Глазгов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Sep 2022 08:02:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Глазгов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Останаа само уште два града во конкуренција за одржување на Евровизија 2023: Тесната битка ја водат градоначалниците на Твитер со „тешки зборови“ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ostanaa-samo-ushte-dva-grada-vo-konkurencija-za-odrzuvanje-na-evrovizija-2023-tesnata-bitka-ja-vodat-gradonachalnicite-na-tviter-so-teshki-zborovi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ostanaa-samo-ushte-dva-grada-vo-konkurencija-za-odrzuvanje-na-evrovizija-2023-tesnata-bitka-ja-vodat-gradonachalnicite-na-tviter-so-teshki-zborovi/#respond Thu, 29 Sep 2022 08:02:08 +0000 https://kurir.mk/?p=738861

Велика Британија објави дека Евровизија 2023 година ќе се одржи во Ливерпул или Глазгов, откако Британија беше избрана за земја домаќин поради војната во Украина благодарение на второто место на британскиот претставник. Седум британски градови првично се натпреваруваа за влез во потесниот круг, а победникот ќе биде објавен во рок од неколку недели, објави Би-Би-Си, која ќе го продуцира настанот. Британската јавна радиодифузна корпорација појасни дека во процесот на селекција се фокусирале на оние британски градови кои претходно се докажале како добри домаќини на големи меѓународни настани. Украина требаше да биде домаќин на натпреварот следната година, откако украинската фолк-рап група Калуш Оркестар победи на натпреварот во Торино во мај, а британскиот претставник Сем Рајдер го освои второто место со необичната песна Space Man. И покрај негодувањето од владата на претседателот Володимир Зеленски, Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која ја води Евровизија, заклучи дека Украина не може да ја гарантира безбедноста на повеќе од 10.000 луѓе вклучени во продукцијата и на уште 30.000 обожаватели. Украинската влада се согласи настанот да биде организиран од Велика Британија, но тој мора да го избликува украинскиот дух и карактеристики. Евровизија е најголемиот светски музички настан во живо кој ги обединува изведувачите од цела Европа и Централна Азија, како и Израел и Австралија. Според правилата на Евровизија, на Украина сè уште ѝ е загарантирано место во големото финале во 2023 година, заедно со првите пет земји на ЕБУ: Британија, Франција, Германија, Италија и Шпанија. Сузан Аиткен, шеф на градскиот совет на Глазгов, на Твитер напиша дека шкотскиот град ги има „сите предуслови за организирање на Евровизија што светот ќе ја памети“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)

Во меѓувреме, градоначалничката на Ливерпул Џоан Андерсон твитна: „Тие не се забавуваат како ние“. Северо-западниот град во Англија, домот на Битлси, е подготвен да „приреди шоу за Украина, Велика Британија и Европа“, додаде таа.
 
Обединетото Кралство претходно осум пати беше домаќин на натпреварот, четири пати во Лондон. Последен пат таму се одржа во 1998 година во Бирмингем.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ostanaa-samo-ushte-dva-grada-vo-konkurencija-za-odrzuvanje-na-evrovizija-2023-tesnata-bitka-ja-vodat-gradonachalnicite-na-tviter-so-teshki-zborovi/feed/ 0
Болоња, Глазгов, Хамбург и Малага домаќини на Дејвис купот https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bolonja-glazgov-hamburg-i-malaga-domakjini-na-dejvis-kupot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bolonja-glazgov-hamburg-i-malaga-domakjini-na-dejvis-kupot/#respond Thu, 17 Mar 2022 16:14:09 +0000 https://kurir.mk/?p=649038

Меѓународната тениска федерација (ИТФ) соопшти денеска дека Болоња, Хамбург, Малага и Глазгов ќе бидат домаќини на групната фаза од Дејвис купот, кој е на програмата од 14 до 18 септември. Како што е соопштено, секој град ќе биде домаќин на една група со по четири репрезентации, а составот на групите ќе биде одреден со жрепка на 31 март. За титулата во Дејвис купот ќе се натпреваруваат Србија, Хрватска, Велика Британија, Германија, Аргентина, Австралија, Белгија, Јужна Кореја, Шпанија, САД, Франција, Италија, Казахстан, Канада, Холандија и Шведска. Специјални покани добија канадската и британската репрезентација, додека Србија е вклучена како замена за бранителот на трофејот Русија, која беше исклучена поради инвазијата на Украина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bolonja-glazgov-hamburg-i-malaga-domakjini-na-dejvis-kupot/feed/ 0
КОП26 го одржа 1,5C во живот и го финализираше Парискиот договор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kop26-go-odrza-1-5c-vo-zivot-i-go-finalizirashe-pariskiot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kop26-go-odrza-1-5c-vo-zivot-i-go-finalizirashe-pariskiot-dogovor/#respond Tue, 16 Nov 2021 11:47:35 +0000 https://kurir.mk/?p=596089

КОП26 заврши во Глазгов, при што речиси 200 земји се согласија на Климатскиот пакт од Глазгов за одржување на 1,5C степени во живот и финализирање на извонредните елементи од Парискиот договор. Климатските преговарачи ги завршија двонеделните интензивни разговори во саботата со консензус за итно забрзување на климатските акции. Климатскиот пакт од Глазгов, во комбинација со зголемените амбиции и акции од земјите, значи дека прагот од 1,5C останува на повидок, но ќе биде реализиран само со заеднички и непосредни глобални напори. Климатскиот пакт од Глазгов ќе го забрза темпото на климатските активности. Сите земји се согласија да ги ревидираат и зајакнат своите тековни цели за емисиите до 2030 година, познати како Национално определен придонес (НОП), во 2022 година. Ова ќе биде комбинирано со годишната политичка тркалезна маса за разгледување на глобалниот извештај за напредокот и Лидерскиот самит во 2023 година. Парискиот правилник, насоките за тоа како се спроведува Парискиот договор, беше комплетиран денес по шест години дискусии. Со тоа ќе се овозможи целосно спроведување на значајниот договор, по договорот за процесот на транспарентност кој ќе бара од земјите отчетност паралелно со исполнувањето на нивните цели. Тоа го вклучува членот 6, кој воспоставува цврста рамка во која земјите ќе може да разменуваат кредити за јаглерод преку УНФЦЦЦ. И за прв пат, слушајќи ги повиците од граѓанското општество и земјите кои се најранливи на климатските влијанија, КОП постигна договор за акцијата за постепено укинување на фосилните горива. Одлуките на КОП отидоа подалеку од кога било досега во препознавање и справување со загубите и штетите од постојните влијанија на климатските промени. Исто така, имаше заложби за значително зголемување на финансиската поддршка преку Фондот за адаптација земајќи предвид дека развиените земји беа повикани да ја удвојат својата поддршка за земјите во развој до 2025 година. Конечниот текст на КОП26 следи по две години интензивна дипломатија и кампања преземени од Претседателството на Обединетото Кралство за зголемување на амбициите и гарантирање на акцијата од речиси 200 земји. Работата се фокусираше на краткорочното намалување на емисиите за ограничување на порастот на температурата до 1,5C, преку мобилизирање на јавните и приватните финансиери и поддршка на заедниците во прилагодувањето на влијанијата врз климата. Кога Обединетото Кралство се зафати со КОП26, во партнерство со Италија, пред речиси две години, само 30% од светот беше покриен со нулта емисија. Оваа бројка сега е околу 90%. Во истиот период, 154 страни поднесоа нови национални цели, што претставува 80% од глобалните емисии. Претседателството на Обединетото Кралство, исто така, беше фокусирано на поттикнување на акција за намалување на емисиите. Видовме огромна промена со јагленот, при што многу повеќе земји се обврзаа постепено да ја исфрлат струјата од јаглен и да го прекинат меѓународното финансирање на јагленот. Заедно со ова, видовме изразена посветеност за заштита на скапоцените природни живеалишта, каде што во случајот на 90% од светските шуми 130 земји ветија дека ќе стават крај на нивното уништување до 2030 година. Додека на светските патишта, транзицијата кон возилата со нулта емисија на штетни гасови се зголемува, при што некои од најголемите производители на автомобили работат заедно продажбата на сите нови автомобили да биде со нулата емисија до 2040 година и до 2035 година на водечките пазари. Земјите и градовите го следат примерот со амбициозните датуми за отфрлање на автомобилите на бензин и дизел. Сегашните политики ќе не остават на пат кон катастрофален пораст на температурата. Но, работата на независните експерти кои ја спроведуваат анализата за Следење на климатските акции [Climate Action Tracker] покажува дека со целосна имплементација на новите колективни обврски може да се одржи пораст на температурата до 1,8C. Дури и со акцијата извршена и за време и пред КОП26, заедниците ширум светот ќе продолжат да го чувствуваат влијанието на нашата планета која се менува. Осврнувајќи се на задачата што претстои, претседателот на КОП26, Алок Шарма рече: „Сега можеме со кредибилитет да кажеме дека ги одржавме 1,5 степени во живот. Но, нивниот пулс е слаб и ќе опстане само ако ги исполниме нашите ветувања и ги преточиме обврските во брза акција. Благодарен сум на УНФЦЦЦ што соработуваше со нас за да обезбедиме успешен КОП26. Оттука, сега мораме да одиме напред заедно и да ги исполниме очекувањата наведени во Климатскиот пакт од Глазгов и да ја затвориме огромната празнина што останува. Бидејќи, како што ни рече премиерката Миа Мотли на почетокот на оваа конференција, за Барбадос и за другите мали островски држави, „два степени се смртна казна“. Од сите нас зависи дали ќе ја одржиме нашата ѕбезда водилка од 1,5 степени на дофат и да продолжиме со нашите напори да обезбедиме финансии и да ја зајакнеме адаптацијата. По колективната посветеност што ја донесе Климатскиот пакт од Глазгов, нашата работа овде не може да биде залудна.“]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kop26-go-odrza-1-5c-vo-zivot-i-go-finalizirashe-pariskiot-dogovor/feed/ 0
Медиуми: Што досега донесе климатската конференција во Глазгов ? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mediumi-shto-dosega-donese-klimatskata-konferencija-vo-glazgov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mediumi-shto-dosega-donese-klimatskata-konferencija-vo-glazgov/#respond Wed, 03 Nov 2021 08:41:47 +0000 https://kurir.mk/?p=590099

Со договорите за метан и против уништувањето на шумите, климатската конференција во Глазгов нуди надеж по песимистичкиот почеток, пишува Њујорк Тајмс. Светските лидери собрани во Глазгов постигнаа договори за намалување на емисиите на метан и запирање на уништувањето на шумите, зголемувајќи ги напорите за борба против климатските промени. Во исто време, до крајот на конференцијата се водат уште потешки преговори за изнаоѓање начини за избегнување на катастрофалното глобално затоплување. Американскиот претседател Џо Бајден, кој го заврши своето учество на форумот, рече дека САД ветиле партнерство со ранливите земји во борбата против климатските промени. Тој, исто така, изрази уверување дека неговата домашна климатска агенда ќе биде одобрена од американскиот Конгрес, и покрај тешкотиите со кои се соочува. Според Бајден, конференцијата го вратила лидерството на САД за прашање што тој го идентификуваше како егзистенцијална закана за човештвото. Претседателот рече дека Америка ќе продолжи да ги следи се поамбициозните климатски цели. Најзначајните договори постигнати вчера во Глазгов се однесуваат на области во кои, според него, САД имаат намера да дејствуваат решително – намалување на емисиите на метан и заштита на шумите ширум светот, нагласува Њујорк Тајмс. Бајден ги критикуваше претседателите на Кина и Русија за неуспехот да им се придружат на другите лидери на конференцијата. Според него, на овој начин тие се откажале од можноста да имаат глобално влијание, пишува Волстрит џурнал. Бајден користи големи количини на фосилни горива за да се бори против климатските промени, објави Вашингтон тајмс. Претседателот беше обвинет за лицемерие за неговата колона од 85 автомобили, кои пристигнаа на самитот на Г20 во Рим за време на викендот, а потоа и за неговата поворка од 21 автомобил на неговото патување од Единбург до Глазгов за климатската конференција, посочува изданието. Придружбата на Бајден, наводно, вклучувала четири авиони и хеликоптер, што го натера сенаторот Џон Барасо од Комитетот за енергија и природни ресурси на Сенатот на САД да покрене прашања за јаглеродниот отпечаток на американската влада. Републиканецот испрати писма до високи владини функционери прашувајќи колку вреди конференцијата за даночните обврзници, колкав е бројот на директори и придружниот персонал што присуствуваа на конференцијата и какво е влијанието на нивното патување во однос на емисиите на стакленички гасови. Конференцијата, наводно, довела до „сообраќаен метеж“ на приватни авиони. Британскиот печат проценува дека повеќе од 400 нееколошки приватни авиони донеле високи функционери и познати личности на форумот во Глазгов. Некои од нив потоа се качија во лимузини за да стигнат до местото на конференцијата. Дејли Мејл забележува дека, според најскромните проценки, приватните авиони кои пристигнуваат на конференцијата ќе согорат вкупно 13.000 тони јаглерод диоксид, што е еквивалентно на повеќе од 1.600 Британци потрошени во текот на годината. Наметнувањето меѓународна цена на јаглеродот може да ги намали глобалните емисии на стакленички гасови за 12 отсто, што ќе чини помалку од 1 отсто од светскиот бруто домашен производ, се вели во извештајот на Светскиот економски форум и Прајсвотерхаус Куперс, цитиран од весникот Гардијан. Според извештајот, оданочувањето на загадувањето би чинело помалку од економските загуби предизвикани од ефектите од климатската криза, пишува весникот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mediumi-shto-dosega-donese-klimatskata-konferencija-vo-glazgov/feed/ 0
Научници од Глазгов открија: Вирус кој предизвикува настинка го забавува Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchnici-od-glazgov-otkrija-virus-koj-predizvikuva-nastinka-go-zabavuva-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchnici-od-glazgov-otkrija-virus-koj-predizvikuva-nastinka-go-zabavuva-kovid-19/#respond Thu, 25 Mar 2021 09:49:22 +0000 https://kurir.mk/?p=487479

Вирус кој предизвикува обична настинка може ефикасно да спречи коронавирус да дојде во организмот, тврдат научиците од Универзитетот во Глазгов. Познато е дека вирусите се натпреваруваат кој ќе предизвика инфекција, а научниците од овој универизтет сметаат дека риновирусот кој предизвикува настинка го победува Ковид-19, пренесува Би-Би-Си. Користа од ова е краткотрајна, но од друга страна риновирусот е многу распространет па секако би помогнал во сузбивањето на Ковид-19. Грипот е еден од „најсебичните“ вируси во светот и речиси секогаш самостојно е присутен. Од друга страна аденовирусите сакаат да дела ќелии со други вируси. Многу се шпекулираше за тоа како вирусот кој го предизвикува Ковид се нашол во таа интеракцијасо останатите вируси. Она што е предизвик за научниците е во ситуација на физичка дистанца која го успори ширењето на другите вируси, ова да се проучи. Тимот од Центарот за истражување на вируси во Глазгов користел реплика од слузницата од дишните патишта, направена од истите ќелии и ја заразил со коронавирус и риновирус кој се смета за најраспространет кај луѓето и предизвикувач на настинка. Резултатите се интересни. При пуштање на двата вируси истовремено, само риновирусот успеал да влезе во ќелиите. Во случај кога риновиусот бил пуштен 24 часа пред Sars-CoV-2, коронавирусот немал никакви шанси. Дури и во случај кога Sars-CoV-2 имал предност од 24 часа, повторно риновирусот „победил“. -Sars-CoV-2 не може да земе залет бидејќи е задржуван од риновирусот. Ова е возбудливо, бидејќи ако имате висока преваленција на риновирус, тоа би можело да ја запре новата инфекција со коронавирус, истакнал Пабло Мурсија, еден од авторите на студијата за Би-Би-Си. Слични ефекти се забележани и порани - големата распространетост на риновирусот ја одложи пандемијата на свински грип во 2009 година во некои делови од Европа. Дополнителни истражувања покажале дека риновирусот го поттикнува имуниот одговор внатре во заразените ќелии што ја блокира способноста на Sars-CoV-2 да се реплицира. Кога научниците го блокирале имуниот одговор присутноста на Ковид-19 била иста како риновирусот да не е тука. Меѓутоа, Ковид-19 би можел повторно да предизвика инфекција кога настинката ќе помине и имуниот одговор ќе стагнира. -Вакцинација, плус превентивни мерки плус интеракција меѓу вирусите би можело значително да го намали ширењето на коронавирусот, но сепак максималниот ефект се очекува од вакцинацијата, заклучува доктор Мурсија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchnici-od-glazgov-otkrija-virus-koj-predizvikuva-nastinka-go-zabavuva-kovid-19/feed/ 0
За да не доплаќа за багажот во авион, овој човек смисли како да ја намали тежината на куферот (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/za-da-ne-doplakja-za-bagazot-vo-avion-ovoj-chovek-smisli-kako-da-ja-namali-tezinata-na-kuferot-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/za-da-ne-doplakja-za-bagazot-vo-avion-ovoj-chovek-smisli-kako-da-ja-namali-tezinata-na-kuferot-video/#respond Wed, 17 Jul 2019 11:37:02 +0000 https://kurir.mk/?p=219370

Џош Ирвин од Глазгов на својот Твитер профил поставил снимка од патување на кое тргнал со семејството, откако службениците на аеродромот на неговиот татко му рекле дека неговиот багаж е премногу тежок. Момчето го снимило својот татко во моментот кога на себе облекува маици и кошули, за да ја намали тежината на куферот. -Куферот ја надмина предвидената тежина, па мојот татко извади 15 маици и ги облече врз себе за да куферот има соодветна тежина, напиша Џош на Твитер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/za-da-ne-doplakja-za-bagazot-vo-avion-ovoj-chovek-smisli-kako-da-ja-namali-tezinata-na-kuferot-video/feed/ 0
Шкупи со два гола негатива се враќа од Глазгов https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shkupi-so-dva-gola-negativa-se-vrakja-od-glazgov/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shkupi-so-dva-gola-negativa-se-vrakja-od-glazgov/#respond Fri, 13 Jul 2018 06:09:38 +0000 https://kurir.mk/?p=76255

Шкупи со пораз од 2:0 на гостувањето кај Глазгов ренџерс го започна воведното квалификациско коло за Лига Европа. Пред повеќе од 50.000 гледачи тимот на Стивен Џерард го искористи домашниот терен и поведе со голот на Џејми Марфи во 23-та минута. Ренџерс во финишот на натпреварот со гол од пенал ја зголемија предноста на 2:0. Пеналот во 92-та минута успешно го реализираше Џејмс Таверние. Освен во првите дваесетина минути, фудбалерите на Шкупи не успеаја посериозно да се заканат на голот на домаќините во текот на целиот натпревар. Во 14-та минута македонскиот тим можеше прв да поведе, но  Благоја Љамчевски беше непрецизен и ја погоди стативата од противничкиот гол. Во останатиот дел  Ренџерс ја имаа иницијативата и контролата на теренот. За легендарниот Стивен Џерард овој натпревар беше официјално деби на клупата на шкотската екипа. Реваншот се игра во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shkupi-so-dva-gola-negativa-se-vrakja-od-glazgov/feed/ 0