ги добие 270 гласови потребни во Изборниот колеџ за да победи на претседателските избори. Поранешниот потпретседател има добри шанси во Џорџија, каде Трамп води со 22.567 гласови, но сепак има по 100.000 неброени гласачки ливчиња испратени по пошта. Преброени се вкупно 98 отсто од гласачките ливчиња. Трамп има 2.430.156 гласа (49,6 отсто), а Бајден има 2.407,589 (49,2 отсто). Непреброени гласови има во областа Атланта, каде доминираат демократите. Во Северна Каролина има уште шест отсто или 348.000 гласачки ливчиња, каде што води Трамп со 76,701 глас. Пребројувањето во оваа држава може да трае подолго, бидејќи крајниот рок е 12 ноември. Пенсилванија е една од клучните држави со најмногу гласачки ливчиња. 784 000 гласачки ливчиња (11 отсто) се уште не се преброени. Трамп води со 164,418 гласови. Американскиот лидер досега има добиено 3.215.983 гласа (50,7 отсто), а Бајден – 3.051.565 (48,1 отсто). Продолжува броењето во бастионите на демократите како Филаделфија, Питсбург и Харисбург. Ситуацијата е оспорена и во државата Невада, каде се очекува нови податоци да бидат објавени за неколку часа, откако беше запрено ажурирањето на податоците од страна на локалните изборни органи. Дваесет и пет отсто од гласачките ливчиња не беа преброени или 398.000. Бајден имаше мала предност од 7.647 гласови. Броењето продолжува во округот Кларк, каде е Лас Вегас и во другите окрузи. Ако Бајден го задржи водството, тој ќе стане 46 претседател на САД. Последната држава е Аљаска, каде се очекува да победи Трамп. Останаа 50 отсто од преброените гласачки ливчиња или 191 000. Лидерот на САД води со 54.610. Досега, Бајден има собрано 264 гласа во Изборниот колеџ (вклучително и Аризона), а 214 Трамп, За поранешниот потпретседател на САД гласале 72.075.757 Американци и 68.600.187 во корист на Трамп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodolzuva-broenjeto-na-glasachkite-livchinja-od-izborite-za-pretsedatel-vo-sad/feed/ 0
Забележани првите нерегуларности: Организирано носење на гласање и сомнеж за поткуп на неколку избирачки места https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zabelezani-prvite-neregularnosti-organizirano-nosenje-na-glasanje-i-somnez-za-potkup-na-nekolku-izbirachki-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zabelezani-prvite-neregularnosti-organizirano-nosenje-na-glasanje-i-somnez-za-potkup-na-nekolku-izbirachki-mesta/#respond Sun, 05 May 2019 09:50:35 +0000 https://kurir.mk/?p=194301

Забележани првите нерегуларности на денот во кој Македонија избиира свој претседател. Во ромското маало Тризла во Прилеп утрово се случува организирано гласање, нешто кое е забрането на изборниот ден. Имено, со возило беа граѓаните организирано земани од дома, носени до избирачките места, па пак враќани назад. Зад оваа организација, како што дознаваме, стои владејачката политичка партија, од чии редови е и прилепскиот градоначалник. Во Градско, од утрово постојано кружи бело комбе со регистаски таблички VE****AB. Како што дознаваме, повеќе пати зема гласачи, го носи да гласаат, па ги враќа назад и зема други гласачи. И овој возач на возило во Велес прави недозволени дејствија од рано утрово, разнесува гласачи и агитира. На дел од граѓаните, постои сомнеж, дека им е даван и поткуп пред да бидат однесени, вака организирано, на гласање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zabelezani-prvite-neregularnosti-organizirano-nosenje-na-glasanje-i-somnez-za-potkup-na-nekolku-izbirachki-mesta/feed/ 0