глечери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 Sep 2023 10:01:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png глечери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Швајцарските глечери изгубија 10 отсто волумен за две години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajtsarskite-glecheri-izgubija-10-otsto-volumen-za-dve-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajtsarskite-glecheri-izgubija-10-otsto-volumen-za-dve-godini/#respond Thu, 28 Sep 2023 10:01:58 +0000 https://kurir.mk/?p=882681

Топењето на глечерите во Швајцарија за време на третото најтопло лето во земјата досега значи дека тие изгубиле мраз за две години колку и во трите децении пред 1990 година, се наведува во извештајот, во кој загубите во обемот на глечерите се опишани како „катастрофални“. „Оваа година беше многу проблематична за глечерите бидејќи имаше многу малку снег во зима, а летото беше многу топло. Комбинацијата на овие два фактори е најлошото што може да им се случи на глечерите“, изјави Матијас Хус, шеф на Глечер Мониторинг Швајцарија (ГЛАМОС). Повеќе од половина од глечерите на Алпите се во Швајцарија, каде температурите двојно се зголемуваат од глобалниот просек поради климатските промени. Годинава ниските нивоа на зимски врнежи од снег во комбинација со раниот почеток и доцниот крај на летната сезона на топење предизвикаа големи загуби, објави ГЛАМОС. Во август, месецот на најголемото топење, Швајцарската метеоролошка служба соопшти дека висината на која врнежите замрзнуваат во текот на ноќта достигнала нов рекорд - 5.289 метри. Ова е надморска височина поголема од Мон Блан, највисокиот врв на Алпите и Европа. Ова го надмина минатогодишниот рекорд од 5184 метри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajtsarskite-glecheri-izgubija-10-otsto-volumen-za-dve-godini/feed/ 0
УНЕСКО: Третина од глечерите заштитени како светско наследство ќе исчезнат до 2050 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unesko-tretina-od-glecherite-zashtiteni-kako-svetsko-nasledstvo-kje-ischeznat-do-2050-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unesko-tretina-od-glecherite-zashtiteni-kako-svetsko-nasledstvo-kje-ischeznat-do-2050-godina/#respond Thu, 03 Nov 2022 15:58:19 +0000 https://kurir.mk/?p=755326

Глечерите во Доломитите во Италија, Националниот парк Јелоустоун во САД и планината Килиманџаро во Танзанија најверојатно ќе исчезнат до 2050 година, објави УНЕСКО. Третина од сите глечери наведени како места на светско наследство на УНЕСКО ќе исчезнат дотогаш како резултат на глобалното затоплување, се вели во извештајот објавен во четвртокот од страна на УНЕСКО со седиште во Париз и Светската унија за заштита на природата (IUCN). Тие глечери веќе губат 58 милијарди тони мраз секоја година. Според УНЕСКО, има околу 18.600 глечери распространети на 50 различни места на светско наследство ширум светот. Заедно, овие глечери покриваат приближно 66.000 квадратни километри и сочинуваат околу 10 проценти од светската површина на глечерите. Глечерите се топат побрзо од 2000 година поради повисоките емисии на CO2. Две третини од преостанатите глечери во областите на светското наследство сè уште би можеле да се спасат ако напорите за глобалното затоплување се ограничат на помалку од 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа. Експертите, сепак, тврдат дека само радикалните мерки и големиот глобален политички ангажман би можеле да го задржат растот на температурите под порастот од 1,5 степени. Генералниот директор на УНЕСКО Одри Азулај го опиша извештајот како „повик за акција“ за светот да се бори против климатските промени пред меѓународната климатска конференција COP27 во Египет. - Само брзото намалување на нашите нивоа на емисија на CO2 може да ги спаси глечерите и извонредната биолошка разновидност што зависи од нив, рече Азулеј.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unesko-tretina-od-glecherite-zashtiteni-kako-svetsko-nasledstvo-kje-ischeznat-do-2050-godina/feed/ 0
Исландските глечери се топат многу брзо, им се заканува целосно исчезнување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/islandskite-glecheri-se-topat-mnogu-brzo-im-se-zakanuva-celosno-ischeznuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/islandskite-glecheri-se-topat-mnogu-brzo-im-se-zakanuva-celosno-ischeznuvanje/#respond Tue, 01 Jun 2021 05:57:07 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517444

Исландските глечери, на кои им се заканува целосно исчезнување до 2200 година, веќе изгубија 750 километри квадратни површински простор од почетокот на 2000 година или седум проценти од вкупната површина, како резултат на глобалното затоплување, покажуваат податоците на најновото истражување. Вкупно површината на глечерите, кои сè уште опфаќаат нешто повеќе од 10 проценти од островската држава, падна во 2019 година на 10.400 квадратни километри, според публикацијата во научното списание „Јокул“. Од 1890 година, површината на глечерите е намалена за околу 2.200 квадратни милји или 18 проценти. Но, речиси една третина од тоа намалување се одвиваше од 2000 година, според последните податоци на исландските експерти за глечери, геолози и геофизичари. Повлекувањето за две децении претставува речиси вкупна површина на Хофсјакул (810 км2), трета по големина ледена капа на северноатлантскиот остров. „Измените на површината на глечерите во Исланд од 1890 година покажуваат јасен одговор на климатските промени“, истакнуваат научниците. Во 2014 година, Исланд беше сведок на првото исчезнување на еден од неговите глечери, Окјекула, поради глобалното затоплување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/islandskite-glecheri-se-topat-mnogu-brzo-im-se-zakanuva-celosno-ischeznuvanje/feed/ 0
Земјата од 1994 година изгубила 28 трилиони тони мраз https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zemjata-od-1994-godina-izgubila-28-trilioni-toni-mraz/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zemjata-od-1994-godina-izgubila-28-trilioni-toni-mraz/#respond Sun, 23 Aug 2020 08:58:06 +0000 https://kurir.mk/?p=394058

Од 1994 година од површината на Земјата се изгубени вкупно 28 трилиони тони мраз, а до овие податоци дојдоа британските научници кои користеле сателити за да ја истражат површината на Земјата. Ова количество на загубен мраз научниците од универзитетите во Лидс, Единбург и Лондон го опишаа како „зачудувачко“, пишува „Гардијан“. -Доколку глечерите и ледените плочи продолжат да се топат со ова темпо, секој сантиметар раст на нивото на морето ќе значи околу еден милион луѓе да бидат раселени од нивните домови, објасни професорот Енди Сефард од Универзитетот во Лидс. Научниците посочуваат дека топењето на мразот во овие количества сериозно ја намалува можноста Земјата да го одбие сончевото зрачење назад во вселената. Мразот исчезнува, а морето или земјата под него апсорбираат се повеќе топлина, со што се зголемува затоплувањето на планетата. -Истражувачите во минатото проучувале само одредени области, како што се Антарктикот или Гренланд, гледајќи каде и колку се топи мразот. Ова е прв пат некој да ја проучи целата површина на земјата. Она што го најдовме не остави без зборови”, рече Сефард.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zemjata-od-1994-godina-izgubila-28-trilioni-toni-mraz/feed/ 0
Пожарите во Амазонија најверојатно забрзуваат топење на глечерите на Андите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozarite-vo-amazonija-najverojatno-zabrzuvaat-topenje-na-glecherite-na-andite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozarite-vo-amazonija-najverojatno-zabrzuvaat-topenje-na-glecherite-na-andite/#respond Fri, 29 Nov 2019 09:25:03 +0000 https://kurir.mk/?p=270935

Пожарите во Амазонските прашуми, најверојатно, го забрзаа топењето на глечерите на Андите, потенцијално загрозувајќи снабдување со вода за десетици милиони луѓе, соопштија денеска научници. Тим научници во Бразил го проучувале ефектот на чад од пожар врз глечерите во Андите. Според нив, ветрови носат честички од пепел стотици километри подалеку и им овозможуваат да се акумулираат во снег и мраз. Проучувајќи ги моделите на пожари помеѓу 2007 и 2010 година, кога тие беа на нивниот врв, тим научници откриле дека аеросолите со согорување можат да засилат топење на глечерите со зацрнување на нивната површина и намалување на можноста на глечерите да ја рефлектираат сончевата светлина. Загадувачи како црн јаглерод и прашина се заробени во горните слоеви на глечерите и поради потемна површина на глечерите, темпото на топење се забрзува до 14 проценти. Повеќе од 75 милиони луѓе зависат од водата од глечерите на Андите, вклучувајќи ги и земјоделците во областа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozarite-vo-amazonija-najverojatno-zabrzuvaat-topenje-na-glecherite-na-andite/feed/ 0
Швајцарија остана без 500 глечери https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajcarija-ostana-bez-500-glecheri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajcarija-ostana-bez-500-glecheri/#respond Mon, 25 Nov 2019 12:29:11 +0000 https://kurir.mk/?p=268810

Швајцарија е позната по глечерите, а за само неколку години изгуби 500 од нив, кои се стопиле и се влеале во реките, соопштија експерти. Засега, нивото на реките е зголемено, но експертите се загрижени дека на долг рок, водата во реките ќе се намали и оти земјата ќе има проблеми со вода за пиење. На една кривина на патот што води кон врвовите на Алпите во Швајцарија се наоѓа хотелот „Белведере“, изграден во 1880 година, кој нуди најдобар поглед на еден од најголемите глечери Роне. Хотелот е затворен затоа што глечерот се намали за повеќе од два километри и погледот повеќе не е атрактивен како некогаш. Експертите предупредуваат дека до крајот на векот 90 проценти од глечерите ќе се стопат, односно ќе исчезнат, а сега се останати уште 1.500. Топењето на глечерите ќе влијае врз карпите кои ги покривале и тие ќе почнат да се одронуваат загрозувајќи ги патиштата, но и станбените населби кои ќе им се најдат на патот на одроните. – Никогаш не сме виделе толку брзо топење на глечери за 150 години, откако го следиме мразот на планините, изјави Херман Хас, кој врши мерења на глечери во Швајцарија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajcarija-ostana-bez-500-glecheri/feed/ 0