Глажња – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Aug 2023 13:20:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Глажња – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пронајдено телото на 29-годишникот кој исчезна во езерото Глажња https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pronajdeno-teloto-na-29-godishnikot-koj-ischezna-vo-ezeroto-glazhna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pronajdeno-teloto-na-29-godishnikot-koj-ischezna-vo-ezeroto-glazhna/#respond Thu, 03 Aug 2023 13:20:53 +0000 https://kurir.mk/?p=863025

Спасувачките тимови попладнево во вештачкото езеро Глажња во општина Липково го пронајдоа телото на 29- годишен локален жител по кого се трагаше неколку дена. Директорите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов и Беким Максути, денеска беа на терен кај вештачкото езеро. Во потрагата на момчето кое минатата недела исчезна во водите на вештачкото езеро беа вклучени шест нуркачи од „Тигрите“, осум нуркачи од „Волците“ тимови и нуркари од ДЗС. При потрагата на брегот асистираа и полицајци од СВР Куманово. -За жал условите и денеска се лоши, видливоста е многу слаба. На само неколку метри од брегот длабочината доаѓа до повеќе од 10 метри за на неколку метри од брегот да има длабочина поголема од 20 метри. Нашите нуркачи се обучени и нуркаат до максимум 40 метри длабочина, изјави денеска Ангелов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pronajdeno-teloto-na-29-godishnikot-koj-ischezna-vo-ezeroto-glazhna/feed/ 0
Пребарувањето отежнато: Воден дрон се вклучува во потрагата по исчезнатиот во езерото Глажња https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prebaruvaneto-otezhnato-voden-dron-se-vkluchuva-vo-potragata-po-ischeznatiot-vo-ezeroto-glazhna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prebaruvaneto-otezhnato-voden-dron-se-vkluchuva-vo-potragata-po-ischeznatiot-vo-ezeroto-glazhna/#respond Mon, 31 Jul 2023 14:14:21 +0000 https://kurir.mk/?p=862057

Воден дрон попладнево се очекува да се вклучи во потрагата по 30 годишникот кој исчезна во водите на езерото Глажња. На терен денеска се три нуркачки тима на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ кои од утринава продолжија со потрагата. -Видливоста е многу мала, околу 40-тина сантиметри што го отежнува нуркањето и пребарувањето. Воедно, самиот терен е многу кос, стрмен што дополнително го отежнува пребарувањето на теренот, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Во потрагата вклучени биле и екипи од Дирекцијата за заштита и спасување кои со чамец вршеле пребарување на брегот на езерото. Ангелов посочи дека доколку потрагата не даде резултати, рано наутро со дополнителни тимови нуркачи ќе се продолжи пребарувањето. Исчезнувањето на Ф.Р. (30) од селото Никуштак било пријавено во ПС Матејче вчера околу 15.30 часот, бидејќи не се вратил подолг период откако влегол да се капе во вештачкото езеро на браната Глажња на оддалеченост од 1.5 километри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prebaruvaneto-otezhnato-voden-dron-se-vkluchuva-vo-potragata-po-ischeznatiot-vo-ezeroto-glazhna/feed/ 0
Во браните Глажња и Липково има 14 милиони кубни метри вода https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-branite-glazhna-i-lipkovo-ima-14-milioni-kubni-metri-voda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-branite-glazhna-i-lipkovo-ima-14-milioni-kubni-metri-voda/#respond Tue, 21 Feb 2023 13:09:00 +0000 https://kurir.mk/?p=803183

Во моментов во браните Липково и Глажња има 14 милиони метри кубни вода, соопштија денеска од Водостопанство „Кумановско-липковско поле“. Според надлежните, количината ќе биде доволна за да се задоволи потрошувачката на вода за кумановци. -До почетокот на сезоната за наводнување очекуваме приливи на вода кои ќе бидат доволни да ја истуркаме оваа сезона успешно како и минатите. Притоките кои се влеваат во браната Глажња имаат доволна количини на вода, кои ја покриваат количината на вода која се троши за Куманово за овој момент. Очекуваме поголеми дождови за да се подигне нивото на двете брани. Оваа количина на вода ќе биде доволна за Куманово за вода за пиење, додека за наводнување ќе знаеме до почетокот на сезоната 15-ти април, изјави директорот на подружницата, Оливер Илиевски. Според него, потребни се дополнителни четири до четири и пол милиони метри кубни вода ќе за да почне сезоната за наводнување. Земјоделците навреме ќе бидат известени за начинот на наводнување кое ќе зависи од временските прилики. Доколку има помала количина, тогап ќе има рестрикции за земјоделците, ќе им биде дозволено наводнување само во одредени денови. - Бај пасот е исклучен по 31-ви јануари, лани затоа што преку него се троши голема количина на вода, иако „Водовод“ Куманово користи само 150.000 метри кубни од тој цевковод, но ние мора тој да биде полн за да може да стигне водата под притисок до филтер станицата. Затоа што го исклучивме бај пасот и затоа што минатата година имавме рестрикции кон земјоделците, за да се зачува доволно ниво на вода, за да не го ставиме во ризик Куманово. Бај пасот се вклучува со отпочнување на сезона за наводнување, 15-ти април, изјави Илиевски. Според кумановската подружница, критично може да биде во август и сè зависи од временските услови во наредниот период. Но, со оваа количина на вода кумановци ќе имаат вода за пиење.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-branite-glazhna-i-lipkovo-ima-14-milioni-kubni-metri-voda/feed/ 0
Врнежите ги полнат акумулациите Глажња и Липково https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrnezite-gi-polnat-akumulaciite-glaznja-i-lipkovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrnezite-gi-polnat-akumulaciite-glaznja-i-lipkovo/#respond Mon, 11 Jan 2021 11:47:20 +0000 https://kurir.mk/?p=453765

Врнежите од дожд изминативе денови ги полнат акумулациите во Липковско, информираа денеска надлежните од АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“. Нивото на браната Глажња е подигнато за три метри. Врнежите поволно ќе влијаат врз хидролошката состојба, сметаат надлежните од претпријатието, од каде додаваат дека сепак врнежите во липковскиот и кумановскиот регион се со послаб интензитет во однос на Крива Паланка, Ранковце и Козјачијата. – Нивото на брана Глажња е подигнат за три метри, односно од 16,2 метри на 13,3 метри. Ова во количина на вода изнесува акумулирање на два милиони метри кубни вода и сега во брана Глажња има 11 милиони метри кубни. Капацитетот на браната е 24 милиони метри кубни. Браната Липково има еден милион метри кубни во моментот, додека капацитетот на истата е 1,5 милиони метри кубни, изјави Оливер Илиевски, раководител на „Кумановско-липковско поле“. Вчера, пак, поради зголемени врнежи во Кривопаланечко и во соседна Србија се излеаја реките Пчиња и Крива Река, кои зафатија обработливо земјоделско земјиште, викенд куќи, помошни простории. Екипите на ова претпријатие се на терен и ги санираат критичните точки на потегот помеѓу Јачинце, Довезенце, Клечовце, Пчиња и Студена Бара.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrnezite-gi-polnat-akumulaciite-glaznja-i-lipkovo/feed/ 0