главни градови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 10 Oct 2020 09:25:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png главни градови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вархеји од Подгорица: Да се поврзат главните градови од регионот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/varheji-od-podgorica-da-se-povrzat-glavnite-gradovi-od-regionot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/varheji-od-podgorica-da-se-povrzat-glavnite-gradovi-od-regionot/#respond Sat, 10 Oct 2020 09:25:23 +0000 https://kurir.mk/?p=414705

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји вчера во Подгорица изјави дека Брисел предлага сите главни градови во регионот да се поврзат со автопатишта и железница, како и со брз широко појасен интернет. – Ви носам нов инвестициски план за Западен Балкан, во кој е вклучена и Црна Гора. Кога новата Комисија го презеде мандатот имавме само три цели, првиот да ги обновиме односите со земјите од Западен Балкан и ангажман како да се приближат до ЕУ, истакна Вархеји. Тој додаде дека е обновен целиот преговарачки процес со усвојувањето на новата методологија и истиот треба да доведе до раст на економијата и отворање на нови работни места. Вархеји потенцира дека планот е осмислен на регионално ниво. – Нудиме пакет од девет милијарди евра грантови и 20 милијарди евра во гаранции. Ова е една третина од бруто домашниот производ на целиот регион. Мислиме дека ова може да ја зајакне и поттикне целата економија во целиот регион во период од четири до пет години, наведе Вархеји. Тој додаде дека ЕУ предлага и диверсификација на енергетските извори и постепено да се исфрла јагленот од употреба. Вархеји во Подгорица имаше средби и со мандатарот за состав на нова влада на Црна Гора, Здарвко Кривокапиќ. – Разговаравме и за економско-инвестицискиот план за Западен Балкан и неговиот потенцијал за регионот. Се радувам на соработката со новата влада, напиша Вархеји на Твитер по средбата со Кривокапиќ и лидерот на коалицијата Црно на бело, Дритан Абазовиќ. Кривокапиќ на Твитер порача дека членството во ЕУ останува приоритет за Црна Гора. – Членството во ЕУ е наш приоритет. Благодарни сме на објективниот годишен извештај за напредокот, досегашната и идната помош од ЕУ, вклучително и новиот Економски и инвестициски план за Западен Балкан, наведе Кривокапиќ. Еврокомесарот се сретна и со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и присуствуваше на седница на црногорскиот Парламент. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/varheji-od-podgorica-da-se-povrzat-glavnite-gradovi-od-regionot/feed/ 0