Глаук Коњуфца – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 16 Sep 2023 13:16:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Глаук Коњуфца – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Коњуфца: Барањата на ЕУ се исти како и на Белград, не прифаќаме боснизација на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/konuftsa-baranata-na-eu-se-isti-kako-i-na-belgrad-ne-prifakame-bosnizatsija-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/konuftsa-baranata-na-eu-se-isti-kako-i-na-belgrad-ne-prifakame-bosnizatsija-na-kosovo/#respond Sat, 16 Sep 2023 13:16:38 +0000 https://kurir.mk/?p=878669

Претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца, коментирајќи ја средбата во Брисел меѓу косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ, рече дека Европската унија има неизбалансиран пристап кон Косово и кон Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Во вчерашното обраќање пред медиумите во Собранието, каде што беше одбележан Меѓународниот ден на демократијата, Коњуфца ја критикуваше ЕУ дека нејзините барања кон Косово се исти како и барањата што ги поставува Србија во преговорите. - Не може да се прифатат сите договори. Пристапот на ЕУ е неурамнотежен, бидејќи сите барања што се поставуваат кон Косово одговараат на она што Србија ни го бара. Такво барање е она за оставка на градоначалниците на општините (со мнозинско српско население) без никаква процедура. Сите тие се барања на Србија и за жал истото тоа од нас го бара ЕУ. Не можеме да ја нарушиме нашата земја, изјави Коњуфца. Собранискиот спикер порача дека Косово нема да прифати формирање заедница на српски општини која е спротивна на Уставот на државата. - Тоа е неприфатливо за Косово... Преку охридскиот договор (меѓу Курти и Вучиќ) се направи обид да се регулираат надворешните односи меѓу Косово и Србија, а тоа е регулирано со член 2 од договорот кој вели дека државите ќе функционираат како две суверени држави според принципите на Обединетите нации. И во оваа рамка на трансформација на односите, кога тие ќе станат пријателски, Косово ќе ја формира Заедницата. Во спротивно, Косово нема обврска да ѝ даде заедница на Србија и ние да останеме непризнаени од Белград. Тоа би било катастрофално и со големи последици, рече Коњуфца. Тој нагласи дека Приштина во ниту еден случај нема да прифати „боснизација на Косово“. - Никогаш нема да се умориме да ѝ аргументираме не меѓународната заедница дека ова е став од кој Косово не се откажува, бидејќи ако се откаже, би можеле да доведеме до боснизација на Косово. Народот гласаше (владејачката партија) Движење самоопределување (ВВ) да го запре процесот на боснизација на Косово, рече првиот косовски парламентарец. Според него, формирањето на Заедницата на српски општини е прифатено од претходните влади, и тоа „не може да се врати на нулта точка“. - Ние разбираме дека Косово нема капацитет да го ресетира тој процес. Но, за да ја исполниме нашата обврска, може ли да ни се гарантира дека Србија нема да го користи овој механизам за да го поткопа државјанството и суверенитетот на Косово. Меѓународната заедница не дава гаранции. Меѓународната заедница мора да ни даде силни гаранции, а не само зборови, изјави Коњуфца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/konuftsa-baranata-na-eu-se-isti-kako-i-na-belgrad-ne-prifakame-bosnizatsija-na-kosovo/feed/ 0
Претседателот на Парламентот на Косово во посета на македонското Собрание https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-parlamentot-na-kosovo-vo-poseta-na-makedonskoto-sobranie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-parlamentot-na-kosovo-vo-poseta-na-makedonskoto-sobranie/#respond Mon, 12 Dec 2022 06:28:13 +0000 https://kurir.mk/?p=774131

Во Собранието на Македонија за денеска е најавена посета на претседателот на косовскиот Парламент Глаук Коњуфца. Според веб страната на Собранието, Коњуфца ќе се сретне со претседателот на Собранието Талат Џафери по што се најавени изјави. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека поради посетата на претседателот на Парламентот на Косово ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-parlamentot-na-kosovo-vo-poseta-na-makedonskoto-sobranie/feed/ 0
Средба на Џафери со претседател на Собранието на Косово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-dzaferi-so-pretsedatel-na-sobranieto-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-dzaferi-so-pretsedatel-na-sobranieto-na-kosovo/#respond Fri, 04 Mar 2022 13:41:27 +0000 https://kurir.mk/?p=640968

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери и собраниска делегација составена од пратениците: Бејџан Илјаз, Бети Стаменкоска-Трајкоска и Изет Меџити, членови на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Косово, денеска и утре престојува во официјална посета на Република Косово, на покана од Глаук Коњуфца, претседател на Собранието на Косово. Во рамките на дводневната официјална посета ќе бидат остварени средби со косовскиот државен врв. На средбата со домаќинот Глаук Коњуфца, претседател на Собранието на Република Косово, претседателот Џафери изрази задоволство од реализацијата на официјалната посета, како и од одличните билатерални односи и успешната соработка меѓу Република Македонија и Република Косово, кои се карактеризират со меѓусебна поддршка и почитување, отворен и конструктивен дијалог. Доказ за тоа, според Џафери, се бројните меѓусебни посети и средби на високи претставници од двете пријателски земји и одржувањето на заедничката седница на владите на Северна Македонија и Косово во септември минатата година. Тој информираше дека Собранието на Република Македонија веќе го ратификуваше Договорот за соработка во туризмот меѓу Македонија и Косово, потпишан во рамките на заедничката седница на владите. Претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца, оцени дека Косово ја чувствува Македонија како многу блиска земја и го подвлече значењето на успешната билатерална соработка, како и блискоста, пријателството и семејните врски меѓу граѓаните од двете земји. Тој се заблагодари за принципиелната поддршка на Република Македонија за евроатлантските аспирации на Косово и информираше за активностите што ги спроведува Собранието на овој план. Членството на Северна Македонија во НАТО тој го оцени како исклучително значајно во актуелната безбедносна состојба и порача дека без членство на сите земји од Западен Балкан во ЕУ и НАТО постои потенцијална опасност за безбедноста и простор за дестабилизација на регионот. Соговорниците разменија мислења за можностите за унапредување на позитивната и конструктивна билатерална соработка меѓу Собранието на Република Македонија и Собранието на Република Косово. Стана збор и за меѓусебната соработка и поддршка во рамките на меѓународните парламентарни собранија, а пред сè во рамките на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, како значаен форум за политички и дипломатски дијалог, во кој на еднаква основа се вклучени сите држави од Југоисточна Европа. Претседателите Џафери и Глаук разговараа за актуелните внатрешно политички состојби во двете земји и изразија јасна определба за продолжување на меѓусебната соработка, со цел високото ниво на добрососедски односи да се преточи во остварување на заложбите за заедничка иднина во Европската Унија и НАТО. На средбата стана збор и за потребата за натамошно унапредување на економската соработка и инфраструктурното поврзување меѓу Република Македонија и Република Косово. Беа разменети мислења и за дијалогот Белград - Приштина, при што претседателот Џафери го реафирмираше ставот дека Македонија го поддржува дијалогот во насока на постигнување конечен, заемно прифатлив договор, со кој ќе се гарантира мирот, стабилноста, безбедноста и напредокот на двете земји и на регионот во целост. Во врска со руската воена агресија врз Украина, претседателите на двете собранија најостро и безрезервно го осудија овој неоправдан, несовесен и  неиспровоциран чин, кој веќе однесе многу човечки животи и кој претставува флагрантно кршење на меѓународното право. Тие се придружија на повиците за итно запирање на воените дејствија и изнаоѓање на мирно решение преку преговори и дијалог. Северна Македонија и Косово ги поддржуваат реакциите на демократските земји и меѓународните организации и се придружија кон пакетот рестриктивни мерки кон Руската Федерација. На крајот од средбата, пратениците Бејџан Илјаз, Бети Стаменкоска-Трајкоска и Изет Меџити изразија задоволство од развојот на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Косово и се заложија за унапредување на соработката меѓу Парламентарните групи за пријателство во двете Собранија, преку  реализирање на заемни посети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-dzaferi-so-pretsedatel-na-sobranieto-na-kosovo/feed/ 0
Глаук Коњуфца нов претседател на косовското Собрание https://arhiva.kurir.mk/svet/region/glauk-konjufca-nov-pretsedatel-na-kosovskoto-sobranie/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/glauk-konjufca-nov-pretsedatel-na-kosovskoto-sobranie/#respond Mon, 22 Mar 2021 12:22:30 +0000 https://kurir.mk/?p=486104

Приштина, 22 март 2021 (МИА) – Новиот состав на Собранието на Косово, кој призлезе од вонредните парламентарни избори одржани на 14 февруари, го избра денеска, со 69 гласа „за“, 33 „против“ и ниеден „воздржан“, Глаук Коњуфца за нов собраниски спикер, јави дописникот на МИА од Приштина. Коњуфца беше предложен од партијата Движење самоопределување (ВВ), која заедно со листата „Осмели се“ на вршителката на должноста претседател на Косово, Вјоса Османи победи на годинешните, осми по ред, парламентарни избори, со освоени 50,27 отсто од гласовите. Во продолжение на конститутивната седница беа избрани и новите потпретседатели на Собранието – Саранда Богујевци од ВВ, Бедри Хамза од Демократската партија на Косово, Кујтим Шаља од Демокртскиот сојуз на Косово, Славко Симиќ од Српската листа и Беким Арифи од партиите на немнозинските етнички заедници. Според се уште непотврдени информации, кои ги објавија дел од медиумите, подоцна во текот на денот теба да се закаже седницата на која треба да се гласа за новата Влада на Косово, која ќе ја предводи лидерот на ВВ, Албин Курти. На почетокот на денешнта седница беше формирана собранска комисија која ги верификува мандатите на новите пратеници, по што 114 присутни, од вкуно 120-те членови на Парламенттот, положија свечена заклетва.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/glauk-konjufca-nov-pretsedatel-na-kosovskoto-sobranie/feed/ 0
Курти: Изборот на Коњуфца за претседател на Собранието не беше изненадување https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-izborot-na-konjufca-za-pretsedatel-na-sobranieto-ne-beshe-iznenaduvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-izborot-na-konjufca-za-pretsedatel-na-sobranieto-ne-beshe-iznenaduvanje/#respond Fri, 27 Dec 2019 06:19:51 +0000 https://kurir.mk/?p=282766

Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти, по вчерашната конститутивна седница на новото косовско Собрание, изјави дека изборот на пратеникот од неговата партија Глаук Коњуфца за парламентарен спикер, воопшто не претставува изенадување, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти синоќа изјави дека вчерашниот ден беше „мошне добар за земјата“ и дека, „за разлика од порано“, при конституцијата на новото Собрание „беше покажана демократска цивилизираност“. Лидерот на партијата која победи на изборите одржани на 6 октомври оцени дека, и покрај одредените несогласувања со Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), кој испадна втора најгласана партија на изборите, сепак останува можноста за формирање заедничка влада. – Сигурно дека сме заинтересирани за преговори и за договор, но денеска беше еден многу добар ден за демократијата, за државотворноста на Косово, со оглед дека се конституира новото Собрание, како храм на демократијата и законодавството. Затоа сум убеден дека со овој чекор покажавме демократска цивилизираност, зашто, за разлика од претходниот собраниски состав, ние не го блокиравме формирањето на институциите, изјави Курти. Тој изрази уверување дека, и покрај моменталните недоразбирања, сепак ќе биде постигната спогодба со ЛДК за заедничко формирање на идната влада. – Ние не го блокираме конституирањето на институциите и со добра волја и во општ интерес верувам дека ќе ги надминеме сите пречки и ќе имаме нова влада. Ние сме во постојан контакт и сигурно ќе имаме комуникација, изјави Курти, кој очекува да го добие мандатот за формирање на новата влада на Косово. Лидерот на ЛДК Мустафа, пак, синоќа изрази разочарување поради именувањето на Коњуфца за претседател на новото Собрание, со оглед дека, како што беше објавено во текот на преговорите на двете партии, кои започнаа веднаш по гласањето на 6 октомври, таа функција требаше да припадне на ЛДК. Според најавите од двете партии победнички на вонредните парламентарни избори (ВВ освои 29, додека ЛДК 28 пратенички места во новото Собрание), тие имале договор за тоа претседател на заедничката влада да биде Курти, на ЛДК да му припадне позицијата на собраниски спикер, додека местата во владиниот кабинет да бидат поделени рамноправно, односно и ВВ и ЛДК да имаат по еден вицепремиер и по пет министри. До застој во преговорите дојде откако ЛДК побара да ја добие позицијата на претседател на државата, откако во април 2021 година ќе му истекне мандатот на Хашим Тачи на таа позиција. ВВ одговори дека, во замена за таа позиција, ЛДК треба да го отстапи местото на министер за внатрешни работи, како што било договорено во досегашните преговори меѓу двете партии, со што ЛДК не се согласи. Мустафа вчера, пред конститутивната седница на Собранието, порача дека доколку ВВ не го испочитува договореното, неговата партија ќе премине во опозиција, но ќе ги гласа предлозите на партијата на Курти за собраниски спикер и за составот на неговиот владин кабинет. И покрај тоа, по конститутивната седница на Собранието, Мустафа изрази изненаденост од предлогот и изборот на Коњуфца за претседател на Собранието (за што, како што најави, гласаа и пратениците на ЛДК) и порача дека по ова „паднаа во вода“ сите досегашни договори меѓу двете партии. Мустафа во синоќешното интервју за телевизијата КТВ порача дека сепак се уште не се затворени сите можности за постигнување договор за заедничка влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-izborot-na-konjufca-za-pretsedatel-na-sobranieto-ne-beshe-iznenaduvanje/feed/ 0